Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Michael Dell објави дека ќе донира 6,25 милијарди долари за да се овозможи отворање инвестициски сметки за 25 милиони американски деца, во една од најголемите филантропски иницијативи во САД насочени кон финансиска инклузија и еднакви можности. Донацијата ќе се реализира преку иницијатива поддржана од Michael & Susan Dell Foundation, со цел секое дете да добие основна инвестициска сметка што ќе расте со текот на времето и ќе може да се ...
Големо шише шампањ Dom Pérignon „magnum“ од 1961 година, кое било наменето да се послужи на свадбата на Лејди Дајана и Принцот Чарлс, ќе биде понудено на аукција во Данска на 11 декември, со проценета вредност меѓу 67.000 и 80.000 евра. „Ова е навистина уникатно и исклучително ретко откритие. Постојат само 12 вакви магнуми, а ова шише е едно од нив“, изјави Томас Розендал Андерсен, шеф на винаријата во Brønn Rasmussen, пренесува Le Figaro. ...
Американската поп-ѕвезда Сабрина Карпентер јавно побара од Белата куќа да престане да ја користи нејзината музика, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на социјалните мрежи со нејзиниот хит „Juno“ од 2024 година. Во видеото се прикажани агенти на Immigration and Customs Enforcement (ICE) како приведуваат лица, додека минувачи ги снимаат со мобилни телефони. Над снимката стоел натписот „Дали го пробавте ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е „подготвена за војна“ доколку Европа се одлучи за конфронтација, обвинувајќи ги европските лидери дека се обидуваат да го саботираат мировниот процес со . Изјавата ја даде пред средбите во Москва со американски пратеници, на кои се разговараше за предложен мировен план за ставање крај на војната во Украина. Путин оцени дека ревидираните европски предлози се „апсолутно неприфатливи“ за ...
На 3 декември, Месечината е во знакот Бик, носејќи потреба за стабилност, трпение и практични одлуки. Денот фаворизира мирен пристап, средување на обврските и фокус на сигурноста – финансиска, емоционална и лична. Наместо импулсивни реакции, поволно е да се делува смирено и со јасна цел, бидејќи одлуките донесени денеска имаат долгорочно влијание. ОВЕН Денешната енергија те повикува да забавиш и да не носиш одлуки „во лет“. Месечината во Бик го ...
Џабир Дерала предупредува на ризици од дигитален надзор, МВР тврди дека системот ќе ја подобри безбедноста, а политичките партии со спротивставени реакции. Стартот на системот „Безбеден град“ (Safe City) во Скопје предизвика интензивни реакции од граѓанскиот сектор, политичките партии и јавноста, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во првите 12 часа од пробното работење системот регистрирал 65.000 сообраќајни прекршоци, ...
Мишел Монаган откри дека во текот на својата кариера често морала да ги соблекува чевлите со високи потпетици за да не биде повисока од своите машки колеги на филмскиот сет, но јасно порача дека со таа практика е завршено. Во неодамнешно интервју за The Hollywood Reporter, објавено кон крајот на ноември, 49-годишната актерка се присети на снимањето на филмот Somewhere од 2010 година, во режија на Sofia Coppola, каде што играше заедно со Стивен ...
Ко-лидерот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), Тино Крупала, изјави дека неговата партија ќе исклучи член обвинет за држење говор на начин сличен на Адолф Хитлер на партиски состанок минатиот викенд, објави ПОЛИТИКО. Инцидентот се случил во саботата во градот Гисен, каде што AfD го одржа основачкиот конгрес на своето ново младинско движење „Генерација Германија“. Малку познатиот член на AfD, Александар Ајхвалд, се качи на ...
Белгиската полиција денеска ја уапси ректорката на Колеџ Европа и поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, како дел од голема истрага за наводна измама со европски пари поврзана со програмата „Европска дипломатска академија“. Могерини била приведена во Брисел, а истрагата ја води Европското јавно обвинителство (EPPO), со поддршка на европската антикорупциска канцеларија ОЛАФ. Истовремено биле извршени ...
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење. – Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: булевар „Александар Македонски“, дел од улицата „808“, дел од булеварот ...
Опозициската СДСМ денеска поднесе официјална пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со тендери во вкупна вредност од околу 9 милиони евра, за кои, како што наведуваат, постојат сериозни индиции за корупција и фаворизирање. Петар Огњеновиќ од СДСМ информираа дека пријавата е доставена заедно со целокупната документација, докази и информации што партијата ги објавила во изминатите денови. „Премиерот Христијан ...
Судиите во ВАР собата ќе добијат поголемите надлежности на натпреварите на Светското фудбалско првенство 2026 година. Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе ги овласти судиите кои ја користат видеотехнологијата да интервенираат и при погрешно досудени корнери, како и при доделувањето на втор жолт картон. Претставниците на ФИФА сакаат судиските одлуки на Светското првенство да бидат што е можно попрецизни. Инаку, на тековниот Арапски куп се ...
