Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Педесет и двегодишен тетовец бил приведен откако неговиот 26-годишен син го пријавил во полиција поради закани со остар предмет. Според информациите од МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово на 14 август, околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ го лишиле од слобода Ш.И. (52) од Тетово. Претходно, неговиот син А.И. (26) пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. По пријавата полицијата интервенирала, ...
Несекојдневен инцидент е пријавен во селото Уларци, во општина Чешиново-Облешево, откако 55-годишен маж повикал екипа на Итната медицинска помош за својата мајка, а по пристигнувањето било утврдено дека повикот бил злоупотребен. Според пријавеното, случајот се случил околу 19:15 часот, кога Ф.А. (55) побарал медицинска интервенција за неговата мајка. Екипата на Итната помош веднаш се упатила кон неговиот дом за да ѝ биде укажана лекарска ...
Шест лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Струга–Охрид. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во ОВР Струга во 16:35 часот. Се судриле автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот А.И. од Охрид, и „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот Д.М. од Струга. Во судирот, возачот на „хјундаито“ се здобил ...
Инцидент меѓу малолетници на игралиште во скопска Кисела Вода прераснал во физичка пресметка во која се вмешале и родители, а случајот завршил со повеќе пријави во полиција. Според информациите од МВР, 35-годишен скопјанец пријавил дека на 13 август околу 21:30 часот неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. По пристигнувањето на родителите на девојчето, малолетниците се разбегале во двор од куќа ...
Спомен-костурницата во Велес – монумент што ја чува историјата на градот Постојат градби кои се дел од еден град, но постојат и такви без кои тешко може да се замисли неговиот лик. За Велес, едно од тие места е Спомен-костурницата – монумент кој со децении се издигнува над градот и претставува еден од неговите најпрепознатливи симболи. Поставена на возвишение од каде што се отвора широка панорама кон Велес и долината на Вардар, Костурницата ...
Вооружени лица биле откриени во зоната на строга заштита на Националниот парк Пелистер, по ноќна акција спроведена од ренџерската служба и полициски службеници од СВР Битола. Акцијата се одвивала на исклучително тешко достапен терен, на над 2.000 метри надморска височина, каде контролата и редовното патролирање се значително отежнати. Од Националниот парк Пелистер посочуваат дека токму зоната на строга заштита често е цел на незаконски ...
За еден хороскопски знак септември би можел да донесе голем пресврт, особено на полето на финансиите, работата и љубовта. Според астролошките прогнози, Терезиите влегуваат во период во кој работите што долго време стоеле во место конечно би можеле да почнат да се придвижуваат. Првите знаци на промена може да се почувствуваат уште на почетокот на септември. Можно е да пристигне долгоочекувана уплата, одговор поврзан со работа или понуда која ...
Третото коло во Првата македонска фудбалска лига продолжува денеска со два натпревари – Тиквеш против Шкендија Арачиново и Силекс против Скопје. Најголемо внимание привлекува дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш од 16:30 часот ќе се обиде да ја продолжи одличната серија и да стигне до третата победа во исто толку натпревари. Кавадарчани по првите две кола се лидери со максимални шест бода и импресивна гол-разлика 10:1. Тимот на Оливер Богатинов ...
Од денеска, 15 август, стапува во сила забраната за рударење криптовалути во Москва и Московската област, како и во повеќе општински подрачја во Курската област. Според одлуката на руската влада објавена на 31 јули, ограничувањата треба да останат во сила до крајот на 2032 година. Во Курската област забраната ги опфаќа Беловск, Болшесолдат, Глушков, Коренев, Љгов, Рила, Суџан и Хомутов, како и градот Љгов. Ова не е прва ваква мерка во Русија. ...
Состојбата на Халкидики е смирена по големиот пожар кај Сивири и повеќе нема активен огнен фронт, но опасноста од нови пожари сè уште е висока. Грчката Цивилна заштита го стави целиот Халкидики во категорија 4 – многу висок ризик од пожари, поради што е забранет пристапот до повеќе шумски подрачја. Забраната важи за пешаци и возила, а за непочитување на мерките е предвидена глоба од 300 евра. Пожарот кај Сивири зафати околу 350 хектари борова ...
