Минатата 2023 година од земјава биле извезени автомобилски делови (шифра 8708 Делови и прибор за моторни возила) во вредност од 233 милиони евра, што е намалување од 4% во споредба со претходната 2022 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Гледано наназад, извозот на автомобилски делови од Македонија континуирано расте во изминатите десетина години. Станува збор за извоз на производи кои се произведуваат од компаниите ...

Шпаркасе Банка одобрува кредит до ЕУР 2 милиони на Макпрогрес ДОО Виница, гарантиран до 1 милион евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку својата не-финансирана Програма за споделување на ризик. Овој кредит ќе ги поддржи потребите на Макпрогрес за обртен капитал и ликвидност како одговор на зголемената побарувачка. ,,Со овој договор кој го потпишавме денес, Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на ...

Во текот на изминатата 2023 година од Словенија биле извезени лекови во вредност 18,7 милијарди долари, со што земјата е рангирана на како 10-ти најголем извозник од светот. Словенија е најголем извозник на лекови во регионот (шифра 3003 и 3004), а зад неа се рангирани Грција (23 место) со извоз од 2,9 милијарди долари. Следи Бугарија која е рангирана на 27 место, со извоз од 1,27 милијарди долари, Хрватска (37) со извоз од 810 милиони долари, ...

Порше веќе постави конзервативни цели за продажба и профит за 2024 година. Сепак, производителот на автомобили сега мора да направи надолни корекции. Што се крие зад овој изненадувачки чекор? Производителот на спортски автомобили Порше неочекувано ги намали прогнозите поради штетите од поплави на снабдувач со алуминиум. Компанијата со седиште во Штутгарт сега очекува продажбата да биде помеѓу 39 и 40 милијарди евра. Претходно, менаџментот на ...

Рекордно најголем извоз на чоколада од Македонија во последните 10 години Македонија лани извезла чоколада и чоколадни производи вредни 26,3 милиони евра, што е зголемување од 39% во споредба со претходната 2022 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Извезени биле околу 5.700 тони чоколади и производи од какао (шифра 1806), и обемот на извезени производи бил поголем за 20%. Извозот на чоколада икондиторски произоди ...

Денешниот глобален интернет прекин го наруши работењето низ повеќе индустрии, при што во прекин се голем број авионски летови, банкарски , здравствени и телекомуникациски услуги кои се поврзани со Windows, објавува Ројтерс. Големите американски авиокомпании – American Airlineс, Delta Airlines и United Airlines ги приземјија авионите, додека многу други превозници и аеродроми околу светот рано денеска објавија одложувања и прекини во работењето. ...

Индустриското производство во Европската унија и еврозоната, приспособено на сезонските промени, во мај 2024 година падна за 0,8% и 0,6%, соодветно, во споредба со претходниот месец. Во споредба со мај 2023 година, индустриското производство во ЕУ падна за 2,5%, а во еврозоната за 2,9%, покажуваат најновите податоци на Евростат. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголем месечен пораст на индустриското производство во мај е забележан во Ирска (+6,7%), ...

Глобалната економија ќе има скромен раст во следните две години во услови на заладување на економијата во САД, пад во Европа и посилна потрошувачка и извоз во Кина, со бројни ризици по патот, објави во вторникот Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ предупреди во ажурирањето на својата светска економска перспектива (WEO) дека моментумот во борбата против инфлацијата забавува, што дополнително може да го одложи намалувањето на каматните стапки ...

Потребна е поголема мобилизација на финансиски средства, особено од приватниот сектор, за зелена трансформација, како дел од структурните реформи и за конвергенција на економиите во развој кон ЕУ. Анализите на ММФ покажуваат дека до 2030 година, уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање треба да се зголеми од 40% на 80 до 90% кај брзорастечките и економиите во развој. Улогата на централните банки во поддршката на зелената ...

Групацијата Фолксваген (Volkswagen group) објави дека продала помалку автомобили минатиот кварта отколку пред една година. Во периодот од април до јуни, Групацијата испорача 2.243.700 возила од сите марки на Групацијата ширум светот, што е 3,8% помалку отколку во истиот месец минатата година. Ауди и Кина се особено тешко погодени, пишува германскиот весник Welt. Продажбата на Audi падна за 11,3%. Основната марка Volkswagen има пад на продажбата ...

