Германската автомобилска индустрија во септември неочекувано ја придвижи најголемата европска економија, откако производството на автомобили забележа скок од 17,1 отсто во однос на претходниот месец. Ова придонесе за раст на вкупното индустриско производство од 0,7 отсто, и покрај очекувањата на економистите дека нема да има промена. Податоците на германската федерална статистичка служба „Дестатис“ покажуваат дека индустриското производство ...

Акциите на „Ербиенби“ (Airbnb) пораснаа за повеќе од 12 отсто во тргувањето пред отворањето на берзата денеска, откако компанијата објави оптимистички прогнози за приходите, потпирајќи се на силната глобална побарувачка за туристички патувања. Компанијата очекува годишниот раст на приходите да биде во повисоки двоцифрени проценти, односно над досегашната прогноза. Претходно предвидуваше раст од најмалку околу 15 отсто, а сега очекува повисок ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека ништо не знаела за тоа дека Алта банка влегува во Македонија, СДСМ обелоденува документи дека на седница на Владата има одлука со нејзин потпис, а гувернерот Трајко Славески во телевизиско интервју вели дека негово било да ја согледа финансиската кондиција на банката купувач и дека не го интересирал сопственикот. „Слободен печат“ го пролиста Законот за банки, кој е поставен на ...

Народната банка ги извести луѓето од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат сметка во „Алта банка Битола“, а немаат платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на банката во Битола и назад. Големото мнозинство од овие клиенти на „Алта банка“ се пензионери, кои можат да извадат пари само на специјален шалтер во филијалата во Битола. „Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите ...

Економскиот новинар Мирче Јовановски во разговор за „Трилинг“ ги коментираше случувањата околу „Алта банка Битола“ и посебно преземањето на „Стопанска банка Битола“ од страна на српските сопственици. Тој вели дека е чудно тоа што го изјави гувернерот на Народната банка Трајко Славески – дека регулаторот не се интересирал за тоа кои се сопствениците на српската „Алта банка“. „Историјата на влегување на „Алта банка Белград“ во поранешна ...

Џон Д. „Џеј“ Рокфелер, поранешен американски сенатор и правнук на нафтениот магнат Џон Д. Рокфелер, денес почина во својот дом во Вашингтон на 89-годишна возраст. Рокфелер беше сенатор од редовите на Демократската партија цели 30 години. Во текот на политичката кариера се залагаше за подобра здравствена заштита на сиромашните, а подоцна остро ја критикуваше одлуката на претседателот Џорџ В. Буш да ја поведе Америка во војната во Ирак. ...

Европското јавно обвинителство отвори истрага за можна злоупотреба на европските пари наменети за реконструкција на брзата железничка линија меѓу Мадрид и Севилја, на која во две тешки несреќи годинава загинаа вкупно 115 луѓе. Последната несреќа се случи на 28 октомври во близина на градот Урда, во провинцијата Толедо, кога загинаа 69 луѓе. Претходно, во јануари, на истата железничка линија во друга несреќа загинаа 46 луѓе. По првата ...

Водач на култ во Кенија е осуден на 200 години затвор затоа што ги терал следбениците да ги изгладнуваат децата до смрт за да го сретнат Исус, објави „Би-би-си“. Пол Макензи, самопрогласен проповедник и водач на култот, е прогласен за виновен за смртта на 191 човек, од кои речиси сите биле деца. Макензи доби две затворски казни од по 100 години – една за убиство, а другата за кривични дела поврзани со изгладнувањето на жртвите. Казните ќе се ...

Лажни дојави за бомби предизвикаа хаос на европските аеродроми и ги нарушија плановите на десетици патници, а закани добија и неколку медиумски куќи. Ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ дури мораше да ги евакуира своите простории. Европските власти сè уште не знаат кој стои зад заканите, но дел од министрите и безбедносните аналитичари се сомневаат дека станува збор за хибридна кампања насочена против Европа, зад која можеби стои Русија, ...

Двајца луѓе денес загинаа откако мал авион се урна на автопатот А2, североисточно од германскиот град Магдебург, и се запали, јавуваат тамошните медиуми. Спасувачките екипи ги извлекле телата на двајцата патници, а според првичните информации, во несреќата не учествувало ниту едно друго возило. Авионот се урнал околу 14:48 часот на делницата меѓу градот Бург и одморалиштето „Кренберге“. Причините за падот засега не се познати. Станува ...

