Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д. (43) и Д.М. (48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Според информациите од МВР, двете пријавени, вработени во спортска обложувалница, по претходен меѓусебен договор на 30 декември 2025 година во ОВР Струга пријавиле лажно кривично дело ...

СДСМ реагираше на новогодишното интервју на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека продолжува со реторика на поделба, навреди кон граѓаните и копирање на политички модели од Србија, кои, како што велат, водат кон изолација, конфликти и авторитарно владеење. „Откако граѓаните на Македонија ги квалификуваше како ‘талог на општеството’, Мицкоски во интервјуто ги нарекува сите неистомисленици ‘медиокритети’, продолжувајќи ја кампањата ...

Илон Маск јавно му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро се наоѓа „на бродот USS Iwo Jima“, што беше протолкувано како најава за негово приведување. „Честитки, претседателе Трамп! Ова е победа за светот и јасна порака до злите диктатори насекаде“, напиша Маск во објава на платформата X, споделувајќи ја објавата на Трамп. Congratulations, President Trump! This is a ...

Кој хороскопски знак победува во јануари не е прашање на среќа или брзина, туку на тоа кој знае да издржи притисок и да ја спои волјата со дисциплината. Јануари секогаш доаѓа со илузијата дека сè може да почне одново. Нови планови, нови одлуки, нови ветувања кон себе. Но под површината на тие „нови почетоци“, астролошката енергија на јануари носи нешто поинакво – судир меѓу импулсот и дисциплината. Меѓу желбата веднаш да се тргне и потребата ...

Македонскиот композитор и аранжер Џијан Емин е автор на оркестрациите и аранжманите за спектакуларното новогодишно празнично шоу „Carols by Candlelight“, кое се одржа во Експо Сити Дубаи, под куполата на Ал Васл Плаза. Настанот, кој е дел од официјалната празнична програма на Експо Сити, се одржа на 20 декември 2024 година, со вкупно десет распродадени концерти што започнуваа во 18:30 часот. Публиката од различни возрасни групи имаше можност ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата продолжува со, како што рече, јасно дефинирана про-семејна политика, чиј фокус се децата, семејството и создавање услови за најмладите. „Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест – повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да создаваме услови за најмладите, за нашите деца, кои се иднината на државата и нацијата“, изјави Мицкоски при пуштањето во употреба на ...

Кога браќата Мет и Рос Дафер првпат најавија дека „Stranger Things“ ќе добие спиноф, многумина очекуваа уште една приказна од Хокинс, можеби со споредни ликови или продолжување на веќе познатата митологија. Но новите изјави што тие ги дадоа за The Hollywood Reporter и Variety покажуваат дека Netflix и креаторите одат во сосема поинаков правец – не кон продолжување, туку кон прераскажување на универзумот од нов агол. Во интервју за The ...

Европската Унија се огласи по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопштувајќи дека внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела и повикувајќи ги сите страни на воздржаност. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио, како и со амбасадорот на Европската Унија во Каракас. „Европската Унија внимателно ја следи ...

Од месец октомври започнавме да работиме на планирање на пругата. До лето ќе завршиме и потоа првите багери ќе ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен, а во меѓувреме еден колосек или до 2028 ќе биде функционален, изјави вицепремиерот Николоски, говорејќи за проектите во железницата. „Сeга го работиме најзначајниот дел што не е видлив за грaѓаните, а тоа е добро планирање. Сега го работиме планирањето и ...

Како и секоја година, Гугл го објави својот извештај „Year in Search“, кој служи како дигитален дух на времето. Податоците за 2025 година откриваат фасцинантен спој на технолошка револуција, политички превирања и нови поп-културни феномени. Глобални трендови: Вештачката интелигенција и неочекуваните вести На светско ниво, 2025 беше дефинитивно година на Gemini. Вештачката интелигенција на Google е најтрендовскиот поим на годината, што ...

Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран–Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа. Информацијата за МИА ја потврдиле од македонската Влада. – Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство – велат од Владата. Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во ...

