Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Петар Поп е пронајден мртов покрај пат во Стара Пазова во јули 2025 година, а според наводите од истрагата, сè требало да изгледа како сообраќајна несреќа. Меѓутоа, крвавите траги, постелнината, променетата облека и пораката испратена од неговиот телефон отвориле целосно поинаква приказна. Неговата сопруга Марка П. и нејзиниот љубовник Предраг Г. се осомничени дека го убиле, а случајот е одличен пример за тоа како форензичарите можат да ...
Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во туристичкото место Пештани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 10 август во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид. Пријавата ја поднел А.С. од Охрид, кој информирал дека во водите на езерото забележал бомба, по што надлежните служби биле известени за пронајдената експлозивна ...
Љубителите на ноќното небо во август повторно ќе имаат причина да останат будни до доцните часови. Еден од најпознатите и најатрактивни метеорски дождови – Персеидите – годинава ќе го достигне својот максимум во ноќта меѓу 12 и 13 август. Условите за набљудување во 2026 година се особено интересни, бидејќи максимумот на активноста се совпаѓа со период околу младата Месечина. Поради тоа, природната светлина од Месечината нема значително да го ...
Авион на „Американ ерлајнс“ бил принуден да се врати на аеродромот во Јужна Каролина веднаш по полетувањето, откако во текот на летот дошло до судир со јато птици, по што бил забележан пожар во еден од моторите. Станува збор за „Боинг 737“ кој летал под број 1760 на релација кон Шарлот, Северна Каролина. Во авионот се наоѓале 181 лице. Сериозноста на ситуацијата се слуша и во комуникацијата меѓу пилотот и контролата на летање. Во моментот ...
Македонија и натаму се наоѓа меѓу европските земји со релативно висока стапка на секојдневна употреба на тутун и сродни никотински производи. Според последните достапни податоци, 22,5 проценти од лицата на возраст од 16 години и постари во земјава секојдневно користеле тутун, електронски цигари, никотински кесички или загреани тутунски производи. Овој процент е значително повисок од просекот забележан во Европската Унија. Според податоците на ...
Прскањето парфем на вратот е навика која ја имаат огромен број луѓе, особено затоа што на тој начин мирисот останува подолго и се чувствува поинтензивно. Сепак, во последно време на социјалните мрежи се појавија предупредувања дека одредени состојки во парфемите би можеле да имаат влијание врз хормоналниот систем. Во едно видео, истражувачката Ана Канадас, која се занимава со истражување на ракот на Универзитетот Кембриџ, зборува за можните ...
Семејниот одмор во Доминиканската Република за едно британско семејство се претворил во трагедија, откако туристички брод на кој патувале доживеал експлозија. Во несреќата животот го загубила 16-годишната Аби Лејнтон, додека нејзиниот брат и сестра биле повредени и продолжуваат со лекување. Несреќата се случила на 27 јули, за време на враќањето на туристите од излет до островот Саона. На бродот, покрај семејството Лејнтон од Свиндон, имало ...
Во Србија започнаа разговорите за висината на минималната плата за 2027 година, а првиот предлог од Министерството за финансии предвидува значително зголемување на минималниот приход за работниците. На првиот состанок претставниците на српската Влада, работодавачите и синдикатите разговарале за можноста минималната плата од 1 јануари 2027 година да биде зголемена за 9,2 проценти. Доколку овој предлог биде прифатен, минималната заработка би се ...
Баба Ванѓа останала запаметена како една од најпознатите пророчици на Балканот, но зад нејзината јавна слика се крие живот исполнет со тешкотии, загуби и љубовни разочарувања. Нејзината приватна приказна, особено односите со мажите кои биле дел од нејзиниот живот, со децении предизвикуваат интерес и бројни различни сведоштва. Вангелија, како што било нејзиното вистинско име, го изгубила видот во младоста. За околностите под кои се случило тоа ...
Јапонската инфлуенсерка Мина Чан, која живеела во Јужна Кореја и била позната како голема обожавателка на К-поп групата ENHYPEN, починала на 26-годишна возраст. Нејзината смрт повторно ја отвори чувствителната тема за последиците од онлајн вознемирувањето и огромниот притисок со кој можат да се соочат луѓето на социјалните мрежи. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, трагичниот настан се случил на 5 август, а полицијата подоцна ја ...
