Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Зголемената неизвесност на финансиските пазари и намалената подготвеност на инвеститорите за ризик предизвикаа нов бран на распродажба на криптовалутите, при што Биткоинот повторно се спушти под границата од 60.000 долари. Најголемата криптовалута во средата забележа пад од околу пет проценти и се тргуваше по цена од приближно 59.460 долари, откако претходно се движеше околу психолошкото ниво од 60.000 долари. Сличен тренд беше забележан и ...
Дипломатската нота за која реагира македонскиот премиер се однесува за „настани од далечно минато“, реагира бугарското МНР во врска со скандалот со објавување доверлива нота за патувањето на синот и сопругата на Христијан Мицкоски кои го посетиле Пампорово. Официјална Софија тврди и дека не дистрибуирала нота со информации за членови на семејството. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина забележа важна победа од 3:1 над Катар во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство, со што направи голем чекор кон пласман во следната фаза од турнирот. Во истата група, Швајцарија славеше над Канада со 2:1 и го обезбеди првото место и пласман во 1/16-финалето. Во Сиетл, Босна и Херцеговина ја победи Катар со 3:1 во натпреварот од третото коло во групата Б на Светското ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас во рок од неколку секунди. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објавува дека најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 ...
Застрашувачки снимки од безбедносни камери се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа моментот кога разорниот земјотрес ја погоди Венецуела. Една од снимките јасно ја покажува силата на земјотресот на улиците на главниот град. Земјата одеднаш почна силно да се тресе, додека исплашените минувачи трчаа за да се засолнат. За неколку секунди, градежни материјали почнаа да паѓаат од блиските згради, а густ облак од прашина наскоро ја покри ...
Сериозна загриженост во МНР Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го повикал бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота поврзана со посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија. Според Муцунски, дополнителен проблем претставува и тоа што со објавувањето биле откриени лични податоци. Муцунски очекува извинување „Јас ...
Една од главните теми на редовните министерски состаноци на земјите членки на НАТО се и конфликтите. Тука повтрорно на пиедесталост се става Украина, односно која земја на кој начин ќе учествува, бидејќи потребите повторно се зголемуваат од она што го бара Украина кон сите земји членки на НАТО но и да го сподели сето она што се случува таму на виените дејствија, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „Со факти“ на МРТВ министерот за ...
Саит Саитов, 19-годишник од Скопје, денеска е екстрадиран од Република Србија во Македонија. Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за кривични дела поврзани со безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според МВР, Саитов се сомничи и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Станува збор за кривично-правен настан што се случил во Скопје на 9 јануари 2026 година. По екстрадицијата, на ...
Изразувајќи задоволство што е дел од најпрестижната поетска манифестација, шефицата на македонската држава подвлече дека Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто, како што рече претседателката, песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. – Струга видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на Златниот венец, ...
Истакнат лекар со повеќедецениска кариера По кратко боледување почина д-р Душан Јовановски, познат македонски лекар и специјалист радиолог со повеќе од четири децении професионална кариера во здравството. Д-р Јовановски својот професионален пат го започнал во Здравствениот дом во Кратово во 1989 година, каде што во периодот од 2005 до 2009 година ја извршувал и функцијата директор. Дел од спортската медицина Покрај работата во здравствените ...
Девет пожари на отворено до 18 часот На територијата на државата до 18 часот биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Активен пожар во Штип Активен пожар има во Штип, каде што гори депонија. Под контрола е ставен пожарот во општините Свети Николе и Лозово, односно во селата Делисинци и ...
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна. Хуманите акции и активности на вработените од ...
Интерпелацијата за министерот на МВР во фокусот на Собранието Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, на денешната собраниска седница се осврна на интерпелацијата поднесена од опозицијата за министерот за внатрешни работи. Тој праша зошто се бара смена на министер кој, како што рече, работи посветено, покажува резултати и е отчетен пред јавноста. „Дали треба да се напаѓа човекот кој се бори да ја направи државата побезбедна, ...
Кривична пријава за попречување службени лица Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска заработи кривична пријава откако, според информациите од полицијата, во мај годинава се обидела да ја попречи акцијата за заловување и заплена на добиток што ја спроведувале надлежните служби во кривопаланечкиот регион. Од СВР Куманово информирале дека е поднесена кривична пријава против 28-годишната Ј.Ѓ. од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за ...
Уништени две хемиски гранати Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска одржа прес-конференција во просториите на ДЗС. Тема на прес-конференцијата беше уништувањето на две хемиски гранати од 75 милиметри, со екстремно отровен боен отров. Станува збор за неексплодирани убојни средства со хемиско полнење од Првата светска војна. Апел до граѓаните Од ДЗС упатија апел до граѓаните доколку пронајдат неексплодирани ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
Вработените во јавното претпријатие Национален парк Пелистер спасиле младенче од срна, кое било нападнато од бездомно куче, и успеале потоа да го вратат кај неговата мајка. „Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини, спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на имитирање звуци малата срна беше повторно споена со својата ...
Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како „бугарски револуционер“. Грчките власти не биле известени, ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата. Бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција. На мермерната плоча, поставена на остатоците од ...
11-годишниот Македон Димитровски од Македонија постигна исклучителен резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени, при што 740 поени освоил по математика и 700 поени по англиски јазик. Станува збор за тест кој е стандардна приемна проверка за запишување на универзитети во САД и се користи за оценување на академската подготвеност на средношколци. Според објавата на неговото семејство, овој резултат го става меѓу највисоко рангираните ...
Електричните тротинети во иднина би можеле да бидат предмет на значително построги правила во сообраќајот, откако Владата предложи измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои се ограничува максималната брзина и се заострува казнената политика. Предлог-измените, кои се најдоа на дневен ред на денешната пленарна седница во Собранието, предвидуваат електрични тротинети да можат да управуваат само лица постари од 18 години, а ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години — рекорден број во толку краток временски период. Уште на самиот почеток, Тошковски нагласи дека демократското право на опозицијата го почитува целосно, дека не е бегал ниту ќе бега од расправа, и дека нема причина да се крие. „Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што ...
Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето (ДЗР) на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата. Важно е да се нагласи дека предмет на ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички лица и две правни лица, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на европски средства. Кривичните пријави се поднесени против Б.Г. и Г.Ф. во својство на надзорни инженери, како и против Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и ...
„Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза и домашна визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Везилка – Националната фабрика ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски побара претседателот на СДСМ Венко Филипче да го осуди објавувањето на дипломатската нота со податоци за престојот на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија. – Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на семејството на премиерот ...
Денеска, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 година бил професор по теорија и практика на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...
Ставрос Цимас, познат грчки новинар, во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ објавува детали за средба меѓу тогашниот македонски премиер Зоран Заев и претставници на новата грчка власт, одржана во август 2019 година во Фурка на Халкидики. Според неговото сведоштво, разговорите се одвивале во период кога постоела неизвесност околу односот на новата грчка влада кон Преспанскиот договор и европската перспектива на Македонија. ...
Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Од поважните тековни процеси, ...
Бугарскиот амбасадор во земјава вчера бил повикан во нашето Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиМТ) и од него било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Истовремено за случајот се информирани и претставници на нашите стратешки партнери и НАТО, информираше денеска на ...