Отфрлен е амандманот на известувачот за Македонија, Томас Вајц, со кој требаше да се избрише став 73 од Резолуцијата. За појаснување, доколку амандманот беше усвоен, текстот нема конкретно да го спомене Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Став 73 повикува Историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“ со тоа што ќе ја базира својата работа на „објективни, автентични и докажани историски ...

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија. „Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори. Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се ...

Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија откако го разгледа и усвои вчера на пленарната седница во Стразбур. Извештајот го презентира известувачот за Македонија, Томас Вајц, кој рече од Западен Балкан, вклучително и нашата, имаат волја да ги спроведат потребните реформи и дека ова треба да се награди, на пример преку делумна интеграција на пазарот, делумна интеграција во ...

Во изминатите денови општинскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ од Струмица интензивно го подготвуваше Градскиот стадион „Младост“, каде вечерва во 20 часот е централната свеченост по повод одбележувањето на, како што е најавено, 36 години од основањето на партијата и 133 години од почетокот на македонската револуционерна борба. Веќе претпладнето премиерот и партискиот лидер, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на реконструираната ЈЗУ Општа Болница во ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека фонтаните во главниот град повторно се ставени во функција. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски посочи дека фонтаните повторно стануваат место што привлекува погледи. -Беа оставени надвор од функција, но денес повторно се место кое привлекува погледи, радост и убави моменти за туристите и за нашите скопјани, објави градоначалникот на фејсбук. МИА Градоначалникот на Град ...

Основниот кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството и му одреди осумдневен притвор на И.Д.С. 44-годишен скопјанец, кој во понеделникот запали две паркирани дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Обвинителството ми поднесе пријава за делото Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. -На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на ...

Последниот ревизорски извештај за работењето на центрите за социјална работа покажа дека најранливите категории граѓани се жртви на нефункционалноста и некоордираноста на институциите, се наведува во соопштението на Левица, што Канал 77 го објавува интегрално. Наместо институциите да им бидат сервис на граѓаните, тие ги претвараат граѓаните во курири што трчаат од институција до институција за да си ги остварат своите законски права. Таков е ...

Бразилската фудбалска јавност е потресена од афера на Светското првенство, а во центарот на скандалот е претседателот на Бразилската фудбалска федерација (CBF) Самир Ксауд. Според бразилските медиуми, Ксауд ги користел средствата на Федерацијата за покривање на патни трошоци и трошоци за сместување на луѓе од неговиот приватен живот, вклучувајќи ја и неговата сопруга и наводна љубовница. Истрагата ја објави познатиот бразилски новинар Лео ...

По повод 17 јуни – Светски ден за борба против опустинување и суша, Центарот за климатски промени објави извештај, според кој, Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што потребни се повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација. Земјите од Медитеранот вклучително и Македонија се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите. Овие промени директно влијаат ...

Комунален работник од Дебреше, Гостивар, вработен во во ЈП „Комуналец” Гостивар, го изгубил животот, додека заедно со колегите го чистел каналот кај тетовското село Горно Јеловце. Тетовската полиција информира дека кај нив вчера во 12:47 часот е пријавено дека во канал за вода има починато лице. -Според пријавеното, Н.М.(64), со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при ...

Вчера попладне во 15:07 часот во ОВР Струга е пријавено дека на „Машка плажа” во Струга, од водите на Охридското езеро е изваден давеникот С.С.(20) од с. Октиси, струшко, кој бил со педалинка во езерото. Тој е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош, а во 16:05 часот починал. -Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е вид од увидна екипа на ОВР ...

Платежната картичка повеќе не е сигурна ни кога ќе се оди на лекар, ако се суди по случајот од Општата болница – Прилеп, каде шалтерски работник ја злоупотребил картичката на пациент и направил дури 71 интернет трансакции. СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” и „злоупотреба на лични податоци”. -На ...

Седумнаесет годишно момче од селото Почивало во општина Карбинци е тешко повредено по пад од коњ. Од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираа дека вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено оти кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од село Почивало, општина Карбинци. Седумнаесет годишно момче од селото Почивало во општина Карбинци е тешко повредено по пад од коњ. Од Секторот за ...

Три спрема еден е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и на овие што работат и испорачуваат. Денес се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм тутун, а пред 5-6 години килограм тутун беше 150 денари, ако имате среќа. Инфлацијата сега, како резултат на кризата, е 4,5 – 4,7 отсто, а пред ...

