Објавено на:

Лига на шампиони: Интер во импресивна форма отпатува во Мадрид, но и Атлетико има свои сметки!

t

Денеска завршува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, последни дуели се Атлетико Мадрид – Интер и Борусија Дортмунд – ПСВ Ајндховен.

Интер со предност од 1-0 ќе излезе на „Ванда Метрополитано“, тимот на Симоне Инзаги е во импресивна форма. На средината сме од третиот месец оваа година, а тие не знаат за ништо друго освен за победи.

Последен пат не се израдуваа на триумф во декември минатата година кога ремизираа со Џенова, оттогаш наредија 13 победи.

За разлика од Интер, Атлетико Мадрид е во лоша форма. Во минатото коло загубија од Кадиз со 2-0, а претходно беа исфрлени од Купот на Шпанија со тежок пораз од Атлетик Билбао од 3-0.

Но, Атлетико Мадрид под водство на Диего Симеоне е тим кој никогаш не треба да се отпишува. Шпанскиот тим има доволно силен состав за да се пласира во следната фаза, но како ќе биде на теренот ќе се види вечерва.

Во другиот денешен дуел, Борусија Дортмунд го пречекува ПСВ, мечот во Ајндховен заврши нерешено 1-1. Германскиот тим е благ фаворит во овој двобој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…