Шпанија им забрани на војниците во Сеута да користат одмор поради стравувања од нов обид за масовен влез на мигранти од Северна Африка, објави „Телеграф“. На 30 јули, најмалку 72.000 луѓе се обидоа од Мароко да влезат на малата шпанска територија, а околу 90 луѓе загинаа при обидот да ја преминат илегално единствената копнена граница на Европа со Африка. Откако се појавија информации дека преку онлајн групи се повикува на нов масовен обид за ...

Шумски пожар избувна утрово во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос, а на терен се распоредени 22 пожарникари, со поддршка на авиони, хеликоптери и локални волонтери, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува „Прототема“. Во гаснењето учествува и пешадиска група од 17-та единица за специјални операции за шумски пожари, како и волонтери. На терен има осум противпожарни возила, два авиони и еден хеликоптер, додека цистерни на ...

Пожарот што рано утрово избувна во кумановската населба Средорек е локализиран и целосно изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово. Сигналот за пожарот бил примен во 05:35 часот, по што екипите интервенирале околу два часа. Според командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии. Кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата ...

Од вчера сите вработени во МВР немаат здравствено осигурување – враќани се од хемотерапија, од дијагностички процедури, од лаборатории, со образложение или приватно да си платат, или да чекаат да се регулира состојбата. „Слободен печат“ се обрати и во Министерството за внатрешни работи и во Фондот за здравство од каде очекуваме одговори на што се должи ваквата состојба. Од поодамна во системот на МВР има системски проблем што од време на ...

Малопородажбата во Германија трпи штета од околу три милијарди евра поради кражби секоја година. Ова стои во заедничкиот документ на трговците на мало и полицискиот синдикат. Според нив ова се само евидентирани кражби, пишува dpa. Посебна загриженост предизвикуваат професионалните кражби или во организирани групи, а дури и поединечните случаи честопати предизвикуваат голема штета. За истрагите во вакви случаи и кривичното гонење, HDE и GdP ...

Една година по референдумот за независност, Македонија го заокружуваше процесот на создавање на институциите и обележјата на самостојната држава. На 11 август 1992 година, Собранието ги усвои знамето и химната „Денес над Македонија“ како официјални државни симболи. Првото знаме на независна Македонија имаше црвена подлога и златно-жолто сонце со вкупно 16 зраци – осум основни и осум дополнителни. Законот со кој беше регулирано неговиот ...

По низа критики, полемики и дискусии околу тоа на кој начин ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Македонија, екипата на „Слободен печат“ излезе на терен за да ги праша граѓаните за нивното мислење. Дел од случајните минувачи што ги запревме, прв пат од нас слушнаа дека се случува нешто. – Не знам за каква програма станува збор, не сум информирана дека нешто се одржува – вели една скопјанка. Друга пак смета дека можеби е ...

Македонскиот пливач и воедно член на пливачкиот клуб Нови Сад, Никола Ѓуретановиќ ќе учествува на Европското првенство што се одржува во Париз во Франција (31 јули – 16 август 2026). Нашиот 18-годишен пливач ќе настапи во две дисциплини, 200 и 400 метри слободно. Како што стои во досегашните закажани трки, првиот настап Ѓуретановиќ ќе го има на 13 август (09.30 часот) в четврток во дисциплината 200 метри слободно, ќе плива во групата 2. ...

Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски (35) одлучила дел од летото да го помине во Грција. Обожавателите имаа причина да очекуваат дека таа ќе објави низа детали од нејзиниот одмор на Инстаграм, што се случи пред неколку дена, а во низата фотографии што ги објави на својот профил, има и една на која позира без облека. Фотографиите што ги објави Емили Ратајковски имаат повеќе од половина милион лајкови. Рускиот топ модел Ирина ...

Австрија откри шема во која компанија со седиште во Виена испорачувала воена опрема во Русија што се користи за производство на компоненти за крстосувачки ракети, борбени авиони и друга воена опрема, што е спротивно на санкциите на Европската Унија, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи на земјата, објави „Ројтерс“. Компанијата фалсификувала сертификати за крајни корисници за да ја испорача опремата која што е под санкции, ...

