Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност, соопштуваат од Град Скопје. -Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема ...
Тирана, 7 август 2026 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. - ...
Вашингтон, 6 август 2026 (МИА) - Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во ...
Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт.. Состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 80 мл масло 180 мл јогурт 150 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво 80 грама мелени бадеми 200 грама вишни 10 грама ливчиња бадеми 20 грама кафеав шеќер Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко ...
Вашингтон, 6 август 2026 (МИА) - Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар и други. На платформата „Дизни ...
Вашингтон, 6 август 2026 (МИА) - Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки - Таа во моментов е во студио - рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си. Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ...
Париз, 7 август 2026 (МИА) - Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид ја поттикнаа љубопитноста на јавноста откако беа забележани заедно во Париз со прстени на левата рака. Тие биле фотографирани додека шетале низ градот, со прстени со сличен дизајн. Двојката била видена и како се држи за раце по излегувањето од теретана, каде што прстенот на Хадид бил особено забележлив. Фотографиите беа објавени само два дена откако Купер бил ...
Доколку сакате брз, вкусен и едноставен оброк, овие домашни хот-дог лепчиња се вистинскиот избор. Со неколку основни состојки ќе добиете меки и миризливи печива што совршено се комбинираат со виршли, а по желба можете да ги збогатите со сусам или со омилените додатоци. Потребни состојки (за 6 хот-дог лепчиња): 7 големи лажици брашно 1 рамна мала лажичка сол ½ кесичка прашок за печиво 1 јајце околу 200 мл јогурт 6 виршли сусам за наросување ...
Пјонгјанг, 7 август 2026 (МИА) – Додека Корејскиот Полуостров го погодува топлотен бран, севернокорејските државни медиуми предлагаат сè, од супа од кучешко месо до пилешка супа, како начини за справување со жештините, а Ким Џонг Ун го прикажуваат како лидер кој ги поднесува тешките услови заедно со својот народ. Државната телевизија вчера јави дека температурата достигнала 36,7 степени Целзиусови, што е највисока температура откако во ...
Токио, 6 август 2026 (МИА) - Јапонската полиција уапси 32-годишна жена под сомнение дека го попречувала работењето на издавачката куќа „Shueisha Inc.“ со тоа што нарачувала производи повеќе од 2.000 пати, а потоа ги откажувала. Мају Јошида ги прифатила обвиненијата изјавувајќи дека тоа го сторила поради стрес. Според полицијата, таа од јули 2024 до мај 2025 година, нарачувала големи количини фигурини и други производи поврзани со популарната ...
Амстердам, 7 август 2026 (МИА) – Ресторанот „Mia“ од местото Сантпорт-Норд во холандската провинција Северна Холандија направи тирамису долг 300 метри, за кој сопствениците тврдат дека претставува нов национален рекорд. За подготовка на десертот биле потрошени околу 15.000 бисквити (пишкоти), тон крем, а беше сервиран на 138 пивски маси, додека во неговата изработка учествуваа околу 120 вработени и волонтери, пренесува порталот „RTL.nl“. - ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Доколку правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизираат ризиците од западнонилска треска, но и од други болести што се пренесуваат преку комарци, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски. Поради тоа што тигрестиот комарец се размножува и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат застоена вода околу домовите. - Најголем ризик за тешка форма на западнонилска треска ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата - носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. - Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно - засновани информации за здравјето и развојот на децата. Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини, соопштија денеска од Институтот. Новите содржини на апликацијата вклучувале прашалник за родители - „Доење: практики, ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Како што се додава во соопштението, по целосно ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа за превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот. - Денеска во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на целата територија на нашата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Оружје било пронајдено при претрес во село Стрезовце, приведен бил 77-годишен кумановец, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 17:35 часот во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР - Куманово го лишија од слобода К.И., 77-годишен кумановец, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Лишен од слобода е возачот кој во Скопје со „фиат пунто“ удри пешак и избега од местото на настанот, информираа од Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека возилото е одземено и следува пријава. - Полициски службеници од СВР - Скопје вчера го лишија од слобода Н.Н., 19-годишник од Скопје, затоа што на 5 август во 21:20 часот на крстосница од улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“ во градот, со ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава, најавија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 17 часот во градот, полициски службеници од СВР - Скопје го лишија од слобода И.А.Л.. 34-годишен скопјанец. Претходно, во 15:10 часот на улицата „Пролет“ во градот, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Приведени биле две лица од струшкото село Радолишта поради поседување оружје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека следуваат соодветни поднесоци. - Синоќа во 22:45 часот на локален пат кај струшкото село Вишни, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи - Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), ...
Дебар, 7 август 2026 (МИА) – Во рамки на засилените активности со цел поголема безбендост во сообраќајот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи, лишиле од слобода дебранец кој управувал патничко моторено возило без возачка дозвола. -Вчера во 11:45 часот на улица „Неџат Аголи“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Е.Р.(19) од село Селокуќи, дебарско. При сообраќајна контрола, полициските службеници ...
Куманово, 7 август 2026 (МИА) - Четириесет и двегодишен жител на село Опае, општина Липково, пријавил дека неговото патничко возило „БМВ“, паркирано во дворно место, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Вчера, во 21:50 часот во Полициското одделение Матејче, Н.А. (42) од село Опае пријавил дека неговото возило „БМВ“, кое било паркирано во неговиот двор, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Од СВР Куманово информираат ...
Прилеп, 7 август 2026 (МИА) - Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) – Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата за МИА ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош - Скопје. Според првичните информации, момчето - мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година. - По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје - по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. - На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт. -Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон ...