Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Во Демократска Република Конго, бројот на лица за кои има сомневање дека се заразени со ебола изнесува 1.028, споредено со 906 претходниот ден, изјави министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Тој рече дека има 225 потврдени случаи со оваа инфекција. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани десет потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, ...
Албанија го отфрли барањето на Русија, дипломатите и странските државјани да го напуштат украинскиот главен град Киев. Во исто време го осуди инцидентот со паднатиот руски дрон во Романија и ја на нагласи континуираната поддршка за Украина. Министерот за Европа и надворешни работи (МЕНР), Ферит Хоџа ова известување од Русија го оцени како „целосно неприфатливо“ и порача дека Албанија нема да се повлече. „Албанија го смета известувањето на ...
Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...
Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, ...
Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу ...
На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. -Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено ...
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Но, во исто време јасно велиме дека проширувањето како процес мора да биде фер, предвидлив и заснован на истите правила коишто важат за сите кандидати, рече словачкиот претседател Петер Пелегрини на денешната прес-конференција по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова која е во официјална посета на ...
На 01.06.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(50) од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик. При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис. ...
ОВЕН Денеска ќе постигнете добри резултати, доволно е да покажете решителност и да сте активни и на професионален и на личен план. Сепак, внимавајте да не ја наметнувате вашата волја, доколку вашиот партнер има различно мислење, прифатете го со разбирање. Успехот денеска бара рамнотежа меѓу иницијативата и почитта. БИК Денеска ќе почувствувате олеснување доколку решите семеен проблем или лична желба што ја негувате долго време. Моментот е ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...
Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, државата доби нови ...
Македонија останува на своите позиции. Премиерот Христијан Мицкоски, пред денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта истакна дека ставот на земјата е непроменлив. -Немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај. Ние покажуваме дека сме компетитивни, дека имаме капацитет, знаеме и сакаме да го изодиме овој процес бргу. Имаме знаење, без да имаме извесен крај не ...
Веста дека Мина Костиќ е примена во Специјалната болница за психијатриски болести „Лаза Лазаревиќ“ привлече големо внимание во јавноста и предизвика бројни шпекулации. Според медиумските извештаи, пејачката наводно била хоспитализирана по инцидент поврзан со агресивно однесување, а по извршените прегледи, лекарите одлучиле да ја задржат на понатамошно набљудување и стручен надзор. Сè уште не е познато што точно претходело на нејзината ...
Германската влада одобри измени во градежните прописи со кои за првпат формално се признаваат ноќните клубови како културни институции, што би можело да помогне во зачувувањето на загрозената клупска сцена, особено во Берлин. Според предлогот на кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц, клубовите повеќе нема да се класифицираат заедно со бордели, казина и барови за возрасни, туку ќе им се даде статус на простори со културна и уметничка вредност. ...
Женската интуиција скоро никогаш не може да погреши. Кога жената ќе почне да се сомнева дека маж ја изневерува, многу е веројатно дека е на добар пат да открие нешто. Сепак, постојат и знаци на кои можеме да се потпреме ако сакаме да откриеме дали нашиот партнер прави нешто „зад наш грб“. Ова секако не значи дека треба веднаш да го обвините за измама, но важно е да обрнете внимание на неговото однесување. Тој се однесува чудно Кога поминувате ...
Мислењата за физичкиот изглед се поделени. Додека некои сметаат дека физичкиот изглед не е важен кога станува збор за избор на партнер, други сметаат дека тој игра важна улога. Секоја жена има свои критериуми врз основа на кои бира маж со кој ќе биде во врска, но не е неточно дека постои еден тип на маж на кој ниту една жена не останува рамнодушна. Научниците открија на што паѓаат жените. Брада Истражувањата покажаа дека овој тип на момци ...
Жените, кога ќе почувствуваат конкуренција, прават разни работи со цел да го „спасат“ мажот кој имале намера да го освојат, но и да се ослободат од ривалките. Истражувачите разгледале тактики што ги користеле жените за да се справат со конкуренцијата додека заведувале маж. Тие научиле дека тактиката може да биде успешна, но не на долг рок. Конкурентен флерт е израз што значи флерт со кој жената сака да му соопшти на мажот кога е ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“. „Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на ...
Чешката Република веројатно оваа година нема да ја исполни целта на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана на два проценти од бруто домашниот производ, изјави премиерот Андреј Бабиш во денеска објавено интервју за „Фајненшл Тајмс“. „Ќе направиме сѐ што можеме за да го исполниме ветувањето“, изјави Бабиш за весникот, но додаде дека неговата влада се справува со буџетски дефицит поради прекумерното трошење на неговиот проевропски ...
Пет пациенти заздравија од реткиот вид ебола, објави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, за време на посетата на градот Бунија, во источен Конго, што се смета за центарот на епидемијата, објавија американските медиуми. -Четири лица денеска ќе бидат отпуштени од болницата, а едно веќе беше отпуштено завчера, рече Гебрејесус за време на отворањето на нов центар за третман на ебола во Бунија, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот. Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател ...
Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување. Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата. Според експертите, главна ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста и граѓаните на град Скопје дека во тек е последната недела од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Рокот за искористување на можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата истекува на 05.06.2026 година. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат ...
Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската ...
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...
Мирот бара храброст, толеранцијата бара лидерство и демократијата од секој од нас бара да избереме одговорност пред поделба, достоинство пред омраза и соработка пред конфронтација – порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир. На пленарната сесија, која се одржува во македонското Собрание на тема „Унапредување на толеранцијата и ...
На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи ...
ОВЕН Денеска ќе почувствувате потреба да се впуштите во ново искуство, без разлика дали станува збор за романтична авантура, возбудливо хоби или креативна идеја. Следете го вашето срце и не дозволувајте вашиот ум да го потисне она што ви носи радост. На професионално поле, не плашете се да покажете поинаков пристап и да ја искористите вашата инспирација. БИК Денеска ќе имате можност да разјасните прашање поврзано со семејството или ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...