Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ги објави податоците на Индексот на цените на храната за јули, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на кошничката за прехранбени суровини. Според податоците, индексот на цените на храната во јули пораснал за 1,3% во однос на претходниот месец, на 123,9 поени. Цените на храната во јули се пониски за 11,8% во однос на истиот период лани. Со јулскиот раст на индексот ...

Македонските компании во јуни годинава извезле на странските пазари стоки во вредност од 694 милиони евра, што е за 50 милиони евра помалку во однос на јуни минатата година, или пад од 6,4%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Количински, извозот на стоки имал уште поголем пад и во јуни биле извезени стоки за 12% помалку во споредба со истиот период лани. Падот на извозот во јуни годинава е најголем од август 2020 година, ...

Данската бродска компанија Maersk предупреди дека компаниите продолжуваат да ги намалуваат своите залихи, што може да доведе до подолго и подлабоко намалување на глобалната трговија. Втората по големина компанија за транспорт на контејнери во светот изјави дека глобалната побарувачка за контејнери ќе падне меѓу 1% и 4% оваа година, пренесува Фајненшл Тајмс. Претходната прогноза на компанијата се движеше од 0,5 % зголемување на побарувачката до ...

Првите техничари образувани во БРАКО по германски модел на практична настава го положија испитот и добија Сертификат со кој се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил. Во БРАКО се спроведува учење преку работа во рамките на програмата за „Дуално образование“, на ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, преку која Делегацијата на германското стопанство овозможи ...

Шефот на најголемиот европски добавувач на автомобилски делови Bosch (Бош) ги повика европските влади да потрошат повеќе време за подобрување на конкурентноста на ЕУ наместо да се фокусираат на ризиците со кои се соочуваат компаниите при водење бизнис во Кина. Повикот од Стефан Хартунг, кој го води Бош од минатата година, доаѓа кога европските престолнини стануваат се позагрижени поради изложеноста на компаниите од регионот на Кина, бидејќи ...

Долгорочните цени за контерјнерски поморски транспорт достигнаа најниско ниво во последните две години, токму кога на пазарот влегуваат рекордно нови нивоа на бродови и прекумерниот капацитет додава дополнителен притисок: Xeneta Глобалните долгорочни цени за контерјнерски поморски транспорт потонаа на двегодишно најниско ниво во јули, при што најновите податоци од Индексот за испорака на Xeneta (XSI®) покажаа пад од 9,5% од јуни, продолжувајќи ...

Повеќекратните кризи во последните години ги открија слабостите во бизнис моделот на Германија, се вели во анализата на Дојче Веле. Непосредно пред крајот на милениумот, британскиот бизнис магазин Економист донесе пресуда за германската економија, нарекувајќи ја земјата како болен човек на Европа. Таквата оценка послужи како повик за будење за германската политика, која сè уште опиена од економски силните години по повторното обединување, ...

Винарската визба Тиквеш од Кавадарци работела со раст на продажбите и профитот во првата половина годинава. Финансиските извештаи покажуваат дека компанијата во првите шест месеци годинава остварила вкупни приходи од продажба од 22,4 милиони евра, што е за 17% поголеми во споредба со истиот период лани. Компанијата бележи раст на продажбите и на домашниот пазар, но и на извозот и продажбите на странските пазари. Повеќе од половина или близу 56% ...

Македонското индустриско производство во јуни годинава бележи раст од 3,7% во споредба со јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За периодот од јануари до јуни годинава, индустриското производство е поголемо за 1,5% во споредба со истиот период лани. Податоците покажуваат дека производството во јуни годинава растело за 1,4 % во преработувачката индустрија, каде се создава дури 83% од целото индустриско ...

Компанијата за производство на железо, челик и феролегури Либерти (поранешен Арчелор Митал ЦРМ), објави дека во првите шест месеци годинава остварила приходи од продажба од 51 милион евра, кои се за 41% помали во однос на приходите остварени првата половина од 2022 година. Пад бележат и приходите од продажба на странски пазари и продажбите на домашен пазар. Компанијата Либерти е една од најголемите извозни компании во Македонија и околу 81% од ...

