Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Европа прави „голема стратешка грешка“ со тоа што ги прекинала директните канали со Русија и предупреди дека Европската Унија ризикува да остане на маргините ако не учествува поактивно во евентуалните разговори за крај на војната во Украина. Изјавата ја даде во интервју на маргините на Делфискиот економски форум во Грција, каде порача дека Европа „секогаш, секогаш, секогаш“ треба да разговара со сите. ...
Грчкиот парламент ѝ даде зелено светло на истрагата против 13 пратеници од владејачката Нова демократија, откако им го одзеде пратеничкиот имунитет во аферата со европските земјоделски субвенции што со месеци ја тресе владата на Кирјакос Мицотакис. Станува збор за предмет поврзан со ОПЕКЕПЕ, државната агенција што управува со исплатата на европската земјоделска помош во Грција. Одлуката беше донесена на 22 април, а со неа обвинителите ...
Еден градежен работник загина, а четворица се повредени во тешка несреќа на градилиште во скопската општина Кисела Вода, откако при ископ дошло до лизгање на насип од земја и затрупување на работници. Првичните информации од Министерството за внатрешни работи зборуваа за тројца затрупани работници, од кои двајца биле извлечени, а спасувањето на третиот било во тек. Подоцна бил потврден и смртниот исход, а во Ургентниот центар бил донесен уште ...
Аферата со нелегалните ботокси и филери во Македонија веќе не е само полициска хроника, туку прашање што оди директно до лицето, очите, нервите и дишењето на пациентите. По акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, во која беа приведувани повеќе лица, меѓу нив и доктори, јавно беше соопштено дека нелегално увезени ботокси и филери биле користени при естетски зафати врз пациентки во земјава. Обвинителството ...
Кралот Чарлс Трети од понеделник до четврток, од 27 до 30 април, ќе престојува во САД во својата прва државна посета како монарх, заедно со кралицата Камила. Бакингемската палата соопшти дека посетата е на барање на британската влада и ќе биде поврзана со одбележувањето на 250 години од американската независност, а програмата вклучува Вашингтон, Њујорк и Вирџинија. Во Вашингтон, Чарлс треба да има приватна средба со Доналд Трамп, да ...
Нови сомнежи се отворија околу здравствената состојба на врховниот лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, откако извори од неговиот внатрешен круг тврдат дека тој закрепнува од тешки повреди здобиени во американско-израелскиот напад од 28 февруари, во кој беше убиен неговиот татко, поранешниот лидер Али Хамнеи. Истите извори велат дека повредите вклучуваат сериозна траума на ногата и изгореници на лицето што би можеле да бараат и пластична хирургија. ...
Реза Пахлави, син на последниот ирански шах и една од најпознатите фигури на иранската опозиција во егзил, од Берлин побара поотворена поддршка од западните земји за политичка промена во Иран. Тој порача дека Европа и САД не смеат да останат пасивни додека, како што рече, иранскиот режим продолжува со репресија дома и со дестабилизација во регионот. Пахлави, кој со години настапува како симболичен глас на дел од опозицијата надвор од Иран, во ...
Судењето за деветмина полициски службеници обвинети во предметот поврзан со издавањето согласности за лиценца на кочанската дискотека „Пулс“ денеска беше одложено за 1 јуни. Рочиштето не влезе во суштинска расправа, откако одбраната пред почетокот побара дополнително време за да обезбеди докази, декласификација на одредени материјали и увид на вешто лице што треба да изработува вештачење. Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а ...
Федералното истражно биро на САД почна да бара евентуални врски меѓу најмалку 10 случаи на исчезнати или починати научници и вработени поврзани со чувствителни нуклеарни, вселенски и одбранбени програми, откако темата стигна до Белата куќа и до Комитетот за надзор во Претставничкиот дом. Американските институции засега зборуваат за „преглед“ и „проверка на можни врски“, а не за потврдена координирана операција. Она што е важно, а често се ...
На 9 мај 2026 година, во Паркот на Франкофонијата се организира настан кој ја слави европската култура, вредности и заедништво преку симболиката на „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со гастрономски понуди, музика и културни содржини инспирирани од европската традиција и современ живот. Настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до публиката, ...
Вашингтон подготвува нови воени сценарија за Иран, а фокусот овојпат е ставен врз Ормускиот теснец, најчувствителната енергетска точка на светот. Американски воени претставници разработуваат планови за удари врз ирански цели во и околу теснецот ако сегашното кревко примирје пропадне, при што меѓу потенцијалните мети се спомнуваат пловила за поставување мини, брзи напаѓачки чамци и други ирански капацитети што можат да го попречат поморскиот ...
Атина се дистанцира од проценката на албанскиот премиер Еди Рама дека договор за разграничување на ексклузивна економска зона може да се постигне до крајот на годината, велејќи дека не го дели тој став, изјави висок дипломатски извор за грчки Катимерини. Зборувајќи по забелешките на Рама на Делфи форумот, изворот рече дека дискусиите за компромис за упатување на спорот до Меѓународниот суд на правдата се провлекуваат со години без решение. ...
Предложените измени на Законот за минерални суровини и на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство отворија нов судир околу тоа како државата ќе управува со природните ресурси, рударството и приватниот имот. Еколошките организации алармираат дека станува збор за пребрза постапка без суштинска јавна расправа, додека во Собранието веќе се поднесуваат стотици амандмани и се отвора фронт меѓу власта и опозицијата. Официјалните собраниски ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што како што рече се дознала вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши. „Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека по случајот со незаконските уписи на Филозофскиот факултет при УКИМ, јавноста многу брзо ќе слушне за „уште една, многу покрупна неправилност“ која, според неа, ќе ја изненади целата македонска јавност. Таа засега не откри за која институција или за каков случај станува збор, но порача дека во одредени институции се утврдуваат сериозни пропусти и дека ќе се постапува по закон. ...
