Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор. – Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ. Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што ...

Актерката Меган Фокс ги изедначи фановите со признанието за време на презентацијата на нејзината збирка поезија и откри дека не може да живее без слава. Нејзиниот живот е обележан со турбулентна врска со музичарот Машин Ган Кели и нејзината заложба за ментално здравје. Кога обожавателите ја прашале дали некогаш сака да се откаже од славата, Фокс одговорила дека тоа не е нејзина цел. „Тоа го кажува мојата Месечина во Лав. Не мислам дека би ...

Доколку сакаме да живееме до длабока старост, исхраната игра поголема улога отколку што често мислиме. Иако долговечноста не зависи од една единствена храна, нутриционистите предупредуваат дека одредени дневни навики можат да го зголемат ризикот од хронични заболувања како што се срцеви заболувања, дијабетес и рак. Ваквите состојби, според истражувањата, значително влијаат на животниот век. Затоа лекарите издвојуваат неколку вообичаени ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на денешната прес-конференција изјави дека САД постигнале „одлучувачки воени резултати во Иран, а операцијата „Епски бес“ ја оцени како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“. Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа „секој ден станува се посилна“. – Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо ...

Има викенди кои минуваат речиси незабележано – со истите ритуали, истите места и истите луѓе. А потоа тука се и оние другите, кои како да се појавуваат од никаде и лесно исфрлаат сè од рутината. Ова е токму таков викенд со кој се соочуваат одредени хороскопски знаци, со доза на непредвидливост што може да биде подеднакво возбудлива колку што е и збунувачка. Овен За Овенот, овој викенд носи ненадеен наплив на енергија и потреба за акција. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја поддржува идејата пратениците да немаат двојно државјанство, но смета дека тоа треба да важи и за претседателот на државата и за министрите во Владата. – Постои можност, по мене, за ограничување на двојното државјанство. Таква можност веќе дава Законот за надворешните работи и се однесува на амбасадорите. Исто така, кога зборуваме за носители на функции, кои се важни за безбедноста на државата, ...

Најголемото и најважното прашање за Европа е дали Соединетите Американски Држави се подготвени да бидат лојален партнер во НАТО во случај на руски напад, изјави полскиот премиер Доналд Туск за „Фајненшл тајмс“. Тој, исто така, ја повика Европската Унија да стане „вистински сојуз“ во заштитата на континентот, одразувајќи ја растечката загриженост поради непредвидливата политика на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите закани кон ...

По жестока расправија со вашиот партнер, дали се чувствувате поповрзани и сакани од претходно? Нема да верувате, но не сте единствените. Додека многумина се колнат во романтични состаноци и патувања од соништата, некои парови го достигнуваат врвот на интимноста веднаш откако ќе се соочат со конфликт. Зошто е тоа така? Зошто некои парови сакаат толку многу да се расправаат, и зошто многумина се чувствуваат уште поповрзани по расправијата? ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на поставувањето на нов директор на Македонска телевизија, оценувајќи дека тоа е „последниот сегмент во мозаикот на заробена држава” што го гради власта на Христијан Мицкоски. „ Ова е последниот дел од мозаикот на заробена држава во која институциите не им служат на граѓаните, туку на една партија и еден човек. Новиот директор на МТВ е последниот сегмент во ...

Германија се соочува со неповратен економски колапс откако се откажа од увозот на руски гас за време на најтешката енергетска криза во историјата, изјави Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции. Коментирајќи ја економската прогноза објавена од Берлин, Дмитриев рече дека Германија не само што се движи кон долгорочна стагнација, туку и кон економски колапс од кој нема да може да се опорави. Во посебен пост, Дмитриев ...

Еден човек во Германија поднел добитен билет додека бил сè уште жив, тој останал важечки дури и по неговата смрт, а неговата вдовица ги добила добивките по проверката. Нешто неверојатно се случи во германската сојузна покраина Пфалц-Порејн. Имено, еден Германец се збогати за повеќе од 700.000 евра, но само теоретски. Тој го уплати добитниот билет , но почина пред извлекувањето и сега се поставува прашањето кој има право да победи? Според ...

