Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Челси размислува за ангажман на голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, откако стапиле во контакт со претставниците на аргентинскиот репрезентативец. 33-годишниот Мартинез е достапен за потенцијален трансфер од Вила, откако клубот претходно овој месец го ангажираше јапонскиот голман Зион Сузуки од Парма за околу 30 милиони фунти. 🚨 EXCL: Emiliano Martinez offered to Chelsea by representatives & west London club considering ...
Реал Мадрид остана со максимален ефект на стартот од новата сезона во Ла Лига. „Кралевите“ вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо го совладаа Реал Сосиедад со 4-1 и стигнаа до втората победа во исто толку натпревари. За разлика од премиерниот дуел, избраниците на Жозе Мурињо одиграа далеку подобро, а главните улоги ги имаа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Мбапе го отвори резултатот во 40. минута, но гостите експресно возвратија. Само ...
Федерален судија во Њујорк пресуди дека Блејк Лајвли може да добие нешто повеќе од 400.000 долари за адвокатски трошоци од Џастин Балдони, што е многу помалку од претходните осум милиони што таа ги побара, пренесуваат американските медиуми. Судијата Луис Џ. Лиман во писмена одлука изјави дека актерката нема право на целиот износ што го бараа нејзините адвокати откако Балдони и неговата продуцентска куќа, „Вејфарер студиос“, поднесоа ...
Актерот и двократен добитник на Оскар Шон Пен и украинскиот претседател Володимир Зеленски го привлекоа вниманието за време на синоќешната церемонија на доделување на државната награда „Национална легенда на Украина“. За време на настанот, двајцата клекнаа да разговараат, внимавајќи да не го блокираат погледот на публиката. Нивниот разговор изгледаше многу интимен, што не е изненадувачки со оглед на тоа што Шон Пен јавно ја поддржува Украина ...
Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија, починаа од маларија откако се заразиле од комарци пренесени со авиони во Германија од региони каде што болеста е ендемска, соопштија операторот на аеродромот Фрапорт и градските здравствени власти, јави Би-би-си. Првиот работник починал на почетокот на јули, а вториот во август, соопштија здравствените власти на Франкфурт, додавајќи дека причината за болеста е утврдена дури откако ...
Јаник Синер ќе мора да почека со враќањето на тенискиот терен, откако последните лекарски прегледи покажале дека сè уште не е подготвен ниту за тренинзи. Најдобриот тенисер во светот по новата контрола на десното колено добил препорака за целосен одмор од тениски активности најмалку до 6 септември. Италијанецот продолжува со рехабилитацијата поради повредата која веќе го спречи да настапи на САД Опен. Според италијанските медиуми, Синер нема ...
Еден хотел во Загреб накратко стана центар на модниот свет, без никој да знае за тоа, бидејќи сè се одвиваше во најстрога тајност. Сега конечно е јасно што се случувало зад затворени врати: светскиот топ модел Кејт Мос заводливо се виткала околу микрофонот пеејќи ја култната балада на Крис Ајзак, „Wicked Game“, додека во настапот, со уште неколку други познати лица, уживал и хрватскиот актер Горан Богдан. Славната британска манекенка и ...
Смртоносните ненадејни поплави во Непал можеби биле предизвикани кога долниот дел од глечерот се откршил и се спуштил на дното на долината стотици метри подолу, велат експертите, повикувајќи се на сателитски снимки од „Планет лабс“, пренесе „Ројтерс“. Најмалку 579 туристи, меѓу кои 466 странски државјани, се водат како исчезнати по поројните поплави на границата меѓу Непал и Тибет, објави туристичката организација на земјата. Најмалку 157 ...
48-годишен жител на Прилеп ќе одговара откако, според МВР, во текот на месецов повеќепати ја силувал неговата поќерка. Како што соопшти полицијата, девојчето е помладо од 15 години. „СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот, во повеќе наврати во август 2026 година извршил обљуба врз неговата поќерка“, ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако денеска загуби од Грција со 1-3 во сетови. Македонските одбојкарки одлично го отворија натпреварот и го освоија првиот сет со 25-22, но потоа следуваше целосен пресврт. Гркинките го кренаа нивото на игра и во преостанатите три сета ѝ дозволија на Македонија да освои само 37 поени. Особено убедлив беше третиот сет, во кој Грција ...
