
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека се приклучува кон реакциите дека слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена. Оваа слобода, велат од таму, може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи ...
Во ера водена од технологија, потрагата по ИТ професионалци е голема. Доколку сте средношколец кој размислува да студира ИТ или пак се занимавате со ИТ ново знаење сигурно ќе ви биде повеќе од потребно. Ви претставуваме топ 5 бесплатни курсеви кои ги задоволуваат потребите на студентите кои се стремат кон кариера во Информатичките Технологии: CS50x на Харвард е многу респектиран онлајн курс кој обезбедува комплетен вовед во основите на ...
Во земјава во септември годинава се евидентирани 124 800 туристи, од кои 34 769 (27.9 %) се домашни, а 90 031 (72.1 %) се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните, а 65.7 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %. Кај домашните ...
Според Извештајот на Европската Комисија за 2023 година за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција, невработеноста е еден од најзначајните проблеми со кои се соочуваат младите во земјава. Порталб.мк го анализираше Извештајот кој констатира дека препораките од минатата година се делумно имплементирани и наведува дека „во наредната година особено треба да продолжи имплементацијата на Младинската ...
Денеска, на 10 ноември, се одбележува Светскиот ден на науката – настан што започна да се одбележува во 2001 година од страна на УНЕСКО. Настанот го одбележаа научните институции и универзитети во Македонија. Ден на наука на УГД Универзитетот „Гоце Делчев“ го одбележа Денот на науката, 10 ноември со доделување на признанија на професорите со највисоки научни достигнувања. На овој начин, УГД потврди дека Денот на науката е одлична можност да се ...
ХПВ (хуман папилома вирус) во 99.8 проценти е предизвикувач на ракот на грлото на матката, а сеуште има одбивност од родители за вакцинирање на децата. Во земјава сѐуште има одбивност од страна на родителите за вакцинирање на нивните деца против ХПВ. Сите девојки што ќе навршат 19 години, можат да ја примат оваа вакцина. Од следната година се очекува таква можност да ја имаат и момчињата. Фото: МИА Доктор Горан Димитров, специјалист ...
Голем дел од корисниците на стипендии за студирање во странство, и покрај обврската, останале да работат надвор од Северна Македонија. Ниту еден од студентите кој не се вратил во државава согласно договорот склучен за доделување на стипендијата, не ја вратил сумата предвидена во договорот. Министерството за образование и наука (МОН) не ја активирало потпишаната меница како гаранција за преземената обврска ниту еднаш, иако во последните 13 години ...
Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката. Фото: МИА.МК На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била ...
Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку европскиот Систем за брзо известување на небезбедна храна и храна за животни – RASSF нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. Photo by Elevate on Unsplash Од АХВ денеска преку соопштение информираат дека се зајакнати инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја. – Како одговорна институција за безбедноста на храната, ...
Медиумска писменост е темата на Обуки кои ги реализираат БРО и МОН, а се наменети за одделенски наставници и наставници по мајчин јазик од 6-9 одделение. Од 18 септември 2023 година Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници (1-5то одделение) и наставниците ...
Големата сфинга во Гиза била во најголем дел создадена од ветрот, пред старите Египќани да додадат детали и да го создадат оваа позната скулптура. Пред повеќе од 40 години, Фарук Ел-Баз, астроном и геолог познат по своите теренски истражувања во пустините ширум светот, теоретизираше дека ветрот одиграл голема улога во обликувањето на Големата сфинга во Гиза Photo by Hongbin on Unsplash Новото истражување покажува дека теоријата на Фарук Ел Баз ...
Ова се мал дел од луѓето кои се родени на Балканот, а направиле значајна промена во светски рамки. Кој од оваа листа ќе исфрлите, а кого ќе додадете? Историјата е исполнета со извонредни поединци кои го обликувале текот на човештвото на различни начини. Балканот е домаќин на некои од најзначајните личности во историјата, чии придонеси оставија неизбришлива трага во светот. Во оваа статија, ќе погледнеме подетално некои од најважните луѓе во ...
AI (вештачка интелигенција) пријател креиран по ваша мерка и замисла ќе може да ви помогне да ја победите осаменоста. Судејќи според кодот во апликацијата Инстаграм, инженерите на Цукерберг работат на тоа да им овозможат на луѓето да создадат „пријатели“ засновани на вештачка интелигенција за да разговараат. Фото: Replika Не е тајна дека „Мета“ работи на различни алатки за вештачка интелигенција, но овој пат фокусот е на разговорот со луѓето. ...
Правиме топ листа која ги слави извонредните достигнувања на поединци кои, и покрај нивната младост, оставиле неизбришлива трага во историјата преку нивната иновација, храброст и визија. Листата вклучува луѓе од различни епохи, култури и области, што покажува дека возраста не е пречка за да се направи значително влијание врз светот. Кој би додале или одземале од оваа листа? Малала Јусафзаи (родена 1997 г.): Адвокат за образование Малала, ...
На 9 и 10 ноември (четврток и петок) во просториите на Кампус 2 , во бифето, ќе се одржи голема крводарителска акција иницирана од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Истата ќе трае од 10:00 до 15:00 часот. Акцијата е во соработка со Регионалниот центар за трансфузиона медицина и Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, а е поддржана и од сите студентски организации при УГД, како Универзитетското студентско собрание, Факултетските ...
