
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



И тогаш пијаницата ја раскажа својата потрезна приказна. Кој ме фатил за збор, ми извадил муабет. Абе не ми кажуј, на фацата му се глеа дека е пун предрасуди. Ако сите сме дел од истиот тим, ќе бидеме НашТимани. Среќата со пи-ари не се купува. Биравте непостоечки кривец. Ни снема држава на најинтересното. Цените се како децата. Оставете ги на раат да си скокаат! Сите слушнаа за намалените цени – попуст(о) беше. На вашата сметка имате 0 денари. ...
Бирајќи пригодна новогодишна тема за пишување, ми пројдоа низ глава слики зимски, вечери завеани во снег и накитени новогодишни елки, мирис на компот од дуњи, гајби омекнати мушмули завиткани во весници, жолта гола светилка над матнозелена дрвена маса на која се кршат ореви и се зобаат јатките… Разгален од носталгичните слики од младоста, што упорно опстануваат некаде во мозочниот бескрај и секогаш весело ускокнуваат за да ја понудат својата ...
-Татo, може да ги вратам шишињата од пивo и со кауцијата да купам леб? -Aбе сине, да не сум ја у куќава, ќе умрeте од глaд! *** - Тато, ќе излезам со девојката. Имаш 500 денари? - Излегувај сине, не се секирај за мене! *** - Тато бе, шо ќе праам со 50 денари у град? - Потроши ги бе, сине, еднаш се живее. *** Татко и син разговараат за иднината на синот. - Тато, решив да се бавам со организиран криминал. - Ако, сине. Државно си е државно. *** ...
Само сакам да напишам и речам, во случај утре да те удри камион, или од плажа ако ти збрише чудовишен бран; или во случај твојата бивша жена да одлучи себе да си го одземе животот веднаш откако ќе го одземе твојот; или во случај да отидеш на лекар, кој ќе ти го напипа чворчето на вратот, и брзо ќе те одвлечат во страшните води на клиники и инфузии и никогаш веќе ако не те видам ‒ само сакам да напишам и речам: Bon voyage!, пријателе мој, мој ...
Истополовите парови во Естонија од Нова година можат законски да склучат брак. Естонија е првата земја создадена на територијата на СССР која ги легализираше хомосексуалните бракови. Естонскиот парламент гласаше за легализирање на истополовите бракови во јуни со 55 пратеници кои гласаа за, додека 34 пратеници гласаа против законот во 101- члениот парламент. Изборната победа на естонската премиерка Каја Калас во февруари е заслужна за зајакнување ...
За сите дизајн ентузијасти и креативни умови, на први јануари, 2024 година, беше објавено лансирањето на Logomotiva.mk, најновото дигитално засолниште за истражување на живиот свет на македонскиот лого дизајн преку курирана колекција. Патувањето на Logomotiva.mk почнува уште во 2008 година, кога Небојша Гелевски - Бане се впушти во креативен потфат со основање на RetroMK (retromk.tumblr.com), страница посветена на сите работи поврзани со ...
Седум големи болници и десетици помали болници и амбуланти се загреваат на мазут, покажува мапата на загадувачи која ја изработи граѓанската иницијатива „Шанса за Центар”. Меѓу загадувачите се болници во Прилеп, Битола, Гостивар, Куманово, Гевгелија, Демир Хисар, како и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Овие седум болници трошат по 1.520 тони мазут годишно. Откако министерот за здравство Фатмир Маџити најави построги ...
Александар Поповски, основоположникот на организираниот проблемски шах во Македонија, почина во Скопје, во 91-та година од животот (1932-1923). Неговите почетоци на ова поле беа во списанието „Радио Скопје“ во 1950 година, кога воведе редовна шаховска проблемска рубрика, во чии рамки се одржа и првиот тематски турнир во компонирање. Подоцна проблемската активност на Поповски продолжи и во други весници и списанија, за во весникот „Млад борец“ да ...
Лана Петровска, членка на група пријателки составена од Кате, Елена и Теа, стави вето на групното селфи направено на снежните падини во Маврово, каде позира ова друштво на најдобри пријателки, со што се блокира објавувањето на селфи на Инстаграм. Ова е осми пат за време на правењето на ова селфи, што веќе влегува во својата петнаесетта минута, Лана да го користи своето право на вето за да се погрижи „да излезе колку-толку добро по сопствена ...
