Утре (петок, 1 декември) од 20 часот, во Музејот на Град Скопје ќе биде претставена нова колекција на дела на уметницата Јана Куновска насловена „Сјаење”. „Станува збор за две серии кои се разликуваат по нивниот технолошки пристап кон дизајнот. Една група изработена со маслени бои на платно. Втората група се дела со комбинирана технологија, каде мотивите се претставени со цртање со јаглен на картонска основа. Некои од нив имаат обоени детали. На ...

„Pop My Corn” или првиот фестивал од овој тип на „Танц Бункер“ е резултат на иницијативата на овој нов колектив составен од Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Ивана Балабанова. „Pop My Corn” не е само уште еден фестивал за уметност, не е само уште една платформа за изведба, туку е обид за препознавање на сè уште младите, а веќе афирмирани уметници, како и за активирање на сцената за промовирање на нов израз! „Поп мај корн“ е и обид за ...

Можете ли да го замислите тој мошусен, свеж мирис на земја што го проникнува воздухот кога првиот дожд од монсуните ќе капне на сувата земја? Познат е како петрихор, пријатен коктел од миризливи хемиски соединенија, некои создадени од растенија, други создадени од бактерии кои живеат во почвата. Овие бактерии се главните придонесувачи за посебниот земјен мирис. Кога умираат за време на периоди на суша, тие ослободуваат соединение наречено ...

Архитектонскиот дизајнер Тим Фу, поранешен архитект во компанијата Zaha Hadid Architects, ја користи Ви технологијата и покажува како алатката може да се интегрира во архитектонските практики. Неговиот неодамнешен експеримент направен со помош на стуткано парче хартија и LookX, платформата за вештачка интелигенција за дизајнери и архитекти претставува вистински предизвик. Фу бил инспириран од неславната креативна практика на Френк Гери, која ...

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи”, ќе се одржи на 1-ви декември (петок) 2023 година, со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Учесници на симпозиумот се Нада Пешева, Ана Ивановска Дескова и Јана Коцевска. Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за ...

Сме слушнале за производство на енергија од соларни панели, но енергија може да се произведе и со соларни колектори, односно големи огледала или леќи кои ја насочуваат сончевата светлина во тесен простор, познат како приемник. Соларните колектори имаат различни форми, различни дизајни (кули за соларна енергија, параболични корита и слично) и техники за насочување на светлината. Приемникот ја апсорбира и претвора концентрираната сончева светлина ...

Воената 1943 година, ја одбележуваат неколку крупни воени и политички победи на сојузниците во антифашистичката коалиција – капитулацијата на Италија на 9. септември 1943, сојузничкото освојување на африканскиот континент, како и контраофанзивата на Црвената армија на Источниот фронт. Овие настани имаат своја тежина и во окупирната Југославија, каде движењето на отпорот отелотворено во КПЈ и Титовите партизани започнуваат да ги поставуваат ...

Летото 2019 година учествував во истражувањето на Сирискиот архив за нападите на медицинските установи во Сирија, која Лансет ја опиша како „најопасно место на светот за здравствените работници“. Сирискиот архив верификуваше 410 случаи на бомбардирање болници и веродостојно ги идентификуваше сторителите на 252 напади. Деведесет проценти биле бомбардирања од воздух кои ги извршиле силите на Асад и нивните сојузници, особено руското ...

Следејќи го својот сон се качила на брод на француската морнарица, во време кога на жените тоа не им било дозволено. Преправена во маж, таа се претставила како помошник на францускиот натуралист Филберт Комерсон. Жана Баре е родена на 27 јули 1740 година во Бургундија. Детството го поминала во природа, меѓу билките, кои уште од рана возраст научила да ги разликува. Иако никогаш не добила формално образование, имала големо познавање од областа на ...

„Кон Месечината”, акрил на платно Препознатливите куќички на Ване Костуранов сѐ повеќе излегуваат од „осаменоста” на своето постоење. Заштитниот знак на овој уметник, дводимензионалните ѕидови со прозорчиња и покрив, еволуирал. Не се работи толку за перспективата на „лебдење” на платното, колку за посмелата употреба на бои и пејзажна перспектива на куќичките. Во овој творечки циклус тие сѐ почесто се наоѓаат опкружени и со лебдечки дрвја. Нив ...

