Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Министерството за здравство ги засилува мерките поради ширењето на западнонилската треска, а министерот Сашо Клековски предупреди дека август и септември историски се периодот кога ризикот е најголем. Во земјава во моментов има 35 потврдени случаи, додека уште три лица се водат како суспектни и се во процес на дијагностицирање. Досега се регистрирани три смртни случаи, а 15 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување. Поради ...
На многумина им се случило да го заборават месото во замрзнувач, а подготовката на ручекот веќе да треба да започне. На интернет кружат различни трикови со сол, оцет и млака вода кои ветуваат одмрзнување за само неколку минути, но со сурово месо треба да се биде особено внимателен. Еден од најбрзите препорачани начини без микробранова е месото да се стави во добро затворена, непропустлива кеса и целосно да се потопи во ладна вода. Водата ...
Кристијано Роналдо најави дека актуелната сезона најверојатно ќе биде последна во неговата професионална кариера. Португалската суперѕвезда, која на 41 година и понатаму настапува за Ал-Наср, призна дека моментот за повлекување од фудбалот е сè поблиску. „Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо во интервју за „Vogue“. Зад него се 25 години професионален фудбал и повеќе од ...
Еврото забележа силен раст во однос на американскиот долар и достигна највисоко ниво во последните два месеци, откако инвеститорите ги променија очекувањата за идните каматни стапки во Европа и САД. Во текот на денешното тргување европската валута се искачи до околу 1,158 долари за едно евро, додека американската валута ослабе и во однос на повеќе други големи светски валути. Главната причина е сè поголемото очекување дека Европската ...
Јапонски научници развиваат експериментален пристап кој би можел во иднина да помогне во борбата против одредени последици од стареењето преку елиминирање на старечките, или таканаречени „зомби-клетки“. Тимот предводен од професорот Тору Минамино од Универзитетот Џунтендо идентификувал протеин GPNMB, кој се појавува во зголемени количини кај одредени старечки клетки. Научниците потоа развиле вакцина насочена кон клетките што го изразуваат ...
Бран шумски пожари продолжува да беснее низ Европа, а најтешки последици се регистрирани во Грција, Белгија и Шпанија. На грчкиот остров Саламина, повозрасен брачен пар го загубил животот во пожар во областа Перистерија. Нивните тела биле пронајдени пред нивниот дом, додека повеќе од 500 луѓе добиле наредба за евакуација поради ширењето на огнот. Драматична е ситуацијата и во Белгија, каде што властите се борат со пожар кој е опишан како ...
Состојбата со западнонилската треска во Македонија станува сè посериозна. Досега се потврдени 35 случаи, тројца пациенти починале, а шестмина се наоѓаат во критична состојба на интензивна нега, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Уште три сомнителни случаи се во процес на дијагностицирање. Според здравствените власти, најголемиот дел од заболените се лекуваат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, додека еден пациент е ...
Она што публиката долго го очекуваше, конечно ќе се случи. На 23 август, актерот и комичар Тони Михајловски ќе биде специјален гостин во „Виц Битка“, каде што ќе влезе во директен дуел со Стефан Николовски. Двајца мајстори на хуморот, две различни генерации и стилови, а правилото е едноставно – кој ќе успее повеќе да го насмее другиот? Михајловски пристигнува со децении искуство на сцена, додека Николовски ќе се обиде да покаже зошто „Виц ...
Нов случај на вандализам врз јавен имот е регистриран во Велес. Овојпат оштетени се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ „Васил Главинов“, простор кој е изграден со цел децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт, рекреација и дружење. Од Општина Велес посочуваат дека речиси секојдневно се соочуваат со случаи на уништување урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Иако направената штета повторно ќе ...
Јелена Карлеуша повторно се појави на Инстаграм, откако претходно неколку пати се соочуваше со проблеми со своите профили на оваа социјална мрежа. Регионалната музичка ѕвезда сега има нов профил со корисничко име @karleusaofficial, а нејзиното враќање веднаш привлече внимание кај следбениците. Карлеуша со години е позната по своето исклучително присуство на социјалните мрежи, каде што нејзините фотографии и видеа често предизвикуваат бројни ...