Новиот европски систем за биометриска контрола на границите предизвикува сериозни проблеми за патниците во периодот на летната сезона, а осум земји од Европската Унија и Швајцарија сега бараат привременото олеснување на проверките да продолжи и по 6 септември. Системот за влез/излез, познат како EES, требаше да донесе помодерен начин на регистрирање на патниците кои влегуваат и излегуваат од Шенгенскиот простор. Наместо класично печатење на ...
Грчките власти на островот Скопелос откриле и уапсиле група италијански државјани кои се сомничат дека незаконски ваделе црвен корал од морското дно и потоа го пренесувале надвор од Грција. Според досегашните проценки, вредноста на запленетиот корал достигнува околу 800.000 евра. Истрагата упатува на сомнение дека коралот бил наменет за италијанскиот пазар, каде што овој природен материјал има долга традиција на употреба во изработката на ...
Одмор на Халкидики за едно белградско семејство се претворил во трагичен настан, откако 56-годишниот Горан Комазец го загубил животот на плажата во Сарти. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, тој во критичен момент се обидел да му помогне на човек кој бил повлечен од морето. Горан бил на плажата со сопругата и својот малолетен син кога во еден момент се слушнал повик за помош. Според досегашните информации, непознат човек ...
Одлука на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика остри реакции кај дел од медицинската заедница, откако тој потпиша извршна наредба со која се отвора пат кон намалување на бројот на вакцини што им се препорачуваат на децата во САД. Со наредбата се предвидува актуелниот список на препорачани вакцини да биде намален, а меѓу промените е и препораката вакцините против морбили, заушки и рубеола, кои во моментов се даваат како ...
Сè поголем број малолетници во Македонија се појавуваат во полициските билтени поради управување моторни возила без возачка дозвола. Случаите се регистрирани во различни делови од земјата, а меѓу нив има и ситуации во кои несовесното возење довело до сообраќајни незгоди и сериозни последици. Според прегледот на официјалните соопштенија и дневни билтени на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 6 февруари до 9 август годинава се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се предвидува промена на американската политика за вакцинација на децата и намалување на бројот на вакцини што федералната влада ги препорачува. Според објавеното, програмата треба да биде ограничена на 11 основни вакцини, додека Трамп се заложи и комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола – ММР – да биде поделена на три одделни вакцини. За време на ...
Многумина се обидуваат да се ослободат од маснотиите на стомакот со специјални диети, стомачни вежби и различни „чудотворни“ методи. Сепак, науката покажува дека не постои начин телото да биде натерано да согорува масти исклучиво од еден конкретен дел. Масното ткиво само по себе не е непријател на организмот. Тоа служи како резерва на енергија, помага во одржувањето на телесната температура и има заштитна функција. Проблем може да претставува ...
Тело на повозрасна жена било пронајдено во каналот Галовица во близина на Белград, а надлежните започнале истрага за утврдување на околностите под кои настапила смртта. Телото било забележано околу 14 часот од случајни минувачи, кои веднаш ги известиле надлежните служби. По наредба на Вишото јавно обвинителство, телото е испратено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта. Засега нема официјални информации за идентитетот ...
Редовната контрола на здравјето е важен чекор кон навремено следење на состојбата на организмот. Токму затоа, ПЗУ ВЕ ЛАБ – Лабораторија во Велес го нуди Интернистичкиот пакет, кој овозможува сеопфатен лабораториски увид преку голем број анализи на едно место. Пакетот е наменет за лица кои сакаат да направат редовна контрола на својата здравствена состојба и овозможува проценка на повеќе органски системи преку лабораториски испитувања. Во ...
Хороскоп за вторник, 11 август ОВЕН Вторникот искористете го за себе и за работите што ви носат задоволство и чувство на напредок. Ако во последниот период сте биле преоптоварени со работа и обврски, време е малку да го намалите темпото. Поволен момент е и за вложување во нешто што може да ви биде корисно во иднина. Не плашете се од промени што знаете дека ќе ви донесат поголемо задоволство. БИК Вашата сериозност и зрел пристап денес можат да ...