Пренесено од Дојче веле „Како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера, покрај политичките договори кои што би ги имале како идна влада со коалициоските партнери, сериозно на маса да ја ставиме идејата за реструктуирање на владините кабинети“, најави партискиот претседател Христијан Мицкоски на вчерашната дебата „Економски принципи“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Според тоа, еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за следно коалицирање ќе ...

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) во сабота, 25 ноември 2023, во Џебното кино на Младинскиот културен центар, промовираше пет едукативни видеа изработени со користење на концептот на „испреплетена историја“. На настанот беа прикажани петте подготвени видеа, проследени со отворена дискусија на која учествуваа историчарот Дарко Стојанов (во својство на главен консултант во подготовката на видеата) и историчарката Ивана ...

Анимираниот филм насловен „Реквием на бубамарите“ на Акино Кондо се осврнува на траумите од детството, во голем дел инспирирани од вистински настани. Што се случува со нашите фобии, кошмари и стравови кои го обележуваат нашето детство и кои се чини дека избледуваат со текот на времето? Сепак, тие остануваат во еден агол од нашиот ум и понекогаш повторно се појавуваат, создавајќи одредено чувство на носталгија. Ова е темата која јапонската ...

Утре, 28-ми ноември, со почеток од 19:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе се отвори изложбата „A/R Каљари-Скопје”. Изложбата „A/R Каљари-Скопје“ има за цел обединување на делата изработени за време на Уметничката резиденција во 2022 година помеѓу двете места (Скопје/ Сант Антиоко, Сардинија). A/R (andata e ritorno; повратен пат) е патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство. Целта на ...

„Песната на пророкот”(Prophet Song), роман со дистописка визија на Ирска зафатена од тоталитаризам, е добитник на Букеровата награда за 2023 година. Автор на романот е 46-годишниот ирски писател Пол Линч кој за првпат ја добива оваа престижна книжевна награда. Дејството е сместено во Даблин, а во фокусот е семејство кое се соочува со застрашувачки нов свет во кој демократските норми на кои се навикнати започнуваат да исчезнуваат. Линч вели дека ...

На 5ти декември, во 20 часот, во Младински Културен Центар - Скопје ќе биде отворена изложбата ,,Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска. ,,Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик (потоа вклучува и други женски ликови видени од нејзина перспектива), не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги ...

Додека лидерите на двете светски суперсили САД и Кина одржуваат состанок на врвот во Сан Франциско, многу набљудувачи се свртуваат кон минатото, кон големите биполарни поедноставувања. Нова студена војна! Западот против сите други! Демократија наспроти автократија! Ајде да му се додворуваме на глобалниот југ! Големиот швајцарски историчар Јакоб Буркхарт нè предупреди да се држиме настрана од terribles simplificateurs, страшните симплификатори. ...

27/11/2023 12:31 - Окно

Излегов од работа тоа септемвриско претпладне носејќи го со себеси Решението за пензионирање. Денот беше прекрасен како што често може да се види во овој месец. Беше светло, летото се спремаше за смена, а јас одев не мислејќи на што било друго освен на овој ден. Болницата ја оставив мирно, без трунка емоција во себеси. Надвор од тоа што немаше никакво испраќање од страна на колегите, никој тоа не го забележа посебно. Немаше ниту рака за поздрав ...

Израел и Хамас постигнаа договор за примирје и ослободување на дел од заложниците. Договорот кој беше склучен со посредство на Катар и Египет, според извештаите предвидува ослободување на педесет киднапирани израелски жени и деца во замена за четиридневен прекин на непријателствата, влез на голем број конвои со хуманитарна помош во Газа, како и ослободување 150 палестински жени и деца од израелските затвори. Од кабинетот на израелскиот премиер ...

24/11/2023 07:34 - Окно

Се возевме со воз И на некоја станица веќе не се разбудивме Уште беше XX век Баба ми умре во постела Опкружена со внуците На светлина од свеќа Уште пред тоа Дедо ти Доживеа парадокс Веќе седумдесет години беше мртов Од Зидани Мост Кога Под неонските светла на лабораторијата Земајќи примерок за анализа на крвта Го прашале неговиот син За татковото име Не се умира Само Додека некаде трепери светло На својата станица Веќе не се будиш Превод: Љупка ...

