
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Минатата 2023 година од Македонија биле извезени јаболка во вредност од само 14 милиони евра, што е намалување од 8% во споредба со претходната 2022 година кога во странство се продале јаболки во вредност од 15,3 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Но, продадените количини во странство бележат пад од дури 27%. Статистичките податоци покажуваат дека лани биле продадени 65,3 илјади тони јаболка на странските ...
На Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе биде се поголем, а за нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиреја и да купиме дел од пристаништето, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум што се одржа во Палатата Србија. „За нас е важно да ги искористиме капацитетите на пристаништата во Солун и Пиреја, да купиме дел од пристаништето, немаме проблем да ги закупиме ...
Можностите за извоз во Европската Унија се максимално пополнети затоа мора да се бараат нови земји каде би ги пласирале нашите производи според квалитетот и цената. Тоа се државите од Северна Африка и поранешните советски републики, а треба да се направат и напори за заеднички настап на третите пазари во рамките на иницијативата за коморско здружување во Западен Балкан, како и заеднички настапи на саемските манифестации, истакна претседателот на ...
Трговскиот дефицит на Македонија во трговијата со странство се намали за 26% во текот на изминатата 2023, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вредноста на увозот во 2023 година изнесуваше 11,1 милијарда евра, што е намалување за 8,1% во однос на 2022 година. Вредноста на извозот, пак, во 2023 година изнесуваше 8,3 милијарди евра, што е незначителен раст од 0,3% во однос на 2022 година. Трговскиот дефицит во трговијата ...
Европската комисија се откажа од предлогот за намалување на употребата на пестициди за да се задоволат земјоделците кои веќе неколку недели протестираат и блокираат патишта и градови во земјите од Европската унија. Таа одлука на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е најновиот показател дека ЕУ е подготвена да ги жртвува еколошките приоритети за да ги смири земјоделците и да ги држи на своја страна. И покрај отстапките, ...
компании кои заинтересирани за извоз на своите производи во Обединетото Кралство. Инфо сесијата ќе се одржи на 13 февруари во 15 часот и ќе се одвива на англиски јазик. “На македонските компании од прехранбената индустрија дополнително ќе им биде понудена ексклузивна можност за учество во Меѓународниот саем за храна и пијалоци (International Food & Drink Event – IFE) кој ќе се одржи од 25 до 27 март во Лондон. На овој настан се очекуваат ...
Десет македонски производители и извозници на овошје и зеленчук изложуваат на саемот FRUIT LOGISTIKA кој се одржува од 7 до 9 февруари во Берлин. Баџо, Виториа Фруит, Вардар Градско, Флора Фреш, Атон Фруитс, Туран, Дојрана Фреш, Ксенос, Фреш лајн и Хортена се македонските компании кои се присутни на годинешното издание на FRUIT LOGISTIKA, кој важи за најголем и најзначаен саем за свежо овошје и зеленчук во светот и на кој компаниите имаат ...
Европската комисија во вторникот препорача ЕУ да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 90% до 2040 година, амбициозна цел што ќе ја тестира политичката волја за борбата на регионот против климатските промени пред изборите во ЕУ. Климатската агенда на Европа влегува во тешка фаза бидејќи почнува да ги допира чувствителните сектори, како што е земјоделството, додека во исто време традиционалните индустрии се соочуваат со жестока зелена ...
Со пари обезбедени од донација од Алкалоид и Комерцијална банка ќе биде реновиран простор од 750 м2 на Клиниката за токсикологија кој ќе се трансформира во Интернистички ургентен центар, информираше министерот за здравство Фатмир Меџити. Донацијата од „Комерцијална банка“ изнесува 235.000 евра, а од „Алкалоид“ 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра, а договорот за донацијата го потпишааа Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во ...
Со пари обезбедени од донација од Алкалоид и Комерцијална банка ќе биде реновиран простор од 750 м2 на Клиниката за токсикологија кој ќе се трансформира во Интернистички ургентен центар, информираше министерот за здравство Фатмир Меџити. Донацијата од „Комерцијална банка“ изнесува 235.000 евра, а од „Алкалоид“ 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра, а договорот за донацијата го потпишааа Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во ...
Германското здружение за автомобилска индустрија VDA објави анализа на прогнозите за овогодинешниот пазар на автомобили, фокусирајќи се на продажбата на електрични автомобили. Додека вкупната продажба на автомобили се очекува да се намали многу малку, за електричниот сегмент песимизмот е поголем, поради законските измени, се вели во анализата. Производителите на автомобили во Германија веруваат дека продажбата на електрични автомобили ќе падне ...
Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, коишто во моментов се повисоки и до шестпати во однос ...
„Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за „Блумберг Адрија“. Таа истакнува дека идната поставеност на монетарната политика ...
Најголемата македонска прехранбена компанија во својот бизнис план за оваа 2024 година очекува висок раст на приходите од продажба, како на домашниот пазар, така и на странските пазари. Според објавениот финансиски и бизнис план за 2024 година усвоен од Одборот на директорри на крајот на минатата година се вели дека компанијата планира годинава да ја заврши со вкупни приходи од продажба од 80,18 милиони евра, што е големо зголемување од близу ...
Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature! Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на ...