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Република Албанија Еди Рама, денес го означија официјалниот почеток на One Stop Shop концептот на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. На настанот присуствуваа претставници на Владите од двете држави, како и високи претставници на царинските и полициските служби. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на ...

Најголем дел од приходот во Грин Машинс денес доаѓа од продажбата на возила на електричен и водороден погон, за разлика од пред некоку години кога најмногу се продаваа дизел возила, вели техничкиот директор на фабриката Грин Машинс во БРАКО, машинскиот инженер Ангел Анѓушев, во изјава за медиумскиот проект Живот во зелено (Green Life). Ангел Анѓушев, кој студираше на престижниот државен Технички универзитет во Виена, смета дека кај нас се уште ...

Фарвмацевтската компанија Алкалоид објави дека првата половина годинава работела со вкупни консолидирани приходи од 140 милиони евра и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 15%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 18%, на 137 милиони евра. Дури 71% од вкупните ...

Finance Think ја публикуваше студијата „Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: докази од микроанкета“, чија цел е да се процени влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија. Домашните компании се увозно зависни од суровини и енергија, и глобалниот пораст на цените брзо и лесно се пренесува во домашната економија. Студијата покажува дека ...

ММФ очекува малку повисок раст на глобалниот БДП, прогнозирајќи 3% раст во 2023 година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше својата прогноза за глобалниот економски раст за 2023 година малку нагоре, бидејќи прогнозите сега се подобри од претходно и за напредните економии и за клучните земји во развој. ММФ во својот јулски извештај за перспективите на светската економија наведе дека очекува светскиот економски раст во 2023 година да ...

Стопанската комора на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори со ова соопштение уште еднаш укажуваат дека Законот за данок на солидарност се носи без соодветна консултација со бизнисот и покрај изјавите на министерот за финансии дека законот е дискутиран на повеќе јавни расправи во кои била вклучена и бизнис заедницата. Имено, потврда за тоа дека и при јавни расправи забелешките на бизнисот не се земени предвид е и првиот допис кој ...

Швајцарската логистичка групација Kuehne+Nagel објави пад од 51% на оперативната добивка во вториот квартал, бидејќи условите во индустријата се влошија поради предизвикувачкото економско опкружување. Но, од компанијата велат дека резултатите сепак ги надминале очекувањата, при што швајцарската логистичка групација забележа повисок пазарен удел во одделите за морска и договорна логистика. Заработката пред камата и данок (EBIT) достигна 523 ...

Потрошувачката на електрична енергија се намалува во развиените економии, додека енергетско интензивното производство се зголемува во Кина и Индија. Високите цени на енергијата веќе предизвикаа намалување на потрошувачката на електрична енергија минатата година, а процесот продолжи и во првата половина од оваа година. Трендот е особено изразен во Европската унија, која е изложена на ризик неповратно да загуби барем дел од енергетско ...

Луксузниот ланец хотели Solaris Beach Resort во Шибеник, Хрватска, купи две возила од брендот Грин Машинс на БРАКО за одржување на хигиената во комплексот. Возилата на БРАКО се многу ценети и барани во Хрватска, велат одговорните лица од „Градатин“, дистрибутер на возилата за хрватскиот пазар. „Возилата Грин Машинс одлично се пласираат, исполнуваат високи стандарди, имаат сертификати од меѓународни сертификациони тела, лесни се за одржување, ...

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и неговиот заменик Муарем Асани со раководниот тим, денес одржаа состанок со високи претставници од Светска Банка, предводени од регионалниот менаџер за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На состанокот се дискутираше за имплементацијата на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка. Имплементацијата на Национален ...

Кинеската компанија COSCO Shipping ќе лансира нова неделна услуга овој септември од Северна Европа и Медитеранот со источниот брег на Јужна Америка, со цел да ја зголеми поврзаноста меѓу двата континента. Услугата, наречена ESE2, ќе започне на 16 септември во Монтевидео и ќе ги поврзува главните пристаништа во источна Јужна Америка, вклучувајќи ги Сантос, Рио де Жанеиро, Паранагуа и Итапоа. Сервисот се надева дека ќе го поврзе Сантос со ...

