Министерството за економија во соработка со невладините организации и рударскиот сектор и сите засегнати страни го доработи Предлогот на Законот за минерални суровини кој претходно беше во собраниска постапка, но беше повлечен од страна на Министерството за економија. Во изминатите неколку месеци беа направени повеќе работни средби со претставници од невладините организациии во делот на заштита на животната средина, како и со претставници на ...
Грција е убедлив лидер кога станува збор за извозот на сирење. Во текот на изминатата година од Грција на странските пазари било извезено сирење во вредност од 602,7 милиони долари, што е раст од 15,6% во споредба со претходната година. Според вредноста на извозот на сирење Грција е 16-ти најголем извозник во светот и убедлив лидер во регионот, покажуваат податоците на Worldtopexport. Македонските производители на млеко и млечни производи ...
Македонската компанија за производство на месни преработки Пекабеско објави дека во текот на првата половина годинава работела со вкупни приходи од продажба од 35 милиони евра, кои се за 1% поголеми во споредба со првата половина од 2020 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 86% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првото полугодие се поголеми за 1% и изнесувале 30,2 милиони евра. Приходите од извоз ...
Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првата половина годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 6.272.411.971 денари (102 милиони евра), што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби ...
Турската компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје за производство на изолациски материјали. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Истанбул на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и менаџментот на компанијата. Според инвестицискиот план и финансиски проекции,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 150 милиони евра во ...

