Македонското индустриско производство во ноември бележи пад од 3,7%, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е трет месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ги одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата. Поскапувањето на струјата и гасот, но и на останатите суровини драстично го поскапија производството, па многу компании одлучија свесно да го намалат или ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 96.3. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...