Двегодишно дете од Куманово било хоспитализирано откако се затруло со лекови, информираат од полицијата и Општата болница во Куманово. Случајот бил пријавен вчера во 14:28 часот во СВР Куманово од лекар од болницата, откако детето било донесено за медицинска помош. Од Општата болница потврдуваат дека детето било примено на Одделението за педијатрија, каде што му била укажана потребната помош. Неговата состојба дозволила денеска да биде ...
Необична сцена од американска утринска телевизиска програма стана вирална на социјалните мрежи, откако водителката Доминик Дилон накратко заспа додека камерите снимаа во живо. Водителката на „Good Morning Memphis“ во еден момент ги затворила очите и задремала во студиото, а снимката набрзо почнала масовно да се споделува на интернет. Но зад моментот кој првично предизвика смеа и изненадување се крие причина со која многу родители можат да се ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека светот влегува во период на уште поголеми конфликти и оцени дека брзо постигнување мир, особено кога станува збор за војната во Украина, во моментов не изгледа реално. Во интервју за подкастот „MD MEETS“ на Матијас Депфнер, Вучиќ изјави дека стравува оти актуелните судири би можеле дополнително да се прошират. „На почетокот сме на поголема војна“ Вучиќ оцени дека меѓународната заедница ...
Топлотниот бран продолжува, а според долгорочната прогноза, во следните две недели нè очекува претежно сончево и многу топло време. Дневните температури во повеќе наврати ќе се искачуваат до 38 степени, додека позначително освежување се очекува дури кон крајот на периодот. Првата недела носи продолжување на жештините Во периодот од 10 до 16 август ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во понеделник и вторник максималните ...
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 111, додека уште 87 лица се сериозно повредени, според последните информации што ги соопшти претседателот Абелардо де ла Есприеља. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени предизвикал огромна материјална штета во повеќе делови од земјата. Според првичните податоци, целосно се урнати најмалку 61 објект, а повеќе од 1.575 домови претрпеле сериозни оштетувања, ...
Четири лица го загубија животот во одделни трагични случаи регистрирани во полициските билтени изминатиот викенд. Две лица биле пронајдени починати во Скопје и Штип, додека две сообраќајни несреќи со смртни последици се случиле во Гостиварско и Ресенско. Во скопски Карпош, синоќа околу 20:30 часот, во стан била пронајдена почината Е.Д. (45) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насока на јавен обвинител телото ...
Осумнаесетгодишен жител на Кочани бил лишен од слобода во Скопје, откако бил осомничен дека со употреба на физичка сила одзел личен накит од 70-годишна жена. Според информациите од МВР, на 9 август околу 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.И. (18), постапувајќи по претходно добиена пријава. Според пријавеното, младиот човек употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, по што ѝ го одзел ...
Не стивнуваат реакциите во Хрватска околу најавениот настап на Јелена Карлеуша во Водице, закажан за ноќта меѓу 15 и 16 август. Откако дел од јавноста побара концертот да биде откажан, а градоначалникот Анте Цукров најави разговор со организаторите, се огласи и српската пејачка. Карлеуша тврди дека на социјалните мрежи во изминатите денови се шират нејзини стари изјави кои, според неа, се скратени и извадени од контекст, со што се создава ...
Вардар е во потрага по нов тренер по разочарувачкиот старт на сезоната, а како главни кандидати за клупата на „црвено-црните“ се споменуваат двајца поранешни македонски селектори – Чеде Јаневски и Благоја Милевски, објави ЕКИПА. Ангажманот на Фабијани уште од почетокот беше проследен со недоверба кај дел од јавноста, а резултатите дополнително го зголемија притисокот. Вардар експресно ја заврши европската авантура, а потоа следуваше и поразот ...
Иванка Трамп сподели фотографии од семејниот одмор на Исланд, но наместо воодушевување, објавата предизвика лавина негативни и потсмешливи реакции на социјалните мрежи. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп објави серија фотографии на кои позира со сопругот Џаред Кушнер и нивните три деца, опкружени со водопади, зелени ридови и впечатливата природа на Исланд. Иванка под фотографиите кратко напиша само „Исланд“, но коментарите ...