
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Цената на какаото која расте неколку месеци по ред, денеска сруши уште еден рекорд, достигнувајќи 10.000 долари за тон. Цена која не била никогаш досега видена. Причините се должат на каткорочни проблеми во производството и понудата на какако, но некои докази упатуваат дека цената на какаото би можела да остане висока на подолг рок. Тоа веќе го чувствуваат производителите на кондиторски производи, а порано или подоцна ќе има влијание и на ...
На 25ти март во организација на Макпрогрес и Фондацијата Прогресив Академија во просториите на Винчини развоен центар се одржа интерактивна дебата на која беа истакнати предизвиците за квалификувана работна сила со кои се соочува прехранбениот сектор. Пред присутните, компании, средните технички училишта и други релевантни организации, генералниот директор на Макпроргрес Глигор Цветанов ја промовираше Винчини Академијата, првата сертифицирана ...
Како дел од проектот „Bayern Fit for Partnership“,во Баварија се одржа Делегациско патување на тема: Развој на туризмот во Северна Македонија. Делегациското патување беше организирано од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, под покровителство на Баерн Интернационал, а истото беше финансирано од Министерството за економија, регионален развој и енергетика на Баварија. На ниво на цела Германија, ...
ИНТЕРВЈУ СЕРГЕJ СИМОНИТИ, регионален директор, COFACE Adriatic Светски познатата компанија за управување со ризици Coface минатата недела ја организираше првата Country Risk конференција Адриатик регионот со цел на македонските компании да им ги приближи знаењето и искуството за ризикот од ненаплата и да им ги претстави инструментите со кои може да се спречат или намалат овие ризици. Со Сергеј Симонити, регионалниот директор на Кофас Адриатик, ...
Комерцијална банка објави дека склучила договор за продажба на имотот на кавадаречки Еуроникел Индустри на холдинг компанија Polynickel Holding BV со седиште во Холандија, која е дел од познатата турска групација Yildirim Group. Комерцијална банка се сеткна со имотот на кавадаречкиот металуршки комбинат Еуроникел Индустри по пат на неплатени побарувања, откако компанијата која е една од најголемите потрошувачи на струја во земјава, западна во ...
Расположението меѓу германските извозници значително се подобрило во март во однос на февруари, покажува најновото истражување на минхенскиот Институт за економски истражувања Ifo. Показателот на очекувањата се зголеми од -7,0 поени на -1,4 поени. Германските извозници се надеваат дека нивната состојба ќе се подобри со зајакнувањето на светската трговија во наредните месеци. Споредено со претходните месеци, во март значително повеќе индустрии ...
Колумна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Економијата да биде врвен приоритет во наредните 10 години, да се намали бројот на сегашните 1.354 институции, да се прогласи мораториум за нови вработувања во јавниот сектор и да се сведат на минимум непродуктивните буџетски трошења · Просечна стапка на економски раст помала од 2% во периодот од 1992 година до денес. Стапка на раст која е убедливо најниска споредено ...
Логистичките компании и железничките оператори пријавија пораст на побарувачката за железнички транспорт од Азија до Европа преку Русија, по прекинот на морските рути предизвикани од неодамнешните напади на Хутите во Црвеното Море. Повеќето големи контејнерски бродски линии ги пренасочија своите азиско-европски пловидби подалеку од Суецкиот канал поради тековните напади врз трговските бродови, што го нарушува глобалниот трговски тек. ...
Макпрогрес како водечка компанија во кондиторската индустрија во Македонија, со гордост ја објавува својата континуирана посветеност да создава и обезбедува неодоливи слатки искуства за своите клиенти. Познати по нивниот квалитет, иновации и задоволството на клиентите, Макпрогрес ДОО Виница, бележи континуиран нагорен тренд во својот развој. Основана во 1990 година како мал семеен бизнис, денес таа претставува гигантски играч на полето на ...
Извршниот директор на BMW, Оливер Ципсе вели дека Европската унија треба да ги преиспита своите цели за јаглерод диоксид (CO2), бидејќи притисокот врз производителите на автомобили да ги намалат емисиите на јаглерод се заострува следната година, пред целосната забрана за моторите со согорување на фосилни горива во 2035 година. „Веруваме дека сеопфатен преглед на законодавството за возниот парк во ЕУ е од суштинско значење“, рече Ципсе за време ...
