ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.05.2024
Linkup.mk-нова платформа на интернет сцената

Linkup.mk  е новитет на македонската интернет сцена, платформа која е идеја на неколку млади луѓе од Македонија, кои сакаат да ја вратат загубената врска на човечката интеракција.

 

Платформа за, и од луѓето на пре-дигитализираниот свет. Создадена за да ја врати загубената врска на човечката интеракција одземена од прекумерната консумација. Тука, не сте само уште еден профил, тука сте дел од заедница придвижена од заеднички интереси. Дали сте млад претприемач кој бара соработници, уметник кој бара инспирација, гурман, некој што тежнее за автентични разговори, Linkup нуди простор и алатки за да го остварите тоа. Со лесен и бесплатен процес за регистрација добивате пристап да креирате, прегледате и да се вклучите во многубројните групи кои ве интересираат Вас или пак креирате и да присуствувате на настани. Разговараме со Даниел Веселинов, Тодор Дрваров, Марија Митевска и Иле Ѓоргиевски кои ни го откриваат новитетот на македонската интернет сцена.

Што всушност претставува linkup.mk

Што претставува Linkup.mk?
Linkup е платформа дизајнирана за ТЕБЕ, љубителот на добри книги, тркачот, сликарот, гурманот, да ја пронајдеш твојата група на луѓе со кои ќе уживаш во твоите интереси и хобија. Linkup им овозможува на своите корисници да бидат активни креатори на групи и настани или пасивно да пребаруваат и да присуствуваат на кој било настан што им се допаѓа. Нашето мото е “од заеднички интереси до трајни пријателства” “-вели Веселинов.

Постоењето на Linkup го олеснува поврзувањето помеѓу луѓето кои споделуваат заеднички интереси и страсти…

Јасно ли им е на луѓето каква е улогата на linkup?
“Апсолутно. Linkup постои за да се олесни поврзувањето помеѓу луѓето кои споделуваат заеднички интереси и страсти, овозможувајќи им да се здружат во реалниот живот за да формираат заедници и да се вклучат во значајни активности. Нашата платформа служи како катализатор за зближување на поединци со слични интереси, без разлика дали се работи за професионален нетворкинг, лични хобија или за социјализација. Ги обезбедуваме алатките и ресурсите неопходни за организирање и откривање на настани, со што станува јасно дека ова е платформа за поттикнување на вистински врски и градење заедници офлајн.”-истакна Дрваров.

 

Тимската работа е клучна за успех.

Како дојдовте до идејата за платформата?
“Идејата е на Тодор, но таа никогаш немаше да прерасне во тоа што е денес доколку тимот не беше овој одличен склоп на луѓе кои придонесуваат кон се што треба за еден успешен старт: мотивација, техничка способност, искуство, бизнис знаење, креативност и желба за тимска работа! Нашиот тим покрај Тодор Дрваров ги брои: Иле Ѓоргиевски, Даниел Веселинов и Марија Митевска.  Самиот зачеток беше доста ноншалантент и често се присеќаваме дека се започна од еден обичен муабет кој прерасна во готов производ. Сите сметаме дека успешната реализација беше возможна бидејќи сите работевме со љубов и не го гледавме овој проект како работа и товар.”-додаде Митевска.

 

 

Linkup е вистинското решение за здодевните денови и планирање на идни активности.

Зошто на нас во Македонија ни требаше вакво нешто?
“Секој човек кој живее во Македонија барем еднаш во животот си рекол: ,,Навистина е досадно и нема што да се прави овде!” – Од овде и потекнува и потребата за ваква платформа. Доколку некој сака да оди на планинарање во сабота или пак да си најде друштво за играње шах, веројатно е дека треба да бидете член во група на некоја друга платформа која тешко би се нашла или пак со помош на некој познаници да дојде до истомисленици. Нашиот тим смета дека ова е доста долга процедура за да отидете на едно планинарење. Па можеби некој би сакал да отиде на некое спонтано планинарње а не да го планира тоа со денови или недели. Овде настапува Linkup, како hub за разни активности и луѓе со секакви интереси да си пронајдат она што сакаат.”-објасни Ѓоргиевски.

Како би ги натерале луѓето да се најават на Вашата платформа?
Linkup не е за секого, ние немаме потреба од луѓе кои не би имале вистинска корист од платформата. Така што ние не би ги терале луѓето да се зачленат, тие сами треба да ја согледаат вредноста во она што го нудиме и така би можеле да продолжиме да растеме. Оваа платформа е за луѓето кои имаат желба за да пробаат нешто ново или пак да си најдат друштво за некое хоби или активност кое што не можат сами да го прават а нивниот круг на пријатели е едноставно незаинтересиран. Нашата цел е да ја побиеме монотоноста на секојдневниот живот, да ги споиме вистинските луѓе а од тоа надежно да произлезе другарување и една прекрасна заедница која понатаму ќе расте.”

Линк за регистрација:

https://linkup.mk/

 

 

Матура ќе се полага во холови и спортски сали
Во сабота за првпат ќе се одржи фестивал на кучиња во Скопје