Хари Кејн по вторпат во кариерата ќе ја добие престижната „Златна копачка“, признание за најдобриот стрелец во европските национални првенства во сезоната 2025/26. Англискиот напаѓач имаше фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, постигнувајќи 36 гола во Бундеслигата, со што повторно заврши на врвот на листата на стрелци. Претходно ова признание го освои во 2024 година. Со вториот трофеј Кејн влегува во друштвото на фудбалери кои ...

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека граѓанка е дискриминирана од градоначалник во Македонија, поради нејзиното поинакво мислење. Комисијата никогаш не ги открива идентитетите на жалителите и на дискриминаторите, но мислењата ги објавува јавно. На 15 мај годинава жената се пожалила во Комисијата дека една недела претходно, на 8 мај, откако оставила коментар на официјалната страница на Фејсбук на градоначалникот, потоа била ...

„Слободен печат“ спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали се сомневате во исправноста на водата за пиење?“. Според резултатите, над половината од анкетираните граѓани, односно 56,88 отсто одговориле со „да“ на прашањето, а 42,50 проценти не се сомневаат во водата за пиење. Останатите 0,62 отсто ја одбрале опцијата „не знам“. Скандалот со загадената вода во Гостивар отвори сериозни прашања за одговорноста, но и за долгорочните ...

Струга Трим Лум продолжува да го освежува составот во текот на новата сезона, а најново име во тимот е Кендрим Исмајли. Дваесет и седумгодишниот лев бек пристигнува од Теута и во Струга ќе донесе дополнителни опции во одбраната, со оглед на тоа што може да одговори на повеќе позиции. Исмајли во досегашната кариера има настапувано и за Ѓилан во Косово, како и за Тирана и Фљамуртари во Албанија. Преселбата во Струга ќе биде негово прво ...

Луѓето често прскаат парфем на вратот за мирисот да трае подолго. Меѓутоа, оваа практика неодамна предизвика загриженост бидејќи се смета дека потенцијално влијае на тироидната жлезда и е поврзана со ризикот од хормонални нарушувања, па дури и рак на штитната жлезда. На социјалните мрежи кружи видео од Ана Канадас, која на Универзитетот Кембриџ се занимава со истражување на ракот, во кое таа ги предупредува луѓето кои секојдневно прскаат ...

На денешен ден пред 34 години Собранието на Република Македонија усвои два од клучните државни симболи – знамето и химната „Денес над Македонија“. Првото знаме на независна Македонија било црвено, со златно-жолто сонце со 16 зраци, односно осум основни и осум споредни. Законот со кој било утврден изгледот на знамето бил донесен на 11 август 1992 година, а следниот ден бил објавен во „Службен весник“. Симболот на сонцето со 16 зраци е познат ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народна банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народна банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. И покрај тоа што девизните резерви на ...

Унгарскиот парламент денеска треба да го избере Андраш Бака, поранешниот претседател на Врховниот суд, кој го разреши Виктор Орбан, за нов претседател на земјата. Со овој потег, проевропскиот конзервативен премиер Петер Маѓар сака да го ослабне преостанатото влијание на својот претходник врз државните институции, пишува „Франс 24“. Претседателската функција остана празна минатиот месец по контроверзното разрешување на Тамаш Суљок, поранешен ...

Турскиот парламент вчера усвои закон со кој се воспоставува правна рамка за расформирање на забранетата Курдска работничка партија (ПКК), што претставува голем чекор кон завршување на повеќедеценискиот конфликт во кој загинаа десетици илјади луѓе, објави „Ројтерс“. Законот обезбедува правна заштита за голем број поранешни припадници на организацијата кои не извршиле конкретни кривични дела и овозможува суспендирање на затворските казни за ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на РТВ21 во Приштина изјави дека побарал од Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорноста доколку ја злоупотребил неговата доверба. Ахмети потенцира дека бара вистинска и неселективна правда и дека се надева дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. — Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Северна Македонија за ...

