Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Алармантни сцени од село Лозани, во општина Могила. Огнот се спушти до првите куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Снимките покажуваат колку пожарот се приближил до населеното место, додека опасноста за домовите и жителите расте. Ситуацијата на теренот внимателно се следи. Во моментов најважно е да се заштитат куќите и луѓето кои живеат во близина на пожарот. Алармантни сцени од село ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ со нов успех, но и рекорд во македонското пливање. На Европското првенство во Париз тој постави нов државен рекорд на 200 метри слободно, соборувајќи го рекордот кој цели 30 години беше во сопственост на легендарниот Александар Маленко. Ѓуретановиќ во квалификациите исплива 200 метри за 1:52.59 минути, со што за 15 стотинки го подобри досегашниот национален рекорд. Рекордот на Маленко беше поставен во ...
Старите фотографии од Старата скопска чаршија ни откриваат како изгледал еден од најпрепознатливите делови на градот во различни периоди од неговата историја. Некои детали денес тешко би ги препознале, но улиците, дуќаните и градбите на фотографиите раскажуваат за едно поинакво Скопје. фото: Стари Скојпани фб Старата скопска чаршија е едно од најстарите и најзначајните градски јадра на Скопје. Првите документирани податоци за постоење ...
47-годишен гостиварец доби кривична пријава поради закана со остар предмет кон малолетници. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.07.2026 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар ...
Ноќеска во 03:00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од село Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што биле лишени од слобода. Оружјето им било ...
30-годишна Германка доби кривична пријаава поради напад врз нејзиниот татко. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против А.П.(30) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 10.08.2026, пријавената физички го нападнала нејзиниот татко. 30-годишна Германка доби кривична пријаава поради напад врз ...
62-годишен кавадарчанец починал додека сечел дрва на планината Кожуф, откако едно од дрвјата паднало врз него. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија било пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по ...
Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи, скопјани пријавиле оштетени ветробрански стакла на нивните возила од заталкани куршуми. Како што се наведува во полицискиот билтен, во првиот случај, вчера во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријавил дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Во вториот случај, синоќа ...
Вчера во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од село Зелениково, постапувајќи по претходна пријава од А.Н. дека на 11.08.2026 околу 21:00 во Зелениково, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле неговото возило, при што се здобил со повреди, се наведува во полицискиот билтен. Исто така, В.Д. пријавил дека на 11.08.2026 околу 23:00 часот ...
Синоќа во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40). Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје 35-годишна жена пријавила дека претходно вечерта околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Драчево, физички била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг, се наведува во полицискиот билтен. Исто така, околу 04:30 часот тој пријавил дека во домот, неговата сопруга му упатила закани и физички го нападнала. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. Утрово во 04:00 часот во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице. Со картицата направила 47 трансакции ...
Вчера во 19:15 часот во пробиштипско село, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода О.Н.(61) од Пробиштип. Според пријавеното, тој околу 18:30 часот пред семејната куќа во селото, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот син, но бил спречен од нивен сосед. Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки било констатирано дека О.Н. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,17 промили ...
Скопјанец е тешко повреден откако со мопед излетал од пат. - На 12.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Долно Соње, општина Сопиште, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од П.В.(64) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.В., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР во денвниот билтен. Извршен бил увид од ...
Скопјанец смртно настрада во двор на фирма во скопски Аеродром. Починал откако бил прегазен од виљушкар. Како што информираа од МВР, вчера околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. Известен е јавен обвинител и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштуваат од Обвинителството, обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на ...
Полицијата ја пронајде 15-годишната Кристина од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која било пријавено исчезнување. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолетничката била пронајдена денеска во 12:20 часот, на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид. „По преземени мерки и активности, полициски службеници ја пронајдоа малолетничката, а во содејство со Центарот за социјални работи таа е ...
Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразија искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини, директорот на Алсат кој утрово бил пронајдн починат. - Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата Алсат, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор. Неговата професионалност, ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски е пуштен во домашен притвор откако депонирал банкарска гаранција во висина од 500.000 евра. Во домашен притвор е и Муамед Сејдини, кој исто така ќе го чека почетокот на судењето надвор од затворски притвор. За него е дадена гаранција во износ од еден милион евра. Двајцата поранешни први луѓе на ФФМ, според тоа, депонирале гаранции во вкупна вредност од 1,5 ...
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во дом на 46-годишен прилепчанец, поради сомнение дека сторил кривично дело „убивање или уништување на заштитени видови на дива флора и фауна“. Претресот бил извршен вчера во 13:35 часот, со наредба од Основниот суд Прилеп. При претресот биле пронајдени и одземени 10 птици од видот Carduelis carduelis, како и кафез. По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува ...
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје вчера прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија. Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Д-р Златко Арсениевски кој е истакнат специјалист-епидемиолог вработен во Центарот за јавно здравје-Скопје и поранешен член ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Христијан Мицкоски порача дека документот е дел од поновата историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Мицкоски оцени дека кон Рамковниот договор треба да се гледа со зрелост, почит кон различните ставови во општеството и одговорност кон иднината. „Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. ...
41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина Центар. На местото пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош, чии екипи констатирале смрт. - Телото ќе биде предадено на обдукција, по што треба да бидат утврдени причините за смртта, информираа од МВР и додаваат дека се превземаат активности за утврдување на околностите под кои настанал случајот. 41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина ...
Тројца тинејџери од Скопје ноќеска биле лишени од слобода кај излезот на Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“. Како што информираат од МВР, ноќеска во 1:30 часот, на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 19-годишните А.А. и А.М., како и 16-годишната малолетничка, сите од Скопје. При контролата на патничко возило „ауди А6“ со скопски регистарски ...
Две лица, маж и жена, се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на селото Тајмиште, кичевско. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 8 часот, а во неа учествувале патничко и товарно возило. Повредените биле во патничкиот автомобил и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Кичево. Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што се очекуваат повеќе информации за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина ...
И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна ...
Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава порталот „4news.mk“. Според информации на порталот, станува збор за самоубиство. Местото го обезбедува полиција, посочи порталот, а телото ќе биде предадено на обдукција. Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во ...