Црвеното Море, Црното Море и Панамскиот канал: УНКТАД алармира за нарушувањата на глобалната трговија Телото за трговија и развој на Обединетите наци (ОН), УНКТАД, изрази длабока загриженост поради ескалацијата на нарушувањата на глобалната трговија. Од УНКТДАТ посочуваат дека неодамнешните напади на бродови во Црвеното Море, во комбинација со геополитичките тензии кои влијаат на поморсскиот товарен транспорт во Црното Море и влијанијата на ...
Шест македонски кондиторски компании се претставуваат ма годинешниот престижен саем ISM кој се одржува од 28 до 31 јануари во градот Келн, Германија. Најголемиот македонски извозник од прехранбената индустррија Макпрогрес, потоа компанијата Витаминка, Макпромет, Макс, Лио и Мако Маркет годинава со свои штандови ги изложуваат производите. Саемот ISM кој се одржува традиционално во германскиот град Келн е најголем светски саем специјализиран за ...
Извршниот директор на Tesla, Елон Маск вели дека кинеските компании за електрични возила ќе ги „уништат“ ривалите без трговски бариери. Кинескиот ривал BYD го престигна Tesla како најпродавана компанија за електрични возила во светот минатиот квартал. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, рече дека кинеските производители на автомобили ќе ги „уништат“ глобалните ривали без трговски бариери, нагласувајќи го притисокот со кој се соочува лидерот ...
Германската индустрија очекува штрајкот на машиновозачите да предизвика големи проблеми за компаниите, вклучувајќи го и товарниот сообраќај. Шестдневниот прекин на работата се заканува со сериозни ограничувања, дури и со прекин на производството во одредени сектори, изјави за ДПА Тања Генер (Гонер), генерален директор на Сојузната асоцијација на германската индустрија (БДИ). „Не е нереално да се очекуваат загуби до една милијарда евра“, додаде ...
Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. ...
Русија ја прескокна Саудиска Арабија и стана главен кинески снабдувач на сурова нафта во 2023 година. Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот им пркоси на западните санкции за да купи огромни количества нафта со попуст за своите погони за преработка. Русија испорача рекордни 107,02 милиони метрички тони сурова нафта во Кина минатата година, што е еквивалентно на 2,14 милиони барели дневно (bpd), покажаа податоците на кинеската ...
Европската централна банка се соочува со неизвезен пат до ниска инфлација како што платите се зголемуваат. Работниците во Европа се надеваат дека овогодинешното покачувања на плати ќе помогне да се обноват приходите намалени од повисоките цени, но очекуваното зголемување на нивната куповна моќ може да ги попречи напорите на Европската централна банка да ја врати инфлацијата на целта. ЕЦБ го издвои покачувањето на платите како единствен најголем ...
Од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и директорот на Царинската управа Србија, Бранко Радујко потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија. Со ова во голема мера ќе се олесни у забрза трговијата помеѓу Македонија и ...
Кинеската автомобилска индустрија достигна историска пресвртница во 2023 година, со рекорднo производство и продажба на автомобили, отворајќи го патот за земјата да стане најголемиот светски извозник на автомобили. Значајниот развој во кинеската автомобилска индустрија го покажува јасно не само успехот на кинеската индустриска надградба, туку и огромниот потенцијал на земјата за висококвалитетен развој. Ова е исто така негирање на наративите за ...
Слабеењето на германската индустрија и намалената потрошувачка во Германија го намалуваат македонскиот извоз веќе четврти месец по ред. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември од Македонија биле извезени производи во Германија во вредност од 293 милиони евра, што е за 16% помалку во споредба со истиот месец лани кога извозот во најголемата европска економија изнесувал близу 350 милиони евра. Извозот во ...
Глобалната трговија се намали за 1,3% од ноември до декември 2023 година, бидејќи нападите на милитантите врз трговските бродови во Црвеното Море доведоа до пад на обемот на транспортен товар во тој клучен регион, објави германскиот економскиот институт IFW во четвртокот. Во моментов околу 200.000 контејнери се транспортираат преку Црвеното Море дневно, што е помалку од околу 500.000 дневно во ноември, соопшти институтот IfW од Киел. ...
Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда. Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на ...
Јапонската групација Nippon Express Holdings (Nx Group) објави дека и официјално го заврши процесот на преземање на австриската логистичка компанија cargo-partner. Овој значаен настан беше објавен на посебно организиран настан за клиентите и партнерите во Виена кој се одржа на 8 јануари. Посебната конференција за новинари на која менаџментот на двете компании дискутираше за стратешката визија на новата компанија ја проследи и порталот ИзвозМК, ...
Цените на товарниот поморски транспорт се зголемуваат по ракетниот напад и обидот за киднапирање на бродот „Маерск“ викендов, што ги натера превозниците да ги прекинат плановите за рестартирање на транзитот низ Црвеното Море, клучна артерија на виталната трговска рута на Суецкиот канал. Милитантите Хути со седиште во Јемен напаѓаат товарни бродови во Црвеното Море од ноември во знак на поддршка за палестинската исламистичка група Хамас која се ...
СТО предупредува на деглобализација која може да има многу високи економски трошоци Дали глобалната заедница се распаѓа на ривалски моќни блокови? Дали пријателските влади се изолираат од другиот блок? Тоа би имало сериозни последици за светската трговија, предупредува главниот економист на СТО. Светската трговска организација (СТО) гледа знаци на фрагментација во глобалната економија и предупредува на можна деглобализација. „Економските трошоци ...