
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија со уникатната изложба „Нингјо”. Изложбата насловена „Нингјо - Уметноста и убавината на јапонските кукли” ќе биде отворена на 1 март, во 19 часот, во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија. Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја и Државниот секретар од Министерството за ...
Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. И изминатите предизборни циклуси беа одбележани со исклучително силен говор на омраза, кој притоа особено беше фокусиран кон жените што беа вклучени во предизборниот процес. И овојпат ...
Скопје е мојот град. Што ми значи тоа „мојот“? Па, тука сум родена. Тука се родени моите родители, моите баба и дедо. Тука учев. Овде ми се случи првата љубов. Тука стекнав многу пријателства кои траат. Во овој град се вработив на неколку места. По семејството и образованието, излегувањата во бројните скопски кафулиња со различно убави содржини, беа мојата втора животна лекција. Градот ми ја пружи и онаа уличната светлина. Улично културната, ...
Во гостувањето на „Вистинска телевизија“ во програмата „Скопје ми е дома – Општина Сопиште“ прикажана на 22.02.2024, градоначалникот на Општина Сопиште, г. Стефче Трпковски даде серија изјави за кои само може да се надевам дека се точни. За жал, искуството три и пол години како жител на Општина Сопиште ми налага изјавите и тврдењата на г. Трпковски да ги сметам за не многу веродостојни. Противречни изјави на г. Трпковски Во изјавите на г. ...
Голем број уметници се приклучија на светското движење за улична уметност познато како „Крени го гласот за Газа” (Unmute Gaza), кое ја користи креативноста и заедницата за да го привлече вниманието на тековната војна во Израел. Како поддршка на фоторепортерите, кампањата има за цел да биде потсетник на уништувањето што се случува секој ден. Дел од уметниците кои се вклучени во движењето се Ерон, Фејт XLVII, Ернест Захаревиќ, Есциф, Стефан Крише, ...
На 8-ми март, петок, во Europe House Skopje (Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје 1000), од 17:30 до 19:30 часот, ќе се одржи медитативна работилница насловена „Женски круг” предводена од Марина Анчевска и Дороти Пачкова. Поинаков 8 март, женска енергија, наша и на нашите предки Почни од себе Сакате да го подигнете вашето постоење, живеење, кариера, односи и што ли не, на едно повисоко ниво? Тогаш најсоодветно е да почнете од себе. Ова го изјавуваат ...
Во рамките на изложбата „Станица Пропаганда” на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, во организација на Факултет за работи што не се учат (ФРУ) и Музејот на современата уметност – Скопје, на 2 март, во 12 часот, во МСУ ќе се одржи Школата за пропаганда: „Антиквизациска пропаганда. Од Скопје 2014 до Скопје - Eвропска престолнина на културата 2028” Школата за пропаганда во Скопје има намера да создаде привремена дискурзивна платформа со ...
Етиката на сингуларноста и блискоста Нагласката што ја става врз сингуларноста на говоречките суштества ја носи Кристева во разговор со Жан Лик Нанси и со тоа ја позиционира нејзината теорија за попреченоста како дел од еден поширок дијалог околу преопределувањето на политичката сфера во светлината на специфичните проблеми на глобалниот, постмодерен капитализам. Ова вклучува прашања, на пример, за тоа како да ги преобмислиме политичките проблеми ...
Славниот новинар Крис Хеџис апелира дека екстрадицијата на Џулијан Асанж ќе значи сигурна смрт на слободата на печатот, на истражувачкото новинарство, на вистината и на демократијата во Западниот свет. Колку тажно и наивно: и овој ветеран на занаетот, што ги видел сите зла на светот, уште не може да се помири со фактот дека смртта на вистината воопшто веќе не зависи од одлуката на Високиот суд во Лондон, од проста причина што таа веќе одамна е ...
(Кон претставата „Странци“ по текстот на Паоло Ѓеновезе во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Драмскиот театар од Скопје. Главни улоги: Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Сања Арсовска) Паоло Ѓеновезе како етаблиран италијански режисер во сценариото на својот филм од 2016 година „Странци“ кој беше еден од најгледаните во таа година и добитник на престижната награда Давид и Донатело зборува за ...
Во Музејот на современата уметност – Скопје, на 1 март, сабота, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Станица пропаганда” на холандскиот уметник Јонас Стал. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. „Станица пропаганда” е нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда, како и алатките и можностите на ...
