Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Државната изборна комисија на својата 28. седница усвои заклучок за објавување на конечноста на резултатите од вториот круг на предвремените локални избори во општина Брвеница. Одлуката е донесена врз основа на официјалниот записник доставен од Општинската изборна комисија на Брвеница, со кој се потврдува победата на кандидатот Аркин Јахији од редовите на Националната алијанса за интеграција. „Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...
Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано талкаат низ територијата на општина Крива Паланка, предизвикувајќи уништување на земјоделските посеви и сериозни штети врз приватниот имот на граѓаните. Локалните власти бараат од Владата итно да донесе одлука за прогласување на 30-дневна кризна состојба на подрачјето. За ова барање и за изнаоѓање трајно решение за долгогодишниот проблем, градоначалникот Сашко Митовски свика официјална ...
Пратеникот Антонио Милошоски во гостување во телевизиски дневник ја коментираше актуелната состојба во македонскиот правосуден систем. Тој го посочи Врховниот суд како клучен актер во процесите и ги отвори прашањата за судските епилози на предметите што предизвикуваат висок јавен интерес во државата. „Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното ...
Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди низ целата земја. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 1 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Според најавите, следува период на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потенцираат дек функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и ...
Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Како што соопшти Министерството за правда, Шасивари нагласи дека владеењето на правото и ...
Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот ...
Бројот на исчезнати лица во Непал по обилната поплава во хималајскиот регион се искачи на 826, соопштија локалните власти, со што вкупниот број исчезнати во Непал и Кина надмина 1.300. Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица кои се лекуваат во болници. Кина пријави три жртви и 558 исчезнати лица. Поплавата создаде огромни количини кал и предизвика одрон на карпи низ планинскиот граничен ...
Вашингтон и Пекинг во моментов се пред Брисел во трката за обезбедување критични минерали, неопходни за одбранбената индустрија и зелените технологии, оценува „Фајненшел тајмс“. Европските индустриски претставници предупредуваат дека Унијата ризикува дополнително да заостане зад САД во обезбедувањето на стратешките суровини, додека Западот се обидува да ја намали зависноста од Кина. Во вакви услови, домашните експерти укажуваат дека и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното отпочнување на реализацијата на проектот за интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Во рамки на настанот е предвидено и свечено потпишување на Договорот за реализација на интерконективниот гасовод Македонија-Србија. Настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното отпочнување на реализацијата ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија во периодот од 26 до 27 август до 07:30 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а 24 се изгаснати. Најсериозна е состојбата на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, каде што пожарот се шири од селото Моране кон Вртекица и Рамни Габер, како и по кракот кон Палиград. Огнот зафатил и ...
Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција. Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок ...
Од 1 септември на Меѓународниот аеродром Скопје стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда. Возачите и понатаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но ова право ќе може да се искористи само еднаш во период од 24 часа за исто возило. Пристапот ќе се контролира автоматски преку систем за препознавање на регистарските таблички. На тој начин ќе се ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл повторно пристигнаа во Велика Британија, шест години откако ги напуштија кралските должности и се преселија во Соединетите Американски Држави. Според британските медиуми, авионот со кој патувале Хари и Меган слетал околу пладне на меѓународниот аеродром во Бирмингем. Нивните деца, седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет, веќе се запишани во британски училишта и наставата треба да ...
Францускиот суд во Бајон донесе историска пресуда со која за првпат космичкото зрачење е признаено како еден од факторите поврзани со развојот на рак на дојка кај стјуардеса. Станува збор за 59-годишната Софи Лено, поранешна стјуардеса и шефица на кабински екипаж во „Ер Франс“, која побара нејзината болест да биде признаена како професионално заболување. Судот сега го прифати нејзиното барање, јави Би-Би-Си. Во пресудата се наведуваат три ...
Најмалку 157 лица ги загубиле животите во разорните поплави што го погодија Непал, додека речиси 600 туристи, меѓу кои 466 странски државјани, се водат како исчезнати. Катастрофата се случила откако одрон предизвикал излевање на реката Ботекоши од нејзиното корито. Иако првично било објавено дека причината е земјотрес, надлежните подоцна појасниле дека станува збор за одрон. Огромното количество вода потоа се излило и со силен налет почнало ...
Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.О. (21) од Чашка. Според пријавеното од очевидци, 21-годишникот без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, информираа од МВР. По кратко време, полициските службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица. За настанот бил известен ...