Швајцарската полиција ги идентификуваше првите четири жртви од катастрофалниот пожар што избувна во бар во ски-центарот Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ, пренесува Би-Би-Си. Станува збор за две швајцарски државјанки на возраст од 21 и 16 години и двајца швајцарски државјани на возраст од 18 и 16 години, чии тела се предадени на нивните семејства, соопшти кантоналната полиција на Вале. Од полицијата наведуваат дека идентификацијата ...

Опозициската СДСМ оценува дека 2026 година ќе биде економски тешка за граѓаните, со буџет кој, според партијата, веќе покажува сериозни дупки и недостиг од средства за клучни социјални и економски мерки. „Во буџетот нема пари за зголемување на платите, нема средства за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени. Веќе недостасуваат околу една милијарда евра, а сè е поскапено“, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека ...

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, на својот прв ден на функцијата потпиша извршна наредба со која ги укина сите одлуки донесени од неговиот претходник Ерик Адамс по неговото федерално обвинение за корупција, објави The New York Times. Меѓу поништените документи се наоѓаат и две извршни наредби што Адамс јавно ги претставуваше како силна поддршка за Израел, а кои беа донесени во период кога тој веќе се соочуваше со сериозни ...

Рано наутро, на 3 јануари, се слушнаа повеќе големи експлозии во Каракас, главниот град на Венецуела. Жителите пријавија дека слушнале најмалку седум детонации и виделе авиони кои ниско надлетуваат над делови од градот. Беше забележан чад во близина на стратешки локации, вклучително и аеродромот Ла Карлота, а во некои населби дојде до привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Венецуелската влада издаде соопштение во кое го ...

Активистката Марија Дуда, непосредно пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, денес, 3 јануари, организира настан под наслов „Базарче дружба“, посветен на сите штркови како Силјан. Настанот се одржува во просторот Books & Dogs (3 Бисери), во периодот од 12:30 до 17:00 часот. Во рамки на базарчето, посетителите имаат можност да изберат и испечатат дизајни со мотиви од Силјан штркотна дуксови, маички, капи и ...

Додека младите гости ја пречекувале 2026 година во преполн бар во швајцарските Алпи, славењето за миг се претворило во кошмар. Пожар што избувнал во објектот „Le Constellation“ во Кран-Монтана однел околу 40 животи, а над сто лица биле повредени, дел од нив со тешки изгореници и инхалациони повреди. Швајцарските власти велат дека истрагата е во тек, но првичните индикации и сведоштвата се вртат околу една сцена што изгледала „инстаграмски“ – ...

Од денес, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари. Евтината дневна тарифа, пак, засега го задржува истиот временски опсег, од 13:00 до 15:00 часот. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции. Па така, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави го заробиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро и дека тој се извлекува од земјата, што, доколку се потврди, би претставувало драматичен врв на повеќемесечната кампања на администрацијата на Трамп за отстранување на авторитарниот лидер од власт, објави The New York Times. Трамп ја објави информацијата на својата социјална мрежа Truth Social, наведувајќи ...

Според официјалните податоци, 40 лица загинаа, а 119 се повредени во пожар што избувна во швајцарскиот бар за Нова Година во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија. Пожарот избувна во барот „Ле Констелашн“ во 1:30 часот наутро. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Регионалниот главен обвинител изјави дека властите го третираат инцидентот како подметнат пожар и дека е исклучена ...

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил изведување напади врз цели во Венецуела, вклучително и воени објекти во главниот град Каракас, јавува BBC, повикувајќи се на информации од американски официјални извори пренесени преку CBS News. Снимки и фотографии што кружат на социјалните мрежи прикажуваат густ чад и пожари над делови од Каракас, додека очевидци сведочат за силни експлозии кои ја потресле венецуелската престолнина. Според ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на нова детска градинка во Кочани, оценувајќи дека станува збор за објект кој значително ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите. „За мене секогаш претставува задоволство кога се пушта во употреба објект кој додава квалитет во животот на граѓаните. Така е и со овој објект во Кочани“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека градинката ...

