
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Интервју __________________ БОРИЈАН БОРОЗАНОВ, управител на Џонсон Мети Македонија ИзвозМК: Изминатата година беше исполнета со многу предизвици и пореметувања кои ги наметна пандемијата со Ковид 19 во во функционирањето на бизнисот. Со какви резултати најголемиот извозник од Македонија, Џонсон Мети, ја завршивте изминатата година и како пандемијата се одрази врз работењето? Борозанов: Низ целата пандемија на КОВИД-19, Џонсон Мети ...
ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на КАРГО-ПАРТНЕР Македонија Cargo-partner е компанија која има 40 годишна експертиза за воздушен, поморски, копнен транспорт и складирање, над 3.250 вработени и своја мрежа низ Европа, Азија, Северна Америка… Со отварањето на новата канцеларија во Скопје ги надополнува постојните транспортни и логистички центри во Бугарија и Србија, обезбедувајќи силно присуство и во регионот. Со извршниот директор ...
ИзвозМК: Костал неодамна прослави пет години работење на македонскиот пазар. Компанијата бележи импресивен раст во овој период. Од денешен аспект и од аспект на резултатите, дали инвестицијата на германски Костал во Македонија беше исправна одлука? Мизо: Инвестицијата на Костал е еден најкомплексните проекти на странска директна инвестиција во земјава. По долг период на преговори, планирање, истражување на конкурентни опции во други држави, а ...
КОЛУМНА Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија За остварување на побрз економски раст, на РС Македонија и е потребен нов модел базиран на поголема продуктивност, инвестиции и зголемен нето извоз. Постојат дилеми дали моделот на пост-ковид економски раст повторно треба и може да биде базиран врз извозот, имајќи предвид дека пандемијата ја покажа чувствителноста на извозот и светската трговија од екстерни ...
Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања. Оваа линија, моментално најголема во светот, вклучува бројни машини изработени од Микросам како четири машини за намотување на карбонски и стаклени влакна, две автоматизирани печки, неколку роботи за управување и транспорт, како и станици за манипулација на резервоарите. Целата линија е ...
„Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, ја одбележа осумгодишнината од основањето и отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. “Новиот капацитет овозможува дополнителни вработувања, во работни услови што се во светскиот врв за производство и монтажа на кабли за автомобили, со таканаречен clean room. Наши инженери, техничари и оператори беа на двомесечна обука во странство, со што ...
Домашната металопреработувачка компанија “Факом” во првите девет месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 10,8 милиони евра, што е пад од 27% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од извештајот на компанијата објавен на Македонската берза. Околу 64% од вкупните приходи од продажба “Факом” остварени во првите девет месеци годинава се од продажба на странските пазари, кои достигнаа 6,9 ...
Посетителите на еден од водечките саеми за безбедност и здравје при работа од денеска до 29 октомври ќе имаат можност да го посетат и националниот штанд на Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на развојот под брендот Invest North Macedonia. На изложбениот простор од 54м2, што го обезбеди Агенцијата, се претставени домашни производи на шест македонски текстилни компании на 38-то A+A БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ЕКСПО што се одржува во Дизелдорф, ...
Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првите девет месеци годинава работела со вкупни консолидирани приходи од продажба од 154 милиони евра, што е раст од 6% во споредба со истиот период лани. Остварените единечни продажби, пак, во истиот период се зголемени за 4% и изнесуваат 116,5 милиони евра. Од вкупните консолидирани продажби 35 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 65 % се остварени на странските пазари. При тоа, и ...
Потрошувачките цени во 19 -те земји од е розоната се зголемија за 3% овој месец, откако пораснаа за 2,2% во јули, што е над очекувањата за раст 2,7%. Зголемувањето беше поттикнато од повисоките трошоци за енергија, цените на храната, но и зголемувањата на цените на индустриските производи, објави Еуростат. Овие бројки предизвикуваат главоболки кај Европската централна банка (ЕЦБ), чија цел е инфлација од 2%. Со инфлацијата во Германија, ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит од €2 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на домаќинствата за инвестиции во енергетска ефикасност. Кредитната линија е дел од програмата Финансиска програма за зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF) . Средствата ќе бидат достапни на физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, пумпи за загревање, ...
Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре пред време, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст. Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во врска со пандемијата и нејзините влијанија врз динамиката на економското заздравување сѐ ...
Глобалниот долг се искачи на ново рекордно ниво од скоро 300 трилиони американски долари во вториот квартал, но односот долг кон БДП се намали за прв пат од почетокот на пандемијата, бидејќи економскиот раст заздравува, објави Институтот за меѓународни финансии IIF (Institute of International Finance). Вкупните нивоа на долг, кои вклучуваат долг на владата, домаќинствата и корпорациите и банките, се зголемија за 4,8 трилиони долари на 296 ...
На 14 септември 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. “На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше ...
Преку кредитно-гарантната шема, гаранција до 50% од износот на кредитот за извоз може да побараат големите трговци кои реализирале најмалку 30% од своите приходи од извоз во последната фискална година. Гаранцијата е наменета за големи домашни извознички компании кои се во доминантна приватна сопственост. Со гаранцијата може да бидат покриени кредити за извоз чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари. Барање за издавање ...
Шест банки досега се вклучија во кредитно-гарантната шема со потпишување на договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со ова, од Гарантниот фонд се ставија на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми. Под портфолио гаранција, банка или штедилница, може да стават кредити дадени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна ...
