Моџтаба Хамнеи , кој беше именуван за нов врховен верски водач на Иран за време на викендот , има нешто заедничко со американскиот претседател Доналд Трамп : двајцата изградија глобални империи за недвижности. Синот на ајатолахот Али Хамнеи , кој беше убиен во воздушен напад на првиот ден од војната, го претставува првото наследно преземање на власта во Исламската Република, објавува Fortune. Помладиот Хамнеи е близок до Корпусот на ...

Ако сега бараат 600 евра минимална плата, за некое време и 800 евра ќе бараат, можеби и 1 000, а ние како влада тука сме немоќни. Треба бипартитниот договор меѓу работниците и работодавачите да заврши, така што адресата пред Владата е погрешна адреса“, вели премиерот. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на владина седница ќе биде потврден заклучокот од последниот Економско-социјален совет, според кој минималната плата ќе се зголеми на ...

По ситуацијата со нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на Регулаторната комисија, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата и во согласност со тоа ќе реагира. Според него, добра вест е што утрово цената на нафтата паднала и од синоќешните 120 долари за барел, сега се тргувала за околу 90 долари. „Факт е дека како држава имаме убедливо најниска ...

Холандската воена разузнавачка служба и домашната разузнавачка агенција издадоа заедничко предупредување во кое тврдат дека руските хакери започнале „голема глобална киберкампања за да добијат пристап до сметките на Signal и WhatsApp што им припаѓаат на функционери, воен персонал и државни службеници“. Според холандско предупредување, хакерите се претставуваат како четботови за поддршка за да ги измамат клучните цели да ги откријат нивните ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска прашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител, посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски. ...

Од Железници на Северна Македонија АД – Скопје за „Слободен печат“ информираат дека вчеравечер избувнал пожар во возот број 641 кој сообраќал кон Куманово, а потоа требало да тргне кон Битола, поради што утринава и во текот на денот е откажана регуларната линија Скопје-Битола. Според распоредот, за Битола се предвидени три линии на ден, една рано наутро во 07:06 часот, која утринава не сообраќала, а поради пожарот и отсуството на ...

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда, Али Мохамед Наини, се осврна на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и ги нарече куп глупости што доаѓаат од Вашингтон. Наини ги опиша изјавите на Трамп како бесмислени. „По срамните порази во војната, криминалецот Трамп користи лукавство и измама за да постигне воени резултати, да го заведе јавното мислење и да избегне психолошки притисок. Од Трамп не видовме ништо освен лаги. ...

Германија привремено го повлече персоналот од својата амбасада во Багдад од Ирак поради зголемените безбедносни ризици што ги претставува конфликтот на Блискиот Исток, изјави портпарол на германското Министерство за надворешни работи. „Вработените во германската амбасада во Багдад сега се привремено евакуирани од Ирак поради заканата“, изјави портпаролот, објави денес Ројтерс. Портпаролот рече дека безбедноста на вработените во амбасадата ...

Петок 13-ти со векови се смета за еден од најмистериозните датуми во годината. Многумина го поврзуваат со лоша среќа, непријатни настани и непредвидливи ситуации. Сепак, астрологијата го гледа денот поинаку. Наместо да го гледа исклучиво низ призмата на лоша среќа, таа нагласува како моќната енергија на датумот може да донесе ненадејни промени и неочекувани пресврти. Оваа година, таков датум доаѓа оваа недела, бидејќи петок, 13 март, ...

„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа можеби во моментот е добро, но, од друг аспект, во делот на пограничните општини и посебно бензиските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел и затоа се случува на некои бензински да снема гориво. Сепак тоа брзо се надоместува“, вели премиерот Христијан Мицкоски за ситуацијата ...

Иранската револуционерна гарда на 10 март соопшти дека нема да дозволи извоз на нафта од Блискиот Исток доколку продолжат нападите на САД и Израел, додека Доналд Трамп возврати со предупредување дека САД потоа ќе го нападнат Иран посилно. Иранската револуционерна гарда објави дека нема да дозволи никаква количина нафта да излезе од Блискиот Исток доколку продолжат нападите од страна на Соединетите Американски Држави и Израел. Во пораката ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, тврди дека Техеран не бара крај на војната со САД и Израел, што предизвика остар одговор од неговиот израелски колега Амир Охана, кој изјавува дека прекинот на огнот не е на маса. „Апсолутно не бараме прекин на огнот; веруваме дека агресорот треба да биде удрен во уста за да научи лекција и никогаш повеќе да не помисли да го нападне нашиот сакан Иран“, пишува Калибаф во објава на ...

