Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ислам Махачев повторно е на врвот! Неверојатниот борец од Дагестан ја одбрани својата титула во UFC, откако по пет рунди борба со едногласна одлука на судиите го совлада Иан Гари. UFC 330 во Филаделфија донесе голем број интересни пресметки, но најголемото внимание беше насочено кон дуелот меѓу Махачев и Гари. На крајот, шампионот уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите борци на денешницата. Борбата траеше сите пет рунди, а Махачев ...
Велес од 20 до 23 август ќе биде домаќин на осмата Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, на која ќе учествуваат 14 стрип-авторки од Македонија, Романија, Бугарија, Србија и Хрватска. Годинашното издание носи специфичен концепт – целата авторска постава е женска, со цел да се создаде простор за размена на искуства, идеи и различни пристапи кон деветтата уметност. Колонијата ќе ги собере авторките од различни генерации и уметнички средини, ...
Мадона денес го слави својот 68-ти роденден, зад себе оставајќи повеќе од четири децении кариера во која постојано ги поместуваше границите на музиката, модата и поп-културата. Од нејзиното пристигнување во Њујорк во 1978 година, со само 35 долари во џебот, до статусот на една од највлијателните музички ѕвезди во историјата, Мадона изгради кариера препознатлива по смелите трансформации, провокативните настапи и подготвеноста да ги руши ...
Силно невреме во саботата попладне ја погоди областа Мани на Пелопонез и за само неколку минути предизвика сериозни поплави и голема материјална штета. Поројните дождови создадоа огромни водени надојденици кои носеа автомобили, поплавуваа куќи и туристички објекти, а на повеќе места беше оштетена и патната инфраструктура. Најтешко погодени се населените места Алипа, Кокала, Итило, Лимени и Каравостаси, каде огромни количества вода и кал се ...
Поројните дождови што го зафатија северозападниот дел на Шпанија предизвикаа голема поплава и свлечиште во руралното подрачје на Кастиља и Леон, при што животот го загубија две повозрасни жени, а две бебиња се повредени. Невремето предизвикало голем нанос од кал, камења и тиња, кој се движел низ едно од погодените села и предизвикал сериозни проблеми. Несреќата се случила во малото село Мансанедо де Валдуеса, каде што итните служби ја ...
Вкупно 18 лица се приведени во Пловдив поради сомнение дека се поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“, соопшти директорот на Обласната дирекција на бугарското Министерство за внатрешни работи во Пловдив, постар комесар Васил Костадинов. Приведувањето било извршено во приватен клуб кој се наоѓа спроти Младинскиот рид, каде полицијата пронашла различни предмети со неонацистичка содржина. Случајот е предаден на ...
Паднатите дрвја што останаа зад себе по силното невреме и ветерот што го зафати Скопје нема едноставно да бидат отстранети и фрлени како отпад. Градот најави дека здравите стебла и трупци ќе добијат нова намена, со што вредниот природен материјал ќе биде повторно искористен наместо да заврши на депонија. Од Град Скопје информираат дека дел од собраниото дрво ќе се употреби за изработка на реквизити за детски игралишта и моторички паркови, ...
Руските сили во раните утрински часови во недела извршија нов воздушен напад врз Киев, при што во повеќе делови од украинскиот главен град избувнаа пожари, а има и повредени лица, соопштија украинските власти. Според најновите информации, нападот бил изведен со ракети и беспилотни летала. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека остатоци од пресретнато летало предизвикале пожар во ненаселена зона во северниот дел од градот. ...
Недостигот на работници на пазарот на трудот сè повеќе влијае врз висината на платите, а најголем пораст на понудите има кај професиите за кои работодавците тешко наоѓаат доволно кандидати. Најновите податоци од соседна Србија покажуваат дека токму недостигот на работна сила ги принудува компаниите да нудат повисоки примања, особено за одредени занаетчиски, угостителски и транспортни професии. Меѓу најбараните занимања во изминатите месеци се ...