Република Северна Македонија е дел од земјите (136) кои минатата недела го постигнаа историскиот договор за корпоративна даночна реформа, информираат од Министерството за финансии. Оттаму објаснуваат дека оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите ...
Во првата половина на 2021 година, Развојната банка на Р.С.Македонија осигурала извозни и домашни побарувања во износ од 98 милиони евра за купувачи во 33 различни земји Од Банката информираат дека волуменот на осигурани побарувања во однос на истиот период минатата година е зголемен за 3,4 пати. “Развојната банка на Северна Македонија очекува годината да ја заврши со рекорден износ на осигурани побарувања на домашен и странски пазар, со ...
Осум вкупно банки досега се вклучија во државната гарантна шема со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со портфолио гаранција, банка или штедилница, може да обезбеди кредити одобрени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост. Кредитите може да бидат за основни или обртни средства, со рок на отплата до осум години за основни средства и до три години за обртни средства. ...
Модните брендови како Бенетон, Хуго Бос, GAP и многу други заради пореметувањата кои ги предизвика пандемијата на ковид 19 се повеќе се оддалечуваат од глобалните синџири на снабдување и ефтините производствени центри во Азија и го селат производството во земјите од Медитеранот и Југоисточна Европа. Италијанскиот Бенетон веќе го проширува производството во Хрватска, Србија, Турција, Тунис и Египет и планира да го преполови кпроизводството во ...
Недостатокот на чипови на светскиот пазар го прекина производството во фабриката на автомобилскиот концерн „Стелантис“ во Виена. Производството се прекинува од 18 октомври до крајот на годината, а работниците се пријавени на работа со скратено работно време. „Повторно започнуваме со производство на 2 јануари. Се планира скратено работно време за вработените, со цел прекинот на производството да биде социјално поподнослив за нив ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да работи на стабилизирање на глобалниот пазар на енергија, што предизвика ненадеен пресврти поевтинување на цените на природниот гас, кој изминатиот период се искачи на највисоко ниво досега. Овој потег на Путин доаѓа во момент на растечка енергетска криза во Европа предизвикана од недостиг на природен гас, кој е клучен извор на енергија за производство на електрична енергија и ...
Шведскиот синџир за мебел ИКЕА планира поголемиот дел од своето производство да го насочи кон Турција со цел да ги минимизира проблемите во глобалните синџири на снабдување и да ги намали трошоците за превоз, изјави финансискиот директор на турската филијала, Керим Нисел, објавува Ројтерс. ИКЕА планира да произведува фотелји, полици за книги, ормари и кујнски елементи во Турција, а потоа да ги извезува. Тие во моментов се испраќаат од илјадници ...
Германското индустриско производство во абгуст го претрпе својот најголем пад од април минатата година, поради прекини во синџирот на снабдување што го спречуваат растот во најголемата европска економија и особено силно го погодија автомобилскиот сектор, покажаа официјалните податоци во четвртокот. Федералната канцеларија за статистика соопшти дека индустриското производство во Германија паднало за 4,0% во месец август по порастот од 1,3% во ...
Светските цени на храната се зголемија втор месец по ред во септември, поттикнати од зголемувањето на цените на житарките и растителните масла, достигнувајќи 10-годишен максимум, објави агенцијата за храна на Обединетите нации, ФАО. На годишно ниво, цените во септември се поголеми за 32,8% во споредба со септември минатата година. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи меѓународните цени на производи со најголема глобално тргување со ...
Глобалната криза со недостиг на чипови може да се прошири и во 2022 година со оглед на трошоците за зголемување на капацитетите за производство на полупроводници, објави рејтинг агенцијата Fitch. Очекувањата на рејтинг агенцијата се проблемите во синџирот на снабдување да се решат во втората половина на 2022 година Глобалната рејтинг агенција смета дека недостатокот на чипови ги принуди производителите, вклучувајќи ги и производителите на ...
Глобалната производствена активност беше на удар од недостаток на клучни компоненти како што се полупроводници, блокирани пристаништа и недостаток на контејнери за товар, како и работна сила, бидејќи глобалните синџири на снабдување се борат да се вратат во нормала по затворањата предизвикани од пандемија минатата година. Несовпаѓањето на понудата побарувачка, делумно поттикнато од вишокот заштеди создадени во богатите земји, ги зголемија ...
Откако европската автомобилска индустрија премести голем дел од своето производство во Источна Европа, некои веруваат дека следниот чекор е Африка, и за производство, но и како растечки потрошувачки пазар. Мароко се наметнува како нов центар за производство на автомобили, додека Јужна Африка има историја на производство на автомобили. Меѓутоа, мултинационалните производители на возила отвараат производствени погони во Ангола, Етиопија, Гана, ...
Германската влада ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година на 2,6%, но ја зголеми проценката за следната година на 4,1%, бидејќи проблемите со снабдувањето го одложуваат закрепнувањето на најголемата европска економија, пишува Reuters. Ревидираната владина прогноза за растот на бруто домашниот производ се споредува со априлската прогноза за раст на економијата од 3,5% во 2021 година и од 3,6% во 2022 година. За 2023 година, ...
Хаосот во автомобилската индустрија, која е моќен мотор на светската економија, се заканува на економскиот раст и создава голема загриженоста кај компаниите, но во економиите во кои многу работни места се потпираат на оваа индустрија. Секој автомобил кој не излегува од фабриките во Детроит, Штутгарт или Шангај е ризик за работните места – дали се тоа на рударите кои ископуваат железна руда за производство на челик во Финска, работниците ...