„Приказната за Силјан“ влезе во вториот круг од изборот за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија во светот на документарниот филм. Филмот на Тамара Котевска, кој веќе обезбеди номинација во првиот круг, сега влегува во клучната фаза каде што публиката има одлучувачка улога. Добитникот на оваа награда се избира исклучиво преку гласовите на гледачите ширум светот. Конкуренцијата е исклучително ...

Од нашите гласови зависи дали „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ќе влезе во потесната листа за наградата „Оскар“ која Американската академија за подвижни слики, уметност и наука ќе ја објави на 16 декември во 22 часот. „Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Ова е вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од ...