Атина, 7 август 2026 (МИА) – По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, односно несоодветни за употреба, јави ...

Тирана, 7 август 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отповикал амбасадорите на Украина во Албанија, Хрватска и Црна Гора, согласно претседателските уредби објавени вчера. -Според уредбата отповикан е Володимир Шкуров од функцијата амбасадор во Албанија, кој на оваа дипломатска задача беше од април 2020 година. Васил Кирилич, е отповикан од амбасадор на Украина во Хрватска, како и Олех Херасименко, амбасадор на Украина ...

Атина, 7 август 2026 (МИА) – Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во ...

Тирана, 7 август 2026 (МИА) - Во текот на последните 24 часа, во Албанија регистрани се 30 пожари, од кои осум се сè уште активни, објави Министерството за одбрана. „Во гаснењето на пожарите се ангажирани 54 противпожарни возила и 502 оперативни сили, во координација со Националната агенција за цивилна заштита, префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. Во поддршка на операциите вклучени се и 110 припадници на ...

Атина, 7 август 2026 (МИА) – Со помош на дронови и современи технолошки алатки како дел од системот на контроли за зајакнување на теренските инспекции со цел брзо откривање на прекршувања, низ цела Грција биле спроведени над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси во рамките на примената на законската рамка за заштита на крајбрежјето и плажите и обезбедување слободен пристап за граѓаните, јави дописничката на МИА од ...

Белград, 7 август 2026 (МИА) – Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната - изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите ...

Приштина, 7 август 2026 (МИА) – Генералниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, е прогласен за персона нон грата и му е изречена трајна забрана за влез во Косово, објави регионалната телевизија Н1, повикувајќи се на документ во кој имала увид. Според Н1, косовското Министерство за внатрешни работи го прогласило српскиот државјанин Владимир Лучиќ за непожелно лице и му забранило трајно да влегува, транзитира и престојува во Косово, ...

Подгорица, 7 август 2026 (МИА) – Во Црна Гора денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за младите возачи и корисниците на електрични тротинети, повисоки казни и проширени овластувања на полицијата и општинските служби, јави агенцијата МИНА. Една од најзначајните измени се однесува на возачите на возраст од 18 до 21 година. Тие нема да смеат да управуваат ...

Будимпешта, 7 август 2026 (МИА) – Унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека преговорите за купување на мнозинскиот руски удел од 56,15 проценти во Српската нафтена индустрија (НИС) влегуваат во завршна фаза. Во извештајот за финансиските резултати за вториот квартал од годинава, МОЛ го издвои потпишувањето на договорот меѓу акционерите за идното управување со НИС, склучен на 16 јуни со Владата на Србија, како еден од „најважните настани“. ...

Париз, 7 август 2026 (МИА) - Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше ...

Скопје, 6 август 2026 Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на пратеникот Петар Марков, што МИА го објавува интегрално. ...

Скопје, 6 август 2026 Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук статусот на ...

Скопје, 6 август 2026 Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека последните изјави на претставниците на Владата се доказ дека се водат тајни разговори за европскиот пат на државата и дека Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, кој две години го претставуваше како штетен за Македонија, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Жерновски ...

Скопје, 6 август 2026 Со секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее. И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години ...

Скопје, 7 август 2026 На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита, се вели во соопштението на ПП Левица што МИА го пренесува интегрално. Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на ...

Скопје, 7 август 2026 Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова од СДСМ, што МИА го пренеесува интегрално. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат ...

Скопје, 7 август 2026 Во Ново Село, се случи нешто што не смее да се премолчи. Млади активисти на СДСМ беа нападнати од тепачи на Мицкоски. Младите стоеја мирно. Носеа транспарент за вистина - дека Гостивар се труе со вода, дека луѓето се разболуваат, дека државата молчи и нема одговорност. И за тоа беа нападнати, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, што МИА го пренесува ...

Скопје, 7 август 2026 Почитувани, Од економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на пратеникот Сергеј Попов, кое МИА го пренесува интегрално. Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две ...

Скопје, 7 август 2026 Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Вчера Венко Филипче со панична прес-конференција од Ново Село сакаше да го сврти вниманието и да ги прикаже за жртви оние кои тој ги нарече деца. Всушност, вистината е сосема поинаква, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, кое МИА го пренесува интегрално. „Децата“ на Филипче, кои ги ...

Скопје, 7 август 2026 Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешнешните прес-конференција на СДСМ и СДММ, што МИА ја ...

Скопје, 7 август 2026 Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција што МИА го објавува интегрално. Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на ...

Скопје, 7 август 2026 Евростат повторно објави податоци. Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка ...

Скопје, 7 август 2026 Неколку јасни бројки за "економските експерти" на СДСМ. Особено за тие кои седум години водеа важни ресори во владата и ги координираа сите економски текови во Македонија и ја оставија убедливо закована на дното. Зошто е важно на талогот да се одговара со факти и аргументи ? Бидејќи стратегијата на тој талог е едноставна: креирање лажна кампања со тотално лажни и неточни тези и потоа создавање на хистерија која е далеку ...

Охрид, 7 август 2026 (МИА) - По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од ...

Битола, 7 август 2026 (МИА) - Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира. -Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, соопштија од Општината. Со тоа, како што наведуваат оттаму, Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите Новата фитнес зона е една од ...

Делчево, 7 август 2026 (МИА) – Делчево вечерва го започнува тридневниот музичко-фолклорен фестивал во рамки на Делчевското културно лето, со богата програма која обединува традиционален фолклор и концерти на познати музички имиња. Организаторите очекуваат во текот на викендот градот да го посетат илјадници гости од земјава и соседството. Фестивалската програма започнува во 18 часот со дефиле на учесниците на 31. издание на „Голачките ...

Делчево, 7 август 2026 (МИА) – Делегации предводени од градоначалниците на италијанските општини Новело, Монфорте д'Алба и Родино деновиве престојуваат во Делчево, во рамки на возвратната посета со која се продлабочува соработката меѓу македонската општина и трите италијански партнери. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска оствари средба со градоначалникот на Новело, Марко Паларо, градоначалникот на Родино, Марко ...

Куманово, 7 август 2026 (МИА) - Креативни работилници, младински филмски фестивал, вечери за дружење, спортски активности и јавни разговори за младинските политики, Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) по четврти пат ја организира „Неделата на младите“ во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите. - Веќе започнаа дел од активностите. Годинава стартувавме со креативна работилница за цртање, која беше организирана на иницијатива на ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Општина Карпош соопшти дека продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Како што информираат од општинската прес-служба, во изминатиот период се работело во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа, како што посочуваат, реконструирани се детските реквизити, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.58
60%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.69
71%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.28
76%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
66%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.3
72%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.22
93%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
49%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.49
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.2
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Сребро

2005.37

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Бакар

13.54