Индексот на трошоците на животот во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи зголемување од 3,4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,4 %, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. На месечна споредба, потрошувачките цени во земјава се зголемија за 0,5% во јули, со иста стапка како и во јуни, се вели во соопштението на Макстат. Во првите седум месеци потрошувачките цени се зголемени за 2,5% ...

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот. Со овој закон се уредува и начинот на ...

Во првите шест месеци годинава извозот од Македонија достигна вредност од 3.4 милијарди евра, што е за 39,1% или за 958 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ако се анализира трговијата со 20-те најголеми трговски партнери, на 18 пазари има раст на извозот, а само на 2 (Холандија и Кина) имало пад на извозот во првите шест месеци годинава. Ако се ...

Цените на нафтата денеска паднаа за повеќе од 3%, продолжувајќи ги загубите од минатата недела поради поскапиот долар и загриженоста дека новите ограничувања поврзани со коронавирусот во Азија, особено во Кина, може да го запрат глобалното закрепнување и побарувачката за гориво. Фјучерсите на нафтата од типот „брент“ паднаа за 2,43 долари, или 3,5%, на 68,27 долари за барел, по падот од 6% минатата недела, што е најголема неделна загуба во ...

Од почетокот на овој месец, сите банки и штедилници започнаа со спроведување на Насоките донесени од Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) на 15 јули 2021, за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи за физички лица. Целта е да се постигне поголема транспарентност и споредливост на податоците за депозитите и кредитите за населението, кај сите банки и ...

Автомобилската индустрија во Европа и светот, која беше една од најпогодените индустриии од пандемијата, продолжува да се соочува со големи проблеми и предизвици кои го отежнуваат заздравувањето, заради што милиони автомобили годинава нема да бидат произведени. Прекини и пореметувања во синџирите за снабдување, кризата со чипови, недостатокот на контејнери за поморски транспорт, поплавите низ Европа и повторниот раст на заразени од делта сојот ...

Во јуни годинава македонските компании извезле стоки во вредност од 583,7 милиони евра, што е за 18,7% повеќе во споредба со извозот остварен во јуни минатата 2020 година, a за 9,5% повисок во споредба со јуни 2019 година пред да почне пандемијата. Увозот, пак, во јуни годинава изнесувал 805 милиони евра, што е за 34,8% повеќе во споредба со јуни 2020 година, а за 31% поголем во споредба со јуни 2019 година. Ако се анализираат првите шест месеци ...

Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Се работи на измени и дополнувања со кои ќе се релаксираат условите за аплицирање, ќе се влијае на рамномерниот регионален развој, но и ќе се забрзаат процедурите за исплата на средства. Измените вклучуваат промена во условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на КОВИД со преодна одредба со ...

Производителот на топловалани лимови Макстил објави дека во првата половина годинава работел со приходи од продажба од 47,7 милиони евра, што е за 34% во споредба со истиот период лани/ Неревидираните финансиските извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека дури 90% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно продажба на странски пазари, кои се поголеми за 54% во споредба со истиот период од 2020 година, ...

Голем дел од лозовите насади од сортите вранец и смедеревка во тиквешкиот регион се оптоварени со род затоа што не се применуваат соодветни агротехнички мерки и стандарди. Ова е клучната констатација во најновата анализа на состојбата на лозовите насади во тиквешкото виногорје што ја направи Земјоделскиот институт при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, со цел да се направи соодветна проценка на приносот и квалитетот на најзастапените ...

Mинистерката за инфраструктура и енергија Белинда Балуку објави дека во август албанската влада ќе започне да ги прифаќа понудите за изградба на нов аеродром во Саранда. Според Балкуку, цената за проектот е 37 милиони евра и компаниите ќе имаат рок до 23 септември да ги испратат своите предлог понуди. Владата нема да биде вклучена во управувањето со аеродромот. Аеродромот ќе работи само сезонски и ќе нуди локални летови од Саранда до ...

Најголемата македонската прехранбена компанија Витаминка од Прилеп ги објави податоците за работењето во првата половина годинава кои покажуваат раст на приходите од продажба и зголемена профитабилност. Објавените нереведирани поединечни финансиски извештаи покажуваат дека во првите шест месеци годинава Витаминка работела со вкупни приходи од продажба од 21,2 милиони евра, што е раст од 12% во споредба со истиот период минатата година. Раст ...

Индексот на индустриско производство во македонската индустрија во јуни годинава бележи раст од 9,5% во однос на истиот месец минатата година. Во однос на просекот од 2020 година индустриското производство во јуни годинава било повисоко за 3,3%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ако се гледа индустриското производство за првите шест месеци, тоа е повисоко за 6,6% во споредба со првите шест месеци од 2020 година. ...