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата низ Македонија, а најголемо задржување во моментов има на граничниот премин Богородица. Според информациите, за излез од Македонија кон Грција се чека околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но АМСМ апелира возачите да ја приспособат ...
Поранешниот светски рекет број еден Евгениј Кафељников остро го критикуваше предлогот на Новак Ѓоковиќ за промена на форматот на тениските натпревари. Ѓоковиќ смета дека тенисот би можел да стане подинамичен и попривлечен за гледачите доколку мечевите се скратат, особено поради тоа што дел од нив во сегашниот формат траат со часови. Една од идеите е сетовите да се играат до четири наместо до шест освоени гема, како и да се воведе одлучувачки ...
Петнаесетгодишно момче од Охрид се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мопед и патничко возило. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 13 август околу 14:40 часот на улицата „Јабланица“ во Охрид. Во сообраќајката учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (20) од струшкото село Калишта, и мопед со охридски регистарски ознаки, кој го управувал ...
Нов инцидент е регистриран во Ормуската Теснина, еден од најважните светски коридори за транспорт на нафта и гас, каде што биле погодени два брода. Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, бил нападнат синоќа додека минувал низ теснината, објавија државните медиуми во Обединетите Арапски Емирати. Според првичните информации, во нападот нема повредени. Ова е трет напад врз бродови управувани од АДНОК во овој ...
Триесет и петгодишен маж е тешко повреден откако бил нападнат со нож во гаража во Нов Белград. Според информациите од белградската Итна помош, нападот се случил околу 00:59 часот во гаража на улицата „Д-р Иван Рибар“. Мажот се здобил со тешки повреди во пределот на вратот и градниот кош, по што итно бил пренесен во Ургентниот центар. Бурната ноќ во Белград ја одбележала и сообраќајна несреќа на Ада Циганлија. Околу 1:55 часот, во близина на ...
Група деца додека си играле во населбата Паси Пољана кај Ниш пронашле пиштол оставен во трева, во непосредна близина на основно училиште. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, децата веднаш ги известиле своите родители, кои повикале полиција. Оружјето било преземено, а за случајот било известено и Основното јавно обвинителство во Ниш. Станува збор за револвер кој по изглед потсетува на модел со пократка цевка. ...
Уште една вечер исполнета со забава, насмевки и позитивна енергија се одржа во рамките на „Кавадаречко културно лето 2026“. На Градскиот плоштад во Кавадарци синоќа беше организиран 360° СПИН настан, кој на посетителите им овозможи своите летни моменти да ги овековечат од сите агли. Настанот донесе одлична атмосфера и многу дружење, а бројните фотографии и видеа ќе останат како убав спомен од летните случувања во градот. Посетителите кои ...
Според астролошките толкувања, викендот носи различна енергија за секој знак – од нови можности и важни разговори до средби кои можат да разбудат стари или сосема нови чувства. Овенот може да добие интересна финансиска или деловна можност, но не треба да брза со одлуката. Бикот ќе почувствува потреба да се ослободи од туѓите очекувања, а контакт од минатото може да му донесе конечно расчистување. За Близнаците се најавуваат нови познанства, ...
Педесет и деветгодишен маж го загубил животот при сеча на дрва во селото Деретин кај Ивањица, во Србија. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, С.Л. отишол сам во шумата за да подготвува дрва за претстојната зима. Бидејќи до вечерта не се јавувал на телефон, неговиот син тргнал да го бара. За жал, го пронашол под соборено дрво кое, според првичните информации, паднало врз него и му нанело смртоносни повреди. Во ...
Меѓународна криминална мрежа осомничена дека преку измами во онлајн банкарството оштетила клиенти на германски банки за повеќемилионски износи е разбиена во заедничка операција на германските и бразилските власти. По повеќегодишна истрага, во Бразил биле уапсени четири лица, а претреси биле извршени на 21 локација во седум градови. Во Европа се идентификувани уште тројца осомничени, против кои се очекуваат постапки во Шпанија и Бугарија. ...