Бројот на загинати во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година достигна 73.399 лица, додека бројот на повредени се искачи на 174.310, според најновите податоци објавени од Министерството за здравство во Газа. Според податоците објавени денеска, во последните 48 часа болниците во Газа примиле пет тела, од кои две лица биле новозагинати, додека три тела биле извлечени од урнатините. Во истиот период биле регистрирани и 18 ...
Шеснаесетгодишна девојка од Гостивар била лишена од слобода откако со мопед учествувала во сообраќајна незгода во текот на ноќта. Инцидентот се случил денеска околу 03:00 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Мара Угринова“ во Гостивар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетничката управувала мопед со гостиварски регистарски ознаки, при што од засега утврдени причини удрила во паркиран ...
Низа случаи на семејно насилство и физички напади се евидентирани во повеќе градови во земјава во изминатите денови. Во полицискиот билтен се наведуваат случаи од гостиварскиот регион, Кичево, Струмица и Скопје, во кои како жртви се појавуваат членови на најтесното семејство. Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар е поднесена кривична пријава против 34-годишен жител на гостиварско поради сомнение за сторено кривично ...
Србија има човечки, економски и административни ресурси кои би можеле да овозможат посилен демократски развој, но според анализата објавена од „Данас“, главниот проблем се наоѓа во начинот на кој функционираат институциите и во концентрацијата на политичката моќ. Во центарот на анализата е претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и политичкиот модел кој во земјата се гради повеќе од една деценија. Според авторот, институциите постепено ...
По периодот на сончево и многу топло време, во Македонија во наредните денови ќе има краткотрајна промена на временската состојба, но таа нема да трае долго. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по локалната нестабилност следува нов топлотен бран со значително повисоки температури. Во текот на утрешниот ден на одредени места се очекува развој на нестабилност, при што локално може да има пороен дожд, грмежи и засилен ...
Нови детали беа изнесени на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде вештото лице Маријана Лазаревска говореше за градежните интервенции, документацијата и начинот на кој објектот бил пренаменуван и уредуван низ годините. Според нејзиното сведочење, градежните зафати во објектот биле изведувани без проектна документација, без стручен надзор и без соодветно одобрение од надлежните институции. Лазаревска пред судот ...
Денес, ЈП „Комуналец“ и Општина Кавадарци започнаа со активности за целосна реконструкција на водоводната линија кај Солидарните згради, сместени на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Во рамки на градежните работи предвидено е поставување на нова PE водоводна линија Ф110 во вкупна должина од 120 метри. Со оваа инвестиција, целиот станбен комплекс ќе добие современа и функционална водоводна мрежа, при што секоја од зградите ќе биде одделно ...
Кривични пријави добија две лица од Берово по инцидент што се случил во општинската јавна установа за деца – градинка во градот. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против С.Д. (33) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Втора кривична пријава е поднесена и против А.Д. (33) од Берово, кој се сомничи за кривично дело „загрозување на ...
Наместо романтична свадбена прослава и говор посветен на новиот почеток, гостите на една свадба биле сведоци на сцена која целосно ја променила атмосферата во салата. Приказната повторно привлече внимание откако била раскажана од гостин по име Шон во емисијата „The Graham Norton Show“. Според неговото сведоштво, свадбата до моментот на говорот на младоженецот се одвивала вообичаено. Но тогаш следувал необичен потег. Младоженецот им се обратил ...
Три лица од исто семејство се убиени во тешката пукотница што се случила синоќа во шпанското одморалиште Ел Росо, на Коста де ла Луз. Меѓу жртвите, според првичните информации, се бремена жена, нејзиниот малолетен син и нејзината мајка. Нападот предизвикал голема вознемиреност во областа, особено поради тоа што се случил на јавно место, додека околу имало други луѓе. Според досегашните информации од истрагата, двајца маскирани мажи ...
Добра вест за граѓаните кои редовно ја користат апликацијата „МојДДВ“ – Управата за јавни приходи денеска започна со исплата на средствата за последното тримесечје. Со најновата исплата се опфатени граѓаните кои во изминатиот период редовно скенирале фискални сметки преку апликацијата, со што продолжува мерката преку која дел од платениот данок на додадена вредност им се враќа директно на граѓаните. Средствата се префрлаат на трансакциските ...
