
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Во Охрид денеска започнува шестото алтернативно културно-забавно лето на Културолошката иницијатива „5 до 12“, односно, оваа година настанот за првпат ќе има фестивалско издание. Фестивалот ќе се отвори вечерва, на скејт-паркот во Охрид, со почеток во 18 часот со настанот „Free Spirit Day“. Најавени се музички настапи на „Rootboy Selector“, слушачка промоција на новиот алубм на „Primitive Dread“ и концертен настап, настап на „Новиот Почеток“, а ...
Жителите и еколошките организации „Здрава котлина“ и „Еко долина“ од општините Ново Село, Босилово и Струмица денеска протестираат против отворање на капацитет кој ќе преработува алуминиум. За овие општини рудникот Иловица-Штука, против кој се борат неколку години сè уште не е завршена приказна, а само на десетина километри од таа локација им се отвора нов фронт кој се плашат дека исто така ќе им ги загрозува здравјето и животната средина ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска поднесе обвинение против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. „Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради ...
Францускиот и светскиот кинематограф Бруно Делбонел е добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. „Бруно Делбонел е најновиот член во лубот на великаните на ‘Браќа Манаки’. Изодувајќи го патот на лауреат на ‘Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност’ што ...
Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска изрази јавен апел до државните институции за преземање мерки, откако пред неколку дена беше објавен извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во кој беше посочено дека државата се наоѓа на петто место во Европа по одлив на мозоци. Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и ...
Во академската 2023/2024 година која изминува, биле запишани вкупно 52.316 студенти, што претставува намалување за 2.8% во однос на претходната академска година. Бројот на запишани студентки во тековната академска година бил 30.704 или 58.7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број студенти 40.695 се запишале на државните високообразовни установи, по нив, следуваат приватните високообразовни установи со 11.298 ...
Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ годинава ќе го има своето 23 издание насловено како „Како е? Викај ура“ од 11 до 17 јули во Младинскиот културен центар (МКЦ). Ќе бидат прикажани повеќе од 40 филмски наслови, меѓу кои и дел од филмовите на овогодинешниот Кански филмски фестивал, ќе настапуваат повеќе бендови со различни жанрови, а ќе се спроведе и проектот „Living music“ на кој ќе работат студенти и млади режисери од Европа. ...
„Ок. Стигнавме до 100 изданија. Тоа значи сто пати сме го изговориле она наше – ново! во средина каде понекогаш тоа е прст во око. Среќа, сѐ уште ве има доволно со љубопитни уши, драги наши музички сопатници, и тоа е добра причина да прославиме, имаме и план. Скопските горештини ни се инспирација, никако проблем“. Вака независниот лабел „Шарла“ (Sharla) за утре (петок, 5 јули) од 21 часот го најавува настанот со акустични настапи во скопска „Ла ...
На вчерашната седница, Владата именуваше раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. „Димовски е доктор на науки, докторирал на тема ‘Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија’. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, ...
Колку младите на локално ниво се вклучуваат иницијативите за млади, дали тие се доволно активни, но и како да се мотивираат за да се активираат, како и дали имаат доволно простори каде може да се здружуваат. Ова се некои од прашањата во аудио интервјуто со Ана Наумоска од Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга. За тоа каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга, слушнете повеќе во аудио интервјуто во продолжение. Автори: ...
По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје – Битола – Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање. Исто така, повторно се враќа бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, пракса што беше прекината за време на пандемијата со Ковид-19, пишува новинската агенција Мета. Укинувањето првично се случи во октомври минатата година, каде што се укинаа по два воза дневно на ...
Летното аниме „Тунелот на летото, излезот на збогатувањата“ ќе се прикаже на три платна истовремено утре (4 јули) со почеток од 19 часот во просторот за креација и иновација „База42“. На настанот ќе има и мини базар за урбана облека од македонски и јапонски брендови, рачно изработен накит, маички и фигури, но и караоке на јапонски песни. „Овој пат во соработка со хакерскиот простор ‘База42’ најавуваме серија настани наречени ЈапанХ42 кои ќе се ...
Во рамки на деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“ насловено како „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“ денеска (3 јули) со почеток во 19 и 30 часот во националната галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоција на книгата „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, низ дијалог помеѓу авторот Гералд Рауниг и социологот Ивана Драгшиќ. „’Уметност и револуција’ е своевидна алтернативна историја на уметноста ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска посочи дека до септември, како Влада не можат да стигнат да обезбедат учебници за седмо одделение, дури ако имаат и „волшебно стапче“. Јаневска истакна дека ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Во меѓувреме, таа посочи дека дел од нив не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. „Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Ниту една институција, според извештајот на ЦГК не се наоѓа во зелената зона, односно има висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени ...
За наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава се номинирани вкупно 43 дела од 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 јазици. Опфатени се 40 странски автори од жанровските категории роман, расказ, книги за деца и драми. „Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција“, велат од издавачката куќа „Антолог“ која годинава го ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осуди директните закани кон новинарот од Канал 5 Александар Видиновски и побара од надлежните да постапуваат по очигледна закана по безбедноста на новинарот. Под објавата на својот Фејсбук профил на неговата репортажа од Пустец, Албанија, како што велат од ССНМ, Видиновски добил сериозни и застрашувачки закани од лицето Виктор Стојанов кое има забрана за влез во Македонија на ...