Македонија и Србија утре ќе го потпишат договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод меѓу двете земји, со што треба официјално да почне проектот за ново гасно поврзување кон север. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, соопшти Владата. Проектот е дел од поширокиот план Македонија да стане транзитна точка за природен гас од југ кон Србија и Централна Европа. Според најавите на Мицкоски, земјава до почетокот на ...
Голем пожар попладнево избувна во албанскиот приморски град Саранда, при што огнот зафати дел од зелениот појас над градот и се шири низ густата вегетација. Пожарот избувнал во областа во близина на хотелот „Туризам“, каде што има засадено борови дрвја, во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Пламенот и густиот чад предизвикале тревога во областа, но и меѓу туристите кои се наоѓаат во Саранда. Засега нема официјални информации за ...
Актерот Тим Кари почина на 80-годишна возраст, оставајќи зад себе кариера долга повеќе од пет децении. Тој ќе остане запаметен по низа легендарни улоги во филмови и телевизиски продукции кои публиката со години ги гледа повторно. Кари особено се истакнуваше во улогите на ексцентрични, мистериозни и често необични ликови. Неговата препознатлива актерска интерпретација му донесе голема популарност и трајно место во филмската и телевизиската ...
Споменот на легендарниот Македонец, покрај емотивна доби и физичка форма „Од твоето Гари до Света Гора! Ни остави наследство и тежок товар — да го чуваме наследството создадено од тебе, да не паднеш во заборав и некои други да не те присвојат! Горди сме што сме твои.“ Овие реченици вечерва ги изговорија наследниците – гарчани на свеченото отворање на спомен-собата на големиот македонски копаничар Петре Филиповски – Гарката, роден токму во ...
Дваесет и едногодишен жител на Чашка бил приведен ноќеска во Велес, откако било пријавено дека без согласност ја внел својата поранешна малолетна девојка во автомобил. Од СВР Велес информираат дека полициски службеници го лишиле од слобода Б.О. (21) од Чашка во 1 часот по полноќ. Според пријавеното од очевидци, Б.О. без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во автомобил „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ...
Продлабочување на безбедносната соработка и заедничко справување со криминалот поврзан со нелегалната миграција биле меѓу темите на денешната средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со британски претставници. Тошковски разговарал со Џек Џозеф, раководител на британските работни групи за миграција за Балканот и Африка, и со вршителот на должноста амбасадор на Обединетото Кралство, Даниел Фиелер. На средбата била потврдена ...
Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет. Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите ...
Словачката влада одобри нацрт-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 16 години. Предложеното решение треба да спречи развој на зависност, но и да го намали социјалниот притисок и радикализацијата кај младите. Доколку законот биде изгласан во парламентот, лицата под 16 години нема да можат да креираат профили на социјалните мрежи. Истовремено, од корисниците ќе се бара да ја потврдат својата возраст ...
Повеќе локации во Скопје утре, 27 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на ЕВН Македонија. Во периодот од 5 до 7 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и во нивната околина, во Општина Ѓорче Петров. Од 9 до 12 часот, без струја ќе биде ТС „Подстаница“ во село Драчево, на улица „Сердарот“, во Општина Аеродром. Повеќе локации во Скопје утре, ...
Граѓаните од православна вероисповед во петок, 28 август, ќе имаат неработен ден по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица. Продолжениот викенд ќе помине со сончево и многу топло време, а температурите во петок и сабота ќе достигнат до 39 степени. Во овие два дена минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 32 до 39 степени. ...
Ален Рустемовски нема да се бори за златниот медал на Медитеранските игри, откако претрпе пораз во полуфиналната борба. Македонскиот боксер загуби од Марин Хернандез од Шпанија, во меч кој предизвика големо незадоволство во македонскиот табор. Одлуката за победникот ја донесоа судиите, кои му ја доделија победата на шпанскиот претставник. Таквиот исход беше пречекан со разочарување од македонската делегација. Хернандез е боксер со кубанско ...
Грција досега има издадено повеќе од 32 илјади „златни визи“, при што речиси половина од нив се доделени на кинески државјани. Кинезите доминираат меѓу корисниците Според податоците објавени во текстот, кинеските државјани се убедливо најбројни меѓу странските инвеститори кои ја искористиле оваа програма. Нивниот број претставува речиси половина од вкупно издадените „златни визи“. Инвестициите преку програмата продолжуваат Грчката програма ...