Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Цените се до плафон – СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50% Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар, изјави денеска Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ на прес-конференција. Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо. Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита ...
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо дрвниот материјал да заврши како ...
Општината со булдожер ги сруши приватните чадори, лежалки и маси од плажата Каливија во Полигирос на Халкидики, објавува порталот Iefimerida.gr. Акцијата започна во 7 часот наутро, а целта беше да се ослободи плажата од предмети што беа поставени и со текот на времето станаа „трајни“, со што се спречува слободниот пристап до плажата за сите граѓани. Денешната акција во Каливија следеше само неколку дена по слична интервенција во Геракини, ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Петмина од нив се од Скопскиот регион, од кои тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба ...
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ. – Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал. Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија. Песков не ...
Македонските превозници најавуваат протест пред делегацијата на Европската Унија следниот понеделник за да потсетат дека се уште не е решен проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната (90 дена во рамки на 180 дена). Од „Макам-транс“ информираат дека протестот е дел од договорот на балканските превозници одржан на 21 август и ќе се одржи еден ден пред официјалната средба на комисијата на ЕУ која треба ...
УЈП со важно известување за граѓаните. Апелираат граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на лажни пораки за поврат на ДДВ. -До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк. Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Објавени се детали за смртта на Доли Партон. Легендарната музичарка, која почина вчера на 80-годишна возраст, се борела со рак, според Page Six. Нејзините претставници ја потврдија веста во соопштение. „По кратка борба со болеста, Доли почина во Центарот за рак Вандербилт-Инграм, опкружена со нејзините најблиски“, се вели во соопштението, во кое не се наведени повеќе детали. „Нашата сакана Доли Партон го помина својот живот и кариера носејќи ...
Се чини дека Украина полека ја губи војната против Русија, изјави за „Ројтерс“ разрешениот министер за одбрана, Михајло Федоров, предупредувајќи дека Киев сè уште има месеци да донесе клучни одлуки што би можеле да го свртат текот на војната во негова корист. Федоров, млад реформатор чие разрешување минатиот месец предизвика недели протести, рече дека на Украина ѝ недостасува сеопфатна визија за тоа како да го добие четиригодишниот конфликт ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит АД Скопје“ која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце. Договорот ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта. „Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот на ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата „Мелци“ е подметнат. Доцна синоќа тој се огласи на „Фејсбук“ и сподели видеа и фотографии од борбата со огнот. „На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Станува ...
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, денеска пристигна во Москва со американски воен транспортен авион, а според извори запознаени со неговото патување, во руската престолнина треба да одржи серија средби. Посетата засега не е официјално потврдена ниту од американската ниту од руската страна. Американскиот авион слетал во Москва Веста за пристигнувањето на Ретклиф се појави неколку часа откако Кремљ соопшти дека нема информации за слетувањето на ...
Во земјите од регионот се забележуваат значителни разлики во цените на горивата, при што Македонија е меѓу државите со најниски цени, додека Албанија има најскапо гориво. Македонија на дното според цените Според податоците објавени од „Прес 24“, цените на горивата во Македонија се пониски во споредба со повеќето земји од регионот. Тоа ја позиционира земјата меѓу најповолните пазари за возачите кога станува збор за трошоците за гориво. ...
Пожарот што избувна денеска меѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско повторно се прошири во попладневните часови и се движи кон Подлес. Екипите во текот на денот успеале привремено да го ограничат огнот, но подоцна ја изгубиле почетната контрола. Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи до 18:00 часот, пожарот кај Градско и натаму е активен. Во текот на денот низ Македонија биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го обвини СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче дека се спротивставуваат на проекти и инвестиции кои, според него, се важни за развојот на Македонија. Андоновски во објава на социјалните мрежи оцени дека опозицијата ќе биде против центри за податоци, странски инвестиции, воведување високи технологии и нови вработувања, со цел, како што наведе, државата да не напредува. „СДСМ и ...