За време на вонредното обраќање до граѓаните претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека Србија ќе остане неутрална кога станува збор за Џони Деп и Амбер Херд. Тој рече дека трпи страшни притисоци од сите страни да заземе страна, но нема да го направи тоа па дури и да го тепаат со стапови по глава. - Над Србија надвиснаа огромни и градоносни облаци. Нема да кријам од граѓаните дека се наоѓаме во тешка ситуација, можеби и најтешката во ...
Позиционирајќи ја правдата за луѓе со попреченост како сила што го обликува поширокото политичко имагинарно, оваа статија ја проценува корисноста што теоријата на попреченоста на Јулија Кристева ја има за движењата за правда на луѓето со попреченост. Кристева развива теорија на динамичка и преобразувачка „интеракција“ со различни отелотворувања како основа за културна револуција заснована на признавање на сингуларноста на ранливоста. Оваа ...
Откако во 1966‒та година Би Би Си го забрани мојот филм The War Game (1965) (во кој се занимавам со последиците од употребата на нуклеарното вооружување), преокупиран сум со сè поголемото „заглупавување“ на масовните аудио‒визуелни медиуми (МАВМ) и развојот на она што сега го нарекувам „медиумска криза“. Во клучните елементи на оваа криза спаѓаат исклучително ограничената агенда на МАВМ, наметнатиот подем на медиумската популарна култура, ...
Сите знаеме дека во одреден момент динамиката во нашите семејства ќе се смени и младите ќе мора да почнат да се грижат за постарите. Но, краткиот филм „Превртено”(Flipped) на Хенд Исмат и Ламиа Диаб ја предлага оваа промена многу порано од очекуваното, наоѓајќи хумор во промената на односите родител-дете во раните фази од животот. Користејќи рачно нацртан, речиси детски стил на анимација и подредување на серијата вињети кои покриваат еден ден ...
Фотографија на Том Бразил од перформансот на Лиза Нелсон и Стив Пакстон на PA RT, во списанието „Танц“ од 1987 година. Почина Стив Пакстон, пред три дена, на 85-годишна возраст. Пакстон беше дел од малиот круг луѓе кои танцот како уметничка форма го доведуваа до крајноста на неговата еманципација од традираните претпоставки на таа уметност. Пред петнаесет години нашата група BADco. замисли дело во чиј фокус беше токму Стив Пакстон. Горан Сергеј ...
Деновиве интензивно се пишува за двајца политички затвореници. Западните весници оценуваат дека двајцата биле „оставени да умрат на рати“, бидејќи така сакале моќниците. Алексеј Навални лежи мртов во некој фрижидер. Обдукцијата ќе покаже дека умрел најприродно од сите природни смртни случаи, некакво згрутчување, срце, што и да е, се случува. Џулијан Асанж уште мрда, но само како лушпа од поранешен човек. Сè уште не е конечно решено дали тој ќе ...
Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор стануваат сè поизразени преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во онлајн просторот кај нас и во регионот. Сведоци сме дека родово-базираното насилство директно се прелева, преку екраните во реалноста, а слабата системска поддршка и помош како и манипулациите и злоупотребата на фотографии, видеа и ...
Денес, 22 февруари, во Белград, во просториите на Културниот центар „Магацин” започнува тридневната конференција со наслов „Crossing the Line: Collaborative Perspectives on the Future of Culture“/ „Преминување на линијата: Колаборативни перспективи за иднината на културата”. Конференцијата „Преминување на линијата: Колаборативни перспективи за иднината на културата” е во организација на „Кооператива” - Регионална платформа за култура и ...
Како и многу други, првпат слушнав за Дарија Дугина на 20 август 2022 година, денот кога таа беше убиена во експлозија на автомобил‒бомба. Иако претходно беше во голема мера непозната надвор од Русија, оваа трагично почината млада жена постигна светска слава во периодот по нејзината смрт. Не само што глобалните медиуми, од Би‒Би‒Си до Њујоркер и Њујорк Тајмс, пишуваа за неа, туку и во Србија преку ноќ, нејзиното име почна да се извикува на ...