Американските власти го разгледуваат 9 ноември како можен датум за продолжување на воените напади врз Иран, бидејќи таа ноќ нема да има месечева светлина, што би создало поволни услови за изведување воени операции, според високи американски функционери. Американскиот претседател Доналд Трамп неделава одржал состаноци со својот тим за национална безбедност, на кои разговарале за можноста повторно да ги започнат нападите врз Иран, пренесуваат ...

Седумгодишно девојче од Босна и Херцеговина и 18-годишен ученик од Лион утрово загинаа во тешка автобуска несреќа што се случила во близина на францускиот град Бур-ан-Брес. Автобусот со 49 патници излетал од патот и удрил во дрвја, пренесуваат босанските медиуми. Во несреќата четворица патници се тешко повредени, од кои двајца се во животна опасност, а уште 25 се здобиле со полесни повреди. Меѓу патниците имало и 15 деца. Multiple Fatalities ...

Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на Белата куќа, ја напушта функцијата, а нејзино место ќе го замени Стивен Милер, долгогодишен помошник на претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесоа американските медоиуми. Трамп рече дека таа ќе се пресели во неговиот кабинет за политика, додавајќи дека одработила извонредна работа. Претседателот на САД рече дека промената, која доаѓа три дена откако републиканците претрпеа катастрофални загуби на ...

Американската војска изврши нова рунда ограничени напади врз Иран, а целта беше систем за воздушна одбрана, потврди претседателот Доналд Трамп. Тој ја опиша акцијата како „мала“. Соопштението доаѓа само неколку дена откако претходниот напад стана јавен и во време кога дипломатските напори за прекин на конфликтот се забрзуваат, пишува „Гардијан“. Воени акции и ирански реакции Иранските државни медиуми објавија две експлозии во областа на ...

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди Анис Калајџиќ на 45 години затвор за убиството на неговата поранешна девојка Алдина Јахиќ. Тоа е најстрогата затворска казна што може да се изрече во Босна и Херцеговина, објави хрватскиот „Вијести“. Казната е идентична со онаа што ја побарало Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон, кое тврдеше дека убиството, извршено во ноември минатата година, било родово мотивирано и дека му ...

Хакери упаднале во електронската пошта на грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис на денот на неговиот роденден и во негово име нарачале стотици луксузни автомобили и оружје, објави „Екатимерини“. Според Георгиадис, меѓу нарачаните производи имало 150 автомобили „порше кајен“, 50 возила „мерцедес-мајбах“, 24 пушки „бенели“ и еден пиштол „спрингфилд армори ешелон“. Министерот соопшти дека случајот го пријавил во Одделот за ...

Претставникот на „Студентската листа“ во Србија, Марко Ѓенадиќ, изјави дека студентите имаат повеќе кандидати за премиер, но не сакаше да открие кои имиња се во игра, ниту да ги коментира шпекулациите што се појавија во јавноста. Ѓенадиќ, кој е студент и соработник во наставата на Факултетот за технички науки во Нови Сад, рече дека актуелната техничка влада на Ѓуро Мацут сè уште има одговорност да обезбеди нормално функционирање на државните ...

Српската војска утрово испратила два борбени авиона за да пресретнат патнички авион на „Визер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако било пријавено дека во него има бомба. При интервенцијата воените авиони го пробиле звучниот ѕид, поради што силни детонации ги вознемириле жителите на областа Шумадија, пренесува „Н1“.Б Министерството за одбрана на Србија соопшти дека воените авиони биле испратени веднаш по добивањето на дојавата од ...

Турски суд денес ѝ одреди притвор на поранешната министерка за семејство и социјална политика и висока функционерка на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Фатма Бетуел Сајан Каја, во рамките на истрагата за финансискиот скандал што ја потресе земјата и предизвика криза на инвестицискиот пазар. Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за кршење на Законот за пазар на капитал и за членство во организација ...