Светски познатата компанија Coface денеска во Скопје ја организираше првата Country risk конференција на која странски и домашни експерти и претставници од бизнис секторот говореа за кредитните ризици и ризиците од ненаплата на побарувањата, како и за начините како компаниите можат најдобро да се заштитат со цел поуспешно да работат. Сергеј Симонити, регионалeн директор за Кофас Адриатик смета дека производите кои ги нуди Coface може многу да ...
Индустријата за производство на преработки од зеленчук и овошје, една од извозно најуспешните македонски индустрии продолжува да го зголемува произодството, извозот и продажбите. Според податоците на Државниот завод за статистика во изминатата 2023 година од Македонија биле извезени преработки од зеленчук и овошје во вредност од 87,5 милиони евра, што е раст 10,4% или за осум милиони евра повеќе во споредба со 2022 година. Статистиката покажува ...
Цената на зрната какао е двојно зголемена од почетокот на годината, што ги зголемува шансите за големо поскапување на чоколадото, непосредно пред двата најголеми верски празници во светот – Велигден и Бајрам. Компанијата Mondelez, која ги вклучува брендовите Cadbury и Toblerone меѓу своите брендови, изјави за агенцијата dpa дека ќе мора да ги зголеми цените на своите чоколади поради поскапувањето на какаото. И CoBank, американска банка која ...
Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција. Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, ...
Преку дигитализација до развој на факторингот и зголемување на извозот Развојната банка на Северна Македонија, Активноста на УСАИД Партнерства за eкономски раст, Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ (спроведени од Паладиум Интернешнел), потпишаа договор за набавка на нов дигитален производ на домашниот финансиски пазар – дигитална алатка за кредитно осигурување. Целта на оваа соработка е да се одговори на ...
На годишна основа најголем пад забележан е во Ирска, Естонија и Бугарија Индустриското производство нагло се намали во ЕУ и еврозоната во јануари, покажуваат најновите податоци кои ги објави Еуростат. Производството во еврозоната во јануари падна за 6,7% на годишно ниво, додека падот во земјите од ЕУ изнесува 5,7%, објави Евростат. Индустриското производство во еврозоната е намалено за 12,1% кај капиталните производи, 8,4% кај трајните ...
Македонските вина се претставуваат на најпознатиот меѓународен саем за вино и жестоки пијалаци „ProWein 2024“, кој од 10 до 12 март, се одржува во Дизелдорф, Германија. На триесеттото издание на „ProWein2024“ учествуваат македонските винарници: „Тиквеш“, „Камник“, „Венец“, „Мовино“, „Имако“, „Попов“, „Милев“, „Стоби“, „Парагон“, „Сопот“ и „Лазар“. Учеството на овој саем е од исклучително значење за македонските винарници бидејќи посетителите на ...
Nехt.е.Gо, фирмата која требаше да добие државна помош за да гради електрични возила во Македонија отиде во стечај. Всушност ова е втор пат оваа фирма во нејзината кратка историја да започнува постапка за несолвентност, откако веќе еднаш прогласи банкрот во 2020 година. Производителот на автомобили ги наведува „најновите случувања и предизвици во индустријата за електрични возила“, како и нестабилноста на финансиските пазари како причини за ...
Nехt.е.Gо, фирмата која требаше да добие државна помош за да гради електрични возила во Македонија отиде во стечај. Всушност ова е втор пат оваа фирма во нејзината кратка историја да започнува постапка за несолвентност, откако веќе еднаш прогласи банкрот во 2020 година. Производителот на автомобили ги наведува „најновите случувања и предизвици во индустријата за електрични возила“, како и нестабилноста на финансиските пазари како причини за ...
ИНТЕРВЈУ Марија Дуковска-Павловска, генерален директор на Макстил и член на Собранието на Стопансканата комора -Челичната индустрија во земјава и регионот се соочува со многу предизвици во изминативе неколку години…Резултатите од минатата година покажуваат дека Макстил прилично добро се справува во овој кризен период. Во какви услови работи Макстил и челичната индустрија, какви се резултатите за производството и извозот за годинава и какви ...