ИНТЕРВЈУ БЕСНИК ИСАКИ, директор на Бе-Да Логистик Бе-Да Логистик е фирма која нуди паметни логистички решенија и услуги во транспортот кои се многу важни за секоја компанија која сака да има успех во извозот и тргувањето со светот. Годинава Бе-Да Логистик слави 10 години постоење и со право се горди на досегашното работење и развојот со оглед дека од мала фирма успеале да пораснат во фирма која има бројни верни клиенти, обучени и лојални ...

Доста ни е од затвореност, корупција, сива економија и ефтина работна сила. Не сакаме веќе понижувања дека сме неспособни да се интегрираме во меѓународната заедница и дека некој однадвор треба секогаш да ги решава нашите проблеми. Бараме да се отвори Балканот, да се затвори историјата, да се обедини бизнисот и да се истрае во имплементацијата без оглед на отпорот на конзервативните сили, вели претседателот на Стопанската комора на Северна ...

Драматични промени во трендовите во прехранбената индустрија не се очекуваат следната година, но затоа промените кои ги донесе и потенцираше пандемијата со Ковид 19 ќе останат нагласени. Хигиената и здравјето и понатаму ќе бидат главни приоритети за потрошувачите, a бројот на оние кои консумираат органска и храна без шеќер ќе расте, според студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за ...

Големината и материјалите од кои е изработена амбалажата стануваат се поважни за потрошувачите, покажува Студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за развој и соработка ЦЕАРС и Центарот за маркетинг стратегија еПлус, која има за цел да го олесни планирањето за сите оние кои работат со оваа индустрија, од производители на пакувана храна, трговци на мало, угостители, до основни ...

Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува втората годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2021, која има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно ...

Македонската фармацевтска компанија Алкалоид отвори уште еден нов извозен пазар за своите производи. Компанијата објави дека познатиот Multi Essence Magnesium 400+B complex е успешно лансиран на територијата на Монглолија. “Горди сме што нашата компанија изобилува со широка палета квалитетни производи, кои се добропознати и етаблирани на македонскиот пазар и во околните земји. Кога станува збор за квалитетните производи, многу е полеснo да ги ...

Компанијата за производство на железо, челик и феролегури Либерти, или поранешен Арчелор Митал ЦРМ, објави дека во првата половина годинава остварила приходи од продажба од 75 милиони евра, зголемување за 56% во однос на истиот период лани, при што раст бележат и приходите од продажба на странски пазари и продажбите на домашен пазар. Околу 82% од вкупните приходи на Либерти се остварени од извоз, кој во овој период достигнал околу 62 милиони ...

The Deputy Prime Minister in charge of economic affairs, coordination of economic departments and investments, Fatmir Bitiqi paid a working visit to the company Alkaloid Skopje, where he met with the CEO and Chairman of the Board, Zhivko Mukaetov, who presented the history and development company plans and jointly toured some of the production plants. Deputy Prime Minister Bytyqi congratulated the jubilee – 85 years of existence of Alkaloid, ...

Домашната металопреработувачка компанија Факом во првата половина од 2021 година работела со вкупни приходи од продажба од околу 7,4 милиони евра, што е пад од 34% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од извештајот на компанијата објавен на Македонската берза. Околу 68% од вкупните приходи од продажба Факом минатата година ги остварил од извоз на странските пазари, кои достигнаа 4,9 милиони евра. Извозот на Факом во првата ...

Министерството за економија во соработка со невладините организации и рударскиот сектор и сите засегнати страни го доработи Предлогот на Законот за минерални суровини кој претходно беше во собраниска постапка, но беше повлечен од страна на Министерството за економија. Во изминатите неколку месеци беа направени повеќе работни средби со претставници од невладините организациии во делот на заштита на животната средина, како и со претставници на ...

Грција е убедлив лидер кога станува збор за извозот на сирење. Во текот на изминатата година од Грција на странските пазари било извезено сирење во вредност од 602,7 милиони долари, што е раст од 15,6% во споредба со претходната година. Според вредноста на извозот на сирење Грција е 16-ти најголем извозник во светот и убедлив лидер во регионот, покажуваат податоците на Worldtopexport. Македонските производители на млеко и млечни производи ...

Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во текот на првата половина годинава работела со вкупни приходи од продажба од 35 милиони евра, кои се за 1% поголеми во споредба со првата половина од 2020 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 86% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се поголеми за 1% и изнесувале 30,2 милиони евра. Приходите од извоз и ...

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првата половина годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 6.272.411.971 денари (102 милиони евра), што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени ...

Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје за производство на изолациски материјали. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во следните ...

weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
69%
1023
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.3
85%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.47
87%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1021
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1022
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1022
Currency

61.525

Currency

53.0457

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Алуминиум

2.86

Родиум

258009.74

Сребро

1861.11

Иридиум

145787.60

Бакар

10.60

Злато

136226.64

Кобалт

55.67

Никел

471217.42

Калај

39.30

Паладиум

45043.20

Рутениум

29192.88

Цинк

3.25