Нов пожар избувна во петокот вечерта на Дуги Оток во Хрватска, на отворена површина над местото Брбињ. Информацијата ја потврди началникот на противпожарната служба на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ, кој соопшти дека локалните пожарникари од Сали веднаш се вклучиле во гаснењето. Од Задар кон островот со траект биле испратени 15 противпожарни возила, заедно со дополнителни пожарникарски екипи. Според Рудиќ, поголем дел од пожарникарите кои ...
Eдно лице загинало, а повеќе од 40 луѓе биле повредени во големиот пожар што од подрачјето на Локва Рогозница се проширил кон Омиш, јавуваат хрватските и регионалните медиуми. При пребарување на опожареното подрачје околу 13 часот било пронајдено тело на помлада личност. Полот и идентитетот сè уште не биле официјално утврдени, а се проверува дали станува збор за исчезнатата Драгана Антешевиќ, по која се трагало за време на пожарот. Според ...
Жителите на Гостивар по речиси еден месец повторно можат да ја користат водата од водоводната мрежа за пиење. Според последните добиени резултати од анализите, водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите таа повторно да биде дозволена за употреба. Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, посочувајќи дека најновите испитувања покажале задоволителни резултати. На ...
Најмалку три лица загинале во новите руски напади врз Украина, меѓу кои 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син, додека украинските сили истовремено продолжиле со напади врз инфраструктурни цели во Русија. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, руските сили во текот на ноќта нападнале 12 региони во Украина. Во областа Доњецк биле уништени шест ката од станбена зграда. Во нападот загинало едно лице, а уште 16 биле повредени, ...
Животот и кариерата на Новак Ѓоковиќ ќе бидат прикажани во новиот долгометражен документарец „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“, кој пристигнува на 20 август. Филмот е во режија на Џејсон Хир, познат по документарната серија „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и Чикаго Булс, а ќе биде достапен преку Prime Video во повеќе од 240 земји и територии. Документарецот го следи Ѓоковиќ од неговото детство во Србија, преку пробивот на светската тениска ...
Деветнаесетгодишна девојка од Струмица загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново. Според информациите од МВР, околу 23:30 часот се судриле автомобил „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.Б. (29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал А.Д. (19) од Иловица. Во несреќата тешко настрадала К.Ј. (19) ...
Водата од водоводот во Демир Капија привремено се забранува за пиење и подготовка на храна, поради различни резултати добиени од анализи на примероци земени од истото мерно место. Како што информираат од ЈКП „Бошава“ – Демир Капија, примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажал дека водата не ги исполнува условите пропишани со Правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот ...
Мајка и нејзиниот љубовник од околината на Портсмут се осудени на вкупно 47 години затвор поради тешка сексуална злоупотреба на нејзините две малолетни деца и планирање понатамошни злосторства. Според информациите изнесени пред судот, злоупотребата траела околу четири месеци, а истражителите откриле приближно 12.500 пораки на WhatsApp во кои двајцата разговарале и планирале што ќе прават. Во тоа време девојчето имало пет години, додека ...
Три пожари биле регистрирани во Велес и околината во текот на вчерашниот ден и ноќта, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес. Најдоцна, околу 22:30 часот, била примена дојава за пожар во шума на ридот меѓу селата Сопот и С’лп. Огнот бил ставен под контрола, но еден крак и понатаму гори поради тешко пристапниот терен. Претходно, околу 17 часот, пожар избувнал кај железничката станица во Богомила. Сувата трева се запалила, а ...
Необична сцена предизвикала паника на плажата Анкон, на познатата Златна милја во Марбеља, кога пливач забележал голема перка во плиткото и помислил дека зад него се движи ајкула. На видеото се гледа како мажот очајно се обидува што побрзо да стигне до брегот, додека големата риба се движи во негова близина. Сепак, набрзо било утврдено дека не станува збор за ајкула, туку за огромна туна која била повредена и имала потешкотии да се движи во ...