Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Едно правило кое често предизвикува недоразбирања, модната критика не е исто што и лична критика! Сепак, особено на Балканот, секоја забелешка поврзана со облеката многу лесно се доживува како напад врз личноста. Причината е едноставна. Облеката е интимен избор. Таа не е само материјал, крој или боја. Таа е продолжение на идентитетот, вкусот, статусот и начинот на кој сакаме да бидеме доживеани од околината. Кога некој добро поткован ќе даде ...
Старите елементи во домот не мора да завршат на отпад. Со малку труд и креативност, може да станат вистински украс во домот и да изгледаат како нови. Доколку имате стара комода која повеќе не се вклопува во вашиот ентериер, не брзајте да ја замените. Наместо тоа, обидете се да ѝ дадете нов изглед. Реновирањето на стар мебел е сè попопуларно бидејќи овозможува заштеда на пари, а истовремено создава уникатни парчиња што носат личен печат. ...
Познато е дека Шерон Стоун има еден од највисоките коефициенти на интелигенција во Холивуд. Иако денес е во својата седма деценија од животот, оваа извонредна актерка не го изгубила чувството за хумор, ниту пак способноста со неколку зборови да каже повеќе отколку што некои луѓе успеваат во цели книги. Нејзините мисли, ставови и животни лекции често носат повеќе вистина и мудрост отколку советите на многу самопрогласени гуруа. „Мислам дека ...
Цените на електричната енергија постојано се менуваат, климатските промени стануваат сè поизразени, а градовите бараат поодржливи решенија за развој, а соларните панели повеќе не се технолошка новина. Тие стануваат составен дел од современата архитектура и градежништво. Она што до пред две децении изгледаше како футуристичка идеја, денес е реалност во најразвиените држави во светот. Од семејни куќи во Данска и Германија, преку станбени ...
Во 1987 година, Елизабет Тејлор имаше 55 години, две години по лекувањето во центарот „Бети Форд“, а Холивуд тивко престана да ја бара. Не одеднаш. Не со официјално соопштение. Улогите едноставно почнаа да доаѓаат сè поретко, а кога ќе се појавеа, беа помали и помалку значајни. Зад себе имаше повеќе од шеесет филмови, две награди Оскар и статус на најфотографирана жена во светот. Нејзиното лице красеше безброј насловни страници, а во еден ...
Во современото домување, квадратурата одамна престана да биде единствениот критериум при изборот на стан. Денешните купувачи бараат многу повеќе односно интелигентен распоред, природна светлина, чувство на приватност, мирна околина и простор кој ќе биде подеднакво функционален и по десет или дваесет години. Токму затоа, највредните станови денес не се секогаш најголемите. Тие се најдобро осмислените. Во таа категорија се вбројуваат и ...
Модата како огледало на општеството, а не на личноста „Што ќе речат луѓето?“ Можеби нема реченица што толку силно влијаела врз начинот на кој се облекуваат Македонците како токму оваа. Таа е невидливиот советник во гардероберот, тивкиот судија пред огледалото и често посилна од личниот вкус, удобноста или индивидуалниот стил. Во многу развиени модни култури облеката е средство за личен израз. Во Македонија, меѓутоа, таа сè уште многу често е ...
Британското кралско семејство повторно се собра на едно од најзначајните општествени случувања оваа година. Питер Филипс, синот на принцезата Ана и најстариот внук на покојната кралица Елизабета II, стапи во брак со Хариет Сперлинг на церемонија одржана во црквата „Ол Сејнтс“ во Кембл, Глостершир. Меѓу најочекуваните гости беа кралот Чарлс III, кралицата Камила, Зара Тиндал, принцезите Беатрис и Евгенија, како и принцот Вилијам и принцезата ...
ELENA LUKA со години успешно го гради својот препознатлив моден идентитет токму преку една одлична филозофија, спојувајќи висока мода, прецизна изработка и современа ready-to-wear естетика во колекции што носат јасна визија и карактер. Колекцијата La Dolce Estate SS26 е уште една потврда за таа креативна доследност, носејќи медитеранска леснотија, современа елеганција и безгрижниот дух на летото. Покрај впечатливите couture креации, ...
Понекогаш мислиме дека ни недостигаат повеќе пари, подобра работа или повеќе слободно време. Но, чувството дека нешто не е на свое место често има подлабока причина. Можеби ви недостига мир, самодоверба, инспирација, љубов или едноставно повеќе време за себе. Одговорете искрено на следните прашања и забележете го одговорот што најчесто го избирате. На крајот прочитајте го резултатот и откријте што е она по што најмногу копнеете во овој период ...
