Израелската армија соопшти дека тројца припадници на Хамас, за кои се верува дека биле поврзани со нападот од 7 октомври 2023 година, биле убиени во Појасот Газа. Двајца од нив биле ликвидирани во текот на ноќта во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, додека третиот припадник, член на елитните сили „Нукба“, бил убиен во неделата во Хан Јунис. Двајца убиени во Деир ал Балах Според израелската армија, двајцата припадници на Хамас ...

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако било прегазено со џип управуван од неговиот татко. Детето поради сериозноста на повредите било пренесено од Тетово во Скопје. Несреќата се случила во неделата, 23 август, околу 8:30 часот. Според информациите од полицијата, 42-годишниот В.С. од Тетово управувал патничко возило „Фолксваген Туарег“ без регистарски ознаки. Додека се движел наназад со возилото, со ...

Пожарот кој неколку денови беше активен на планината Жеден е ставен под целосна контрола, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Огнената стихија навлезе во атарот над селото Бојане, а според Ангелов, се очекува целосно да биде изгасната. Чадот што се чувствуваше во Скопје значително ќе се намали Ангелов посочи дека со ставањето на пожарот под контрола значително ќе се намали и чадот кој ...

Заврши првата уписна фаза за запишување студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026-2027 година. За студиските програми на македонски јазик се пријавиле околу 1.150 кандидати, што претставува повеќе од 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. На 12 факултети и три академии на УГД годинава е забележан зголемен интерес, а најголем и понатаму е интересот за Факултетот за медицински ...

Полицијата за само пет часа регистрирала 140 сообраќајни прекршоци кај возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли на територијата на целата држава. Во рамки на акциската контрола биле поднесени и осум кривични пријави. Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи ја спровел контролата вчера, во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Најголем дел од прекршоците, односно 102, се однесувале на управување без задолжително ...

Колумна на Кире Михаилов, заменик директор на Македонски Шуми за Денешен. Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места ...

Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ...

Киев денеска беше домаќин на европски лидери кои пристигнаа на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во исто време, Европската Унија и Велика Британија најавија нова воена поддршка за Киев во неговата одбрана од Русија. Меѓу лидерите кои отпатуваа во украинската престолнина беше и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Брисел во меѓувреме одобри нова транша од 6,1 милијарда евра, односно 7,1 милијарди ...

Велика Британија и Албанија договориле трансфер на 200 затвореници, но за 3 години биле префрлени само 13. Околу 940 Албанци остануваат во англиските затвори. Албанците во последните 7 години биле најбројни меѓу странските државјани во британските затвори, објави „Сан“. Во моментов зад решетки во Англија има околу 940 Албанци. Голем дел од нив се осудени за вмешаност во продажба на кокаин или одгледување канабис. Британија и Албанија ...

Полициски службеници на граничниот премин Табановце вчера лишиле од слобода 27-годишен германски државјанин. Кај него била пронајдена марихуана за време на контролата при влез во земјава. Случајот бил регистриран во 11:30 часот, кога К.Г. бил запрен за контрола на граничниот премин. При извршениот преглед на возилото, полициските службеници ја пронашле и одзеле марихуаната. По лишувањето од слобода, германскиот државјанин бил спроведен во ...

Фудбалската топка со која Диего Армандо Марадона го постигна легендарниот гол познат како „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти. Продажбата се одржа во саботата во САД, објави Би-Би-Си. Топката „Адидас Ацтека“ повеќе од три децении беше во сопственост на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше судија на четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија на 22 јуни 1986 година во Мексико ...

Новите кабинети ќе овозможат практични експерименти, а паметниот пластеник ќе има сензори, автоматско наводнување, метеоролошка и агростаница. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта во Скопје. „Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека „Иран доживува целосен колапс“, неколку часа пред Вашингтон да ги објави деталите за новите економски санкции насочени кон Техеран. Трамп пораката ја објави на социјалната мрежа „Трут соушл“, откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно најави дека денеска ќе следува „економски Д-ден“ против Иран. Американскиот претседател претходно соопшти дека САД започнуваат ...

Стабилноста на македонската економија и ризиците што произлегуваат од увозната зависност и поскапувањата на храната и енергијата биле главни теми на денешната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Гувернерот оценил дека економијата бележи солиден раст, но оти овие показатели треба внимателно да се следат. Славески ја информирал претседателката за клучните макроекономски ...

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла кон скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се ...

Пратеници Албанци го бојкотираа одбележувањето на 35 години од независноста на Украина и ниту еден од десетте пратеници – членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на сесијата во македонското Собрание, објави Слободен печат. Пратеници Албанци не му простуваат на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неодамнешната изјава при посетата на Белград – дека Украина ги почитува ...

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево, Косово. Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешкото убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е тешко ранет од истрел и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја ...

Цело Скопје попладнево е под чад, а од Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково. Според ЦУК, ветерот го носи чадот кон главниот град, поради што во повеќе делови од Скопје се чувствува и се забележува значително присуство на чад. На пожарот кај Китка досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. . ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари, соопшти МВР. Против неа е поднесена кривична пријава за „измама“. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира Николоски, до крајот на годинава треба да се изготви и законот за крајбрежјата на Охридско, ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во ...

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. -Помеѓу нив имавме неколку исклучително тешки шумски пожари коишто избија во сред борова шума. Таков беше пожарот којшто изби во близина на границата со Бугарија, на територијата на општина Пехчево, во атарот на ...

Цело Скопје попладнево е под чад, а од Центарот за управување со кризи информираат дека зачаденоста доаѓа од активниот пожар во реонот на Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково. Според ЦУК, ветерот го носи чадот кон главниот град, поради што во повеќе делови од Скопје се чувствува и се забележува значително присуство на чад. На пожарот кај Китка досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. . ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид – Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид – Струга – ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе ...

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Лефков рече: „Така благодарение на овие ...

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка. Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. ...

Британскиот премиер Енди Бернам е во прва странска посета како британски премиер во Киев, каде што ќе достави планови за Украина за производство на сопствени крстосувачки ракети со долг дострел и ќе претседава со првиот состанок на Коалицијата на волјата. Предвидено е тој да добие и пофалба од име на британскиот народ за поддршката на Велика Британија за Украина и да учествува на настаните по повод 35-годишнината од Денот на независноста на ...

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани. Во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35