Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дополнителни детали за случајот во кој 24-годишник од Петровец е осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, а потоа ја влечел со автомобил. Според Обвинителството, на 25 јули попладнето, осомничениот во семејниот дом ја удрил мајка си со тупаница во лицето. Потоа ја повлекол за левата рака, влегол на возачкото седиште и силно ја затворил вратата, при што раката на жената останала ...
Јавно претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, поради што упатија апел да не се користи водата за пиење. Од претпријатието апелираат граѓаните во овој период да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво како техничка вода. По завршувањето на интервенцијата, јавноста ќе биде дополнително известена кога водата ...
Скопјанец вчеравечер бил нападнат од малолетник на бензинска во Чаир. - На 27.07.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје, С.З.(58) од Скопје пријавил дека на 26.07.2026 околу 21:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 17-годишник од Скопје, соопштија од МВР во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Скопјанец вчеравечер бил ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
Ноќеска во 00:15 часот во СВР Скопје, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека претходно вечерта околу 21:00 часот во станбена зграда во Скопје бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип, со која бил во бракоразводна постапка, се наведува во полицискиот билтен. Подоцна, во 02:30 часот, 31-годишната жена пријавила дека на 26.07.2026 околу 21:00 во зграда во Скопје била физички нападната од нејзиниот 25-годишен маж. Се ...
Две жени и 55-годишно лице физички се пресметале во кафеана во скопски Аеродром. Инцидентот се случила вчера пред полноќ. - На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од село Кадино, скопско, од една страна и Г.М.(55) од Скопје, од друга страна, информираа од полицијата во ...
38-годишен скопјанец кој возел велосипед повреден при судир со комбе „ивеко“ во скопско. - На 25.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот село Сопиште - село Горно Соње, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(31) од село Батинци, скопско и велосипед, управуван од М.Ј.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Град Скопје информира дека, согласно Годишната програма за дезинсекција, Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Центарот за јавно здравје – Скопје, продолжува со следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци. Во текот на изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за уништување на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви беше спроведена на 7 мај, 11 јуни и 10 јули ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Исто така, од УХМР посочија дека од утре ќе следува период на сончево и топло време со ...
Пожарот што вчера избувна во Парк-шумата Гази Баба е успешно локализиран и изгаснат благодарение на брзата и координирана интервенција на вработените од Пункт Гази Баба и шумарите од ЈП „Паркови и зеленило“. Во гаснењето се вклучиле и екипи на Територијалната противпожарна бригада, со поддршка од Град Скопје. Огнената стихија зафатила сува вегетација и сува трева, а со навремената реакција било спречено нејзиното понатамошно ширење и ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Исто така, од УХМР посочија дека од утре ќе следува период на сончево и топло време со ...
Општина Илинден објави Јавен повик за доделување еднократни субвенции на спортисти кои се жители на општината и кои во изминатиот период оствариле значајни резултати. Право на аплицирање имаат спортисти од Општина Илинден кои настапувале на Олимписки игри, светски, европски, балкански и државни првенства, без ограничување на возраста и спортската категорија, а резултатите треба да бидат постигнати во текот на 2026 година. Финансиска поддршка ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека, и покрај големата штета предизвикана од кражбата и уништувањето на железничката енергетска инфраструктура кај Драчево, планираниот железнички сообраќај нема да биде доведен во прашање. Тој информираше дека вечерва одржал координациски состанок со директорите на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, и „Македонски железници – Транспорт“, Дејан ...
Министерството за здравство објави ажурирани податоци за бројот на пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, со пресек заклучно со 26 јули. Според објавените информации, од 14 до 26 јули се реализирани вкупно 4.197 први прегледи, од кои 2.351 во Општата болница и 1.846 во Здравствениот дом. Најголем број прегледи биле регистрирани на 18 јули, кога биле извршени 649 први прегледи – 334 во ...
Општина Крива Паланка најави голем бесплатен музички настан. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи едно од најголемите музички имиња на Балканот – Лепа Брена. Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера. Истата вечер пре публиката че настапи и популарниот пејач ...
По низата на лабораториски испитувања, водата во Гостивар доби статус на технички исправна, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови и други домаќински потреби, но сè уште не е дозволена за пиење и подготовка на храна. Информацијата денеска ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочи дека анализите покажале подобрување на состојбата, но дека мерките за претпазливост остануваат. ...
Министерството за спорт денеска информираше дека претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, била избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. „На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и домашната економија. Во ...
Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна ...
Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани. Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно ...
48-от Илинденски коњички марш ќе започне денеска, при што од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладне ќе тргнат 40-тина коњаници кои на 2. август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден. Меѓу учесниците има и пет девојки годинава. Тие на 31 јули ќе се спојат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на ...
Македонската јавноста тагува по Гоце Тодоровски, бардот на глумиштето, кој од синоќа на небесната сцена им се придружува на Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски и на сите големи македонски уметници кои оставија неизбришлив белег во нашата култура. Од Гоце, со емотивни збори се простуваат голем број колеги, фанови, познати јавни личности... Неговот дело ќе е вечно, судејќи по зборовите кои се упатуваат по повод неговот заминување од овој земски ...
По една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за користење. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба. Говорејќи за состојбата во ...
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие неколку месеци откако Орце ...
Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во саботата во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а ...
Вчера од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен бил претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско, информираа од МВР. При претресот пронајдена била поголема количина кокаин. „С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на ...
Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...
Вчера во Старата скопска чаршија беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски - признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на главниот град. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, внуката на Циборовски, како и претставници на Полската амбасада. Ѓорѓиевски истакна ...
Македонската театарска и филмска сцена, а особено генерациите кои растеа со Македонските народни приказни, останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, актер кој со својата харизма, автентичен хумор и препознатлива актерска енергија со децении беше дел од македонскиот театарски, телевизиски и културен простор. Гоце остави длабок и неизбришлив траг во македонското глумиште. Неговиот талент да ја спои ...