Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави наодите од ревизијата на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на АД МЕПСО – Скопје за 2024 година. Иако друштвото бележи раст на приходите од својата основна дејност, утврдени се значителни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства. Овие недостатоци имаат директно влијание врз ефикасноста, развојот и модернизацијата на електропреносниот систем во државата. ...
Општините тешко наплатуваат даноци, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Во анализираниот период од 2020 до 2024 година, општинските власти пропуштиле да наплатат близу 50 милиони евра. Повеќе од половина се за неплатен данок на имот, потоа следуваат комуналната такса и другите надоместоци. Најголема ефикасност има во наплатата за користење јавен простор пред деловен објект, а висок процент има кај прибирањето на комуналната ...

