ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. ОВР Кичево поднесе ...

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра? Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. ...

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента. “Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност поврзани со катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ од 16 март 2025 година. На денешното рочиште пред Судот беше презентиран писмениот извештај од Институтот за судска медицина, според кој смртта кај 59 жртви била насилна и настапила како резултат на труење со јаглероден моноксид ...

Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани. „Изминатиот период сведоци ...

Грчките погранични власти ќе имаат можност привремено и делумно да го суспендираат новиот ЕЕС систем за пасошка контрола и да вршат регистрација на патниците без земање биометриски податоци доколку се создадат големи сообраќајни метежи. Оваа отстапка првично важи до 8 јули годинава, со солуција автоматски да биде продолжена до 6 септември 2026 година, со цел да се обезбеди нормален проток на возила на копнените гранични премини. Информацијата ...

Партијата на пензионери изразува сериозна загриженост по сознанијата изнесени од Агенцијата за храна и ветеринарство, поврзани со наводни манипулации на одредени компании во млечниот и сувомесниот сектор, се наведува во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Од партијата апелираат Агенцијата во најскоро законски предвидено време јавно да ги објави имињата на сите компании за кои постојат сомнежи дека со своето работење го довеле во ...

Проширувањето на Европската Унија претставува една од најважните политики за долгорочната стабилност, безбедност и просперитет на европскиот континент, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на отворањето на 23. Конференција на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа, што се одржува во Струга. Тој порача дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ...

Милош Р. (39) од Белград загинал во вторник наутро, околу 6 часот, на територијата на општината Босилеград, на потегот меѓу селата Извор и Грујинци, кога во текот на силно невреме го погодил гром. Мештаните од селото Извор веруваат дека ловецот непосредно пред ударот се обидел да се фотографира со таканаречен селфи стап. Како што дознава српскиот Ало, несреќниот маж од Белград бил страсен ловец, а во околината на Босилеград дошол намерно за ...

Инцидентот со чартер-летот на српски државјани, кои беа вратени од аеродромот во Тиват непосредно пред Самитот ЕУ – Западен Балкан, бил резултат на иницијатива на лица од неговото опкружување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека меѓу патниците немало криминалци ниту, пак, намера за предизвикување каква било дестабилизација. Говорејќи по пристигнувањето на самитот, Вучиќ истакна дека денес би им се извинил на ...

Мицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%, се наведува во соопштението на СДСМ. Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат. Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави можноста за одржување директна средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пренесуваат локалните медиуми во САД. Шефот на Белата куќа пред новинарите во Овалната соба истакна дека официјален Вашингтон имал свое влијание врз ваквиот развој на настаните на релација Москва – Киев. „Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е никаква тајна фактот што криминални кланови од Црна Гора сакале да платат некого да изврши негово убиство, нагласувајќи дека таквите податоци веќе се заведени во записите на апликацијата „Скај“. Одговарајќи на новинарско прашање за сопствената безбедност по информациите дека одредени осомничени лица уште во 2021 година нуделе пари за негова ликвидација, тој појасни дека зад тие ...

Најмалку пет лица го загубија животот, а околу 20 други се повредени во голем пожар што утринава избувна во одделот за интензивна нега на приватна болница во источната индиска држава Бихар, соопштија локалните власти. Според информациите на весникот „Хинду“, постои сериозен страв дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголеми, со оглед на тоа што дел од повредените се наоѓаат во критична состојба во болницата во округот Музафарпур. ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина би можеле да ги прекинат борбите, но порача дека Киев треба да направи компромис, нагласувајќи дека во спротивно е подготвен да оди до воена победа. На маргините на рускиот економски форум, во петтата година од конфликтот во Украина, рускиот лидер пред странските дописници истакна дека Москва е отворена за дипломатско решение, ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за евроинтегративниот процес на државата, оценувајќи дека Македонија предолго се наоѓа во иста позиција и дека е неопходна јасна перспектива за негово завршување без дополнителни условувања. Тој истакна дека по децении на отстапки, земјата треба да добие предвидлив пат и јасен одговор кога и како ќе заврши процесот на пристапување ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил директно писмо на рускиот претседател Владимир Путин, со конкретен предлог за одржување на итна средба на која би се ставил крај на долготрајниот воен конфликт меѓу двете земји. Овој потег претставува редок и директен обид за дипломатска комуникација на највисоко ниво, во период кога воените дејствија на теренот сè уште не стивнуваат, а меѓународната јавност бара излезно решение од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Либан е со години нападнат и во конфликт, нагласувајќи дека би било добро земјата конечно да има шанса за мир. Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп оцени дека Либан често се третира како „аутсајдер“, и покрај тоа што со години страдал од регионални конфликти и нестабилност, објави 4news.mk „Либан е нападнат толку многу години. Би било убаво кога таа земја конечно би можела да ...