Основачот и директор на „Мета“, Марк Закерберг, се соочува со сериозни критики откако неговата суперјахта вредна 300 милиони долари не одговорила на повиците за помош од патници заглавени во водите на Алјаска. Алуминиумскиот гигант „Launchpad“, долг 118 метри, не преземал ништо по барањата за помош кога мал брод од 6 метри останал без гориво на рутата меѓу Питерсбург и Џуно, пишува „Њујорк пост“. Наместо луксузната јахта, на заглавените ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која се повикува на намалување на бројот на вакцини што ги примаат децата, а се препорачува и одделно да се даваат вакцините против заушки, морбили и рубеола, кои сега се содржани во комбинираната МРП-вакцина, објави „Би-би-си“. „Пред неколку децении децата примаа само мал дел од вакцините што се задолжителни денес“, изјави Трамп. „Во тоа време луѓето беа многу поздрави и, се разбира, ...

До неодамна се сметаше дека Џани Инфантино на изборите во 2027 година ќе обезбеди уште еден, трет и последен мандат на чело на ФИФА. Но, по пропаднатиот план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори, тлото под неговите нозе почна опасно да се тресе, пишува „24sata.hr“. Некогаш сигурната победа сега стана неизвесна политичка битка, а кризата во прв план ги стави клучните прашања за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие, до 7:30 часот утрово, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари. Моментално горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки кај Македонски Брод, местото Видуш во близина на село Драгов Дол, а истовремено има активен пожар и во Општина Куманово во населба Средорек, каде гори ѓубре. ...

Ракометниот клуб Алкалоид продолжува со напорна работа во Маврово за новата сезона во македонскиот ракомет и на меѓународната сцена. Со тројца нови играчи во тимот како додадена вредност, тимот ќе игра за што подобри резултати во Македонија и што подобра афирмација на македонскиот ракомет надвор од границите. Капитенот Игор Ѓорѓиев повторно ќе биде дел од екипата која оваа сезона покрај домашните обврски, ќе игра и натпревари во Европскиот ...

Без оглед на сезоната, супата од домати е секогаш добредојдено јадење на масата. Густата, слатка и кисела супа ги освојува сите генерации со својот вкус, а со додавање босилек станува вистинско гурманско задоволство. Во оваа верзија се подготвува од сечкани домати, со додавање на свежи моркови и лук. За густа и кремаста текстура, се додава крем за готвење, и по желба, можете да го декорирате со малку свежо песто од босилек пред сервирање. ...

Австрија се соочува со историска суша, која годинава предизвика земјоделски штети од околу една милијарда евра, предупреди во понеделникот директорот на австриската земјоделска осигурителна компанија Курт Вајнбергер. Според него, целата земја е погодена од екстремните временски услови, а причините се рекордниот недостиг на врнежи, рекордниот број топли денови и температурите кои достигнуваат невидени нивоа. Вајнбергер предупреди дека ...

Најмалку пет луѓе утринава загинаа, а 21 се повредени во руски напади врз украинските градови Запорожје и Киев, објави „Киев индепендент“. Во Запорожје загинаа пет жители, а 20 беа ранети, додека во Киев еден човек заврши со повреди. Силни експлозии биле регистрирани во двата града околу 00:30 часот, кога руските сили извршиле истовремени напади. „Слушнавме околу 10 експлозии, мислам дека беа од балистички ракети. Потоа имаше една силна ...

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. Македонија славеше со 89:76, во натпревар во кој Швајцарците постигнаа дури десет тројки во првото полувреме, но нашата селекција со одлична одбрана и висок интензитет успеа да направи ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги услови идните преговори за решавање на конфликтот со Иран со исплата на отштета, по сличните барања претходно упатени од Техеран, пренесе „Гардијан“. Трамп побара Иран да плати отштета „за сите луѓе што ги убиле и сериозно ги повредиле со нивните бомби покрај патот и во бројни конфликти“, напиша тој на својата платформа „Трут сошл“. „Семејствата на демонстрантите убиени од раководстехернтвото на Иран во ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.9
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
36%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.08
42%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.45
32%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
28%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.57
56%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
28%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.18
22%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.04
26%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.49
56%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Родиум

278103.96

Калај

56.16

Цинк

0.00

Платина

56328.11

Кобалт

56.29

Сребро

2102.98

Злато

141498.65

Иридиум

252383.36

Бакар

13.36

Паладиум

43853.62

Рутениум

53852.50