Македонската женска кадетска репрезентација денеска во третото коло ја победи селекцијата на Словачка со 28:13 и како првопласирана во својата група Ц оди во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје. За нашите девојки ова е трета победа откако претходно беа совладани репрезентациите на Белгија и Грузија. Во четвртфиналето, Македонија ќе се сретне или со Романија или Бразил. Утре е слободен ден на ...
По неколкумесечни подготовки, оригиналниот македонски мјузикл „Као Какао“ конечно ги доби своите премиерни датуми. Првите изведби ќе се одржат на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот. „Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжмани ...
Инвеститор на зградата каде утрово се случи несреќа и загина млад работник е поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конески. „Трагедија е ова што се случи. Фирмата „Јакимовски“ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно земјиштето се излизгало ненадејно по што дошло до несреќата, изјавил Коневски за дел од медиумите. Инаку, утрово нешто по осум часот на 112 било ...
Норвешка гради еден од најамбициозните патни проекти во Европа, подморскиот тунел „Рогфаст“, кој треба да стане најдолгиот и најдлабокиот подморски патен тунел во светот. Станува збор за тунел долг 26,7 до 27 километри, што се пробива меѓу Рандаберг и Бокн во округот Ругаланд, на длабочина до 392 метри под морското ниво. Проектот е дел од пошироката идеја за „ферибесплатен“ Е39 долж западниот брег на Норвешка. Во популарните објави најчесто ...
Нова пукнатина се отвори во односите меѓу САД и европските сојузници, откако интерна преписка во Пентагон отворила опции за казнување на членки на НАТО што, според Вашингтон, не дале доволна поддршка за американските операции во војната со Иран. Меѓу идеите што циркулирале на високо ниво се спомнуваат и суспендирање на Шпанија од важни позиции во НАТО, како и преиспитување на американската дипломатска поддршка за британското право над ...
Финската влада предложи да се дозволи увоз на нуклеарно оружје во земјата во „ситуации поврзани со одбраната“. „Владата поднесе предлог за измена на Законот за атомска енергија и Кривичниот законик“, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Ова значи дека Финска може да увезува, транспортира и складира нуклеарно оружје во рамките на националната одбрана и соработката со НАТО. Оваа иницијатива првпат ја предложи министерот за одбрана на ...
Цените на нафтата повторно тргнаа нагоре, а светските пазари влегоа во нов бран нервоза поради продлабочената неизвесност околу Блискиот Исток и Ормускиот теснец, низ кој нормално минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и течен природен гас. Во петокот наутро, фјучерсите на „Брент“ се искачија на 106,06 долари за барел, а американската WTI на 96,56 долари, со што неделниот раст достигна повеќе од 17 проценти кај „Брент“ и ...
На градилиште во скопската населба Кисела Вода утрово се случи тешка несреќа при ископ и подготовка на терен за изградба на нова зграда, при што, според првичните информации објавени во медиумите, под земја и градежен материјал останале затрупани повеќе работници. Локацијата што се споменува во објавите е зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. Во овој момент, деталите за бројот на затрупани и нивната состојба остануваат ...
Протоколот меѓу Италија и Албанија за центрите за мигранти може да биде компатибилен со правото на Европската Унија, но само под услов целосно да се почитуваат основните права на засегнатите лица. Тоа, во суштина, е ставот на генералниот адвокат Николас Емилиу во Судот на правдата на Европската Унија, објавено денес. Мислењето, кое не е обврзувачко за луксембуршките судии, но честопати ја најавува нивната одлука, означува клучен чекор во ...
До редакцијата на Рацин.мк и до повеќе други редакции, стигна мејл потпишан како студенти.мк, во кој се рагира на случајот на сериозни пропусти во уписната политика на Филозофскиот факултет. Заради опфатноста на голем број засегнати, и највеќе, заради сериозните аргументи во реакцијата, писмото на Студенти.мк го објавуваме целосно: Македонската јавност последните дена е сведок на една од најконтроверзните ситуации во системот на високото ...
Во пресрет на официјалниот почеток на проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со градоначалникот на италијанскиот град Матера, Антонио Николетти. Оваа соработка не е случајна, бидејќи Матера е позната по својата успешна трансформација преку културни иницијативи. Оваа средба претставува увертира за меѓународниот настан во Скопје, кој ги обединува европските ...
Трансатлантските односи често се оценуваат низ тесната перспектива на трговските биланси и периодичните спорови. Ова е погрешно. Нивната вистинска вредност лежи во многу погуста ткаенина – мрежа од инвестиции, заеднички иновативни екосистеми, одбранбена соработка и сè поинтегрирани енергетски системи. Во глобална средина обележана со геополитичка фрагментација и преклопувачки кризи, оваа ткаенина не е само корисна, туку и стабилизирачка. Ова ...
Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка? Вистината покажа дека не е така и ја разоткри целата позадина на овој случај, се вели во соопштението на СДСМ СДСМ излезе со докази дека антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори и дека она што се претставуваше како „државен интерес“ и наводен стратешки проект со ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – ...
Полицијата во Грција ги засили контролите за носење слушалки за мобилни телефони додека возите. Сообраќајната полиција постојано ја проверува употребата на жични или безжични слушалки за мобилни телефони. Возачите се казнуваат со огромни 350 евра за овој прекршок. Казната за користење телефон се движи од 350 до 2.000 евра, предупредува полицијата. Тие исто така ја одземаат возачката дозвола од еден месец до една година. Новите правила во ...