„Никогаш нема да добиете втора шанса за прв впечаток.“ Оваа често повторувана реченица можеби звучи како клише, но современата психологија покажува дека во неа има повеќе вистина отколку што сакаме да признаеме. Пред да кажеме и еден збор, пред да се насмееме или да ја подадеме раката, луѓето веќе формирале мислење за нас. И тоа мислење, барем во првите моменти, во голема мера е засновано на она што го носиме. Модата отсекогаш била повеќе ...
Кога луѓето купуваат стан, најчесто првото прашање е: „Колку квадрати има?“ Но архитектите одамна знаат дека квадратурата е само бројка. Вистинското чувство на простор многу почесто зависи од дизајнот отколку од самата големина. Затоа понекогаш стан од 70 квадратни метри изгледа попространо, полуксузно и поудобно од стан со 90 квадрати. Ова не е оптичка измама. Станува збор за архитектонска наука, просторна психологија и внимателно планирање ...
Во историјата на Холивуд постојат многу трагични приказни, но малку од нив се толку необични, драматични и потресни како животот на актерката Сузан Кабот. Некогаш славена како една од најубавите на американскиот филм, жена која ги освојувала насловните страници и ги маѓепсувала филмските студија, на крајот од животот таа живеела изолирано, во страв и депресија, за да го дочека најстрашниот можен крај – да биде убиена од сопствениот син. ...
Вчера вечерта се одржаа престижните награди „Тони 2026“ во легендарната сала „Радио Сити Мјузик Хол“ во Њујорк, а домаќин на свеченоста беше пејачката и текстописец Пинк. Како и секоја година, настанот ги прослави најдобрите продукции и најистакнатите изведувачи на актуелната бродвејска сезона. Пред да бидат доделени наградите и пред публиката да ужива во спектакуларните музички настапи, ѕвездите продефилираа по црвениот тепих во впечатливи ...
Купувањето стан за многумина изгледа како далечна цел, но сè поголем број финансиски и пазарни експерти укажуваат на една важна вистина а тоа е дека домот не е трошок, туку долгорочна инвестиција. Прашањето денес не е дали недвижноста е скапа, туку колку ќе чини ако со купувањето се доцни пет или десет години. Според аналитичарите на пазарот на недвижности, најголемата грешка што ја прават луѓето е што цената ја гледаат само низ призмата на ...
Во земја во која речиси секој има мислење за тоа што е „убаво“, „пристојно“ или „модерно“, парадоксално е што вистинската индивидуалност во облекувањето ретко станува доминантна појава. Македонија има модни дизајнери, модни куќи, креативци и авторски колекции кои можат да стојат рамо до рамо со многу регионални и европски брендови, но сепак на улиците најчесто доминира истата визуелна формула или во „превод“ истите кроеви, истите бои, истите ...
Препознатлив по врвниот квалитет на изработка, вниманието кон деталите и автентичниот дизајнерски потпис, брендот ELENA LUKA со секоја нова колекција носи свежа естетика и современ поглед кон женственоста. Низ годините, оваа модна куќа изгради препознатлив моден идентитет во кој префинетоста, луксузот и беспрекорната изработка се спојуваат во креации што оставаат впечаток на прв поглед. Во рамките на колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, брендот ...
Во модата постојат пазари што носат престиж и пазари што претставуваат вистински тест за капацитетот на еден бренд. Дубаи несомнено припаѓа во втората категорија. Тоа е град во кој луксузот не е исклучок, туку стандард. Град во кој светските модни куќи, ексклузивните хотели и премиум брендовите секојдневно се натпреваруваат за вниманието на една од најпребирливите клиентели во светот. Токму затоа, успешното позиционирање на македонски бренд ...
Во историјата на модата имало ревии што ги поместувале границите на естетиката, технологијата и спектаклот, но малкумина успеале да создадат настан што и повеќе од две децении подоцна се споменува како еден од најрадикалните модни перформанси на сите времиња. Токму таква беше презентацијата на колекцијата пролет/лето 2004 на австрискиот дизајнер Карол Кристијан Поел, насловена „Mainstream Downstream“, одржана во Милано во 2003 година. Во ...
На околу еден час возење од Чикаго, среде рамниот пејзаж на Илиноис, САД, се издига објект кој повеќе потсетува на археолошко откритие од Египет отколку на американска семејна куќа. Опкружена со воден ров, чувана од огромни статуи на фараони и обложена во златна боја, оваа градба веќе речиси половина век предизвикува восхит, неверување и бескрајни дебати меѓу архитектите. Станува збор за прочуената Gold Pyramid House во Вадсворт, Илиноис, ...
