
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ Вмровците победија затоа што нив не им е гајле за ништо, освен да победи нивниот кандидат. Не им е нив гајле дали е Скопје затрупано со ѓубре, дали во Кочани се случила трагедија, дали нивната партија гласа за кандидат којшто победата во Тетово си ја прослави со мапа од Голема Албанија, дали се крати на плати и пензии, дали цените одат до небо, или, скраја било, раководството на партијата да им е арогантно. Погледнете како ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски соопшти дека ја прифаќа поканата што ја добил од ТВ Канал 5 за дебата со неговиот противкандидат во вториот круг на локалните избори – Амар Мециновиќ од Левица. -Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата. Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на ...
Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата, било констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, што денеска се одржа во Лондон. Во составот на делегацијата ...
Пишува: ЉУБОМИР Д. ФРЧКОСКИ Оваа влада ќе остане запаметена единствено со трагедијата во Кочани, а овие локални избори единствено со насилството, корупцијата и бесчесните обиди да се „победи во Кочани“ и со тоа да се потрупа врисокот на мајките на убиените деца, а пепелта на жртвите да се разнесе во потоморен заборав. Не е важна повеќе партиската математика на победниците и губитниците на изборите. Не е важно дали биле во право тие што ...
Сите скопски општини, изминативе денови се соочуваат со сериозна криза во одржувањето на јавната чистота, откако повторно ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје веќе пет дена не го собираат сметот од улиците кадешто имаат надлежност. Центар е една од тие општини кои се соочуваат со овој проблем подолг период, па затоа градоначалникот Горан Герасимовски, преку свое видео обраќање ја алармираше јавноста и побара итна реакција од институциите, ...
Во гостувањето во емисијата „360 степени Дебата“, поранешниот премиер Владо Бучковски направи детална анализа на локалните и парламентарните изборни резултати, споредувајќи ги бројките и потенцијалите на двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. „Ако играме со бројки,“ рече Бучковски, „тогаш треба да кажеме дека на последните парламентарни избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше минус 290.000 гласови. Едните освоија 440.000, другите ...
Најбрзиот воз во светот, „ЦР-450“ почна со серијата пробни возења на брзата железница во Кина. За почеток, тој достигна брзина од 453 километри на час. Серијата возови дизајнирани за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментно се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Шинхуа“. Брзиот воз достигнува забрзување од 350 км/ч за ...
Две региони оддалечени илјадници километри споделуваат забележителна архитектонска сличност — куќите Кумбет во Харaн, во турската провинција Шанлиурфа, и куќите Трули во Алберобело, Италија. Иако се разделени географски, и двете градби прикажуваат единствена генијалност во дизајнот и намената што опстанала со векови, претставувајќи ја безвременската креативност на традиционалната архитектура. Во областа Харaн во Шанлиурфа, Турција куќите со ...
Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста. – Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази за инфекција меѓу дивите птици преселници во Европа, вклучително и Франција, и ...
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше побарано ...
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. – Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град ...
Во петок, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен. Леонардо Димоски е роден 2004 год. во Битола, Р. Македонија. Музичкото образование го започнува на шест годишна возраст во Прилеп во ООМУ „Ордан Михајлоски Оцка”, во класата на проф. ...
Изборниот ден на 19 октомври помина без поголеми инциденти, но извештаите на ЦИВИЛ и ОБСЕ/ОДИХР укажуваат на системски слабости, нерешени технички проблеми и нерегуларности кои бараат итни реформи. Локалните избори одржани на 19 октомври 2025 година во Северна Македонија поминаа мирно и без сериозни инциденти, но соочени со старите предизвици на изборниот систем – од технички дефекти до организиран транспорт на гласачи и сомнежи за притисоци. ...
Нотингем Форест денес го објави назначувањето на Шон Дајч за главен тренер. Договорот на 54-годишникот е до летото 2027 година. Последната менаџерска позиција на Дајч беше Евертон, од која си замина во јануари. Пред тоа, тој ги водеше и Барнли и Вотфорд. Како играч, Англичанецот играше за младинскиот тим на Нотингем Форест. Дајч е третиот менаџер на Нотингем Форест оваа сезона. Клубот ги отпушти Нуно Еспирито Санто во септември и Ангелос ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. – Тоа важи за ...
Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2 отсто, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5проценти, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Според Народната банка, кредитната активност продолжува со ...
Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека радикалното движење Хамас би можело да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), која го признава Израел и го поддржува решението за две држави. – Хамас сè уште има можност да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на ПЛО, која го признава Израел, ги почитува неговите меѓународни обврски и го поддржува решението за две ...
Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа победа со 6:0 над Ипотитис Родос, вчера во второто коло на Европскиот клупски куп што се одржува на грчкиот остров Родос. – Зад резултатот се крие многу интересен меч со одлична борба! На сите табли се играше храбро и борбено, со добро подготвени системи на отворања. На првите пет табли играа најдобрите млади грчки интернационалци, а на шестата нивниот тренер, кој е ветеран, со титула на ...
Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведен мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“, кој опфаќа концерт, изложба на уметнички слики и скулптури и промоција на книга. Проектот е инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод националниот ден на Шпанија – 12 Октомври. -Светска премиера ќе доживее ...
Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“. За ова информира градоначалникот на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски. Тој посочува дека документарниот филм зборува за историјата, за успесите, но и за сите оние кои никогаш не се откажаа од „Работнички“, без разлика на времињата, резултатите или ...
Концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов, ќе го отвори 25. издание на „Есенски музички свечености“. Концертот ќе се одржи на 25 октомври во 20:00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија. Овој проект претставува ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и ...
Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“. По завршување на законските рокови за ...
Месечината се раѓа повторно – чиста, тивка и полна со ветување. Во знакот на Вагата, таа не учи на рамнотежа: меѓу срцето и разумот, меѓу желбата и мирот. Денес е ден кога универзумот нè потсетува дека новите циклуси почнуваат само ако се ослободиме од старите. Отворете се за љубов, правда и меки зборови. Почнете го денот со намера – и светот ќе ви ја одрази вашата светлина. ♈ Овен Новата Месечина го насочува вниманието кон односите. Денес ќе ...
Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...
Николас Саркози стана првиот француски поранешен претседател кој оди во затвор, откако почнува да отслужува петгодишна казна за заговор за финансирање на својата изборна кампања со пари од починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи, пренесува Би-би-си. Откако нацистичкиот колаборационистски лидер од Втората светска војна, Филип Петен, беше затворен за предавство во 1945 година, ниту еден поранешен француски лидер не бил зад решетки. Саркози, кој ...
Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што ...
Нападите со беспилотни летала врз Русија во текот на ноќта на 21 октомври предизвикаа штета и повредија еден човек во руската Брјанска област и друг во Ростовската област, тврдат властите, пренесува Кијив Индипендент. Три автомобили беа оштетени, покрај надворешноста на две станбени згради во рускиот град Клинци како резултат на напад со украински беспилотни летала, изјави гувернерот на Брјанската област, Александар Богомаз, во објава на ...
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што денеска и утре ќе се одржува во Лондон. Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција ...
Претседателот Трамп во понеделникот го критикуваше австралискиот амбасадор во САД додека седеше спроти него, откако еден новинар го праша американскиот дали претходните коментари на амбасадорот во Вашингтон влијаеле врз неговите ставови за администрацијата на премиерот Ентони Албанезе. Се чинеше дека Трамп не го препозна австралискиот амбасадор на масата, но откако се претстави, Трамп брзо ги кажамшто мисли за него. „И јас не те сакам и ...