Зимата полека пристигнува, а со неа и желбата на многумина да ја почувствуваат магијата на божиќните базари – традиција што ги спојува културата, гастрономијата и празничната атмосфера. Неколку градови во Европа се достапни со директни нискобуџетни летови од Меѓународниот аеродром Скопје, нудејќи можност за викенд-патувања без големи трошоци. Во продолжение е преглед на најинтересните дестинации и што нуди секоја од нив во празничниот период. ...
Изминатиот викенд, на 29.11.2025 година, во аулата на Филолошки Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа модна ревија под називот „Urban Armour“ (“Урбан штит”) – дел од истоимениот иновативен клутуред проект. Автор на проектот е Татјана Гиновска која преку “Urban Armour” работи на афирмација на архитектонската вредност на бруталистичкото наследство и негово пренесување во полето на современиот визуелен ...
Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони ...
Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.” Патната инфарструктура што ја креираме мора да ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави дека „апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Политичката ДНК на една влада излегува на површина и преку технологиите кои решава да ги воведе. Деновиве, Министерството за внатрешни работи со голема помпа го најави воведувањето на системот Безбеден град (Safe City) во Скопје — модел кој во демократските земји одамна е напуштен или радикално трансформиран во концептот Паметен град (Smart City). Во време на сиромаштија и несигурност, со очигледен раст на авторитарните ...
Полицијата на Хонг Конг денеска соопшти дека 15 лица се приведени под сомнение за убиство од небрежност во големиот пожар во станбен комплекс, додавајќи дека се очекуваат дополнителни апсења. Меѓу приведените се 14 мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 77 години, а сите се поврзани со компанијата за одржување и инженерство што работела во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Таи По, соопшти полицијата, објави Ксинхуа. До 16 часот по локално ...
Вечерва, 2 декември, во Мала сала на Македонската филхармонија ќе се одржи пијано-рецитал на пијанистот Бобан Мирковски, еден од најистакнатите претставници на новата генерација македонски музичари. Публиката ќе има можност да чуе програма составена од дела на Фредерик Шопен, Камил Сен-Санс и Џорџ Гершвин, трите автори со различни стилови и естетики кои го обликувале развојот на клавирот низ две столетија. Концертот е замислен како вечер што ги ...
Двократната оскаровка Џоди Фостер откри едноставна, но доследна навика што ја практикува со децении – трик што, како што вели, ѝ заштедува време и ѝ носи чувство на контрола во секојдневието. Во неодамнешно интервју за рубриката Movies for Grownups на AARP, 63-годишната актерка зборуваше за својата вечерна рутина во пресрет на премиерата на нејзиниот нов филм Приватен живот. Мал ритуал со голем ефект Фостер открива дека секоја вечер, пред да си ...
„ROTKO books&music“ го најавува гостувањето на легендарното британско електронско дуо Autechre, едни од најиновативните пионери на глобалната електронска сцена. По повеќе од три децении влијание и редефинирање на електронската музика, Шон Бут и Роб Браун конечно ќе настапат во Скопје, во октомври 2026 година. Билетите за овој редок и ексклузивен настан ќе бидат пуштени во продажба задутре – во четврток, 4 декември, точно напладне (12:00). ...
Новинарот Војо Маневски за ЦИВИЛ објаснува дека не може да има линеарно зголемување на нелинеарни пензии. Според него, социјалната политика не се сведува само на линеарно покачување – важно е да се обезбеди минимална пензија која ги покрива основните трошоци за живот. Денеска пред Уставниот суд во Скопје се собраа пензионери од целата држава за да побараат продолжување на линеарното зголемување на пензиите. Иницијативниот одбор, предводен од ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во Москва денеска, откако од Белата куќа изразија оптимизам за постигнувањето договор за прекин на војната во Украина, објави Би-Би-Си. Според Би-Би-Си, се очекува да присуствува и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кој дејствуваше како надворешен советник во дипломатските разговори. Самитот доаѓа по дводневните преговори ...
Планот за мир меѓу Русија и Украина може да биде склучен единствено со учество на Киев и европските партнери во преговорите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. – Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски, подвлече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз. Тој додаде дека клучните елементи на идниот договор, како што се ...
Засега ќе нема промени кај министрите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „360 степени“. Тој вели дека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа, а за нов министер за европски прашања и потпретседател на Владата е предложен Беким Сали. Според Мицкоски, кој денеска до Собранието ги испрати предлозите за нови министри од коалицискиот партнер ВЛЕН, во ...
На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи со кои ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување на МТВ, Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи дека официјално ја презел партијата во тешка и сложена состојба, но ...
– За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува и колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите. И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша состојбата во помалите градови и населени места? Економијата паѓа а народот едвај преживува, ...
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, соопштуваат од Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната ...
ЦИВИЛ го објавува првиот дел од големото ексклузивно интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко. Во ова интервју Пендаровски проговори отворено, аргументирано и со невидена прецизност за хибридните операции што ја погодуваат земјата – и ги изговори можеби најострите предупредувања досега. „Кратко ...