Граѓанската војна која пред осум месеци избувна во Судан, третата најголема држава во Африка, доведе до тоа Обединетите нации да ја наречат „моментално најголемата криза на раселување во светот“. Откако во април во главниот град Картум еруптираше вооруженото насилство помеѓу државната војска и паравоените групи на Силите за брза поддршка (РСФ), ОН денес бележи повеќе од 12 000 убиени, дури седум милиони интерно раселени и закана од ...
На почеток би кажала нешто општо за користење на симболите во мултиетнички заедници, во контекст на актуелните драматични меѓународни односи. Ќе го цитирам Генералниот секретар на Светската здравствена организација: “Во болницата „Ал Акса“ владее тотален масакр, луѓе и деца умираат чекајќи помош”. Ние што живееме под чадорот на НАТО во мир; имаме струја, вода и храна, се однесуваме прилично себично и бесчуствително кон потенцијалните опасности, ...
Волшебното царство на бајките од цел свет, мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја е отворено! Наместо гласник, објавен е формулар до млади кои сакаат да се приклучат на петдневната работилница за креативно пишување со млади, „Неименувана” под менторство на „Duma in summa“ - компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. Работилницата ќе се одржува на 16, 17, 18, 22 и 23 јануари 2024 година, од 15 до 19 часот, ...
Во организација на Бош Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив, на 4-ти јануари, со почеток во 17 часот, „Фијук” саем доаѓа на санката на Дедо Мраз директно во „Лабораториум”. „Не грижете се, и Баба Мразица е тука, во проѕирен комбинезон ќе нуди тазе графики и топли колачи! Дедо мраз не е тука, оти како „Фијук” нема друг” – велат организаторите на саемот. Автор на плакатот Старк Атила ака @kulocity „Фијук” саемот ќе биде отвoрен со ...
Ричард Саџа е американски текстилен уметник кој живее и твори во Њујорк. Неговата компанија „Historically Inaccurate Decorative Arts“ го разбранува светот на уметноста и модата додавајќи субверзивни елементи на традиционалната дејност, повторно испишувајќи го наративот на ткаенината со колоритни конци и комични слики. Поради класичните француски модели кои му овозможуваат да постигне контраст, Саџа како основа во везот ја користи француската ...
Легнав во девет навечер, ги изгасив светлата, го навлеков чаршафот, нивната веселба, нивната среќа, нивните врисоци, нивните хартиени капи, нивните автомобили, нивните жени, нивните дилетанти во опивање... Новогодишната ноќ секогаш ме плаши. Животот ништо не знае за годините. Сега трубите замолкнаа и петардите и грмежите... Сè траеше пет минути... Го слушам само дождот врз палмовото лисје и мислам: никогаш нема да ги разберам луѓето, но сепак ...
Мамурно погледнав во секогаш точниот уличен бронзен часовник, потпрен до глинената скулптура на смешна зеленa мечка во позиција стој на глава, насликана со големи жолтобели маргаритки, и во долгиот дрворед со оголените огромни костени на широките тротоари, зачудувачки сè уште без снег, и низ уште поогромните прозорци од петметарските ѕидови. Прозорците беа без завеси и ролетни, зашто на завеси и ролетни можеше да се налета само во некои подруги ...
И кога ја запознав Елен во кафулето во Провинстаун пред себе имаше чаша со прст леден чај, а кога ја сретнав две години подоцна во Њу Орлеанс На конференција за заштита на лебеди во левата рака држеше чашка со прст шери, затоа заклучив дека е Елен особа од еден прст кога се во прашање течностите. Ете отприлика толку можете да знаете за другите. Таа веројатно, иако не и сигурно, верува во мали оброци и кратки додворувања, дремки и романи од ...
Издавачката куќа „Темплум“ ја објавува првата книга на авторот Миле Бошњаковски, насловена „Погром – Записи на Рафаел Дорон“. Искра Гешоска, една од рецензентите на книгата, истакна дека станува збор за полижанровска форма или записи направени во три херменевтички правци, кои сепак се читаат со неверојатна леснотија. Новинарот Валентин Нешовски за „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ наведува дека „приказните во оваа книга удираат како чекан на ...
На 30 декември 2023 година, во 12 часот , во Музејот на современата уметност во Скопје, заедно со кустосот водич Бојана Јанева ќе може да ги погледнете четирите отворени изложби: *Изложбата „Континуитети”, избор дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје. *Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко” *Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер” *Архитектонската изложба „Иднината како проект – ...
Нашиот соговорник Примож Крашовец е социолог по култура, а од 2014 година на Катедрата за социологија на Филозофскиот факултет во Љубљана предава епистемологија на хуманистички и општествени науки и теорија на идеологија и општествена моќ. Член е на уредништвото на списанието Борец и љубљанската издавачка куќа Софија. Неговите моментални истражувачки интереси се амбивалентната критика на политичката економија за капиталот, теорија и историја на ...