Во Флорида започна судскиот процес против 38-годишниот Марио Фернандез Салдана, кој е обвинет дека бил дел од планот за убиството на 33-годишниот Џаред Бридеган, менаџер во „Мајкрософт“. Бридеган беше убиен во февруари 2022 година во Џексонвил Бич, во случај кој од самиот почеток привлече големо внимание поради околностите под кои се случил нападот. Според обвинението, Бридеган се движел со автомобилот кога морал да застане на патот поради ...
Видео од момче од Србија кое се снимало за време на одмор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако во кадарот влегле други луѓе, кон кои момчето упатило навредливи зборови. Снимката брзо започнала да се шири на интернет, а начинот на кој момчето се однесува пред камерата предизвикал поделени реакции кај корисниците. На видеото момчето ја држи камерата свртена кон себе додека се наоѓа пред пештера, очигледно обидувајќи се да ...
Големите бранови и силниот летен ветер во Егејското Море им создаваат сериозни проблеми на дел од туристите кои патуваат со брзите траекти меѓу грчките острови. На социјалните мрежи во последно време се појавуваат сè повеќе снимки и сведоштва од патници кои тешко го поднесуваат силното нишање на пловилата, поради што некои од брзите линии добиле и неславен прекар – „Експрес за повраќање“. Проблемот особено доаѓа до израз кога брзите траекти ...
Полициски службеници во Тетово лишиле од слобода 38-годишен маж, откако тој, според информациите од полицијата, се однесувал агресивно и физички нападнал полицајци додека тие извршувале службени задачи. Инцидентот се случил на 16 август 2026 година, околу 21:50 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово. Според информациите од СВР Тетово, полициските службеници во текот на интервенцијата го лишиле од слобода И.К. (38) од селото Прељубиште. ...
Индонезија денеска ја погоди низа земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на тој земјотрес бил на отворено море, на длабочина од 49 километри, во регионот Флорес. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. По најјакиот потрес, следуваше низа од три нови со јачина меѓу 5,2 и 5,3 степени. Се зголеми бројот на жртви Во ...
Четири водечки европски сили и членки на НАТО – Велика Британија, Франција, Германија и Италија – издадоа заедничко драматично соопштение во кое предупредуваат дека Русија би можела да изврши целосна анексија на Јужна Осетија, одвоениот грузиски регион. Исто така, се наведува и дека секоја потенцијална анексија ќе наиде на „соодветен одговор“ од Западот. Годишнина од војната која ја промени мапата Заедничкото предупредување е објавено повод ...
Јапонски научници развиваат експериментална вакцина која би можела да му помогне на организмот да се ослободи од таканаречените „зомби-клетки“ – остарени клетки кои престануваат да се делат, но не исчезнуваат од телото. Истражувањето го предводи професорот Тору Минамино од Универзитетот „Јунтендо“, заедно со неговиот научен тим. Досегашните експерименти врз глувци покажале резултати кои ги охрабриле истражувачите да продолжат со развојот на ...
Окружниот суд во Добој го прифати предлогот на обвинителството и му одреди едномесечен притвор на 49-годишниот Р. С. од Дервента, кој се сомничи за тешко кривично дело обљуба врз дете помладо од 15 години. Истрагата против овој 49-годишник ја отвори Окружното јавно обвинителство Добој, кое веднаш побара и одредување притвор поради тежината на кривичното дело, пренесува Klix.ba. Како што соопштија од ОЈО Добој, случајот бил пријавен минатата ...
Трагичен случај се случил на италијанскиот автопат А21 Торино–Пјаченца, каде родители возеле речиси 100 километри без да знаат дека нивниот 31-годишен син, кој бил на задното седиште, починал за време на патувањето. Семејството, кое е од романско потекло, патувало кон Торино. Зад воланот бил таткото, мајката седела на совозачкото седиште, додека нивниот син бил на задното седиште од автомобилот. Според информациите објавени од италијанските ...