Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Нови акции за ослободување на јавниот простор на плажите се спроведени на Халкидики, каде што од три различни локации е отстранета нелегално поставена опрема. Интервенциите биле извршени во Пефкохори и Флегра, на првиот крак, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак. Целта на акциите е плажите да останат слободни и достапни за сите, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле ...
Европската Унија го заврши второто тримесечје од 2026 година со негативен трговски биланс од 21,8 милијарди евра. Увозот од земјите надвор од Унијата значително го надминал извозот, што довело до првиот трговски дефицит по три години. Податоците на Евростат покажуваат дека во периодот од април до јуни ЕУ увезла стока во вредност од 701,8 милијарди евра, додека извозот достигнал 680 милијарди евра. За разлика од второто тримесечје, во првите ...
Поради сè почестите катастрофални невремиња, од Сојузот велат дека ќе бараат итно да се врати можноста при склучувањето договори за откуп да се склучуваат и осигурителни договори. Меѓу 1.000 и 1.100 хектари со посеви од тутун и сончоглед се уништени по вчерашното невреме со град што го зафати атарот на Општина Долнени. Градот со големина на орев и силниот ветер на некои места го уништил родот и до 100 проценти. Земјоделците стравуваат дека ...
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. ,,Ако ...
Додека младите работници на глобалниот пазар на труд се соочуваат со повисока невработеност и голема конкуренција, секторот на вештачката интелигенција издвојува поинаква слика. Генерацијата Z сè почесто е прв избор за работодавците на некои од најбараните позиции во ВИ, кои истовремено носат и исклучително високи примања. Најновото истражување на LinkedIn покажува дека младите професионалци од Генерацијата Z сочинуваат повеќе од две третини ...
Македонскиот боксер, Ален Рустемовски, обезбеди полуфинале на Медитеранските игри. Тој денеска во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми, го совлада Ариол Зенели од Албанија. View this post on Instagram A post shared by Macedonian Olympic Committee (@mkd_olympic_team) Рустемовски утре ќе боксува против шпански претставник а дури и да загуби веќе има обезбедено бронзен медал. Македонија во Таранто веќе освои три медали, еден бронзен ...
Предмети поврзани со Фреди Меркјури наскоро ќе бидат понудени на аукција, меѓу кои и клавирот што имал посебно место во создавањето на музиката на легендарниот фронтмен на „Квин“. На продажба ќе се најдат вкупно 82 предмети од колекцијата на германскиот музички продуцент Рајнхолд Мек, кој соработувал со „Квин“ во текот на осумдесеттите години. Аукцијата ја организира компанијата „Пропстор“ и ќе се одржи на 1 октомври, објави Би-Би-Си. Меѓу ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли тврдењата дека би ја напуштил Србија доколку ги загуби изборите. Тој порача дека нема причина да бега од земјата и дека неговиот интерес е целосно поврзан со Србија. За време на посетата на винаријата „Цветковиќ“ во Стањево, во близина на Александровац, Вучиќ ги пофали резултатите на неговата влада и реагираше на изјавите на претседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ. „Велеа ...
Полицијата во Велес го лишила од слобода 43-годишниот И.М., откако било пријавено дека во својот дом ѝ се заканувал на 41-годишната поранешна сопруга. Случајот бил пријавен во текот на ноќта, а полициските службеници од СВР Велес постапиле по пријавата и го привеле И.М. По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека 43-годишниот Велешанец бил под дејство на алкохол. При мерењето му биле утврдени 2,14 промили алкохол во крвта. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. -Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
На 26.08.2026 (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. На 26.08.2026 ...
Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, ...
За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Од Министерството за финансии информираат дека ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на ...
Владата на денешната владина седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор, во периодот од објавување на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година, соопшти портаролката на Владата Марија Митева. Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување ...
Петгодишно девојче почина од повредите здобиени во тешка сообраќајна несреќа во Краљево, Србија, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во семејство кое се движело по пешачко-велосипедистичка патека. Тешко се повредени и мајката на девојчето и нејзината едногодишна сестра. Несреќата се случила синоќа околу 19 часот на улицата „Четврти краљевачки баталјон“. Според српската полиција, 26-годишниот Ј.А. управувал автомобил „сеат“ и при ...
Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, една недела пред почетокот на учебната 2026/2027 година. Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно, рече ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг. и 360 мг. без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот соопштија дека тоа што го најавиле како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано, завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја дал потребната согласност, направени се измените во ...
Министерот Сашо Клековски беше во посета на лабораторијата на вирусологија во ИЈЗ. -Посветен кадар, стручност, најсовремени методи и технологии и што е најважно ИМА реагенси за дијагностика, дури и на заболувања кои не се вообичаени и чести во земјата, истакна директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска. Директорката порача дека така се работи посветено за граѓаните. Министерот Сашо Клековски беше во посета на лабораторијата на вирусологија во ...
Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе и овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи ...
Британскиот премиер Енди Бернам го посети Киев, а еден од неговите потези ја воодушеви пошироката јавност. Бернам прво прошета низ украинската престолнина за да го одбележи Денот на независноста на Украина и да присуствува на состанок на сојузниците кои го поддржуваат Киев во неговата одбрана од руската инвазија, која сега е во својата петта година. Тоа беше првото патување на Бернам во странство откако ја презеде функцијата премиер минатиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви. – Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. ...
Поскапувањето на дизелот на 101,5 денари за литар дополнително ќе ги зголеми трошоците за производство и транспорт, а со тоа и притисокот врз цените на храната, оцени потпретседателката на СДСМ Јована Тренчевска, обвинувајќи ја Владата дека не презема мерки за заштита на стандардот. Од денеска дизелот поскапе за 3,5 денари и се продава по максимална цена од 101,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми и бензините за ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил. – Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓеоргиевски. Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 17:25 часот, во скопското село Морани, го привеле Б.А. (20) од село Студеничани, врз основа на судска наредба. Како што соопшти денеска МВР, претходно лицето управувало автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрило во бетонски ѕид, а при ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. – Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа ...
Од утринските часови продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, сооштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ...