Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведуваат денеска од СДСМ. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, ...

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...

ГРЧКИТЕ власти истражуваат извештај дека работници од приватна компанија во Националниот парк Самарија на Крит убиле, испекле и изеле заштитена критска дива коза. Обвинителството на Ханија нареди истрага откако се појавија тврдења дека инцидентот се случил за време на реставрација и санација на штети во Самаријанската клисура, објавија грчките медиуми, цитирајќи го локалниот весник Ханиотика Неа. Според обвинувањата, кои моментално се ...

Земјоделските производители да продолжат со редовно наводнување, особено овие денови, кога, според прогнозата, температурите ќе достигнат 40 степени. Да се наводнува исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот на растенијата и големо испарување, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, топлото време ги зголемува транспирацијата евапорацијата, што доведува до поголема потрошувачка на ...

Глобалната побарувачка за критични минерали отвора нови можности и за Македонија, но тие треба да се искористат со одговорен пристап и примена на најсовремени технологии, смета професорот Горан Начевски. Како претседател на Здружението на металурзи на Македонија, во гостување на Сител ТВ тој порача дека инвестициите во рударството треба да бидат еколошки одговорни и транспарентни, со редовен мониторинг на животната средина. Според него, ...

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш ...

Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери. САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа. Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

Романските власти подготвуваат нова акција за минирање карпи во Дунав со цел да го зголемат протокот на вода кон нуклеарната централа Чернавода, која се соочува со сериозни проблеми поради сушата и драстичното намалување на нивото на реката. Еден од реакторите во централата е исклучен веќе шест дена, додека, според локалните медиуми, и вториот е на работ да биде затворен. Првата минирачка акција, спроведена на 2 август, не ги даде ...

Тинејџери и ранливи млади луѓе низ Европа сè почесто стануваат мета на криминални организации кои преку интернет ги ангажираат за извршување тешки кривични дела, меѓу кои и убиства. Европол предупредува дека регрутацијата се одвива преку социјални мрежи и шифрирани комуникациски платформи, а задачите им се претставуваат како да учествуваат во видеоигра. Во фокусот на истрагата е шведската криминална мрежа „Фокстрот“, која, според проценките, ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во ...

Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ се запалил денеска додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Пожарот избувнал во текот на возењето, а на социјалните мрежи и во медиумите се појавија снимки од инцидентот на кои се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата на надлежните служби, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар во изминатите часови се одвивал отежнато. Засега нема официјални информации за причините поради кои ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а според надлежните, не постојат услови тој целосно да биде ставен под контрола во текот на вечерта. Екипите ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта за да се спречи неговото понатамошно ширење. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација. Тој појасни дека силниот пламен кој повремено се појавува ...

Полицијата ги идентификуваше лицата кои учествувале во насилниот инцидент во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавена видео-снимка од настанот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по објавувањето биле преземени интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на учесниците. Според информациите од МВР, на 2 август 2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав ја принуди унгарската нуклеарна електрана „Пакш“ делумно да го запре производството на електрична енергија. Поголемиот дел од реакторите се исклучени бидејќи нема доволно вода за нивно ладење. Доколку водостојот продолжи да се намалува, на електраната ѝ се заканува целосно запирање за првпат по 42 години, што може да предизвика ограничувања во снабдувањето со струја. Премиерот Петер Маѓар најави дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини иранското раководство за „неверојатно лицемерие“, откако Техеран демантираше дека се планирани нови разговори со Вашингтон за завршување на војната. Трамп тврди дека поради најавената средба ги откажал планираните напади врз Иран. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека иранските власти прво побарале средба, но потоа јавно негирале дека се водат какви било ...

Аеродромот во Истанбул постави нов рекорд во патничкиот сообраќај, откако во саботата, 1 август, опслужил 289.260 патници. Ова е најголемиот дневен број на патници регистриран досега во Турција и Европа. Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, соопшти дека новиот рекорд ја потврдува сè поголемата стратешка улога на аеродромот во меѓународната авијација. Според него, аеродромот во Истанбул се позиционира меѓу ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја нападна опозицијата за нивната воодушевеност кон Хрватска и кон пејачката Ссверина, додека тој е преокупиран со својот народ. Но, мора да имате едно на ум. Јас сум претседател и премиер најдолго време, па имав можност да посетам многу места. Ми беше полесно да посетам повеќе места, за да бидам објективен. А другата работа е што некои од нив дури и не слушнале за овие места дури ни по завршувањето ...

Косовски државјанин бил лишен од слобода откако на автопатот А1 управувал автомобил со брзина од 220 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 120 километри на час. Возачот бил запрен кај Милетково Случајот бил регистриран денеска, 3 август, во 8:41 часот, на паркингот Милетково на автопатот А1. Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода 36-годишниот Ш.З., државјанин на ...

Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива без проблеми, но е зголемен бројот на возила на патните правци надвор од населените места. Коловозите се суви, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Поголеми задржувања се регистрирани на дел од граничните премини поради засилен интензитет на сообраќајот. На Граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека околу два часа, додека за излез од земјава времето на ...

Големи колони возила се формирани вечерва на граничните премини Богородица и Табановце, откако голем број граѓани по продолжениот празничен викенд тргнаа назад кон Македонија. Според видео доставено до редакцијата на „24 часа“ од граничниот премин Богородица, за влез во земјава се чека нешто повеќе од два часа. На преминот има голем број автомобили со македонски регистарски ознаки, а најголемиот дел од патниците се враќаат од летувалиштата и ...

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, ...

Речиси 25 отсто од Јапонците сметаат дека напредната вештачка интелигенција во иднина би можела да преземе улога на пријател или член на семејството, покажува истражувањето на агенцијата „Џиџи“. Сепак, поголемиот дел од испитаниците не веруваат дека технологијата може да ги замени човечките односи. Според резултатите од анкетата, 24,9 отсто од учесниците оцениле дека такво сценарио е можно, додека 65,1 отсто не се согласуваат со оваа ...

Македонската кадетска ракометна репрезентација стигна до првата победа на Европското првенство во Србија, откако во Белград ја совлада Италија со убедливи 33-23. Натпреварот беше одигран во рамки на првото коло од групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски уште од почетокот на дуелот ја презедоа контролата на теренот. Македонските ракометари брзо создадоа предност од три голови, а на ...

Името на американскиот претседател Доналд Трамп отсега ќе биде поврзано со една од најважните сообраќајници во Мароко. Кралот Мохамед VI официјално потврди дека автопатот Тизнит–Дахла, долг 1.055 километри, го носи името на американскиот лидер. Мароканскиот крал во писмо упатено до Трамп навел дека преименувањето на автопатот претставува „личен израз на голема почит“, објави државната новинска агенција на Мароко. Автопатот Тизнит–Дахла ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07