Уметничка инсталација „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ како акција посветена на борбата против дезинформациите е поставена денеска на плочникот на трговскиот центар „Бисер“ во општина Аеродром, во организација на Центарот за современа уметност. „Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите, како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева, уметница која ги разложува ...
Најголемиот саем на универзитети „УниКомпас“ во организација на дигиталната студентска заедница „Студентарија“ ќе се одржи оваа сабота (6 јули) со почеток во 10 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Учество ќе земат повеќе од 20 факултети од различни универзитети кои пред матурантите ќе ги презентираат своите програми, услови и можности, ќе има кариерни советници, две работилници со психолог, а присутни ќе бидат и неколку ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот, прв со потпис на новата Влада, економистите оценуваат дека претстои период на неопходни промени, пишува Порталб.мк. Но, колку и како може да се прекрои буџетската каса, дали може да се крати од веќе дадени права, каде може да се заштеди? Оценки на економистите Со поголем буџетски дефицит, а помал економски раст во однос на планираното. Вака според дел од економистите ќе заврши оваа изборна економска ...
Македонија се наоѓа на високото петто место од 41 европска земја на Индексот на одлив на мозоци на „Global Economy“, што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти. Во меѓувреме, според проценките на Светската банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, додека според извештајот на ИОМ за 2020 година, Македонија се наоѓа во топ 50 земји во светот со најголема емиграција во странство. Ова се дел ...
Изложбата на слики од Билјана Билбилоска насловена како „Простор и тишина“ ќе биде отворена денес (2 јули) од 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника. „Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички пракси. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати ...
Светлана Јовановска Се чини дека политичките партии, по шокот и во екстремно кус период, почнаа да сфаќаат дека екстремната десница е на само еден чекор од власта. И почнуваат да се мобилизираат со желба да го избегнат хаосот што настапи по распуштањето на Асамблејата. „Дали сте вие луд?“ Ова е прашањето што на 11 јуни, на претседателот на Франција Емануел Макрон му го постави „Фигаро Магазин“, сериозен медиум, близок до француската десница. ...
„Гугл транслејт“ со помош на јазичниот модел „PaLM 2“ додава 110 нови јазици за превод, меѓу кои е и ромскиот, пренесува „The Verge“. „Јазичниот модел на Гугл, ‘PaLM 2’ му помогна на сервисот да ги научи овие нови јазици. Беше особено добар во учењето на оние јазици кои се поврзани еден со друг“, вели Исак Касвел од Гугл. Списокот на новоподдржани јазици вклучува и кантонски, кој според Касвел долго време бил еден од најбараните јазици на „Гугл ...
Град Скопје доби награда од 50 илјади долари за досегашниот постигнат успех на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот, односно за иницијативите предводени од младите за рециклирање и намалување на отпaдот, од Младински климатски акциски фонд. „Меѓународните истражувања покажуваат дека повеќе од 60% од младите сметаат дека националните влади не прават доволно за справување со климатските промени. Поради тоа, Младинскиот ...
На 88-годишна возраст денеска почина славниот албански писател Исмаил Кадаре, пренесува Радио Слободна Европа. Извори од Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана, исто така, објавија дека Кадаре „доживеал кардио-респираторен застој“. Кадаре е роден во 1936 година во градот Ѓирокастро во јужна Албанија. Триесет години од својата писателска кариера, Кадаре живеел во комунистичка Албанија, каде што ги напишал и своите ремек-дела ...
Анкетите покажуваат дека крајнодесничарската партија Национален собир убедливо победи со околу 34% од гласовите во првиот круг од предвремените избори во Франција, а централистичката алијанска на претседателот Емануел Макрон е на третото место со 20.3% од гласовите, пренесува Ал Џазира. Второто место во овој круг го освои левичарската коалиција Нов народен фронт со 29% од гласовите. Според овие резултати, лидерката на партијата Национален собир ...
Од 3 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за седмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 17 до 21 јули. Оваа година земјата во фокус на фестивалот е Шпанија, со поддршка од шпанската амбасада, а најавени се филмови за сите возрасти кои ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Проекциите на претпрограмата ќе бидат ...
Од денеска за најголем дел од потрошувачите, сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во четвртокот посочи дека цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0.85%, во третиот блок од 1.92% проценти и во четвртиот блок од 1.88%, додека евтината струја ќе поскапи за 0.65%. Тогаш, ...
„Кога бевме помали, кога си игравме на улица, на клупи, во маало… сите бевме исти и еднакви. Машки и женски, едни до други. Проблемите настануваат кога ќе пораснеме, кога ќе почнеме да одиме на школо, факултет, кога ќе влеземе на пазарот на трудот. Тогаш општеството почнува да не’ дели на ‘ова можеш, ова не можеш’, на ‘машки и женски позиции’, на ‘директори и секретарки’. Од тоа произлегуваат фрустрации кои не’ обликуваат во несреќни луѓе“. ...