Еден Британец во 2015 година решил дека му е доста од семејството Кардашијан и нивното постојано присуство на интернет. Наместо само да се жали, смислил конкретно решение – додаток за Google Chrome наречен KardBlock, замислен како форма на дигитална детоксикација од кланот Кардашијан, потсетува Index.hr. Станувало збор за софтвер кој, откако ќе се инсталира, автоматски ги крие и отстранува сите вести, текстови и спомени поврзани со ...

Би-Би-Си направи избор на 12 најдобри серии што премиерно ќе ги гледаме овој јануари. Од враќањето на наградуваната медицинска драма на „HBO“ до новиот приквел на „Игра на тронови“ и најновата мистерија за Харлан Кобен на Netflix. 1. The Night Manager Помина речиси една деценија откако динамичната адаптација на романот на Џон ле Каре од 1993 година стана огромен критички и популарен успех. Конечно, втората сезона ја продолжува приказната за ...

Пожарот во швајцарскиот бар започнал од прскалки на шишиња шампањ, потврди обвинителството. Истрагата за катастрофалниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарското скијалиште Кран-Монтана покажува дека пожарот најверојатно бил предизвикан од прскалки (sparkling candles) поставени на шишиња шампањ, кои биле придвижени премногу блиску до таванот, соопштија швајцарските власти, пренесува Би-Би-Си. Обвинителката на кантонот Вале, Беатрис ...

Каминот отсекогаш давал чувство на топлина и пријатна атмосфера, па не е изненадување што многумина кои немаат вистински камин се свртуваат кон Јутјуб видеа со оган во камин како замена. Станува збор за долги видеоснимки од оган со дрва, кои се пуштаат на телевизор или екран за да внесат чувство на удобност во дневните и спалните соби, особено во зимскиот период. Но, еден таков видео-снимок откри дека зад оваа едноставна идеја може да стои и ...

Месечината во Рак го обојува викендот со силна емоционална чувствителност, потреба за блискост и враќање кон внатрешната сигурност. Ова не е викенд за брзање, туку за слушање на телото, чувствата и она што тивко се јавува однатре. ♈ ОВЕН Овој викенд носи забавување кое може да делува неприродно, но е неопходно. Месечината во Рак те насочува кон домот, приватноста и емоциите што обично ги потиснуваш. Можно е да се појави носталгија или потреба ...

Украинската разузнавачка служба (Foreign Intelligence Service of Ukraine – FISU) предупреди дека Кремљ ја продолжува специјалната операција за попречување на мировните разговори посредувани од Соединетите Американски Држави, при што постои висок ризик од организирана провокација со човечки жртви во периодот од 6 до 7 јануари. Во соопштение објавено од прес-службата на FISU, се наведува дека руските служби подготвуваат ескалација по наводниот ...

2026 не пристигнува со бучни најави и драматични пресврти. Таа доаѓа тивко, но упорно, како година што не притиска однадвор, туку нè повикува одвнатре. По долг период на живеење во режим на постојана реакција – од криза во криза, од страв во импулс – оваа година носи поинаков предизвик: да се застане, да се согледа и свесно да се избере што навистина има тежина. Ова е година во која астролошките влијанија не ги наградуваат брзите потези, туку ...

По празничниот период исполнет со повеќе храна, помалку движење и одмор, јануари за многумина значи обид за враќање во форма. Во таа потрага, сè поголем број луѓе се свртуваат кон вештачката интелигенција AI како алтернатива на личните фитнес тренери – но дали навистина може да ги замени? 23-годишниот Ричард Галимор од Свонси вели дека благодарение на AI се чувствува „најсилен во животот“. Со помош на алатка базирана на вештачка ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
82%
1005
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
82%
1003
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.05
96%
1009
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
76%
1003
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
86%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1005
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1009
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
1006
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
1007
Currency

61.6038

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Цинк

3.20

Платина

74080.83

Бакар

11.75

Иридиум

198077.91

Алуминиум

3.13

Родиум

324722.54

Злато

147776.72

Калај

49.66

Сребро

2897.70

Рутениум

45750.51

Кобалт

62.83

Паладиум

57453.38