Јавен повик за кандидирање на претседателки на Унијата на жени на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде распишан во периодот што следи. Одлуката е донесена на конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени, на која присуствувал и претседателот на партијата Христијан Мицкоски. На седницата биле разгледани актуелните политички и економски состојби, како и идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во ...
Доли Партон, една од најпознатите американски кантри-пејачки, текстописци, актерки и продуцентки, почина на 80-годишна возраст. Партон, која потекнува од скромно семејство и била родена во двособна дрвена колиба, во текот на шестдецениската кариера изгради музичка империја и стана една од најбогатите ѕвезди на кантри музиката. Со хитови како „Jolene“, таа се етаблираше како една од највлијателните и најомилените пејачки и текстописци на сите ...
Кинескиот хуманоиден робот Tiangong Ultra постигна ново најдобро време на 100 метри, откако патеката ја мина за 8,86 секунди на Светските игри за хуманоидни роботи во Пекинг. Со овој резултат роботот го подобри сопственото време од 9,39 секунди, поставено на отворањето на натпреварувањето. Новото време е за повеќе од седум десетинки пократко од светскиот рекорд на 100 метри во машка конкуренција. Рекордот од 9,58 секунди го постави ...
Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, со што Отава возвраќа на новите американски трговски мерки. Канадските власти велат дека целта е да се изедначат царините со оние што ги воведоа САД и да се заштити домашното производство. Најголемото зголемување ќе биде кај американскиот челик и алуминиум. Царините за овие производи ќе пораснат од 25 на 50 отсто, односно ќе се изедначат со ...
Во училишните клупи во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат ќе седнат 410 првачиња. За нивниот почеток на образовниот пат општината обезбеди бесплатна опрема и финансиска поддршка. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека за секое прваче се обезбедени анатомски ранец и училишен прибор. „Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и ...
Германија денеска депортираше 23 авганистански државјани во Кабул со чартер-лет од аеродромот Лајпциг/Хале, во рамки на нова акција за враќање на лица кои имаат обврска да ја напуштат земјата. Летот следува неколку недели откако германските власти најавија проширување на депортациите во Авганистан, кои досега беа насочени главно кон осуденици и лица кои се сметаат за безбедносна закана. 23 лица со конечни решенија за депортација Според ...
Дванаесет лица се повредени во драматичен инцидент во португалското летувалиште Албуфеира, откако 35-годишен возач со автомобил се залетал кон пешаци во една од најпознатите улици за ноќен живот во градот. Меѓу повредените има и двајца припадници на португалската полиција, додека 21-годишна девојка се здобила со тешки повреди. Инцидентот се случил околу 3 часот наутро на улицата Руи Франциско Са Карнеиро, во делот познат како Оура Стрип. ...
Силно невреме проследено со поројни дождови, интензивен град и метео-цунами предизвика големи поплави и материјални штети во источна Шпанија. Во Тарагона, улиците за кратко време се претвориле во реки, при што надојдената вода носела луѓе и автомобили. Големиот град оштетил десетици деловни објекти, возила и дел од покрив на трговски центар. На Ибица и Мајорка е регистриран феноменот „рисака“, при што морското ниво нагло се зголемило за ...
Зголемен број случаи на морбили е регистриран во регионот, при што Косово досега има пријавено 147 заболени. Податоците повторно го отвораат прашањето за ширењето на заразната болест и значењето на навремената имунизација. Косово со 147 регистрирани случаи Во Косово се регистрирани вкупно 147 случаи на морбили, што укажува на повторно активирање на заразната болест во регионот. Состојбата го зголемува вниманието кон степенот на заштита на ...
Општина Карпош започна акција за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини на нејзина територија. Акцијата ја спроведува Секторот Инспекторат на Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач „Green road“. Во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ биле подигнати неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водела инспекциска постапка. Од Општината велат дека целта е да се ослободат ...