Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Денеска Месечината патува низ знакот Лав, носејќи силна потреба за изразување, признание и јасност на чувствата. Ова не е ден за тивко повлекување, туку за храбро покажување на став, талент и емоција. Лавовската енергија го загрева срцето, но бара искреност – сè што е глума или потиснато може да излезе на површина. Денот поттикнува креативност, но и суета, па рамнотежата меѓу автентичност и потреба за аплауз е клучна. ♈ Овен Денот носи силен ...
Актерката Еванџелин Лили, позната по улогите во серијата Lost, филмовите The Hobbit и Марвел универзумот, откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда на главата што ја доживеала минатата година. 46-годишната канадска актерка на Инстаграм објави видео во кое соопштува дека неодамнешен преглед на мозокот покажал дека „речиси секој дел од мозокот функционира со намален капацитет“. Повредата се случила во мај, кога Лили се онесвестила ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на, како што наведуваат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ повторно да ја дефокусира јавноста од клучната тема – борбата против криминалот и корупцијата во земјава. „ВМРО повторно со дефокус се обидува да го сврти вниманието од главната тема, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата оценуваат дека преку, како што велат, лажни вести и ...
Викендот во Премиер лигата донесе неколку силни пораки – од тренерски дуели и тактички слабости, до индивидуални проблесоци и тимски кризи. Челси конечно покажа карактер против Манчестер Сити. Дебитантот Калум Мекфарлејн не дозволи тимот да потоне против Пеп Гвардиола, а голот на Енцо Фернандес во судиското продолжение донесе бод што вреди повеќе од статистика, особено ако се знае дека „сините“ немаат победа над Сити повеќе од четири години. ...
Режисерката Тамара Котевска на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во Скопје истакна дека настанот пред домашната публика за неа претставува „најголема гордост“, нагласувајќи дека филмот е создаден пред сè за македонската публика, без очекување дека ќе стигне толку далеку. „Не можам да ја опишам возбудата што ја чувствуваме сите тука вечерва. Без разлика каде сум била, не постои чувство што може да го замени овој настан, ...
Денеска на 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело. МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“ која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ...
Швајцарската полиција соопшти дека се идентификувани телата на сите 40 лица кои загинаа во катастрофалниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во рамките на скијачкиот центар Кран-Монтана. Според официјалните информации, жртвите се млади лица на возраст од 14 до 39 години, пренесува Euronews. Претставник на полицијата во Вале потврди дека се во тек истраги за да се утврди причината за пожарот, во кој загинаа 40 лица, а 119 беа ...
Како САД стигнаа до воен удар врз Венецуела – и што навистина значи „САД ќе ја водат земјата“ Во текот на викендот, САД изведоа серија координирани воздушни напади врз Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро заедно со неговата сопруга Силија Флорес. Според официјалните информации, тие биле извлечени од својата резиденција, ставени во американски воен авион и префрлени во Њујорк, каде Мадуро е задржан во притвор и се соочува со ...
Данската премиерка Мете Фредриксен синоќа им порача на САД да не гледаат поента во зборувањето за потребата од преземање на данската автономна територија Гренланд и да престанат да се закануваат на „историски близок сојузник“. Таа тоа го напиша во порака на мрежата X откако сопругата на помошник шефот на кабинет на Белата куќа, Кејт Милер, објави на социјалните мрежи мапа на Гренланд покриена со американско знаме заедно со зборовите ...
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател ...
Соборениот венецуелански претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по обемната американска воена операција во Венецуела. Мадуро е сместен во притворски центар во Бруклин, каде што го очекува судски процес по обвиненија за трговија со дрога и оружје. Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја именуваше потпретседателката Делси Родригес за вршителка на должноста претседателка. Американскиот претседател ...
Супермоделот Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека Новата 2026 година во својот препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци заедно со сопругот Том Каулиц. На Инстаграм таа сподели видео на кое двојката позира покрај базен, со поглед кон океанот и планините во самрак. Додека Каулиц ја прегрнува околу половината, Клум носи само долен дел од црвен танга-костим за капење. „Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот ...
Пожар избувна синоќа во кујна во хотел со пет ѕвезди во популарното белгиско одморалиште Кноке-Хајст на брегот на Северното Море во близина на границата со Холандија. Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот. Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во ...
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп вчера го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ доколку загинат уште демонстранти за време на немирите што ја потресоа земјата во текот на изминатата недела. „Го следиме тоа многу внимателно. Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека ќе бидат многу силно погодени од САД“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, јави ДПА. Тој не објасни какви чекори би ...