Европската Унија е заглавена со прашањето за забрана на поморските услуги за руските нафтени танкери. Затворањето на Ормутскиот Теснец, молкот на сојузниците од Г7 и противењето на Грција и Малта ја направија секоја промена на политиката речиси невозможна, известува Еуроњуз. Официјалните претставници и дипломатите во Брисел стануваат сè попесимистични во врска со шансите за воведување целосна забрана на поморските услуги за руските танкери, ...

Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени, се наведува во соопштението од СДСМ. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени. Во исто време, Комитетот ...

На 10 јуни со почеток во 11 часот и 30 минути, ќе се одржи комеморација за Ристе Велков, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. -Во чест на нашиот првенец, баритонот Ристе Велков, на 10 јуни 2026 година во 11.30 часот, на големата сцена на МОБ ќе се одржи комеморација. Со почит кон неговото уметничко дело и неизбришливата трага што ја остави во македонската оперска уметност, ќе се потсетиме на неговиот живот, кариера и ...

Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое ви го пренесуваме интегрално. Филипче и СДС единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав. СДС и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и средствата обезбедени преку Планот за раст, но ...

Стефан Богоев ја следел добро познатата матрица на својот политички ментор Зоран Заев. Додека СДС зборува за правда, транспарентност и чесност, на површина повторно излегуваат скандали, сомнежи за корупција, влијанија и договарање тендери зад затворени врати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Богоев, поранешен директор на Царинската управа и висок функционер на СДС, е осомничен за местење тендер вреден над 300 илјади евра, при што ...

Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, кој се одржува во Рига, Летонија. Дводневниот состанок е посветен на предизвиците со кои се соочуваат малите земји во Европа, вклучително ограничените ресурси, миграцијата на здравствениот кадар, стареењето на населението и зголемените потреби на пациентите, со цел развој на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УХМР ги измери температурите утринава низ градовите. Најтопло е во Гевгелија и Кавадарци, додека најниска температура има на Попова Шапка. Утре променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има ...

Франција и Германија предлагаат нов пристап во политиката на проширување на Европската Унија, кој треба да овозможи побрза и подлабока интеграција на земјите-кандидати уште пред полноправното членство. Во нон-пејперот со датум 4 јуни 2026 година, подготвен во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват и самитот ЕУ – Молдавија, се наведува дека проширувањето има потреба од „нов моментум“. Во документот се нагласува дека целта за ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја информира јавноста дека денеска (5 јуни) е последен ден од акцијата за отплата на заостанати долгови за потрошена вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, како тужен така и редовен, да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Од „Водовод и канализација“ појаснуваат дека одлуката ...

Сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, кога автомобил удрил во маж и жена кои преминувале на улицата, во попладневните часови. Во несреќата, двајцата се здобиле со телесни повреди, интервенирала Итната помош и полицијата. Повредените се надвор од животна опасност. Сообраќајна несреќа се случила вчера кај нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, кога автомобил удрил во маж и жена кои преминувале ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан, што се одржува во Тиват, Црна Гора, во присуство на лидери од регионот и високи претставници на Европската Унија. Според најавите од Владата, на Самитот ќе се разговара за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, регионалната соработка и заедничките предизвици поврзани со економскиот развој, инфраструктурното поврзување и стабилноста на ...

Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе го разгледува Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање. Со предложените измени се предвидува воспоставување поодржлив модел за финансирање на радиодифузната дејност преку средства од државниот буџет. Според образложението, финансирањето ќе биде ограничено на еден процент од реализираните ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.42
55%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
61%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.4
59%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.94
50%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.61
66%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
68%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
42%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.31
50%
1019
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.89
58%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
78%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
47%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.0
72%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Рутениум

49769.36

Злато

139164.58

Родиум

258813.51

Сребро

2181.05

Паладиум

38805.95

Алуминиум

3.60

Бакар

12.61

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

54.25

Платина

57067.58