Чешкиот премиер Андреј Бабиш, пред заминување на самитот на НАТО во Анкара, изјави дека чешката Влада планира следната година да го зголеми буџетот на Министерството за одбрана за 36 милијарди круни и со тоа за првпат да ја исполни обврската кон Алијансата да издвои два проценти од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, но јасно кажа и дека од чешкиот буџет нема да се издвојуваат пари за Украина. Чешката армија во својот буџет годинава ...

Коалицискиот партнер Влен жали што дебата за измените на Изборниот законик се води околу гласањето на дијаспората, наместо, како што велат оттаму, фокусот да се стави на тоа како изборниот процес да биде подемократски и поинклузивен. Оттаму велат дека прифаќаат дијаспората на избори да може да се изјасни електронски или по пошта, само, кaко што велат, да може да гласа. „За нас како Влен важно е дијаспората да може да гласа, без разлика дали ...

На Светското првенство денеска се играат последните два осминафинални натпревара. Во Атланта светскиот првак Аргентина за ривал го има Египет, додека во Ванкувер Швајцарија игра против Колумбија. Според развојот на настаните Аргентина предводен од Лионел Меси важи за фаворит во дуелот со Египет и се освен победа на „гаучосите“ ќе биде изненадување. Но, не треба да се заборави дека на спротивната страна е репрезентацијата на Египет, една од ...

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани ...

Либерално-демократската партија соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС), само еден ден по Конгресот на АЛДЕ во Виена, на кој била усвоена итна резолуција против малтретирањето на граѓаните на границите на Европската Унија. Според ЛДП, резолуцијата била предложена од партијата и сестринските партии од ЛИБСЕН и усвоена со големо мнозинство. Македонската ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, ...

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека ослободувањето на Констјантинивка е важна стратешка фаза за специјалната воена операција. „Трансферот на новото оружје на НАТО во Киев на никаков начин нема да ја спречи Русија во остварувањето на нејзините стратешки одбранбени цели“, истакна Песков, пренесен од руските медиуми. Работата на руската армија за ослободување на руските региони продолжува, како и создавањето ...

Град Скопје издвои финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. – Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. ...

Бугарските безбедносни служби не располагаат со информации дека рускиот патријарх Кирил бил агент на КГБ“. Вака заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова одговара на прашањето на пратеникот од „Демократска Бугарија“ Ивајло Мирчев. Самото пратеничко прашање било формулирано вака: „Дали постојат мислења од Службата за воено разузнавање и од Државната агенција за разузнавање при формирањето на бугарскиот став рускиот патријарх ...

Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ“, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“ за измените на Изборниот законик, стои во соопштението од Левица, Тој потсети дека 61 пратеник беа присутни во салата, од кој четири или пет на ДУИ, што како што рече ...

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. – Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско ...

Чудо од Венецуела – мајка и нејзините три деца се извлечени живи од под урнатините по 12 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата. Спасувачките екипи успеале да го лоцираат семејството во неделата вечерта, откако со денови траела потрагата по преживеани лица заробени под урнатите објекти. По сложена и ризична операција која продолжила до раните утрински часови во понеделникот, спасувачите успеале еден по еден да ги извлечат ...

Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организацискиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените ...

Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од ...

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за ...

Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради „обид за убиство“. – На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен партнер. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица – информираа од МВР. ...

Телото на жената која беше осомничена за обидот за убиство на украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако е пронајдено во близина на Киев, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на извори од органите за спроведување на законот. „На 6 јули, телото на жената осомничена за обидот за убиство на санкционираниот бизнисмен Вадим Јермолаев е пронајдено во близина на Киев“, објавува „Украинска правда“. Според информациите добиени од изворот, ...

На само 37-годишна возраст почина Британската пејачка Лорен Бенет, позната по заедничкиот хит „Party Rock Anthem“, со дуото ЛМФАО“, соопшти вчера нејзината поранешна група ГРЛ. „Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Лорен. Нашите срца се скршени и не можеме да опишеме колку многу ни значеше“, се наведува во соопштението на групата. Причината за смртта засега останува во тајност. Групата се воздржа од дополнителни ...

Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје се читала посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трам и за САД, на денот кога беше одбележувањето на 250 годишнината од независноста на САД. Молитвата била иницирана на активистка на Републиканската партија во САД, Слаѓана Аврамоска Митрис, со македонско потекло, која, како што покажуваат нејзините активности на социјалните мрежи е во блиска врска со ВМРО-ДПМНЕ и ...

23 годишна девојка е пронајдена мртва во стан во Неаполи, Солун, во понеделник попладне. Информациите покажуваат дека родителите на девојчето, кое потекнува од северна Македонија, ја барале безуспешно. Потоа, роднина на младата жена отишол во станот и ја пронашол мртва. Од форензичкиот преглед на телото и од доказите собрани досега од страна на властите, не се видливи траги од криминална активност. 23 годишна девојка е пронајдена мртва во ...

Албанија купи шест артилериски системи „БОРАН“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави албанскиот новински портал „Шќиптарја“, повикувајќи се на турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна ...

Експлозии утрово се слушнаа низ Дамаск во време кога францускиот претседател Емануел Макрон се наоѓа во историска посета на земјата. Макрон влегувал во претседателската палата за да се сретне со сирискиот претседател Ахмад ал-Шар кога експлозиите се случиле во близина на хотелот „Фор сизонс“(Four Seasons). Сириските власти сè уште не го коментираа инцидентот. Канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека Макрон е безбеден по ...

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера ...

По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонско поп дуо „Коктел“ имаат нова парче музика од својата понуда. Овој пат во духот на нивното име, Блаже Темелков и Стевче Грозданов ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов. „Помисли на мене“ е насловот на новата песна која во многу нешта потсетува на ретро звукот на 80-ите и 90-ите, години кога и домашната и светската музика ги нижеше своите ...

Судиите-поротници при Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 7 јули 2026 година, ќе започнат мирен протест и нема да учествуаат на дел од судските расправи, заради долгогодишнот проблем со дневниот надомест и нерешените барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет, а за што во текот на вчерашниот ден го известија и Кривичниот суд. Во известувањето, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од ...

Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница за 2026 година, на чиј дневен ред, покрај другите предмети, е предвидена расправа по иницијативите на политичките партии „Левица“ и „Демократи“ со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање. Како што соопшти Уставниот суд, со иницијативите се оспоруваат членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став ...

Платформата за иднината на Мицкоски се распадна, уште не почната, велат од СДСМ. „Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок. Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за ...

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...

Се очекува претседателот на САД Доналд Трамп, да ѝ соопшти на Турција дека сепак е подготвен повторно да ѝ овозможи пристап до американските борбени стелт авиони од типот Ф-35, и покрај забраната што пред седум години лично ја воведе наведувајќи причини од националната безбедност, пренесоа американските медиуми. Турција во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп, беше исклучена од програмата Ф-35 бидејќи од Русија го купи напредниот ...

Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДС и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Коалицијата СДС-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.1
51%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
80%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.81
77%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.39
49%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.65
55%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
90%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
47%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
39%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.32
44%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
69%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.82
94%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.01
100%
1017
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Сребро

1891.04

Цинк

0.00

Паладиум

41378.01

Бакар

12.79

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Платина

52309.26

Злато

130535.25

Иридиум

247560.75

Калај

52.95

Родиум

260421.05

Алуминиум

3.18