На 29 јануари Илон Маск објави дека првиот пациент добил имплант од Neuralink, стартап за мозочен чип на милијардерот кој ветува дека детекција на нервните импулси (под „импулси“ се смета активноста на невроните кои користат електрични и хемиски сигнали за да испратат информации низ мозокот и понатаму низ телото). Американската Администрација за храна и лекови минатата година дозволи компанијата да го тестира имплантот на луѓе, оправдувајќи ја ...
Хамако Мори е најстарата гејмерка која неодамна наполни 94 години. Таа има свој Јутјуб канал со пола милион следачи и во 2020 година влезе во Гинисовата книга на рекорди. Хамако игра игри повеќе од четириесет годни и е навистина добра во тоа, а на нејзиното интервју по добивањето на признанието кажува дека игрите многу ѝ го подобриле квалитетот на животот. Таа започнала да игра на конзолата Cassette Vision која беше официјално објавена во ...
Утре, 22 февруари, во организација на платформата за театар „Културен центар Медиа Артес” од Охрид, во КСП Центар Јадро, со почеток во 20 часот, ќе се одржи театарскиот перорманс „Лилит”. „Лилит ” е првата фаза од театарското истражување насловено „Notebook of Silence”, соработка помеѓу Алесандро Ола, Јасмина Билаловиќ и Јелена Вуксановиќ. Проектот е замислен во различни фази кои оживуваат, во различни контексти, простори и кои вклучуваат ...
Од укинувањето на воениот рок во јавниот простор во редовен ритам се појавува темата за можност на негово повторно враќање. Мотивот секогаш е ист и се стреми кон понатамошна политичка поларизација: секако, националистите ќе бидат за, никогаш не се знае кога повторно ќе треба да се брани земјата, а либералите ќе бидат против зашто се пацифисти и зашто, наводно, цивилизациски сме го надминале војувањето какко такво. Значи, темата се појавуваше ...
Денес во светот се одбележува Денот на социјалната правда. Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007 година, 20 февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда. Со тоа, меѓу другото, Генералното собрание ги покани земјите-членки да се посветат на активности кои ќе ја сензибилизираат јавноста за важноста од унапредување на социјалната правда, елиминирање на проблемите со сиромаштијата, ...
Јануари е најдепресивниот месец во годината, сметаат психолозите, затоа што носи меланхолија по екстаза (доживеана во „катаклизмичните“ празнувања), но, веројатно и затоа што е долг и често најстуден месец, па луѓето остануваат затворени во своите домови. Во јануари чувствуваме и размислуваме за осаменост, за изолација, но кроиме и планови за разни отпочнувања на нешто ново, или за завршувања на некои стари навики, или пак, за разрешување на ...
„Претстава за животот во време на изумирање”, во Литванскиот народен театар Возејќи велосипед на сцената, актери од Литванија произведуваат струја за изведба на претстави. Театарското дело кое го напојуваат „нозете” на актерите има симболично и предупредувачко име „Претстава за животот во време на изумирање”. Се занимава со придонесот на климатските промени во шестото масовно изумирање. По само седум минутно вртење на педалите на велосипед кој ...
Алексеј Навални, рускиот опозициски политичар, речиси два месеци е во затвор, каде пред две недели започна штрајк со глад*. Неговите адвокати ја следат неговата сè полоша физичка состојба и известуваат за тоа. По посетата на Навални во понеделникот, неговата адвокатка Олга Михајлова рече дека изгубил 15 килограми. Го губи чувството во рацете; веќе ја изгуби делумната подвижност на нозете. Кашла и има температура. Одбива храна сè додека не се ...
Непрофитната компанија „Пакомак” објави награден конкурс со наслов „Trash for art 2024”, за уметничко дело од амбалажен и електронски отпад како дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на „Пакомак”, „Нула Отпад” и „Прилепска Пиварница”. Собирај амбалажен и електронски отпад, и отпадни батерии, направи уметничко дело и стани дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на „Пакомак”, „Нула Отпад” и „Прилепска Пиварница”. За делата ...
Хронологијата на верски инспирираниот расизам насочен кон Евреите, познат како антисемитизам, би требало да почне со својата нулта година некаде во четвртиот век од нашата ера, кога императорот Константин го официјализирал христијанството како легитимна вероисповед во Римското Царство. Претходните премрежиња на еврејските рани држави, нивните голготи под асирското царство или вавилонското ропство од времето на Набукодоносор, па и маките со Рим, ...