Денес, на 24-ти ноември 2023 година, групата „Дај, не фрлај слави 7 години. Целта на групата „Дај, не фрлај” е да се намали консумеризмот (потрошувачкото однесување), преку подарување, „нефрлање” и споделување - со што ја заштитуваме околината. Групата е отворена на 25 ноември 2016 година, на Black Friday, како негов контрапункт. Тогаш основачите на групата напишаа: „Имаш работи кои ти стојат по дома, во подрум или во гаража, а не ти требаат. ...

Време е да ја редефинираме националната гордост, усогласувајќи ја со вредностите на толеранцијата, почитта и меѓусебното разбирање. Патриотизмот е дел од националната свест и се поврзува со гордоста и љубовта кон татковината. Идеално, патриотизмот е позитивна сила, негување единство и заедништво на различностите, промовирање на културното наследство и градење чувство за заедница со крајна цел развој и унапредување на заедницата. Инспирирана ...

Неукоста е нашата голема болка. И отсуството на волја за вистината. Со месеци на ред се повторува една лага како да е вистина: со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија од страна на владата на СДСМ, игнорирана е ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму и нејзиното право да не даде поддршка како на договорот така и на „францускиот предлог“. Поинаку кажано, опозициската партија требало да биде консултирана „на време“, пред потпишување ...

Делата на фотографот Остин Фишер кој живее и работи на релација Лондон- Њујорк претставуваат истражување на родовите перформанси на историските квир уметници. Проектот црпи инспирација од Клод Кахун и Марсел Мур, кои ги предизвикаа родовите норми преку провокативни автопортрети. Прифаќајќи го концептот на „родов перформанс“ од Џудит Батлер, серијата фотографии насловена „Родовата игра на дворскиот шут ” ја истакнува идејата дека родот е ...

По мониторингот на медиумите за темите „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“ во периодот 2022-2023 година, Институтот за медиуми и аналитика ИМА заклучува дека „овие теми честопати се маргинализирани во медиумите и поклопени од политички, идентитетски и историски прашања, особено во контекст на преговорите на земјата за членство во Европската унија и актуелните спорови за овие прашања помеѓу ...

Инспириран од наративите на научни откритија и иновации, и фактот дека тие сè повеќе доминираат во современата култура, уметноста на Роган Браун е „обид на креативец, аутсајдер и лаик во светот на науката, да ги визуелизира, разбере и асимилира овие нови идеи и нови начини на гледање на светот, без разлика дали тоа ја вклучува нашата променлива перцепција за бактериите или промените на парадигмата во нашето разбирање на физичкиот свет што ...

На 27-ми ноември (понеделник), во 20ч, во МКЦ Клуб, во рамки на фестивалот „Прво па женско”, ќе се одржи премиера на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. – „Испробување феминистички иднини”2.0. Како продолжение на програмата „Испробување феминистички иднини” 2.0, годинава локален интердисциплинарен колектив - составен од архитектката и соработничка на сценски дизајн Моника Ангелевска, ...

Централниот медиумски дискурс околу договорот за ослободување на заробените кој го одобри владата на Израел, главно се движи помеѓу описот колку тој е „тежок и опасен“, и тврдењето дека на подготвеноста на Хамас да се согласи со ослободување на заложниците влијаеше исклучиво воениот притисок. Двете тврдења често се слушаат истовремено. Меѓутоа, се чини дека оваа двострана мантра едноставно не одговара на реалноста. Речиси ист ваков договор, со ...

Герт Вилдерс По речиси 98 отсто пребројани гласови до четвртокот наутро со сигурност може да се каже дека екстремно десничарската Партија на слободата (ПВВ), еден од зачинувачите на политичката исламофобија во Европа на Герт Вилдерс, освои најмногу гласови на парламентарните избори во Холандија. ПВВ освои 23,5 проценти од гласовите или 37 од 150 места во парламентот, двојно повеќе отколку на изборите во 2021 година. Иако втора според гласовите, ...

Поддршката на некој од вашите омилени изведувачи наскоро би можела да значи поддршка за зачувување на планетата Земја, а не придонесување за емисиите на јаглерод диоксид. Музичарите, меѓу кои и Брајан Ино и Ана Калви, ќе ја наведат Земјата како коавтор на својата музика со цел да одвојат дел од хонорарите за спас на нашата планета. Некои од уметниците кои ја поддржаа оваа идеја се Фрејзер Т. Смит, продуцентот на раперите Дејв и Стормзи и Џејкоб ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
44%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
58%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
56%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52