Намалувањето на дневниот внес на сол може да помогне во одржувањето на здрав крвен притисок и целокупното здравје на срцето. Консумирањето помалку сол може да го намали крвниот притисок и да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, особено кај луѓето кои се чувствителни на сол. Повеќето луѓе консумираат премногу сол, во просек околу 9 грама дневно, а прекумерниот внес предизвикува задржување на вода во телото, што го зголемува ...

Според претседателот Володимир Зеленски, Украина добила 11 барања од соседите на Иран, европските земји и САД за воена поддршка во борбата против иранските беспилотни летала „Шахед“ и слични закани. Претседателот Володимир Зеленски објави дека Украина добила 11 официјални барања за безбедносна поддршка во одбраната од иранските беспилотни летала „Шахед“ и други слични закани што ги засегаат земјите во Европа, регионот на Блискиот Исток и ...

Едноставните промени во вашата дневна рутина често се најдобриот начин да го одржите вашето срце здраво. Кардиоваскуларните заболувања се голем здравствен проблем во Велика Британија, кој засега повеќе од седум милиони луѓе. Кардиологот д-р Франческо Ло Монако, основач на Националната клиника за срце на улицата Харли во Лондон и автор на „Спасител на срцето“, наведе три мали, но важни промени што секој може да ги направи за да го подобри ...

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера првпат се огласи на Инстаграм откако на 25 февруари беше хоспитализиран поради тешка пневмонија. Тој информира дека сè уште е во болница, но дека треба да биде отпуштен во следните неколку дена и да го продолжи лекувањето дома. „Драги пријатели, ова е првпат да ви се обраќам од тој ужасен 25 февруари. Се вратив во живот! Тој мрачен ден јасно ми покажа кои треба да бидат ...

Минатата недела Министерството за одбрана на САД изнесе концизен сет на воени цели во војната на претседателот Доналд Трамп против Иран , тврдејќи дека крајната цел е да се прекине способноста на Техеран да проектира моќ надвор од своите граници. Сепак, можно е токму целите што Пентагон најчесто ги таргетирал далеку од очите на јавноста, да даваат најјасен увид во вистинските намери на Трамп досега, објавува „Лос Анџелес Тајмс“ . ...

Русија досега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток, бидејќи цените на енергијата растат, а вниманието кон нејзината војна против Украина е намалено, вели претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, пренесува Тајмс оф Израел. „Досега, има само еден победник во оваа војна – Русија“, вели Кошта во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел. „Таа добива нови ресурси за финансирање на својата војна против Украина додека цените ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна новата година соочен со тежок избор помеѓу ограничување на неговата таканаречена специјална воена операција во Украина или ризикување сериозна штета на руската економија. Речиси преку ноќ, американскиот претседател Доналд Трамп му понуди решение. Нападите на САД и Израел врз Иран доведоа до нагло зголемување на цените на нафтата, што го зајакна главниот извор на приход на Кремљ и му го олесни на ...

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата „24 анализа“ посочи дека институциите мора да понесат одговорност за пропустите во случаите на семејно и родово базирано насилство. Шукова истакна дека статистиките се загрижувачки и дека само во 2025 година се регистрирани повеќе од пет илјади пријави за насилство, без разлика дали станува збор за физичко или психичко насилство. Таа нагласи дека проблемот ...

Пред ексклузивната информација на Телеграф дека Анамарија Голтес и Лука Дончиќ ја раскинале свршувачката и дека свадбата што беше закажана за летото годинава е откажана, странците почнаа да ја поврзуваат познатата кошаркарка со ни помалку ни повеќе, туку со младата српска ѕвезда Анѓела Игњатовиќ Брешквица ! Сè се разгоре особено по веста дека Дончиќ повеќе не е со Анамарија, па влијателните медиуми од Шпанија и нивната „Марка“ до Америка ...