Голем шумски пожар беснее во Високите Мочуришта, најголемиот природен резерват во Белгија, при што досега е уништена околу една третина од заштитеното подрачје. Локалните власти ја опишуваат ситуацијата како еден од најсериозните пожари во поновата историја на земјата. Поради опасноста огнената стихија да се приближи до населените места, на жителите на две блиски села им било наредено да се евакуираат. Надлежните предупредиле дека пожарот би ...
Високите температури, сушниот период и силниот ветер повторно го зголемија ризикот од пожари во Србија. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, а пожарникарите и останатите надлежни служби се ангажирани на повеќе локации. Една од најтешките ситуации е во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин. Таму огнената стихија зафатила површина од околу 3.000 хектари, ...
Стравична сообраќајна несреќа се случила во раните утрински часови на автопатот М3 во Унгарија, каде што полски туристички автобус излетал од коловозот и се превртел во канал додека се движел во правец кон Њиреѓхаза. Според првичните официјални информации, во несреќата најмалку 12 лица го загубиле животот, додека повеќе од десет патници се здобиле со тешки повреди. Станува збор за туристички автобус од Полска, во кој во моментот на несреќата ...
Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека во раните утрински часови во неделата бил соборен дрон кој неовластено навлегол во воздушниот простор на Романија од правец на Молдавија. Според официјалното соопштение, системите за воздушен надзор го регистрирале леталото во 4:44 часот, на околу 24 километри северно од Галац. По откривањето на дронот, романските власти активирале воздухопловни сили за да го следат и да реагираат на ...
Поради високиот ризик од избувнување и брзо ширење на шумски пожари, денеска, 16 август, во одредени шумски подрачја на Халкидики е воведена целосна забрана за движење на пешаци и возила. Мерката стапила во сила во 8 часот утрово, а според најавата ќе биде активна до 8 часот во понеделник, 17 август. Забраната ги опфаќа подрачјата на Касандра и Ситонија, просторот од Комица до Уранополис, како и подрачјето на општина Полигирос. Станува збор ...
Додека повеќето животни инстинктивно се оддалечуваат од шумските пожари, црната огнена бубачка (Melanophila acuminata) има сосема поинаква стратегија – таа активно ги бара подрачјата зафатени од огнот. Причината за ваквото необично однесување е поврзана со нејзиното размножување. Откако пожарот ќе помине, женките пристигнуваат на опожареното подрачје и ги положуваат јајцата во свежо изгореното дрво. Ларвите потоа се развиваат и се хранат во ...
Македонската машка одбојкарска репрезентација ја заврши првата фаза од подготовките за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржува во Бугарија. Репрезентативците главниот дел од досегашните подготовки го одработија во Крушево, каде работеа на физичката подготвеност и поставување на основата за предизвиците што ги очекуваат на европската сцена. По завршувањето на оваа фаза, одбојкарите добија краток одмор и ќе бидат слободни до ...
Во Скопје се потврдени уште три случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број регистрирани случаи се искачи на 34, информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје. За првпат оваа сезона вирусот е потврден и кај жител на Арачиново. Според досегашните податоци, најголем број случаи се регистрирани во Кисела Вода и Аеродром, додека речиси половина од заболените се од Драчево. Епидемиологот Љуљзиме Бајрами од ЦЈЗ – Скопје посочува дека ...
Трагичен настан е регистриран во прилепското село Беровци, каде 68-годишен маж бил пронајден без знаци на живот во нива во атарот на селото. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Битола во 07:33 часот, откако А.В. од Беровци го пронашол својот татко С.В. (68). Кај починатиот била забележана прострелна рана во пределот на градниот кош. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош од ...
