
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Иако одби да го режира филмот „Планината Брокбек” во 2005 година, 18 години подоцна Педро Алмодовар ја збогати својата филмографија со квир вестерн, како што жанровски е категоризиран филмот „Чуден начин на живот” (A Strange Way of Life). Овој филм е направен во соработка со модната куќа „Ив Сен Лорен” (всушност станува збор за триесет минутна реклама). Бидејќи Алмодовар посветува многу внимание на визуелниот аспект на своите филмови, ...
Здружението за едукативен развој „Еквалис” во соработка со „Партизанска штампа” отвора повик за учесниц(чк)и на тридневна работилница за користење на ситопечат техниката во активистички цели. Програмата, насловена „Креирање мапа на чешми со питка вода преку техника на ситопечат” ќе се фокусира на мапирање на функционалните фонтани и чешми со питка вода, како елементи во јавниот градски простор на Скопје, и нивно креативно претставување, преку ...
Вилијам Закерман Вилијам Закерман е роден 1885 година во Линијата на населување [Черта́ (постоя́нной евре́йской) осе́длости], дел од руското царство каде Евреите главно биле ограничени, место на сиромаштија и погроми. Неговото семејство успеало да побегне и емигрирало во Америка во 1900-та година. За време на Првата светска војна, Закерман се вратил во Европа за да работи со добротворната организација која им помагала на американско-еврејските ...
Денес, 15 февруари, со почеток од 17 часот, во Големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе има неповторлива можност да се погледне оригинална јапонска монодрама во изведба на Шоко Ито, која е спој на класично ракуто и модерна манга. Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 години настапила во осумдесет земји. Дипломирала на ...
Френсис, жител на населбата, решен да живее колку што може подобро и покрај тоа што има Алцхајмерова болест Ланде Алцхајмер е населба во југозападниот дел на Франција која е специфична поради тоа што сите жители во ова мало место имаат деменција. Во продавницата на главниот плоштад се продаваат едноставни намирници кои секому му се потребни, но таму не примаат пари, па никој не мора да запамти дека треба да понесе паричник. Локалните жители во ...
Неформалното здружение за младинска култура „Култура ß” овој месец го слави својот четврти роденден! По тој повод во кафе-книжарница „Буква” на 16. февруари со почеток во 18:30 ќе се одржи голем роденденски настан. Одбележувањето на роденденот на „Култура Бета” ќе започне во 18:30 часот со претставување на романот „Ронлива” и разговор со авторката Милена Сиљаноска. Потоа, во 20 часот ќе следува настанот „Поетска епизода #9 | Нешто е гнило (во ...
Како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер” на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, во МСУ Скопје во петок, 16 февруари, во 20 часот, ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски. Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на ...
Во сè сум и сè сум, едновремено како да не сум тоа што всушност сум: како гора, призрак на камен, што се облекува во шуми и самиот е шума; како зрно, дозреано во тврдост, што го крши нежна клица па е само уште семе, што сум? кој сум? заљубен сум ил љубен? плодител или оплоден? татко сум или син, само случај слабо заглавен меѓу обајцата? обајцата едновремено дури во скриената мисла, но сигурно целиот во јад: неделива сум целина но се лупам, ...
Мајка со дете Што е живот? Ова прашање во неквалификувана форма има неброени одговори. Но, во една конкретна квалификувана форма, која го опишува феноменот на човештвото и обмислувањето на постоењето, животот најчесто е разбран и опишуван како потрага по љубовта. Од древните епови, преку античките филозофии, па сѐ до современата музика љубовта е водечка тема која проникнува во секој сегмент на човечката цивилизација во сите нејзини временски, ...
Љупчо Поповски со своите анализи и ставови испишува значајна страница во македонската журналистика. Од почетоците во Млaд Борец и интервјуто со легендарниот Џони Штулиќ (Азра), преку „златната ера“ на Нова Македонија, Утрински весник, до сегашниот ангажман во порталот Независен, Поповски со децении поставува стандарди со новинарските анализи посветени на меѓународните односи, но и на состојбите во Македонија. Трн: Живееме во ера кога ...
