Деновиве почнуваат серија средби и работилници на Министерството за образование, општините и училиштата, на кои ќе бидат образложени плановите за оптимизација на училишната мрежа. Тоа ќе значи практична реализација на планот на кој, според министерката за образование, Весна Јаневска, заедно со УНИЦЕФ и Светска банка е работено две годни. Што тоа практично значи? Драстичното намалување на ученици, како што беше образложено од Јаневска, со ...

Битола изминатиов викенд беше центарот на автомобилскиот свет во регионот. Во саботата, на 20 јуни, по вторпат се одржа големиот собир „CAR SHOW 2026“, во одлична организација на „Car Club Битола“. Настанот привлече огромен број посетители и љубители на автомобилите, потврдувајќи го статусот на еден од најважните авто-настани во земјата. Годинава, публиката имаше можност да ужива во изложба на дури 180 атрактивни возила, со учесници кои ...

-ИФФК „Браќа Манаки” е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки” е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски ...

Една од најубавите заливски плажа близу Саранда, Албанија, од викендот е повторно достапна за граѓаните, откако десетици жители и сопственици на имоти во Какоме, протестираа за да го заштитат имотот за кој тврдат дека им припаѓал на нивните семејства со генерации. За време на протестот, тие ги отстранија поставените ѕидови, стражарските згради и бодликавата жица што го опкружуваа заливот Какоме. Два дена претходно, беше отстранета и портата ...

УЕФА потврди дека нема планови да воведе задолжителни паузи за хидратација на сите натпревари од Европското првенство 2028, и покрај тоа што ФИФА воведе задолжителни паузи од три минути на половина од секое полувреме на овогодинешното Светско првенство. Иако паузите, како што верува ФИФА, беа воведени за да ги заштитат играчите од високите температури за време на северноамериканското лето, тие предизвикаа многу критики. Многумина веруваат ...

Изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив. ...

Очекуваното поевтинување по значајниот пад на светските цени на нафтените деривати ќе се случи од ноќеска на полноќ, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,50 ден/лит., и ќе изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4,00 ден/лит., и ќе изнесува 86,00 ден/лит. Дизелот поевтунува за 7 денари за литар и од ноческа ќе се ...

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол. -Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол. Четири лица во Гостивар (еден ...

Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие. МВР објави детгали за насилниците: -На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. ...

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија и од местото лидер на Лабуристичката партија. Во изјава пред Даунинг стрит 10, Стармер кажа дека веќе го информирал Кралот за одлуката. Тој побара од Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање на номинациите за раководството на 9 јули, а да биде завршен до летниот одмор. Ова ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред враќањето ...

Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...

Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран. Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0. -Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс. Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против Египет, ...

Паузата за освежување (cooling break) воведена на овогодинешното Светско првенство е жестоко критикувана од јавноста. Јавноста е убедена дека воведувањето на „паузата за ладење“ и таканаречената четвртина служи само за комерцијализација и му штети на квалитетот на фудбалот, пренесува dnevnik.hr. На овогодинешното Светско првенство останаа 40 натпревари и во некои натпревари „паузата за ладење“ беше навистина неопходна поради големата жештина, ...

Како што објави Ројтерс, Норвешка воведува строга забрана за употреба на вештачка интелигенција за ученици од основно училиште. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција изјави дека вештачката интелигенција им овозможува на децата да ги прескокнат клучните чекори во образованието и дека училиштата треба да се фокусираат на тоа да ги научат како да „читаат, пишуваат и работат математика“. Овие правила ќе бидат воведени на ...

По фантастичниот концерт во Скопје за кој се бараше билет повеќе, Александра Радовиќ ова лето доаѓа и во Охрид, носејќи вечер исполнета со емоции, врвна музика и безвременски хитови кои публиката ги пее со години. На 30 јули, магичниот амбиент на Антички театар во Охрид ќе биде сцена за концерт што уште сега се најавува како еден од најубавите и најемотивните настани летово. Со својот препознатлив вокал, искрена емоција и песни што допираат ...

Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Бојан Илиевски од Скопје е победник во блканското шоу „Ѕвездите на Грнд“ за 2026 година. Бојан во шоуто почна а е натреварув пред три годдини и тогаш неговата животна приказна го расплака цел Балкан. Тој е дете, кое останало без одители и израснал со до о бба. Баба му Снежана постојано беше на неговите настапи, го бодреше и плачеше. Бојан победи, поглена кон ѕвездите кај неговите ангели и потона во прегратките н баба и деддо, да ја сподели ...

Случајот за кој информираше МВР за вознемирувањето на 16-годишно девојче од Штип од страна на С.М. 67-годишен маж, кој се обидел да ја принуди на други полови дејствија засега е процесиуиран до кривична пријава од Обвинителството. За осомничениот се бара и притвор. Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз ...

Денеска во 10 часот и 24 минути, официјално започна летото за жителите на северната полутопка. Денешниот ден е познат и како летна долгоденција, природен феномен што се случува еднаш годишно, кога ноќта е најратка – или сонцето ќе изгреа во 4:51 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, со денот што ќе трае 15 часа и 36 минути, додека ноќта ќе трае 8 часа и 24 минути.Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 40 минути, а ќе заврши на 23 септември во 02:05 ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија „би било неправедно“ кон земјите од Западен Балкан и дека унгарската влада не е единствената што не се согласува со отворањето на други кластери. Петер Маѓар нагласи, пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, дека динамиката на проширувањето на ЕУ била особено дискутирана во разговорите со европските претставници. Тој додаде дека во разговорите ...

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта погодила голем број мети во јужен Либан, додека Хезболах наведе дека води интензивни борби во регионот. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Израелската војска денеска напаѓа цели и во долината Бека. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе остане во Либан ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...

Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ.Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде ...

Во претстојната учебна година да не се примаат првачиња, ниту да има паралелки од шестто одделение. Вишокот наставници ќе се распредели таму каде има потреба. Ова е дел од содржината на измените на Статутот на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип што денеска беше усвоено со гласовите на советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Советниците од СДСМ и Левица гласаа против. На седницата не присуствуваше градоначалникот Иван Јорданов, а предлог одлуката ја ...

Три жени од 23, 40 и 49 години од Делчево, Штип и Кочани биле физички нападнати од своите сопрузи. Сите троца сопрузи се уапсени од страна на полицијата по пријавата. Првиот случај е од Кочани, од синоќа, а во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд ...

Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски, што Канал 77 го пренесува интегрално. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија ...

Донесен е документ од Советот на општината Штип, со кој повторно се тргнува во постапка за продажба на мнозинскиот пакет на АД Брегалница 2008 од страна на општината Штип, која е моментален целосен сопственик на истоимениот фудбалски клуб. Ќе се понудат 128 акции на клубот во износ од 1172 евра по акции или вкупно 150,000 евра во денарска противредност пресметана во средниот курс на Народна банка на денот на реализација наци. На седницата на ...

Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.34
36%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
57%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.64
47%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.13
43%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.68
38%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.23
62%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
44%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.89
25%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.06
28%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 23ᴼ
5.35
81%
1015
Currency

61.6317

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Паладиум

39513.27

Кобалт

56.29

Платина

51216.14

Злато

128281.48

Сребро

1844.33

Родиум

262028.58

Рутениум

49029.89

Калај

52.80

Цинк

0.00

Иридиум

247560.75

Бакар

12.60

Алуминиум

3.16