Носителот на победничката Студентска листа на парламентарните избори во Србија, Илија Срдановиќ, објави дека имал операција на коленото, која поминала без компликации. „Операцијата на коленото помина без компликации. Ви благодарам на сите. Наскоро се враќам во полна сила! Поздрав до сите“, напиша Срдановиќ на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Илија Љубисав Срдановић (@ilijasrd) Илија Срдановиќ е кардиолог од Нови Сад и ...

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на менувачницата „Алта груп“ од Белград и ѝ изрече казни во вкупен износ од 2,12 милиони евра поради сериозни незаконитости во работењето, меѓу кои и прекршување на прописите за спречување перење пари и финансирање тероризам. Одлуката следува по детална контрола на работењето на компанијата, која ја спровел тим експерти од Народната банка на Србија. При контролата биле откриени повеќе ...

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека Бугарија очекува Македонија да покаже подготвеност за развој на политички наратив кој не е насочен против Бугарија, јави БГНЕС. Министерката Петрова ги коментираше повиците на Македонија за медијатор во преговорите. „Во врска со изјавите на македонските претставници за вклучување на медијатор, многу е невообичаено, благо речено, да има медијатор помеѓу земја-членка на ...

Откако купи стан вреден речиси еден милион евра во Белград на вода, Милош Поповиќ, шефот на кабинетот на претседателката на српското собрание во заминување, Ана Брнабиќ, купил и стан во луксузната населба Луштице Беј во Тиват, дознава „Радар“. Неговата сопруга Марина Поповиќ формално е наведена како сопственик на тој имот, а парите пристигнале од Дубаи. Официјалните податоци од Катастарот на недвижности покажуваат дека станот од 98 квадратни ...

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците ја изгласаа предлог-одлуката со која младите брачни парови до 40 години што сакаат да градат куќа, се ослободуваат од комуналиите наменети за Град Скопје. Иницијативата е предвидена како импулс за младите луѓе полесно и поефикасно да го изградат својот нов дом, конкретно куќа, но и оваа иницијатива се најде помеѓу политичките препирки на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ...

Поради одбележувањето на Задушница, утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу градските гробишта, поради очекуваниот зголемен број посетители и возила, информираат од МВР. Околу гробиштата во Бутел уште од шест часот наутро ќе биде воспоставен еднонасочен кружен режим на движење со кој возилата што ќе се упатуваат кон гробиштата ќе се движат по главната улица „Бутелска“, потоа ќе свртуваат лево по улицата „Александар ...

Над 100 основци со попреченост, нивните родители, како и останати граѓани од централната скопска општина, ќе почекаат за отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман. Градоначалникот Горан Герасимовски ветуваше дека центарот ќе биде отворен на почетокот на 2027, но од проектот сѐ уште нема абер и со сигурност нема да биде испочитуван првичниот датум. Родител на дете со попреченост што се обрати до ...

По изгласаната одлука во Советот на Град Скопје за ослободување од плаќање комуналии за млади брачни парови при изградба на куќа, градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески предлага измена на постојната одлука на Советот на Општина Аеродром, со која старосната граница за ослободување од плаќање на општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом ќе се зголеми од 35 на 40 години. Наскоро треба да започне деконтаминација на ...

За потребите на учениците од средното училиште „Димитар Влахов“, денеска е пуштен во употреба целосно опремен фризерско-козметички кабинет. Кабинетот се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ спроти Лептокарија и располага со шест фризерски работни места, две берберски, две позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани. Во него средношколците ќе го вежбаат идниот занает едни на други, но ќе им нудат услуги и на нивни ...

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје советниците изгласаа одлука со која скопјани еднаш неделно ќе можат бесплатно да одлагаат кабаст отпад во „Дрисла“, додека пак угостителските објекти добија дозвола својот отпад да го одлагаат до еден часот по полноќ, а за таа намена тие ќе добијат посебни контејнери откако ќе склучат договори со „Комунална хигиена“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека со мерката за угостителите ќе се ...

Треба ли во општина Карпош да се организира избор на мис и тоа да биде завршна манифестација на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на оваа локална самоуправа или не е прашање за кое се разви дискусија на почетокот на денешната седница на Советот на Карпош, иако ова не беше дел од дневниот ред на седницата. Всушност, дискусијата започна откако претседателот на Советот, Христо Саракинов на почетокот на седницата од говорницата ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34