Бронзен медал освои македонскиот средношколец Дамјан Давков од Штип на 30. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2023) која денеска заврши во словенечкиот град Марибор. Давков посвои бронзен медал, но добри резултати постигнаа и останатите наши претставници. Тоа беа Марко Петров и Софија Велковска од Скопје, како и Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп. Нивни лидери беа д-р Емил Станков и Петар Ковачовски од Факултетот за информатички науки ...
Гевгелија викендов трета година по ред ќе биде домаќин на уличната трка насловена November run Gevgelija 2023. На овој настан учество имаат пријавено вкупно 2350 пријавени учесници во сите категории-детска трка, улична трка на 5 км и 10 км, и инклузивна трка на 1 километар. Големиот број на пријавени учесници, од дома и од странство (од 16 држави) придонесоа овој настан да прерасне во најмасовен настан во Гевгелија, во нашата држава но и ...
Три нови посебни јавни обвинители (во Тетово, Штип и Битола) и се назначени за да работат на предмети поврзани со безбедноста на новинарите. На денот кога се одбележува 2-ри ноември, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите, Основното јавно обвинителство во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) назначи нови три посебни ...
Арнолд Шварценегер призна дека жали поради неговото „неконтролирано“ ривалство со Силвестер Сталоне. На врвот на нивните кариери, двете акциони ѕвезди честопати беа спротивставени една против друга. Водејќи ги франшизите Терминатор и Роки, соодветно, парот често се напаѓаше во печатот, при што Сталоне подоцна рече дека „дури и нашата ДНК се мразеше“. Расправијата траеше две децении, завршувајќи кон крајот на деведесеттите. Во годините потоа, тие ...
Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради било каква причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 7ми ноември. По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку ...
Министерството за образование и наука (МОН) денеска објави нов повик за сместување на студенти во државните и приватните студентски домови. Новиот конкурс трае до 10 ноември, а заинтересираните студенти може да аплицираат преку порталот „е-услуги“ на МОН. Според конкурсот, во Скопје, слободни места се останати само во ДСД „Томе Стефановски-Сениќ“. Слободни легла има и во битолскиот студентски дом „Кочо Рацин“, во ДСД „Орде Чопела“ во Прилеп, ...
Лионел Меси во понеделникот ја освои „Златната топка“ по рекордно продолжување на осми пат, откако ја исполни својата животна амбиција со тоа што ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар минатата година. 36-годишниот Меси победи пред напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Килијан Мбапе. Меси му се заблагодари на својот селектор на Аргентина, соиграчите и стручниот штаб што ја ...
Македонија во последниве години континуирано постигнува напредок во однос на слободата на медиумите иако не е кохерентен и донекаде е ограничен, е главниот заклучок од Извештајот од Мисијата за проценка на состојбата со слободата на медиумите насловен „Слободата на медиумите во Македонија: напредок на стаклени нозе“. Во извештајот се дадени препораките што произлегуваат од меѓународната мисија за проценка на медиумската состојба во земјава што ...
11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски – Боге од Скопје, познат на редакцијата. Благој Ѓузелов, е третиот струмичанец кој се искачил на еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка ...
Мината година, за прв пат по речиси 170 години, во Шведска не се случило грабеж на банка. Со оглед на тоа дека секоја година се ограбуваат банки во оваа скандинавска земја, претходната реченица може да звучи прилично неверојатно. Сепак, одговорот е едноставен – нема смисла да се ограбуваат шведските банки, бидејќи нема повеќе кеш во филијалите и трезорите. Во моментов Шведска е најнапредната земја во светот кога се работи за безготовинското ...
Изминатата недела се одбележуваше светската недела на медиумската писменост. Живееме во ера каде дигитализацијата се шири мошне брзо, а со самото тоа се дигитализираат и медиумите, па така имаме подостапни и побрзи извори на информации и дезинформации. Многумина од луѓето не знаат како да препознаат лажни вести, и, најчесто веруваат во се’ што ќе прочитаат. Но, не се’ што е напишано на интернет е вистина. За да знаеме дали една вест е ...
Истражувањата покажуваат дека голем дел од младите имаат умрени до тешки форми на депресија, а проблемите со менталното здравје кај девојчињата е по изразено отколку кај момчињата. Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Северна Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години. Сиромаштијата, социјалната исклученост и смејното ...
Над 70 % од луѓето во Италија на возраст од 18 до 34 години живеат со родители – еден случај дошол и до суд кој наложил иселување. Процентот на возрасни Италијанци кои живеат со своите родители одамна е доста висок, а една мајка била принудена да преземе драстични мерки откако нејзините два сина – и двајцата во 40-тите – одбиле да ја напуштат удобноста на семејниот дом. Неименуваната жена, која има 75 години, од градот Павија, е уморна од тоа ...
Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје вечер во Струмица ќе го реализира четвртото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители. На четвртото издание на „Добри гости“ во Europe House Струмица поезија и проза ќе читаат Виолета Танчева-Златева, Лилјана Пандева, Андреј Медиќ Лазаревски, ...
Амбасадата на Шведска во Скопје распиша конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден“ како дел од глобалната иницијатива #GirlsTakeOver, според која девојките заземаат позиции на моќ по повод 11 Октомври – Меѓународниот ден на девојките. Може да конкурираат девојки над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, еднаквите можности за жените и девојките, како и за ставање крај на насилството врз жените и девојките. Како што информираат од ...