ИНТЕРВЈУ Марија Дуковска-Павловска, генерален директор на Макстил и член на Собранието на Стопансканата комора -Челичната индустрија во земјава и регионот се соочува со многу предизвици во изминативе неколку години…Резултатите од минатата година покажуваат дека Макстил прилично добро се справува во овој кризен период. Во какви услови работи Макстил и челичната индустрија, какви се резултатите за производството и извозот за годинава и какви ...
ИНТЕРВЈУ БЛАГИЦА ТРПЕЗАНОВСКА, генерален директор на Кине и Нагел Македонија Благица Трпезановска е во компанијата Кине и Нагел Македонија (Kuehne+Nagel Macedonia) од нејзиното основање во 1996 година. На позицијата генерален директор, пак, е од 1999 година. Во ексклузивно интервју за едицијата Топ 100 Извозници таа зборува за предизвиците низ кои минува логистичката индустрија во изминатите години, за дигитализацијата и зелената логистика, ...
Како дел од активностите за општествена одговорност, компанијата „Алкалоид“, квеќе неколку години наназад презема повеќе активности, кои, меѓу другото, се насочени и кон заштита на животната средина. Значаен дел од тие активности е фокусиран на енергетската ефикасност, со цел оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на штетните емисии. Како резултат на тие активности „Алкалоид“ АД го доби првиот ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТ за ...
Македонските компании во текот на јануари на странските пазари извезле стоки во вредност од 550 милиони евра, што е за 11,4% помалку во споредба со истиот месец минатата 2023 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е втор најголем месечен пад на извозот од пандемијата навами, по падот од 11,8% во август минатата година. Во изминатите 12 месеци, статистиката измерила месечно намалување на извозот во шест ...
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка чија цел е полесен влез на јапонски компании во земјава како и воспоставување поблиска соработка меѓу македонските и јапонските компании особено во делот на заеднички проекти во градежништвото и иновациите. „Ова е почеток на една многу важна соработка. Очекувам дека во следниве ...
Подобрување на квалитетот на животот преку забрзување на економскиот раст е основната цел на реформскиот план ВИЗИЈА ЗА ЗАБРЗАН РАСТ, што го предлага организацијата Македонија2025. Планот се базира на „Платформата за просперитет“ која Македонија2025 ја претстави во 2020 година, а чии фундаменти вклучуваат: Нулта толеранција за корупција, преку транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност; Континуиран раст на БДП над 5% годишно, ...
Данскиот бродски гигант „Маерск“ најави дека наскоро ќе им дозволи на своите бродови повторно да транзитираат низ Црвеното Море по паузата заради зачестените напади и конфликти кои оштетија неколку товарни бродови. Најавата од Маерск доаѓа по веста дека е формирана безбедносна иницијатива, предводена од САД, која ќе има за цел да им овозможи на трговските бродови повторно и побезбедно да транзитираат низ Црвеното Море, Аденскиот Залив и ...
Цените на товарниот поморски транспорт се зголемуваат по ракетниот напад и обидот за киднапирање на бродот „Маерск“ викендов, што ги натера превозниците да ги прекинат плановите за рестартирање на транзитот низ Црвеното Море, клучна артерија на виталната трговска рута на Суецкиот канал. Милитантите Хути со седиште во Јемен напаѓаат товарни бродови во Црвеното Море од ноември во знак на поддршка за палестинската исламистичка група Хамас која се ...
Јапонската групација Nippon Express Holdings (Nx Group) објави дека и официјално го заврши процесот на преземање на австриската логистичка компанија cargo-partner. Овој значаен настан беше објавен на посебно организиран настан за клиентите и партнерите кој се одржа на 8 јануари во Виена . Посебната конференција за новинари на која менаџментот на двете компании дискутираше за стратешката визија на новата компанија ја проследи и порталот ИзвозМК, ...
Глобалната трговија се намали за 1,3% од ноември до декември 2023 година, бидејќи нападите на милитантите врз трговските бродови во Црвеното Море доведоа до пад на обемот на транспортен товар во тој клучен регион, објави германскиот економскиот институт IFW во четвртокот. Во моментов околу 200.000 контејнери се транспортираат преку Црвеното Море дневно, што е помалку од околу 500.000 дневно во ноември, соопшти институтот IfW од Киел. ...