Постои, според Фројд, табу на вистината, врз чиишто маргини бе требало да може да се пишува. Жак Дерида Годинава одбележуваме за нас исклучително важни годишнини: 30 години од списанието Маргина и 15 години од порталот Окно. Планираме неколку настани, по тој повод, а централниот би бил книжевниот фестивал Друга приказна, на почетокот на септември. Ќе зборуваме, значи, за важноста на Маргина и Окно за нашата култура, континуирано, во текот на ...
Околу 60 отсто од јапонските јаболки растат во префектурата „Аомори”, а како и кај секоја земјоделска култура, регионот исто така генерира значителна количина отпад од производството, особено кога плодовите се цедат и се пресираат за да се искористат за сок. Дизајнерите од Центарот „Созаи” создадоа нова технологија која го рециклира преостанатиот отпад во елегантна ткаенина наречена „Адам”. Во соработка со корпорациите „Kомору” и „M&T”, ...
2018 - Нема потреба за паника, личните документи ќе се менуваат онака како што им истекува рокот, значи граѓаните нема да имаат никаков дополнителен трошок. 2019 - Преспанскиот договор е ратификуван, со името Република Северна Македонија. 2020 - Штама. Се издаваат документи со старото име на државата. 2021 - До 5 јули, се издаваат пасоши со старото име на државата. 2022 - Се издаваат документи со новото име на државата, возачки дозволи НЕ СЕ ...
Во Францускиот институт во Скопје, утре, 15 февруари, во 18 часот, ќе се одржи книжевна средба на која ќе бидат промовирани македонски преводи на француските дела „Идис” и „Везење”. Книгата „Идис” на Робер Бадентер, е во превод на на г-ѓа Гзиме Старова, во издание на издавачката куќа „Или-Или”, а романот „Везење” на Марџан Сатрапи, е во превод на г-ѓа Јоана Хаџи-Лега Христоска, во издание на „Бункер”. Домашните издавачки куќи вистински се ...
Утре, 15 февруари (четврток), со почеток во 18 часот, во Europe House Skopje, ќе се одржи првата интерактивна книжевна креативно-раскажувачка работилница за деца со издавачката куќа „Сказнувалка”. Сликовницата „Кралот што имаше од сѐ по многу” од најдобрата грчка авторка за деца Марија Папајани е номинирана за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Интерактивната работилница ќе ја водат Искра Димковска, Владимир Лукаш, Живко Грозданоски и Софија ...
Ангел Димовски – Чауш е роден на 5.11.1952 г. Во Крнино, Велешко. По завршувањето на средното уметничко училиште (1973) запишува историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет и апсолвира 1977 г. Со отворањето на Факултетот за ликовни уметности (во 1980), студиите ги продолжува на одделот за скулптура и во 1984 г. дипломира во класата на Петар Хаџи Бошков. Иако неколку творби потекнуваат од претходниот (средношколско/студентски) ...
Овие денови намерно забораваме да го цитираме Жан Жорес кој рече дека капитализмот носи војна во себе како облакот кој носи бура. И некој би можел да додаде дека оваа вистина е уште пофлагрантна кога капитализмот ја добил политичката форма на фашизам. За да застанеме на Втората светска војна и нејзините рани симптоми, неспорно е дека фашистичкиот капитализам бил нејзиното потекло. Мусолини ги нападна Етиопија и Албанија, Хитлер ги зазеде ...
Коалицијата „Маргини” и „ТрансФормА” објавуваат повик за психолози, психијатри, советувачи или психотерапевти за учество на еднодневна работилница за стручна работа со трансродови и родово различни лица. Целта на работилницата е да го зголеми знаењето и сензитивноста на психолозите, советувачите, психотерапевтите и психијатрите при работа со и во нудењето на професионални услуги за трансродови и родови различни лица. Еднодневната работилница ќе ...
Во галерија „Метаноја”, на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје, во четврток, 15 февруари од 19 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури на уметникот Синиша Новески насловена „Патина на љубовта”. „Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта” зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи” го поттекстот на творештвото ...
Фотографката Кит Вудленд од Ванкувер прави визуелно истражување на позната поговорка „Стапчиња и камења можат да ми ги скршат коските, но зборовите не можат да ме повредат”. Фотографиите на Вудленд содржат промисленост која таа ја извлекува од минатите искуства. Целосниот наслов на овој проект е „Стапчиња и камења можат да ми ги скршат коските, но зборовите целосно ќе ме уништат”. Овие фотографии имаат за цел да потсетат на новата културна ...