Европската комисија го одобри планот на Германија за државна помош во финансирање проектот за декарбонизација „tkH2Steel“ во вкупен износ од околу две милијарди евра. Со овој проект германскиот металуршки гигант ThyssenKrupp планира да го декарбонизира производство на челик. Станува збор за пионерски проект кој е многу иновативен и кој од една страна, брзо ќе заштеди многу CO2, а од друга страна, „tkH2Steel“ ќе стане двигател на европската ...

Во првите пет месеци годинава македонските кондиторски компании продале на странските пазари производи вредни 31,5 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 22% или 5,6 милиони евра повеќе во споредба со приходите од извоз остварени во истиот период лани. Инфлацијата и повисоките цени се причина за поголемиот раст на вредноста на извозот, додека извезените количини бележат раст за 3,9% во споредба ...

Во првите пет месеци годинава македонските кондиторски компании продале на странските пазари производи вредни 31,5 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 22% или 5,6 милиони евра повеќе во споредба со приходите од извоз остварени во истиот период лани. Инфлацијата и повисоките цени се причина за поголемиот раст на вредноста на извозот, додека извезените количини бележат раст за 3,9% во споредба ...

За повисок економски раст на земјите од Западен Балкан е потребна повисока трговска и финансиска интеграција. Анализите покажуваат дека повисоката интеграција во глобалните синџири на вредност може да придонесе за повисоко ниво на бруто домашниот производ за 3% до 10% кај земјите од Западен Балкан. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на 9. конференција на Европската централна банка на тема „Менување на ...

Индија, најголемиот светски извозник на ориз во четвртокот нареди запирање на извозот на ориз, освен басмати, за да ги намали домашните цени кои се искачија во последните неколку денови. Причина е непредвидливото време и големите монзунски дождови кои направија хаос во посевите со ориз во Индија и го загрозуваат производството. Ова ги зголеми стравувањата од натамошна нестабилност на глобалните пазари на храна. По забрана на извоз од Индија, ...

АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална и иновативна компанија, континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија. Приспособувањето и искористувањето на иновативните технологии и прифаќањето на дигиталната трансформација се важен императив за да се биде во чекор со најновите трендови, како и заради нивна примена за унапредување и за усовршување на сите аспекти во работењето. АЛКАЛОИД започна со спроведување нов ...

Стопанската комора на Македонија, најголемата бизнис комора која ги обединува најголемите и најсупешни компании во Македонија во остра реакција до Владата, Претседателот и до Министерството за финансии најави дека ако и покрај сите досегашни аргументи и укажувања за негативните последици се усвои предлог Законот за солидарен данок, ќе поднесат иницијатива пред Уставен суд за да ја успорат уставноста на законот. “Ако и покрај сите овие укажувања ...

Соединетите Американски Држави, како еден од најважните стратешки партнери на Република Северна Македонија ја поддржува интеграцијата на државата во ЕУ, и двете земји во наредните пет години ќе работат на заеднички проект чија цел е зачувување на финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата. ...

Во текот на 2022 година глобално биле извезени производи во вредност од 24,5 трилиони долари, што е зголемување од 10,6% во споредба со вредноста на извозот остварен во 2021 година, покажуваат податоците од Worldtopexports. Најголеми 10 извозни економии во 2022 година биле Кина, САД, Германија, , Холандија, Јапонија, Италија, Јужна Кореја, Белгија, Хонг Конг и Франција. Заедно, сите овие 10 извозно ориентирани економии создале повеќе од половина ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
63%
1020
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1021
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
64%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.52
65%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1022
weather icon

Атина

9ᴼ / 5ᴼ
1.34
64%
1022
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
75%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 5ᴼ
1.79
44%
1018
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
40%
1021
Currency

61.535

Currency

55.8068

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61