Кај нас постои една интересна појава која речиси секојдневно може да се забележи на социјалните мрежи, во телевизиските емисии, на свадби, матури или јавни настани. И речиси секој има мислење за тоа дали некој фустан е убав или грд, дали некоја креација му стои добро на оној што ја носи, дали бојата е соодветна или дали цената е оправдана. Но кога разговорот ќе се префрли на конструкцијата на облеката, на кројот, пропорциите, линијата, ...
ELENA LUKA е бренд кој со години создава сопствени модни насоки. Препознатлива по својата способност да ја препознае промената во вкусот на современата жена уште пред таа да стане глобален тренд, македонската модна куќа изгради естетика што се темели на префинетост, прецизен крој и внимателно осмислен дизајн. Во колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, оваа филозофија повторно доаѓа до израз преку модели кои ја слават леснотијата на летото, а ...
ELENA LUKA HOME Берза на недвижности отвора селектирано портфолио на имоти со јасна вредност, директно од сопственик Во време кога квалитетните локации стануваат сè поретки, а купувачите и инвеститорите бараат сигурност, транспарентност и реална вредност, ELENA LUKA HOME го претставува своето сопствено портфолио преку ELENA LUKA HOME Берза на недвижности. Линк до имотите: ELENA LUKA HOME Берза на недвижности: имоти директно од сопственик ...
Постојат луѓе чии битки го менуваат текот на историјата. Една од нив е Ерин Брокович, жената која во 1990-тите стана симбол на граѓанската борба против корпоративната моќ, откако помогна да се разоткрие едно од најголемите еколошки загадувања во САД и да се добие рекордна спогодба од 333 милиони долари против енергетскиот гигант Pacific Gas & Electric. Нејзината приказна подоцна стана холивудски филм, а актерката Џулија Робертс ја освои ...
Во архитектурата ретко се случува објектот да биде истовремено присутен и отсутен. Уште поретко се случува една градба да биде видлива и невидлива во ист момент. Токму тоа го прави CLAUSURA, еден од највпечатливите архитектонско-уметнички проекти во Европа во 2026 година, поставен на просторот на историската опатија Херкенроде во Белгија. Наместо да ја обноват исчезнатата готска црква со камен, бетон или челик, авторите создадоа нешто многу ...
Психологија на потрошувачката, перцепцијата на вредноста и македонскиот однос кон модата Не е невообичаено денес некој да издвои 1.000, 1.500 или дури 2.000 евра за најнов смартфон, но истата личност често ќе се двоуми дали да потроши 300 или 500 евра за врвно изработен моден дизајнерски производ. На прв поглед, ова изгледа како економска одлука. Но ако се погледне подлабоко, станува збор за многу посложен сплет од психологија, социологија, ...
Принцезата Шарлин, една од најелегантните припаднички на европските кралски семејства, уште еднаш покажа дека ненаметливата елеганција е нејзиниот најсилен моден адут. За време на официјалната посета на принцот Алберт II и принцезата Шарлин од Монако на Мадрид, каде што беа пречекани од шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, модните познавачи не престанаа да зборуваат за изгледот на монашката принцеза. По години експериментирање со ...
Постојат модни парчиња што ја следат сезоната, а постојат и такви што ја дефинираат. Токму во таа втора категорија припаѓа новото палто Solei од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26 на ELENA LUKA, брендот кој со години гради препознатлив идентитет врз беспрекорна изработка, прецизен крој и високи стандарди во секој детал. Во модата, палтото отсекогаш важело за едно од најкомплексните и најпредизвикувачки парчиња за конструкција и шиење. Од ...
Во време кога секојдневно сме опкружени со совршено уредени фотографии, успешни приказни и внимателно избрани моменти од животот на другите, лесно е да поверуваме дека и ние мора постојано да бидеме беспрекорни. Желбата да се трудиме, да напредуваме и да го даваме најдоброто од себе е позитивна особина. Но, кога стремежот кон совршенство станува опсесија, тој може да се претвори во сериозен извор на стрес и незадоволство. Постои голема ...
Вистинската фризура може да ги омекне цртите на лицето, да внесе свежина во изгледот и да направи да изгледате неколку години помладо. Токму затоа изборот на фризура е еден од најмоќните сојузници на добриот изглед, а еве како да ја искористите за подмладување. Долги слоеви Косата со слоеви изгледа полесно, поживо и пополно со волумен. За разлика од рамно потстрижената коса, слоевите создаваат движење околу лицето и му даваат помека рамка. ...