Денес на дневен ред во Собранието се предлозите на Левица за дуплирање на повратот на ДДВ и помал товар за малите фирми, информираа од партијата. – Во време кога граѓаните се соочуваат со ценовни шокови, раст на сметките и постојана инфлација што го нагризува семејниот буџет, денес во Собранието на Република Македонија на дневен ред се предлог-законските измени поднесени од пратеничката група на #Левица, со кои се предлага финансиско ...

Рускиот милијардер Роман Абрамович е подготвен да покрене судска постапка против британската влада поради парите од продажбата на Челзи, во вредност од дури 2,5 милијарди фунти. Абрамовиќ тврди дека парите се сè уште негови и дека тој треба да одлучи како ќе се потрошат, и покрај меѓународните санкции против него. Велика Британија и Европската Унија воведоа санкции против Абрамович во 2022 година по почетокот на руската инвазија на Украина, ...

Два товарни брода на иранската компанија IRISL, која е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, го напуштија кинеското пристаниште Гаолан со товар за Иран, за кој постои сомневање дека транспортира натриум перхлорат, клучна компонента за гориво за балистички ракети. Според „Вашингтон пост“, два товарни брода во сопственост на иранска бродска компанија под санкции испловиле од кинеското пристаниште Гаолан кон Иран, носејќи неодреден товар. ...

Демократски сојуз укажува на потребата од единство и ги повикува сите партии „да покажат државничко однесување и да не создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните, користејќи ја војната на Блискиот Исток (Иран) за дневно политички поени“. „Негативните рефлекси се присутни насекаде во светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат и се создава нервоза и психоза на несигурност, при што на вакви состојби ...

Љубовните врски често се сложени и непредвидливи. Иако многу луѓе влегуваат во врски со најдобри намери, понекогаш се покажува дека избрале личност која не е вистинската за нив на долг рок. Причините за ова можат да бидат различни, од силни емоции и идеализирање на партнерот до потребата да се промени или спаси некого. Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци имаат поголема веројатност да влезат во врски кои подоцна се ...

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш ...

Цените на бензинот и дизелот во Германија вртоглаво растат – на многу бензински пумпи еден литар гориво веќе чини повеќе од 2 евра. Сепак, германската влада во моментов не планира да интервенира. Портпаролот на владата рече: „Нема причина за тоа“, додека министерката за економија Катерина Рајхе додаде дека ограничувањата на цените во моментов не се на дневен ред. Возачите сè уште се сеќаваат на 2022 година, кога владата воведе тримесечен ...

Пејачката Зорица Брунцлик никогаш не криела колку е емотивна, а еден од најтешките моменти во нејзиниот живот бил загубата на нејзината мајка. Таа отворено зборуваше за тој болен период, признавајќи дека во тој период минувала низ сериозна психолошка криза и здравствени проблеми. Како што еднаш раскажала, смртта на нејзината мајка целосно ја скршила и долго време не можела да се опорави од таа загуба. Во тие моменти, нејзиниот сопруг, ...

Намалувањето на производството на нафта на Блискиот Исток се продлабочува, бидејќи клучниот воден пат Ормутски теснец останува речиси во застој, продлабочувајќи го хаосот на енергетските пазари, објави Блумберг. Саудиска Арабија го намали производството за два милиони на 2,5 милиони барели дневно, Обединетите Арапски Емирати за 500.000 до 800.000 барели дневно, Кувајт за околу половина милион дневно и Ирак за околу 2,9 милиони дневно, рекоа ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
50%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
69%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
8.23
47%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.55
58%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 0ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
61%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1011
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
63%
1020
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
72%
1020
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
7.72
75%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.6148

Currency

71.3575

Currency

37.9539

Currency

39.1761

Currency

67.9966

Currency

7.70568

Currency

0.65974

Currency

0.33662

Currency

0.52483

Currency

1.21286

Currency

0.58004

Кобалт

66.14

Злато

161482.36

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.41

Бакар

11.61

Родиум

368126.05

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Иридиум

259874.72

Рутениум

56199.51

Паладиум

51376.89

Калај

48.20