
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната ...
Гoлем тoвapeн брод кој пpeвезувал пpeвoзни cpeдcтвa нa Vоlkѕwаgеn Grоuр ce зaпaлил близу дo Aзopcĸитe ocтpoви вo Aтлaнтскиот oĸeaн, објавува Вlооmbеrg. На бродот имало 3.965 возила на Volkswagen, меѓу кои и автомобили од брендовите Porsche, Audi и Lamborghini. Сите 22 членови на екипажот се безбедно eвaĸyиpaни и нема човечки жртви. Веста доаѓа во време кога автомобилската индустрија веќе се бори со проблеми со снабдувањето, вклучително и ...
Обемот на извозот на домати и производи од домати од Турција во 2021 година изнесувал 729 милиони долари. Извозниците планираат оваа бројка да стигне до една милијарда долари до 2023 година. Турција просечно произведува 14 милиони тони домати годишно, според податоците на Унијата на извозници на Егејскиот регион на Турција и е еден од водечките светски производители на овој вид земјоделски производи. Заедно со свежите домати, расте ...
Продажбата на органски свежи производи достигна нови височини минатата година, според новиот извештај на Organic Produce Network и Category Partners. Со зголемувањето на продажбата од 5,5% во 2021 година, вредноста на продажбата на органски производи надмина 9 милијарди долари за прв пат (достигнувајќи вкупно 9,2 милијарди долари). Категоријата органски свежи бобинки го предводеше растот со годишно зголемување на продажбата од 13,9% и ...
Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Северна Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да ...
Германскиот производител на автомобили Фолксваген очекува континуиран удар од недостигот на полупроводници оваа година, иако би требало да може да го зголеми производството во втората половина од годината, изјави во средата главниот извршен директор Херберт Дис. „Ситуацијата со снабдувањето се подобрува, но дури и во 2022 година нема да можеме да ги изградиме сите автомобили што би можеле да ги продадеме. Но, гледаме можности за натамошно ...
Веќе се при крај сите анализи што ги врши Секторот за трговија во склоп на Министерството за економија во соработка со другите економски ресори во Владата за евентуално продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти што важат до крајот на месецов, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со одлука на Владата од 5 декември минатата година замрзнати се цените на лебот, шеќерот, брашното – ...
Министерката за земјоделство на Албанија Фрида Крифца информираше дека земјата има за цел да го удвои извозот на свежо овошје и зеленчук во земјите во Западна Европа и да ја стави Албанија на картата на квалитетни извозници во Европа. Според министерката за земјоделство Крифца, владата работи на голем број политики за поддршка на секторот за овошје и зеленчук, кој сочинува 20% од БДП на Албанија и 40% од вработеноста. Тие вклучуваат ...
Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, од Централниот регистар информираат дека одлучиле да излезат во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни ...
Поставеноста на монетарната политика засега е оценета како соодветна на макроекономските услови На 15 февруари 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Врз основа на оцената на последните показатели и на амбиентот ...
При одбројувањето на третата година од глобалната пандемија, како и сиот свет така и нашата компанија мина низ процес на брзи промени и на трансформација на работењето на сите нивоа. Социјалната дистанца и динамиката на дејностите во кои работиме налагаа одржување чекор со новините и со трендовите во здравството и во фармацијата преку алтернативни начини на комуникација, кои вклучуваат современи дигитални алатки. Во духот на нашето мото ...
Светската трговија со боровинки до 2025 година ќе се зголеми на 3 милијарди долари, покажува извештајот на Министерството за земјоделство на САД (USDA). Како што е наведено, 7-те најголеми извозници на боровинки – Перу, Чиле, Мексико, САД, Јужна Африка, Полска и Канада – во 2019 година на светскиот пазар пласирале боровинки во вредност од 2,1 милијарди долари. Од 2016 година, вкупниот раст на извозот на бобинки од овие земји во ...
Глобалните тесни грла во трговијата се повеќе резултат на скокови на побарувачката отколку на пречки во синџирот на снабдување, при што притисокот најверојатно ќе се намали во наредните месеци, смета главниот економист на Светската трговска организација (СТО), Роберт Купман. Проценката на СТО во октомври беше дека побарувачката за стоки ќе се забави на почетокот на 2022 година. Сепак, тоа беше пред варијантата на коронавирус Омикрон да доведе до ...
Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 %, а цените на мало за 1,2 %во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика. Ако се спореди, пак, со јануари 2021 година, податоците покажуваат раст на трошоците за живот од 6,7% и раст на цените на мало од 7,3%. Најголем скок на цените во јануари во однос на претходниот месец, декември 2021 година, има кај воздухопловниот патнички транспорт, од дури 36,7%, гасот е поскап за ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ-V) за 74, а цената на Екстра ...
Високите цени на енергијата и суровините и тесните грла во снабдувањето ќе го попречат растот на германската економија оваа година, предупреди Здружението на германските стопански и индустриски комори (DIHK). Во такви услови, ДИХК ја намали прогнозата за раст на најголемата европска економија годинава за 0,6 процентни поени и сега предвидува дека таа ќе се зголеми за 3% оваа година. „Ова значи дека нашиот бруто домашен производ (БДП) ...
