Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Активности спроведени во повеќе општини низ државата Полициски службеници денеска спроведоа превентивни активности во повеќе општини низ државата. Акциите беа насочени кон намалување на ризикот од шумски пожари и пожари на отворен простор, како и кон подигнување на сообраќајната безбедност. Полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка реализираа активности на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети ...
Во Доха се очекуваат разговори по барање на Иран Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека утре во Доха ќе се одржи средба меѓу американска делегација и ирански претставници. Според неговата објава, состанокот ќе биде организиран по барање на Иран. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска, извор запознаен со разговорите изјави дека во наредните денови во Доха ...
Од 1 јули ќе се наплатува царина за производи до 150 евра што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ Пратките со вредност до 150 евра што пристигнуваат во Европската унија од земји надвор од Унијата од 1 јули 2026 година ќе подлежат на нова привремена царина од три евра. Новата давачка најмногу ќе ги опфати производите што граѓаните ги нарачуваат преку интернет, а ќе се применува за широка палета стоки со ниска вредност. Мерката опфаќа ...
Започнати разговорите со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека денеска се сретнал со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата, при што официјално бил започнат процесот на дијалог за изработка на нов Колективен договор. „Денеска се сретнав со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата и го започнавме ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Ристовски истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност ...
Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 ...
Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огнен Караѓозовски, претседател на месната заедница „Галичник“, рече дека повеќегодишното партнерство со Пивара е задоволство. ...
Во пукање што се случи денеска во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица. Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. „Билд“, повикувајќи се на извори од полицијата, наведува дека сите починати биле возрасни, а ...
Подната фонтана на плоштадот во Скопје повторно ќе биде ставена во функција, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочи дека на локацијата во моментов се изведуваат градежни активности, а целта е просторот повторно да добие уреден и препознатлив изглед. Според него, фонтаната која со години беше надвор од функција повторно треба да стане место за прошетка, фотографирање и разубавување на ...
Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не сакаат државава да успее, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Откако минатата недела имаше средби со претставници на ланците маркети, а најави разговори и со производителите и добавувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во изминатиот период Мицкоски ...
Литванија ја потврдува поддршката за европскиот пат на Македонија и оценува дека земјата напредува во реформскиот процес. Ова било истакнато на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава. По средбата, двајцата министри оцениле дека билатералните односи се одлични и дека постои простор за ...
Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, бил пронајден без знаци на живот во дворот од својот дом во скопската населба Карпош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, откако во базен во дворот од куќата било пронајдено неговото безживотно тело. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова лето, ...
Семејството на македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски, преку „Авалон продукција“, ја информираше јавноста за последното збогување со него. Сите кои сакаат да се простат од Владо за последен пат, тоа ќе можат да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда, 1 јули, во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе се одржи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Авалон сподели негови познати стихови: „Има нешто посилно од ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ, односно од 00:01 часот на 30 јуни 2026 година, се менуваат цените на нафтените деривати. Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,27 проценти во однос на претходната одлука од 22 јуни. Сепак, ќе има различни промени кај поединечните горива. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по ...
Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема ...
Потпишан договор за грант за подготовка на проект Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска изјави дека потпишувањето на договорот за грант за подготовка на проект за реформа во железничкиот сектор претставува значаен чекор за модернизација на јавното железничко претпријатие „Транспорт“. Според Николоски, во последните денови од јуни е завршена важна работа и започнува нов заеднички проект кој, како што посочи, има ...
Театарскиот режисер почина на 63-годишна возраст Театарскиот режисер Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст. Роден е во Битола во 1963 година, а зад себе остави богата театарска кариера, во која режираше повеќе од 50 претстави. Во своето творештво Миленковски поставуваше дела од големи автори, меѓу кои Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. „Балканот не е мртов“ меѓу неговите најзначајни режии Една од неговите најзначајни режии беше ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше нагласена ...
Србија повторно воведува задолжителна воена служба од март следната година, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфаќа мажите под 30 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ го објави овој потег, нагласувајќи дека регрутацијата ќе биде „многу кратка“. Ова ќе ја врати Србија во системот што го напушти во 2011 година кога се префрли на целосно професионална армија. Вучиќ ја објави одлуката во сабота на воениот аеродром Батајница во близина на ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Левица не сака да го потпише предлогот од Левица за Изборниот законик, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. 1. Темата за измени на Изборниот законик беше отворена на лидерската средба во јануари оваа година. Сите партии/ коалиции, освен отсутната СДСМ, се согласија дека согласно реформската агенда до крајот на јуни ќе се поднесат предлог измените на Изборниот законик, со вметнување на ...
На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири ...
Патниците кои денеска патуваат од Меѓународниот аеродром Скопје треба да тргнат значително порано од планираното, бидејќи поради сообраќајна незгода е затворен главниот приод кон аеродромот од правецот на Скопје. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Поради тоа, целиот сообраќај ...
Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди во неделата американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се продолжат техничките преговори за сите делови од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе ...
Спорна објава претставена како „предвидување“ Во јавноста се појавија реакции по објавата во која Иван Исцелител се обидел да ја поврзе смртта на пејачот Владо Јаневски со наводно претходно „предвидување“. Според објавениот текст, станува збор за статус кој бил претставен како да е напишан на 1 јуни, односно еден месец пред трагичната вест, пренесува Newz24. Детал што ја разоткрива манипулацијата Во текстот се наведува дека спорната објава ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени ...
ЕУ ја засилува меѓународната поддршка за Венецуела по разорните земјотреси, издвојувајќи пет милиони евра итна хуманитарна помош за погодените подрачја. Во земјата веќе пристигнуваат спасувачки тимови, медицински персонал и дополнителна опрема, додека потрагата по преживеани продолжува. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти дека средствата ќе бидат наменети за помош на заедниците ...
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации, Јаневски починал денеска во една од приватните клиники во Скопје, каде што се лекувал од карцином на белите дробови. Јаневски важеше за едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика. Во повеќедецениската кариера создаде голем ...