Турција значително го намали увозот на нафта од руските пристаништа на Црното Море, а во август се очекува дополнителен пад на испораките. Причината се проблемите со транспортот и нарушувањата во работата на терминалите по украинските напади со беспилотни летала. Според податоците на LSEG, Турција во јули добила околу 900.000 тони нафта од руските пристаништа, наспроти 1,2 милиони тони во јуни. Особено голем пад е забележан кај испораките ...
Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и поголем износ на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Apple да не набавува мемориски чипови од кинески производители, во период кога технолошката индустрија се соочува со недостиг и раст на цените. Американскиот министер за трговија Хауард Латник порача дека Вашингтон не сака американските компании да зависат од кинеска меморија и дека Apple треба да бара други решенија. „Мора да има други решенија за проблемот со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран има намера да го прогласи Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави, без да објасни како би можел да се реализира таков потег. За време на настап во сојузната држава Њујорк, Трамп порача дека Иран претрпува тежок пораз и дека по завршувањето на конфликтот ќе следува одлука за стратешки важниот теснец. „Откако ќе завршиме со поразот на ...
Две лица биле приведени откако полицијата ги затекнала при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил регистриран на 13 август околу 23:10 часот, на место викано „Падарица“ во Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп, откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено. При постапувањето, полицијата кај него пронашла и ...
Првото летување без родителите е голем чекор во животот на секој тинејџер. За младите тоа значи слобода и осамостојување, додека за родителите често носи грижи и дилема – дали детето навистина е подготвено да замине само? Не постои една возраст што важи за сите. Многу поважно е колку детето е зрело и одговорно, со кого патува, каде ќе престојува и дали родителите имаат доверба дека ќе ги почитува договорените правила. Желбата за самостојно ...
Неколку региони во Русија повторно воведоа ограничувања за продажба на бензин поради проблеми во работата на рафинериите и недостиг на гориво, објави ВЕСТИМАК.мк. Во периодот од 10 до 15 август, најмалку шест региони ги вратиле или дополнително ги заостриле мерките. На одредени места е ограничена количината бензин што може да ја купи едно возило, додека во други се применува систем според регистарските таблички. Во Калуга, возачите можат да ...
Четири лица биле приведени во Скопје по пријава дека насилно ѝ дале марихуана на малолетничка на подрачјето на Шуто Оризари, по што случајот прераснал и во физичка пресметка. Според информациите од МВР, на 14 август околу 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М. (23), Е.А. (20), А.М. (19) и Н.Т. (18), постапувајќи по претходно добиена пријава, објави Скопје1.мк. Како што било пријавено, малолетничката во својот семеен ...
Цеца Ражнатовиќ повторно го привлече вниманието со својот изглед, откако неодамна објави фотографија во бикини од одморот во Шпанија. Пејачката откри дека во еден период забележала дека добива килограми, по што решила да ги промени навиките во исхраната и да стане физички поактивна. Според нејзините зборови, со помош на нутриционистка успеала да ослаби 8,5 килограми за еден месец, без гладување и без препарати за слабеење. Нејзиниот режим ...
Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци од сервисите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот. Епицентарот бил лоциран во планинскиот предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар, а земјотресот бил на длабочина од околу 10 ...
Трагедија ја потресе велосипедската јавност откако 19-годишниот британски велосипедист Финли Тарлинг го загуби животот за време на трка во Португалија. Несреќата се случила во текот на осмата етапа, кога Тарлинг се судрил со комбе кое се движело од спротивната насока. Според првичните информации, станувало збор за силен фронтален судир. Последиците биле катастрофални, а младиот велосипедист, за жал, не успеал да преживее. На снимките од ...
Несекојдневна сцена ги шокирала гостите во познат луксузен ресторан на Беверли Хилс, откако две жени среде вечера започнале жестока физичка пресметка. Инцидентот се случил во ресторанот „Steak 48“, а снимката од тепачката за кратко време се проширила на социјалните мрежи. На видеото се гледа како двете елегантно облечени жени разменуваат удари и клоци, се влечат за коса, а во еден момент завршуваат и на подот меѓу масите. Причината за ...