“Да се биде извозно ориентирана компанија со седиште во Северна Македонија не беше воопшто лесно, но ние издржавме на тој пат благодарение на нашите знаења, вештини и ресурси. Сега сме присутни на сите континенти. За да се успее во развиените земји, мора да се придржувате до принципите на добро владеење, да имате висок и постојан квалитет на производите и услугите и да бидете доволно конкурентни”, вели Живко Мукаетов, генералниот директор и ...

Американската компанија Wabtek, која е сопственик на компанијата Вабтек МЗТ, која произведува сопирачки за возови и е еден од најголемите извозници од Македонија, ќе инвестира дополнителни 35 милиони долари во поголемо производство во земјава. Ова вчера го објави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Вашингтон по повод 75 годишнината на НАТО. Според информациите кои ги содели премиерот Мицкоски, Вабтек ќе инвестира 35 милиои евра ...

Со инвестиција од 1 милијарда долари, најголемиот светски производител на електрични возила BYD, има за цел да изгради фабрика со годишен производен капацитет од 150.000 автомобили во Турција Кинескиот BYD, најголемиот светски производител на електрични возила, денеска потпиша договор со турското Министерство за индустрија и технологија за инвестирање во Турција. Се очекува компанијата да изгради фабрика во Турција со капацитет за производство ...

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што ...

Унгарската влада најави ќе воведе дополнителен „одбранбен придонес“ кои би го плаќале банки, енергетски фирми и мултинационални компании. Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан,Гергели Гуљас рече дека секоја мултинационална компанија што заработува дополнителен профит во услови на сегашни „воени“ услови мора да плати придонес во државниот одбранбен фонд. Унгарија е една од седумте земји кои ЕУ ги прекори минатиот месец за прекумерни ...

Највисоките претставници на Србија и Египет во наредните денови во Каиро ќе го потпишат Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, кој на српските бизнисмени ќе им овозможи нови деловни можности на африканскиот континент, изјави Марко Чадеж, претседател на Српската стопанска комора (PKS). Чадеж најави дека во наредните денови во Каиро ќе се организира голем бизнис форум Србија-Египет, на кој ќе учествуваат околу 60 претставници на локални ...

Македонските компании во мај годинава извезле стоки во вредност од 603 милиони евра, што е пад за 21,6% или за 166 милиони евра помалку во споредба со мај минатата година. Обемот на извезени производи во мај е помал за 4,6%, што упатува на тоа дека падот на извозот во поголем дел е заради намалените извозни цени. Увозот, пак, во мај изнесувал 890 милиони евра и е за 9,7% помал во споредба со истиот месец лани. Покриеноста на увозот со извоз во ...

Германските производители на автомобили, како што се Фолксваген и БМВ, гласно предупредуваат за потенцијалните негативни ефекти од царините на ЕУ врз конкурентноста на европската автомобилска индустрија, како и врз нивните сопствени операции во Кина. Германскиот производител на автомобили Volkswagen ги осуди плановите на ЕУ да воведе увозни давачки до 38% на кинеските електрични возила, нагласувајќи дека тие ќе имаат негативни ефекти врз ...

Германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра во изградба на развојно-истражувачки центар со кој ќе се отворат 110 нови работни места, најави денеска премиерот Христијан Мицковски. Новиот објект ќе почне да се гради во општина Петровец веќе во август, ќе биде надвор од индустриско-технолошките зони, а во него ќе се вработат кадри претежно претежно од инженерската струка. Епсотех е германска компанија која произведува повеќе од 3.000 ...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска објави дека референтните светски цени на храната останаа непроменети во јуни, бидејќи зголемувањето на меѓународните котации за растителни масла, шеќер и млечни производи го неутрализираа падот на цените на житарките. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на прехранбените производи со кои се тргува на глобално ниво, во ...