Со почетокот на новата учебна година во Шведска, голем број наставници одново ставија акцент на печатените книги, време за тивко читање и пишување, а посветуваат помалку внимание на таблети, независно истражување на интернет и вештини со тастатура. Враќањето на потрадиционалните начини на учење е одговор на загриженоста на политичарите и експертите за тоа дали хипердигитализираниот пристап во образованието, вклучувајќи воведување таблети уште во ...
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот Мeѓународен конкурс за стрип. Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 21 Мегународен стрип салон” Велес 2024 -најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес. Според пропозициите: – Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; – ...
Средина на девеести. Силом прилике, да не навлагам у поединости, средното морав да го завршам во Куманово. Една од предностите на овој град беше близината на српската граница која се наоѓаше (и сега се наоѓа) на само десетина минути со кола. Така поврзаноста со српската култура и влијание беше понагласена од останатите делови од нашата држава. Близината беше физичка. Со обична антена ги фаќавме сите српски ТВ и радио канали што у раните девеести ...
„Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета преземена од еден Институт многу близок до ВМРО-ДПМНЕ. МТВ само нѐ потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“, изјави неодамна експремиерот Ковачевски, во една навистина многу ретка ...
Секоја вечер во зафрлена кафеана Неколку пејачки наизменично Пееја за љубовта и смртта. Зборовите едвај се распознаваа Низ чадот, џагорот и храната И тешкиот воздух. Понекогаш некоја сакаше Да објасни по секоја цена Дека стварно станува збор за љубов и смрт За вистинска судбина Која изискува артикулиран стих И остар мелодиски став Неможен во тутканицава. Понекогаш некоја губеше надеж Дека во страшниот кикот Воопшто нешто може да се разбере И не ...
Без разлика дали лебдат во базени со дождовница во јадрото на хризантеми или се движат низ хаосот на аквариум, ликовите во цртежите на Фелисија Чао се соочуваат со надреални околности кои предизвикуваат комплексни емоции. Нејзините илустрации ги следат искуствата и интеракциите на малите пастелни фигури кои трагаат по сонцето, се нурнуваат во цветовите и делуваат љубопитни, но и обземени, па и по малку зашеметени од огромниот свет околу нив. ...
Станувајќи од своето место, на крајот од заедничката прес-конференција во Собранието на Македонија, министерот за надворешни на Велика Британија, Даглас Херд, кој во својство на нов претседавач на ЕЗ дојде на разговори во Скопје веднаш по лисабонската декларација во 1991, ми рече: „Па тебе никој ништо не те праша“, и додаде дека баш би сакал тоа нему да му се случи во неговата држава со неговите новинари. Се насмевнав и ништо не му одговорив. ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) организира изложба на ново примени членови, насловена „Нови енергии” која ќе се отвори во среда, 14 февруари, во 20 часот во галеријата на Домот на Армијата. На настанот ќе бидат претставени членови примени во 2023 и на првиот конкурс за 2024. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева - Чупоска и претседателката на уметнички совет, проф. д-р Маја Рауник Кирков. ...
Помина еден век од смртта на Владимир Ленин и повеќе од три децении откако пропадна неговиот болшевички проект. Меѓутоа, додека поголемиот дел од неговиот политички живот од денешна перспектива е мошне проблематичен, неговиот немилосрден прагматизам, да го наречеме така, и денес има значење. Да се сетиме на познатата ленинова посветеност на „конкретната анализа на конкретната ситуација“. Треба да се избегнат догматската верност на идејата и ...
Дојди со мене во митологија која зборува за мене, та затоа е ризична. Двополово сум суштество, то ест лажливо. Значи, искрено. Самото за себе давам информација која секого го интересира; таа, значи, има општ значај. Јас сум плод на себе-мачење, то ест себе-љубов. Дојди со мене во времеплов кој е дел од творечкиот механизам. Јас сум уметнички предмет, то ест кентаур. Дојди со мене во митологија, каде што пропаѓа целата моја досегашна работа, оти ...