Манчестер јунајтед ќе мора да направи промени на својата натпреварувачка опрема, откако во премиерниот меч против Хал сити ги прекрши правилата на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ на натпреварот настапија без задолжителниот амблем на Премиер лигата на ракавот, па пропустот ќе мора да биде коригиран пред следниот натпревар за клубот да ги исполни прописите. Причината е тоа што Манчестер јунајтед во меѓувреме остана без спонзор на левиот ...
Пејачот Зоран Ванев прв јавно реагираше за состојбите околу фестивалот „Макфест“, упатувајќи сериозни обвинувања на сметка на Роберт Саздов, кој е претставен како уметнички директор на фестивалот, и на музичарот и продуцент Јован Јованов. По неговата реакција, на темата се надоврза и Стојан Троицки, еден од основачите и долгогодишен директор на „Макфест“, кој го отвори прашањето за самата функција „уметнички директор“. Во писмото насловено ...
Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска ...
21-годишен жител на селото Чашка е уапсен рано утрово откако, според полицијата, насила ја внел во неговиот автомобил поранешната девојка, која има само 17 години. „На 26.08.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.О.(21) од Чашка. Според пријавеното на очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ...
Истражувачите открија механизам во мозокот на машките глувци што може да предизвика поголема желба за алкохол кога животните се социјално изолирани, според новото истражување. Истражувачите предводени од Риша Пател од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго ја проучувале врската помеѓу два дела од мозокот – амигдалата и префронталниот кортекс, пренесува „Шпигел“. Кога глувците што претходно живееле во групи биле изолирани, оваа невронска врска ...
Договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод Македонија-Србија ќе биде потпишан утре. На официјалниот почеток на реализацијата на проектот за гасно поврзување меѓу двете земји ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за „Брајтбарт њуз“, емитувано во неделата, Мицкоски изјави дека Македонија планира до почетокот на 2028 година да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежата ...
Ливерпул разгледува можност да испрати понуда за крилниот напаѓач на Кристал палас, Исмаила Сар. Прва мета на клубот од „Енфилд“ беше Јанкува Минте од Брајтон. „Црвените“ прво понудија 50, а потоа и 60 милиони фунти за 22-годишниот Минте, но Брајтон ги одби двете понуди. Поради тоа, Ливерпул сега го насочи вниманието кон Сар, кој минатата сезона постигна 21 гол за Палас. Како и Минте, Сар најчесто игра на десната крилна позиција и има ...
Јапонската премиерка Санае Такаичи предизвика неверица признавајќи дека се чувствувала малку осамено откако персоналот отстранил лебарка од нејзината официјална резиденција. Таа ја споделила необичната анегдота во серија објави на социјалната мрежа „Икс“, пишува Унилад. Во објавите доцна синоќа, премиерката објасни зошто често работи сама долги часови во историската резиденција Котеи во Токио. Претходните јапонски премиери во голема мера ја ...
Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги усвои одлуките и упатствата за одржување на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, закажани за 18 октомври. За организација и спроведување на изборите предвидени се 21,1 милион денари, односно околу 343 илјади евра. Од вкупната сума, 3 милиони денари или околу 48,8 илјади евра се наменети за платено политичко рекламирање во медиумите. Останатите средства ќе бидат искористени ...
Пејачката Маја Вукиќевиќ сподели стара фотографија со легендарните македонски актери Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски и со емотивни зборови се потсети на нив. Фотографијата е направена по еден заеднички настан, а на неа покрај Маја, Петрушевски и Тодоровски е и пејачот Александар Тарабунов. „По еден настан, една убава фотографија за спомен со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски-легенди на македонската сцена. Некои луѓе заминуваат, но ...
Анастасија Мојсовска го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто на 18. место во дисциплината воздушна пушка на 10 метри. Македонската репрезентативка оствари резултат од 616,9 поени, што не беше доволно за пласман меѓу најдобрите осум и место во финалето. Најуспешна во квалификациите беше Србинката Анѓелија Стевановиќ, која со 632,7 поени го освои првото место. Втора заврши Турчинката Дамла Косе со 631,1 поен, додека третото место ...