Денес, 28 декември, во кафе-книжарницата „Буква” ќе се одржи осмата „Поетска епизода“ во организација на младинската неформална организација за култура „Култура Бета“. На последното издание за оваа година поезија ќе настапат поетите Николина Андова Шопова, Емануела Ковачевска Китановска, Драган Атанасов, Милена Сиљановска, Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска. Настанот кој е организиран со поддршка на Europe ...
На Окно пренесуваме десетина страници од македонското издание на една необична, мошне духовита и проникнувачка книга која во Србија имаше три изданија за неполна година. „Се викам Ана Петровиќ. Сакам да цртам. Цртам и кога се осеќам добро и кога се осеќам лошо. Стрипотерапија настана во време кога се осеќав лошо. Настана спонтано, како интерна шега меѓу мене и мојата психотерапевтка. Почнав да цртам и запишувам некои од дијалозите и ситуациите ...
И ете ме мене, пак сум болен зиме, не ме интересираат храна, одмор, како ни читање или забава. Ниту да направам најмал напор да се погрижам за себе, да речеме, да исцедам портокал или да ги стоплам нозете. Болести, понекогаш мислам дека си мојот Ерусалим, моја света земја, роден крај кому отсекогаш сум му припаѓал. Ме правиш мирен и широк однатре. Отсекогаш сум имал дарба за тебе. Над зимските полиња, небото е матно и сиво, потоа дијагонално ...
Образложение Од вкупно пристигнатите 15 ракописи (од кои три влегоа во потесниот круг за наградата) тричлената комисија во состав Наташа Атанасова, Елена Митреска и Катерина Шекутковска, одлучи наградата „Новите!“ за 2023 година да му ја додели на Игор Раиден за романот „Издигнување“. Романот на Раиден се издвои со конзистентноста во владеењето на жанрот и стилот, но и како прв научнофантастичен роман кој победил во 18-годишната историја на ...
Украдено внимание е наслов на книгата на британскиот истражувачки новинар Јохан Хари со која, поттикнат од сопственото искуство, укажа на проблемот кој погодува сè поголем број луѓе од современата цивилизација - слабеење на способноста за концентрација на вниманието. Во разговор со бројни научници и истражувачи од различни области од општествените науки и медицината, настојувал да ги идентификува причините за сè поголемата расеаност на ...
На 27 Декември, среда, во 20 часот, во галерија „Лазар Личеноски” ќе се одржи јубилејна изложба по повод десет години од постоење на одделот Мултимедија и предметот Фотографија. Креирање на ликовни дела преку фотографскиот објектив или со дигитални алатки одамна е составен дел од мозаикот на ликовното творештво. Успехот на учениците од уметничкото училиште „Лазар Личеноски” целосно ја оправда потребата да се воведе одделот Мултимедија (Дигитална ...
Кога критичарите на Израел од левата страна го карактеризираат она што Израел го прави во Газа како геноцид, тие често се обвинети за превртување на вистинскиот однос: Израел само се брани себеси, додека Хамас планира вистински геноцид врз Евреите. Сепак, геноцидната реторика е сè поприсутна во јавниот говор на израелските политичари. По нападот на Хамас, министерот за одбрана Јоав Галант нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа со следните ...
Последната колумна за оваа година ја посветувам на младите и на потребата од поголемо внимание за негативните влијанија кои политичката поларизација, незавидното ниво на доверба во институциите и правниот поредок, продлабочените нееднаквости и изложеноста на тенденциозна пропаганда и лажни вести, го имаат врз нив. Младите се радикализираат и овој процес не е типичен само за нас туку претставува европски но и глобален феномен со кој треба ...
После проекцијата на филмот The Hip Brainstorm одржана во Социјалниот центар Дуња. Петок, последните денови од декември 2023 година... Филмот The Hip Brainstorm на Јане Алтипармаков е снимен во 2018 година. Камерата е во рацете на Наташа Гелева. Во траење од час и триесет минути, филмот говори за музичкиот феномен наречен „The Hip”. Приказната почнува со мали чекори, и непретенциозно гради нарација што треба да ја покаже холограмската ...
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 27 декември, среда, во 20 часот, ќе биде претставен светлосен аудиовизуелен перформанс на Аxiotomic и Ixgram или Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков. Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата. Со овој проект, на еден симболичен начин, авторите ја продолжуваат ...