Пандемијата на корона ја направи забележлива зависноста на германската индустрија од странски добавувачи. И покрај политичките апели, зависноста продолжува да расте. Најважен извор на снабдување останува Кина, пред САД. На трето место следи соседна земја. Зависноста на германската индустрија од странски добавувачи е дури благо зголемена од 2020 година, и покрај политичките повици за поголема отпорност. Ова е заклучокот до кој дојде Институтот ...

Индустриското производство во мај годинава бележи пад од 13,2% во споредба со мај минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индустриското производство паѓа веќе трети месец по ред годинава, по падот од 1,2%, односно 10,4% во април и март годинава. Анализата на Извоз.мк покажува дека ова е најголем пад на индустриското производство во последните три години, односно од јануари 2021 година кога статистиката ...

Денеска, 1 јули, стапува на сила Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина со кој се опфатени околлу 20.000 производи (10.412 српски производи (тарифни позиции) и 8.930 кинески производи), кои ќе можат да се тргуваат меѓу двете земји без царина или со намалена царина. На денешната презентација на Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина пред бизнисмените од Нови Сад и автономната покраина Војводина српскиот министер за внатрешна ...

Најуспешната македонска компанија, Алкалоид Скопје АД, која е на врвот на листата најголеми извозници од земјава со извоз од над 200 милиони еввра во повеќе од 50 земји, последнава година бележи силен раст на извозот во Романија. За менаџентот на Алкалоид, Романија е стратешки важен пазар. За зајакнување на позициите на овој пазар, пред една година Алкалоид основаше сопствена компанија, а за само една година продажбата бележи раст од 66%. ...

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година. Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите, како и целосна дигитализација и ...

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) очекува глобалните инвестиции во чисти технологии да достигнат 2 трилиони долари оваа година, што е речиси двојно повеќе од инвестициите поврзани со фосилни горива. Дури и ако се потврдат предвидувањата, ова е помалку од половина од скоро 4,5 трилиони долари годишни инвестиции потребни до почетокот на 2030 година за да се постигнат целите за нула емисии на јаглерод диоксид. Нула емисии – целосно ...

Македонија минатата 2023 година ја заврши со извоз на зелка од 32,6 милиони долари, што е зголемување од 21% во споредба со претходната 2022 година. Извезени биле близу 65.500 тони зелка, а извезените количини бележат раст од 8%. Според вредноста на извезената количина на зелка Македонија лани била 15-ти најголем извозник на зелка во светот, покажува анализата на податоците од Trademap, додека според извезените количини земјата е 13-ти најголем ...

Anuga започнува нов саем, Anuga Alternatives, фокусирајќи се исклучиво на алтернативни протеини и одржлива храна. Со над 1.400 компании ширум светот, вклучително и најмалку 70 во Германија, кои нудат алтернативи од растително потекло на производите од животинско потекло, Anuga Alternatives го одразува растечкиот интерес и зголемената разновидност во индустријата. На новиот саем ќе има широк спектар на производи, од растителни протеини, протеини ...

Пекинг сака ЕУ да ги повлече плановите за воведување царини за увоз на кинески електрични возила до 4 јули, објави кинескиот државен државен „Global Times“, откако двете страни се согласија да преговараат за можен компромис. Привремените давачки на Европската унија до 38,1% за увезените електрични возила од кинеско производство треба да започнат до 4 јули, додека блокот ги истражува прекумерните и нефер субвенции. Европската комисија соопшти ...

Од Македонија минатата година биле извезени домати во вредност од 13,2 милиони долари, што е раст од 9% во споредба со претходната 2022 година. Извезени биле 15,7 илјади тони, што е зголемување од 9,7% во споредба со извезените количини домати во 2022 година. Според податоците од Trademap, Македонија лани била 33 најголем извозник на домати во светот. Во регионот, Македонија е четврт најголем извозник на домати. Најголем извозник за првпат ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
65%
1020
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
72%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1022
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.97
70%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
74%
1022
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
47%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
63%
1020
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
54%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.02
77%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1020
Currency

61.525

Currency

53.0457

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Калај

39.31

Родиум

256402.20

Злато

135591.39

Платина

53727.18

Цинк

3.26

Паладиум

46007.72

Бакар

10.59

Алуминиум

2.87

Никел

471329.94

Иридиум

145787.60

Сребро

1817.87

Кобалт

55.67