Вкупната вредност на програмата е 2,3 милијарди евра за следните 3 години, а се однесува на остварување на целите на ДОГОВОРОТ ЗА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, за чија примена Северна Македонија има преземено обврска. Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора Стопанската комора веќе 10 години наназад реализира проекти за енергетска ефикасност на зградите во рамките на BUILD UP SKILLS, преку европските фондови, па како континуитет на овие ...
Програмата за производство на приклучни елементи за виљушкари е еден од бројните успешни проекти низ постоењето на металопреработувачкиот гигант „Брако“ од Велес. Благодарение на професионалниот пристап, уште на самите почетоци, пред речиси 15 години, прецизно се дефинирани и разработени целните производи од оваа програма, за кои „Брако“ во рекордно време започнува со сериско производство и со зголемување на асортиманот ...
Растот на потрошувачките цени во САД изнесува 7,5% на годишно ниво во јануари 2022 година, соопшти Министерството за труд. Стапката на инфлација на годишно ниво значително надмина 7,2 %, колку што предвидуваа економистите, и е највисока од февруари 1982 година. Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на енергијата и храната, се зголеми за 6,0 отсто во јануари од очекуваните 5,9 отсто, а исто така е на највисоко ниво од август ...
Ефикасноста што Собранието, како највисок орган во државата, ја покажа при донесувањето на Законот за минимална плата да продолжи веднаш и со укинување на парафискалните давачки, а Владата да ги исплати доспеаните побарувања кон приватниот сектор Во 2010 година кога Стопанската комора на Македонија излезе со новата програма за економски развој, централната проекција беше дека приватниот сектор со таа реформа мора да биде стожер на економскиот ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната доозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово. Како што информираше министерот Бектеши, инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон е изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места. ...
Продажбата на автомобили во Европската унија ќе порасне за 7,9% во 2022 година, но ќе остане далеку под нивото од 2019 година, покажуваат најновите проекции на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Од ACEA прогнозираат дека регистрациите на патнички автомобили во ЕУ ќе се вратат на раст оваа година, зголемувајќи се за 7,9% и ќе достигнат 10,5 милиони единици“. Тоа следи по 9,7 милиони продадени единици во 2021 ...
Прекините во меѓународниот поморски транспорт ја попречуваат глобалната трговија со стоки и суровини, предупреди германскиот институт за економски истражувања IfW. „Околу 11 % од пратките ширум светот моментално се заглавени во сообраќаен метеж“, се вели во соопштението на IfW. „Во Црвеното Море, најважната трговска рута меѓу Европа и Азија, во моментов има околу 11% помалку стоки во оптек од вообичаеното“, се додава во ...
Изминатата 2021 година македонската економија ја заврши со извоз во вредност од 6,92 милијарди евра, кој е поголем за 19,8% во споредба со 202 година. Увозот пак во изминатата година се зголемил за 26,9% и достигна 9,64 милијарди евра. Со тоа трговскиот дефицит на крајот на 2021 година достигна 2,71 милијарда евра и е за 49,5% поголем во споредба со 2020 година. Покриеноста на увозот со извозот во 2021 година изнесува 71,8%, што е намалување во ...
По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50% во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени. Извршниот директор на „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели дека очекувањата за 2022 година за фабриката во Велес се да се продолжи со засилено темпо на инвестиции, иновации и развој ...
Шест македонски винарии од земјава учествуваат на националниот штанд на Република Македонија на Меѓународниот саем за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија „Продекспо 2022“ во Москва. Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа e отворена во изложбено – саемскиот „Експо-центар“ и ќе трае до 11 февруари. Настапот на македонските компании е во ...
Американската агенција за кредитен рејтинг Fitch (Фич) соопшти дека глобалниот недостиг на полупроводници може да почне да се намалува од втората половина на оваа година. Агенцијата во своето најново соопштение објавено во понеделникот потенцира дека секторот на чипови агресивно го зголемува производниот капацитетот од 2021 година и покрај неизвесноста. Фабриката за чипови планираат големи повеќегодишни инвестиции за производство, се додава. ...
Омикрон ќе има негативно влијание врз растот на почетокот на 2022 година, вели Кристин Лагард Тесните грла во снабдувањето и високите трошоци за енергија се очекува да ја намалат економската активност во блиска иднина, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. „Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина. Цените на енергијата и понатаму се главната причина за зголемената стапка на ...
Минималната плата ќе биде зголемена на 18.000 денари почнувајќи од март, државата ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината, договорија синоќа по неколкучасовни преговори синдикатите, работодавачите и Владата. Според договореното работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата, а државата се обврзува да го ...
Бројот на издадени работни дозволи на странци во Србија во текот на изминатата 2021 година е најголем од стапувањето во сила на Законот за вработување на странци пред седум години. Додека домашните работници, магистри и висококвалификувани, брзаат да работат во странство, Кинезите, Турците и Русите се почесто доаѓаат во Србија да работат. Од почетокот на годинава, заклучно со 31 јануари, во Србија се издадени околу 1.709 работни дозволи на ...