Петок е денот Д за учениците, нивните родители и пред се’ вработените во ООУ „Гоце Делчев“ од Штип. На седница на Советот на општината е ставена точка од дневниот ред за измената на Основачкиот акт на училиштето. Што точно тоа подразбира, сега никој барем јавно не објасни, но јасно е дека од ова училиште почнува најавениот процес на оптимизација на училишната мрежа во Штип. Објаснување што точно се планира, на вработените им е најавено дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...

Новите членки на Европската Унија би можеле да го изгубат правото на национално вето во одредени клучни области на повеќе од 15 години по приемот во членство, врз основа на новите „заштитни“ клаузули кои би биле вклучени во пристапните договори на секоја земја поединечно, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос, во моменти кога Украина и Молдавија официјално ги почнуваат преговорите за членство во ЕУ. – Ова ќе биде нова ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања на Израел против Иран го спречила Техеран во блиска иднина да дојде до нуклеарно оружје и ја отстранила егзистенцијалната закана за еврејската држава, пренесе ДПА. – Ја спасивме државата Израел од заканата од нуклеарно уништување – рече Нетанјаху. Без обемните воени операции спроведени заедно со САД, „Иран веќе ќе поседуваше нуклеарни бомби“, изјави израелскиот премиер, ...

Претседателот на контроверзната бугарска Фондација „Македонија“ со седиште во Софија, Виктор Стојанов, во видео интервју изјави дека Бугарија води погрешна политика кон младите Македонци и дека треба да ја копира политиката на Словенија, која преку државна стратегија ги привлекува да мигрираат таму: „Во моментов во Словенија живеат над 15 илјади Македонци. Низ годините ќе бидат над 50 илјади. И тие луѓе се млади луѓе кои ја напуштаат Северна ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека спречила увоз на 23,6 тони замрзнато пилешко од Бразил, произведено во јануари 2025 година. Според објаснувањето на Агенцијата, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло. Забраната е заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( ...

Бугарската претседателка Илијана Јотова вели дека палењето на двете возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје „не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија“. Настанот, според Јотова, ја доведува во прашање способноста на македонските власти во да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со меѓународни обврски. Загрижувачки е што овој инцидент се случува во услови на постојана ...

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лице осомничено дека денеска подметнало пожар во возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Според првичните информации, непознато лице најпрво запалило патничко дипломатско возило „сузуки витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое било паркирано во непосредна близина и е сопственост на бугарската Амбасада. По извршувањето на делото, осомничениот избегал од местото на настанот. ...

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ Кочани, со управител Михаил Јованов од Кочани преку неговиот полномошник Адв. Ивана Коцевска од ...

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. „Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава, велат преку соопштение од владата на Република Македонија. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки ...

Денешното опожарување на две возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје е втор вандалски чин против дипломатското претставништво на оваа држава. Претходно, во јануари, 54-годишен скопјанец го скрши стаклото на една од влезните врати на Амбасадата. И тогаш официјална Софија реагираше бурно, а македонското МВР експресно го идентификуваше сторителот и истиот беше приведен. И тогаш македонската Влада го осуди нападот, а премиерот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Министерството за надворешни работи и надворешна ...

Брзата интервенција на конзулот со противпожарниот апарат ги спасило двете запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, која најостро го осуди, како што соопшти, „овој демонстративен акт на агресија, кој го загрозува здравјето и животот на вработените во амбасадата во Скопје“. При тоа од соопштението на МНР се инсистира на „брзо и праведно судско постапување по случајот“. -Ова ново ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...

Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, изјави дека договорот меѓу САД и Иран не го обврзува Израел и дека земјата нема да се откаже од своите воени цели во Либан. – Договорот на Трамп не нѐ обврзува. Израел не им е потчинет на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме страна во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.34
36%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
57%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.64
47%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.13
43%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.68
38%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.23
62%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
44%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.89
25%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.06
28%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 23ᴼ
5.35
81%
1015
Currency

61.6317

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Цинк

0.00

Бакар

12.60

Родиум

262028.58

Кобалт

56.29

Платина

51216.14

Злато

128281.48

Иридиум

247560.75

Сребро

1844.33

Алуминиум

3.16

Рутениум

49029.89

Паладиум

39513.27

Калај

52.80