Стен Вавринка сепак ќе има можност да се прости од САД Опен со настап во главната ждрепка, иако првично не доби вајлд-карта за настап на последниот Гренд слем во кариерата. 41-годишниот Швајцарец најави дека ќе се пензионира на крајот од годината, па се чинеше дека нема да добие последна шанса да настапи во Њујорк, каде што во 2016 година стигна до најголемиот успех во кариерата. Одлуката на Американската тениска асоцијација (USTA) да не му ...
Кога нецелосни или методолошки проблематични истражувања почнуваат да ја креираат јавната политика, најголемата цена ја плаќаат граѓаните. Наместо пристап заснован на докази и проценка на реалниот ризик, одлуките се носат врз основа на заклучоци кои подоцна често се покажуваат како неточни или претерани. Во областа на намалување на штетата од тутунот, ова може директно да влијае врз милиони возрасни пушачи кои бараат подобри алтернативи од ...
Поранешниот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба може да стане следниот амбасадор на Украина во Вашингтон, бидејќи Киев се обидува да пополни една од најважните дипломатски позиции, изјавија за „Киев индепендент“ луѓе запознаени со ова прашање. Позицијата е празна неколку недели откако Олха Стефанишина се повлече поради тековната истрага за корупција. Претседателот Володимир Зеленски првично планираше да ја испрати неодамна ...
Познатата пејачка Мајли Сајрус ѝ оддаде почит на својата кума, покојната легенда на кантри музиката Доли Партон, во емотивна порака објавена на Инстаграм. – Чувството на губење на мојата тетка Доли е над она што се чини исправно за споделување. Нашите најсвети моменти беа приватни и ќе останат таму зад сцената, под гламурот и меѓу нашите срца – напиша Сајрус. – Она што го знам е дека Доли би сакала да го почувствувам тоа, да напишам песна за ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во Регионалната лига, откако денеска на домашен терен во Битола убедливо го совладаа Ловќен со 45-33. „Зелено-белите“ од првата до последната минута го контролираа натпреварот и не му дозволија на црногорскиот тим да се надева на изненадување. Пелистер одигра доминантно и сосема заслужено стигна до нови бодови. Уште по првите 30 минути беше јасно кој ќе го диктира темпото, бидејќи ...
Легендарниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, жестоко ги критикуваше коментарите на Бруно Фернандеш по поразот од Хал со 2:0. Капитенот на „црвените ѓаволи“ по натпреварот изјави дека тимот ги повторува истите грешки од минатата сезона и дека мора да работи на одбраната при прекини. Фернандеш беше разочаран од настапот на својот тим, особено од начинот на кој Јунајтед повторно прими голови по прекини. „Истите грешки како ...
Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, една од најпознатите уметнички двојки во регионот, на 28 август ќе настапат заедно во Античкиот театар во Охрид. Концертот доаѓа во посебен момент за нив, токму во периодот кога слават 15 години брак. Пред охридскиот концерт, Томашевиќ за „Слободен печат“ зборува за љубовта со Иван, животот далеку од рефлекторите, нивната ќерка Нина, песните што го одбележале нивниот заеднички живот, но и за посебната врска ...
Девет луѓе беа убиени во украински напад врз автобус во источниот руски окупиран регион Луганск, соопштија денеска локалните власти назначени од Москва, пренесе Ројтерс. „Во ужасниот напад, осум лица загинаа на местото на настанот, а дваесетгодишна жена почина од повредите во болница“, изјави регионалниот гувернер назначен од Москва, Леонид Пашечник, преку руската апликација за пораки Max. Мајката на младата жена и уште една 18-годишна жена ...
На 76-годишна возраст почина Никола Богоевски, познат како „Бизонот“, човек кој остави неизбришлива трага во историјата на битолски Пелистер. Богоевски цели 14 години го носеше зелено-белиот дрес, а со своите квалитети, големиот фудбалски талент и исклучителната физичка подготвеност се вброи меѓу најпрепознатливите имиња во историјата на клубот. Но, фудбалот не беше единствен спорт во кој Богоевски се истакнуваше. Тој беше успешен и во ...