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека нема да се занимава со политика по завршувањето на неговиот мандат во Елисејската палата во 2027 година, откако отслужи два претседателски мандати. За време на разговор со студенти во Никозија, Макрон рече дека пред претседателствувањето не бил активен во политиката и дека нема да се врати во неа по завршувањето на мандатот. Тој се осврна и на предизвиците од неговиот последен мандат , ...

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин падна седма недела по ред на 65,6 проценти, што е најниско ниво откако започна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, според државниот анкетар ВТсИОМ. Владимир Путин ја води Руската Федерација од 1999 година, како претседател или како премиер, потсетува Ротерс. Поранешниот потполковник на КГБ би можел да го надмине Јосиф Сталин и да стане најдолгогодишниот владетел на Русија ако го ...

ФБИ започна истрага за смртта и исчезнувањето на најмалку 10 научници поврзани со тајни владини проекти. ФБИ отвори официјална истрага за најмалку 10 случаи на смртни случаи и исчезнувања на важни научници кои биле дел од тајни владини проекти од највисоко значење, пишува „Си-Ен-Ен“. Нуклеарен физичар и професор од престижниот факултет на МИТ беа убиени пред своите домови во Масачусетс, пензиониран генерал на воздухопловните сили исчезна од ...

Апел за помош. Магдалена е прекрасно, насмеано девојче. Единственото што ја разликува е болката со која го прави секој чекор.Таа не може да стапне нормално. Оди на прсти, со напор, со напрегање што едно дете не треба да го познава. Секој чекор и чини многу повеќе отколку на другите деца. Најтешкиот момент за мене како мајка е кога ќе ме погледне и ќе ме праша: „Мамо, кога ќе ми помине ноџето?“ Тогаш немам одговор… Знам дека има решение. ...

Иако долговечноста не зависи од една единствена храна, нутриционистите предупредуваат дека одредени дневни навики можат да го зголемат ризикот од многу хронични заболувања. Хроничните болести што можат да бидат предизвикани од нездрава храна, како што се срцеви заболувања, дијабетес и рак, би можеле да ги спречиме ако примениме некои од советите на диететичарите. Имено, според експертите, одредени состојби значително влијаат на животниот ...

Синдикатот за градежништво (СГИП) бара итна и темелна истрага и преземање конкретни мерки за да не се трагедија како денешната во Кисела Вода каде загина еден работник, а тројца се повредени при ископ на зграда. – Утрово немаше да имаме загинат работник доколку се почитуваше законот и доколку тие што треба да го контролираат спроведувањето на законите треба да се на терен пред да се случи несреќа, а не отпосле. Со просек од 20 несреќи со ...

Велика Британија и Франција во четврток потпишаа нов мултимилионски договор, чија цел е намалување на бројот на мигранти што го преминуваат Ламанш во мали чамци, со зголемени полициски патроли и зголемен надзор во северна Франција. Според договорот, Велика Британија ќе обезбеди 576 милиони евра за зајакнување на мерките во северна Франција, а дополнителни 185 милиони евра ќе зависат од успехот на новите тактики за ограничување на ...

Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, ...

Поранешниот унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијарто, се појави јавно 10 дена по изборите, во тричасовно интервју за Телекс, каде што зборуваше за изборниот пораз на партијата Фидес, странското мешање и односите со Русија. Во ова интервју, тој тврдеше дека имало „многу сериозно странско мешање“ во унгарскиот изборен процес, наведувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинската влада и институциите на Европската ...

Интересни факти за Јелена Карлеуша за кои веројатно не сте знаеле, сега се пред вас Повеќе од 30 години мегауспешна кариера, 30 непознати факти. Не случајно, би рекле. Уште на почетокот на својата кариера, Јелена Карлеуша пленеше со неверојатна енергија и харизма, а едноставно се знаеше дека ќе стане извонредна ѕвезда. Таа е на врвот на популарноста со децении, поминала низ решето и решетото, се соочила со негативните и позитивните страни ...