Во рускиот воздушен напад врз Кијив и регионот во текот на ноќта загинаа две лица, соопштија украинските власти во, што се чини дека е прв пријавен смртен случај во руските напади врз украинскиот главен град оваа година, објави Ројтерс. Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека нападот запалил медицинска установа во областа Оболонски во северниот сектор на Кијив, каде што работело одделение за болничко лекување. Откако ...
СДСМ соопшти дека постои план за предвремени избори, по што би следело прифаќање мигранти во Македонија за финансиски надомест, тврдејќи дека ова сценарио партијата го најавила уште пред речиси еден месец, а сега, како што велат, било потврдено и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Сè што СДСМ досега го најави, денес се одвива пред очите на граѓаните“, се наведува во соопштението. Од партијата потсетуваат дека британски медиуми ...
Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек во населбата Кисела Вода .Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на ул.„Христо Татарчев“ бр.60. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. Tags: Без вода денеска од 9:15 часот се ...
Месечината во Лав на 5 јануари носи потреба за видливост, достоинство и автентично изразување. Денеска енергијата бара храброст да се биде тоа што се е, без извинување и без криење. Сè што се прави од срце добива поддршка, а сè што е наметнато – брзо станува тешко. ♈ ОВЕН Денот започнува со силна внатрешна мотивација и желба за движење напред. Месечината во Лав ја засилува потребата за признание и лична гордост, но бара и одговорност за ...
Викторија Џонс, ќерка на прославениот холивудски актер Томи Ли Џонс, почина на 34-годишна возраст во Сан Франциско. Според информации објавени од Page Six, трагедијата се случила во луксузниот хотел „Фермонт“, каде што Викторија со пријатели ја прославувала Новата година. Сведок на настанот, како што наведуваат американските медиуми, им рекол на итните служби дека непосредно пред да ѝ се влоши состојбата таа наводно консумирала кокаин. ...
Европската Унија повика на смирување на тензиите и воздржаност од сите актери, во заедничка изјава за Венецуела, поддржана од 26 од 27 земји членки. Единствена земја што не ја потпиша изјавата е Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан важи за близок сојузник на Доналд Трамп, пренесува Euronews. „Европската Унија ги повикува сите актери на смиреност и воздржаност со цел да се избегне ескалација и да се обезбеди мирно решавање на кризата“, се ...
Во ноќта на Оскарите, светлата се најсилни, аплаузот најдолг, а сонот изгледа конечно остварен. Камерите ги следат солзите, говорите за благодарност и ветувањата дека „ова е само почеток“. Но кога црвениот тепих ќе се испразни и статуетката ќе заврши на полицата, започнува период за кој ретко се зборува – тишината по победата. За некои актери, токму тогаш почнува најтешкиот дел од кариерата. Холивуд сака митови за успех, но има чуден однос ...
Воената интервенција на САД во Венецуела и заробувањето на претседателот Николас Мадуро предизвикаа бран првични реакции од светските лидери, додека меѓународната заедница внимателно ги следи последиците од потегот без преседан. Додека Вашингтон ја оправдува операцијата со безбедносни и правни аргументи, европските престолнини, но и клучни глобални актери, повикуваат на воздржаност, деескалација и почитување на меѓународното право. Од Берлин, ...
Супермоделот Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека Новата 2026 година во својот препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци заедно со сопругот Том Каулиц. На Инстаграм таа сподели видео на кое двојката позира покрај базен, со поглед кон океанот и планините во самрак. Додека Каулиц ја прегрнува околу половината, Клум носи само долен дел од црвен танга-костим за капење. „Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар. -Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божик. Нека овие светли ...
Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време). По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела Грција во саботата одново започнаа ...
Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри. Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се наоѓа во притвор во Њујорк, откако беше заробен за време на американска воена операција во Венецуела во саботата, јавува BBC. Мадуро и неговата сопруга, првата дама Силија Флорес, биле однесени од главниот град Каракас и префрлени во Metropolitan Detention Center во Бруклин, каде треба да се соочат со обвиненија поврзани со трговија на дрога. Во видео што го објави CNN, Мадуро во лисици придружуван ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена досега и дека и откупувачите и тутунарите се задоволни. – Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата. – Немаше нешто што планиравме, што очекувавме да го направиме, а да не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме, истакна Мицкоски во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во објава на социјалната мрежа X, Муцунски реагира на соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп, во кое се наведува дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата. I welcome @POTUS Donald Trump’s announcement that Nicolás Maduro has been arrested and will face ...