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои ќе настапат на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, патуваат со сопствени средства, бидејќи, како што наведуваат, не се обезбедени средства од надлежните институции, стои во партиското соопштение. Во соопштението од Левица се наведува дека Карате федерацијата на Македонија, слично како и за претходното јуниорско и кадетско Европско првенство во Кипар, ...

Научните истражувања покажуваат дека аспиринот, под надзор на лекар, може да го намали ризикот и да го забави развојот на одредени видови рак, особено кај луѓе со генетски предиспозиции, но експертите предупредуваат на можни сериозни несакани ефекти. Студиите покажуваат дека е можно да се спречи и забави ширењето на туморите со употреба на аспирин под надзор на лекар. Новите научни откритија покажуваат дека аспиринот, познат како лек против ...

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека: Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, на 09.04.2026 година судот донесе решение со кое на лицето Г.А.А., вработен како судски службеник – судски полицаец во овој суд, му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, а кумулативно судот оцени дека постојат околности кои ...

Во Ургентниот центар се однесени тројца повредени градежни работници од кои двајца се со полесни повреди и контузии. Третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и на едната натколеница, информира Министерството за здравство. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман, велат од здравство. Нереќата се случи утрово во околу 08 часот во Кисела Вода при ископ на нова зграда. Првичните ...

Каролина Флорес Гомез (27), поранешна кралица на убавината, беше пронајдена мртва минатата недела во нејзиниот стан во населбата Поланко во Мексико Сити. Гомез била застрелана во главата, а властите соопштија дека истрагата е фокусирана на нејзината свекрва. Според мексиканскиот портал „Репорте Индиго“, обвинителството го третира случајот како убиство. Се верува дека Гомез, која ја освои титулата „Мис Тин Универзум“ во 2017 година во ...

Прашањето колку магнезиум навистина ни е потребен и како да го внесеме за да може телото оптимално да го користи, често го поставуваат луѓе кои се грижат за своето здравје и исхрана. Магнезиумот е минерал кој учествува во стотици биохемиски реакции во телото, вклучувајќи ја регулацијата на мускулите, нервниот систем и шеќерот во крвта. Нутриционистите нагласуваат дека е важно редовно да го внесувате преку исхраната, а не да се потпирате ...

Видео на кое се гледаат китови и делфини како си играат заедно во океанот, снимено веднаш до островот Некер во Исланд, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Имено, претприемачот Ричард Бренсон сподели видео на својот Инстаграм профил во кое прикажува делфини и китови како си играат и пливаат заедно во океанот, веднаш до островот Некер. Бренсон, во описот на видеото, нагласи дека овој момент претставува симбол на успех во глобалните ...

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа откри дека ќе има промени во Владата, споменувајќи го и вицепремиерот и претставник на ВЛЕН, Арбен Фетаи. Мицкоски рече дека имал личен разговор со него, при што го информирал дека во иднина повеќе нема да биде дел од извршната власт. „Дефинитивно ќе има промени, тоа е факт – ќе има промени. Откако го споменавте вицепремиерот Фетаи, да, разговаравме лично, јас и тој и тој ми пренесе дека во иднина повеќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди по состанокот на делегациите на Израел и Либан во Белата куќа дека примирјето меѓу овие две земји ќе биде продолжено за уште три недели. Во соопштение објавено на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, и амбасадорот на САД во Либан, Мишел Иса, разговарале со израелската и либанската ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
77%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
87%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.54
91%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
87%
1007
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
12.62
84%
1007
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
97%
1013
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.13
64%
1006
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
82%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
8.75
72%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1003
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.2623

Currency

67.1996

Currency

7.71061

Currency

0.71184

Currency

0.33255

Currency

0.52519

Currency

1.15428

Currency

0.54881

Сребро

2585.69

Иридиум

253540.09

Калај

54.16

Паладиум

46843.64

Платина

65233.86

Алуминиум

3.50

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Кобалт

45.39

Бакар

12.70

Цинк

0.00

Злато

150267.72